Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска соопшти дека поднел неотповиклива оставка на функцијата. Коцевски на прес-конференцијата во ЈОРМС, го оцени како политичка одлука предлогот за негово разрешување што треба да се разгледува на денешната собарниска седница. Кажа дека од функцијатра што ја вршел помалку од две години „заминува со гордо крената глава, но и со разочараност поради очигледното непочитување на принципите врз кои почива ...
Конгресот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), закажан за 20 декември, се наметнува како еден од најзначајните политички настани во поновата историја на партијата. По сериозниот удар што ДУИ го претрпе на последните локални избори, овој конгрес не е обичен статутарен собир, туку вистински тест за политичката зрелост, реформскиот капацитет и идната релевантност на партијата во македонскиот и албанскиот политички кампус. Конгрес под ...
На 17 декември (среда), со почеток во 20 часот, во амбиентот на Музејот на македонската борба, ќе се одржи концерт на двајцата истакнати уметници од регионалната и меѓународната сцена – виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, еден од најценетите и највлијателни виолончелисти во регионот, и пијанистот Дино Имери, волшебникот на пијаното. Сузуки е препознатлив по својата извонредна техничка виртуозност, длабока музикалност и силно сценско ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако Вашингтон му понуди на Кијив безбедносни гаранции по моделот на НАТО. Трамп, исто така, изрази увереност дека Москва ќе прифати таков договор, објави „Ле Монд“. Трамп откри дека имал „многу долги и многу добри“ разговори со својот украински колега Володимир Зеленски, како и со лидерите на НАТО и европските ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервју во емисијата „360 степени“, најави формирање на нов тим кој ќе ја означи новата сила и новата енергија во работењето на СДСМ. Филипче посочи дека одлуките и изборот ќе се направат на денешниот Централен одбор на партијата. Говорејќи за процесот на формирање на новиот тим, тој потенцираше дека е клучна рамнотежата меѓу искуството и младоста. „Тоа е тим ...
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за додавање на уште 12 поединци и два субјекти на листата на санкционирани поради поврзаност со манипулација со информации и кибернапади од страна на Русија, како и за проширување на опсегот на режимот на казнени мерки против Белорусија, со што се опфаќаат и нејзините хибридни активности против земјите членки на ЕУ. Советот реши на листата на санкционирани поради активности поврзани со манипулација со ...
Најмалку седум лица загинаа при пад на мал авион во централно Мексико, а уште три се водат како исчезнати, соопштија синоќа мексиканските воздухопловни власти, јави ДПА. Несреќата се случила во индустриска зона во градот Толука, во близина на локалниот аеродром. Нема пријави за повредени лица на земја, но ударот на леталото предизвикал пожар, пренесува германската агенција.Авионот, Cessna Citation, полетал од крајбрежниот туристички град ...
Американската војска соопшти дека вчера извршила уште три напади врз наводни бродови за шверц на дрога во меѓународни води во источниот Пацифик, при што вкупно загинале осум мажи. Јужната команда на САД (SOUTHCOM) на платформата „X“ соопшти дека бродовите транспортирале наркотици по познати рути за шверц. Информациите не можеа независно да се потврдат. Според SOUTHCOM, тројца мажи биле убиени во првиот напад, двајца во вториот и тројца во ...
Во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, на 17 декември (среда) со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на две книги од авторот Валентин Нешовски, во салонот 19.19. Станува збор за романот „Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“, како и за научно-аналитичката студија „Конфликт, мир и медиуми – Медиумите и нивната улога во постконфликтните општества“. Романот „Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“ е ...
Најмалку 13 патници загинаа, а 13 други се повредени во автобуска несреќа до која дојде доцна синоќа во централен Иран, соопштија официјални лица, пренесе ДПА. Повредените се однесени во блиските болници, пренесе државната агенција ИРНА. Несреќата се случила во близина на Натанц, додека автобусот патувал од градот Исфахан. Причината за несреќата сè уште не е официјално утврдена, но властите веруваат дека возачот можеби заспал на воланот и ја ...
Доколку Европа не отстапи од планот за воведување на јаглеродната такса кај земјите членки на Енергетската заедница (ЕЗ), наместо интеграција со земјите членки на ЕУ и формирање на еден заеднички европски пазар ќе ни се случи тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите кои што не се членки на ЕУ – посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на трибината посветена на предизвиците во ...
Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора да имаме јасни гаранции од Европскиот совет, во форма на заклучоци, дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик се неприкосновени и дека кога Македонија ќе стане дел од ЕУ, македонскиот јазик ќе биде официјален. Исто така, процесот мора да се ...
Опозициски партии бараат соединување со СДСМ, најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата 360 степени на МТВ. Филипче истакна дека разговори за обединување веќе се водат на повеќе нивоа: „Има разговори на повеќе нивоа. Прво, приклучување на помали партии кон нашата. Има одредени политички партии кои сакаат да се приклучат кон СДСМ, да се приклучат, да се соединат целосно. Понатаму, партиите кои ја напуштија коалицијата и сега ...
Поранешниот возач на Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, не се согласува со оценките дека возачот на Ред Бул е најдобар за сезоната 2025. – Верстапен имаше силни неодамнешни трки, но не беше најдобар во целина. Ландо Норис беше најдобар во средината на сезоната, а Оскар Пјастри беше најдобар на почетокот. Проблемот е што луѓето се сеќаваат само на неодамнешните резултати. Макс се покажа многу добро во последните неколку трки, но луѓето имаат ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ порача дека партијата влегува во нова фаза на политичко дејствување, во која фокусот повеќе не е само на изборниот циклус, туку на суштинска промена и враќање на државата во рацете на граѓаните. -Веќе не се спремаме за избори. Се спремаме да ја вратиме власта во рацете на граѓаните, затоа што сме свесни дека државата вака само ќе заглавува. Ова, граѓаните веќе ...
Музејот „Лувр“ во Париз нема да биде отворен денеска, бидејќи вработените во познатата француска култруно-уметничка установа едногласно одлучија да штрајкуваат, поради „лоши услови за работа и недоволни финансиски средства“, како што соопштија синдикатите. Најмалку 400 вработени во Лувр се состанаа на генерално собрание во 9 часот наутро за да гласаат за повикот на синдикатот за штрајк поради сè полошите услови за работа и сè полошите ...
Од моментот кога опозицијата побара од владејачката ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи резолуцијата со која јасно се утврдува дека државата нема да прифати мигранти од Велика Британија, политичката сцена доби нова димензија. Наместо поддршка на веќе поднесената иницијатива, владејачката партија излезе со своја, посебна резолуција. Прашањето што логично се наметнува е: зошто беше потребна нова резолуција, кога веќе постоеше јасен и недвосмислен предлог ...
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2025 година, кој ќе трае од 15 декември годинава до 15 јануари 2026 година. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2025 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во просториите на Друштвото на писателите на ...
Големите градови, вклучувајќи ги Берлин, Лондон и Њујорк, ја засилија безбедноста околу настаните за Ханука во неделата, по нападот врз прославата на еврејскиот празник на плажата Бонди во Сиднеј, пренесува Ројтерс. Берлинската полиција соопшти дека ги засилува мерките околу Бранденбуршката порта во германскиот главен град, каде што се пали голема електрична менора за да се одбележи првата ноќ од Ханука. „Одамна планиравме сеопфатна ...
Поранешен висок советник на Доналд Трамп – истиот оној кој го нарече враќањето на Крим во Украина „нереално“ – прифати нова работа што покренува сериозни прашања за конфликт на интереси и странско влијание. Брајан Ланза, висок советник во претседателската кампања на Доналд Трамп за САД во 2024 година, е ангажиран како консултант на меѓународната дивизија на рускиот нафтен гигант Лукоил, кој бара купувачи за своите средства, пренесува ...
Поранешниот македонски репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа беше приведен во полициска станица по натпреварот со Охрид на гостински терен. – На 14.12.2025 година во 20:20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М.(33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што се одржа во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, ...
Роб Рајнер, 78-годишен легендарен американски режисер, актер, продуцент и политички активист, беше пронајден мртов во својот дом во богатото брентвудско маало во Лос Анџелес заедно со својата сопруга, фотографката и продуцентка Мишел Сирџер Рајнер, 68 години. Двојката била откриена во нивниот дом на 14 декември 2025 година, а властите го третираат случајот како очигледно убиство со повреди од нож. Рајнер беше роден 6 март 1947 година во ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се ...
Лицето уапсено во врска со пукањето на Универзитетот Браун во американската држава Род Ајленд во саботата, во кое беа убиени две лица, а девет беа ранети, ќе биде ослободено, објави обвинителството. „Нема причина да се смета за потенцијален осомничен“, изјави главниот обвинител на Род Ајленд, Питер Неронха, осврнувајќи се на претходно уапсеното лице. „Затоа е ослободен“. Во меѓувреме, продолжува потрагата по осомничениот напаѓач. „Се чини ...
Двајцата вооружени лица кои убија 15 лица на плажата Бонди во Сиднеј во неделата се именувани во локалните медиуми како Саџид Акрам, 50, и неговиот син Навид, 24. Како што пренесува Би-би-си, полицијата претходно потврди дека вооружените лица биле татко и син. Постариот маж починал на местото на настанот, додека неговиот син е во критична состојба во болница. Саџид Акрам пристигнал во Австралија со студентска виза во 1998 година, која била ...
На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“ со што оваа компанија на листата на летови од скопскиот аеродром додава уште една дестинација. Новата авиолинија уште во јули ја најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објавувајќи дека е потпишан договор за пет нови дестинации од скопскиот аеродром – Стокхолм – Скопје и Мадрид – Скопје од ...
Холивудскиот актер Бред Пит се појавува во најновите шпекулации околу продолжението „The Batman: Part II“, откако неколку филмски и забавни медиуми објавија дека тој би можел да биде во разговори за можно да добие улога на негативец во филмот, но официјални потврди од студиото сè уште нема. Според извештајот на сајтот World of Reel, Пит се споменува како потенцијален кандидат за една од улогите на антагонисти во режираниот од Мет Ривс ...
Бран украински беспилотни летала ја таргетираа руската престолнина во текот на ноќта на 14 и 15 декември, тврди градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пренесува Кијив Индипендент. Нападот доаѓа помалку од една недела откако Украина ја нападна Москва со над 30 беспилотни летала во масовен напад на 10 декември. Руските единици за воздушна одбрана соборија најмалку 18 беспилотни летала (БЗЛ) на пат кон Москва, рече Собјанин. Екипите за итни ...
Одговарајќи на новинарско прашање околу новите „бомби“ што СДСМ ги објавува лидерот ан партијата Венко Филипче, за ТВ Сител кажа дека то било само почеток и дека Антикорпцискиот тим на СДСМ ќе продолжел со објавување нови случаи со сомнежи за корупција. Филипче најави и дека СДСМ ќе претсави онлајн платформа каде секој граѓанин ќе може да пријавува случаи на незаконско работење. „Нашиот антикорупциски тим го шири своето дејствување и утре ќе ...
Во момент кога паниката и истрелите ја претворија прославата на Ханука на плажата Бонди во сцена на хорор, еден човек одлучи да не бега. Ахмед Ал Ахмед, 43-годишен татко на две деца и муслиман по вера, се фрли кон вооружениот напаѓач и со голи раце го совлада, спречувајќи уште поголем масакр. Според австралиските медиуми, меѓу кои и 7NEWS, нападот бил јасно насочен кон еврејската заедница која ја одбележувала Ханука. Во хаосот што следел по ...