Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Во саботата, 20 декември се одржа новогодишниот вокалната уметница и интерпретаторка на традиционална музика Зарина Првасевда, со наслов „Кадифено”. Во преполната сала на Филхармонија, беше отсвирен репертоар кој вклучи македонски традиционални песни, но и песни од албанската, турската, влашката традиција, односно песни кои се дел од културата на нашите простори. Гости на концертот беа перкусионистот Ахмет Алан, како и гитаристот Џенк ...
Голем прекин на електричната енергија во Сан Франциско денеска доведе до неочекуван, но симптоматичен колапс на целосно автоматизираниот транспорт. Автономните такси-возила на компанијата Waymo беа принудени целосно да го прекинат сервисот, откако дел од градот остана без струја, а семафорите престанаа да функционираат. Според локалните власти и енергетската компанија PG&E, прекинот бил предизвикан од пожар во електро-подстаница, поради ...
Главната цел на безбедносните гаранции за Украина е да се осигура дека таа земја никогаш повеќе нема да стане жртва на напад, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. – Мораме да обезбедиме Украина никогаш да не биде повторно нападната по постигнувањето примирје или мировен договор. Путин мора да сфати дека уште еден напад би бил погубен за него, нагласи Руте за германски „Билд“. Тој додаде дека постојат три нивоа на безбедносни ...
Настап на хуманоидни роботи на концерт во кинескиот град Ченгду стана вирален на социјалните мрежи и привлече внимание ширум светот, меѓу кои и од американскиот технолошки милијардер Илон Маск. Шест хуманоидни роботи се појавија на сцената за време на концертот на кинеско-американскиот пејач и композитор Ванг Лихом, во југозападната кинеска провинција Сечуан. Роботите, облечени во сребрени костими, настапија заедно со пејачот додека ја ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера го именуваше гувернерот на сојузната држава Луизијана, Џеф Ландри, за специјален американски пратеник за Гренланд, големата данска полуавтономна територија за која претходно изјави дека САД треба да ја преземат. – Џеф разбира колку Гренланд е неопходен за нашата национална безбедност и силно ќе ги унапреди интересите на нашата земја за (осигурување) безбедност, сигурност и преживување на нашите ...
Најмалку 16 луѓе загинаа при превртување на патнички автобус на индонезискиот остров Јава, соопштија денеска локалните власти. Возачот на автобусот во кој имало 34 патници изгубил контрола и удрил во бетонска ограда пред да се преврти на страна, изјави шефот на Агенцијата за потрага и спасување. Автобусот се движел од главниот град Џакарта до древниот кралски град Јогјакарта, а се превртел кај градот Семаранг во централна Јава. Полицијата и ...
Руски генерал Фанил Сарваров, е убиен во експлозија во Москва, соопштија официјални лица, пренесува Би-би-си. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Сарваров починал во понеделник наутро откако експлозивна направа поставена под автомобил детонирала. Сарваров бил началник на одделот за оперативна обука на вооружените сили, додаде комитетот. Се вели дека една од теориите што се истражува е вмешаноста на украинските ...
Белата куќа соопшти дека американското Министерство за финансии собрало 235 милијарди долари од царини од почетокот на годината. Белата куќа го изнесе ова тврдење во божиќен пренос во живо на својот официјален Јутјуб канал, во кој наизменично се прикажуваше листа на „победи на МАГА (MAGA) во 2025“ со музика во позадина. Други текстуални блокови кои се движат на левата страна од поделениот екран ги истакнуваат останатите наводни успеси на ...
АНА ЧУПЕСКА Теориски координати и легитимни етички дилеми на постконфликтната транзиција Дозволете на самиот почеток на оваа рецензија да укажам дека со лично чувство на особено задоволство го прифатив повикот на Валентин Нешовски, да го читам овој аналитички материјал што го нуди во ракописот „КОНФЛИКТ, МИР И МЕДИУМИ”. Имено, овде тој вешто ги синтизира клучните дилеми кои се изучуваат во сферата на меѓународните односи и студиите за мир и ...
Советничката група на СДСМ во Град Скопје денеска на прес-конференција побара итно прогласување еколошка и здравствена кризна состојба, поради, како што истакнаа, алармантното загадување на воздухот во главниот град. Советничката Катарина Цаневска Арсовска нагласи дека скопјани со денови дишат екстремно загаден воздух и дека, според официјалните податоци, Скопје е меѓу најзагадените градови во Европа. „Скопјани се гушат во загаден воздух со ...
Американскиот актер Џејмс Рансон, најпознат по улогите на Зиги Соботка во култната серија „Жица“ и Еди Каспбрак во хорор-филмот „Тоа: Второ поглавје“, почина на 46-годишна возраст. Според извештајот на мртовзорникот од округот Лос Анџелес, Рансон починал во петокот, а како причина за смртта е наведено самоубиство, објави магазинот Variety. Рансон длабоко се врежа во меморијата на публиката со ликот на Честер „Зиги“ Соботка, докер кој ...
Моќта не е секогаш она што го гледаме однадвор. Не е само функција, титула или глас што се слуша најгласно. За некого моќта е способност да води, за друг – да издржи, за трет – да влијае без да биде забележан. Астрологијата не одговара на прашањето кој ќе владее, туку како секој знак се однесува кога има контрола – или кога ја губи. Токму таму се открива вистинскиот карактер. Знаци што природно ја бараат моќта Овен, Лав, Јарец Овие знаци не ...
Актерката Емили Блант неодамна го нарече својот колега од филмот „Oppenheimer“, Килијан Марфи, „најлошата славна личност на светот“. Иако изјавата на прв поглед звучи остро, таа всушност е голем комплимент за ирскиот актер, познат по тоа што упорно бега од светлината на славата. Многумина фанови на Марфи често се шегуваат дека тој „ја мрази славата“, а според Блант, токму тоа го прави исклучителен. Ѕвездата на серијата „Peaky Blinders“ е ...
Месечината во Јарец носи приземјена, сериозна и одговорна енергија. Ова е ден кога емоциите се под контрола, а фокусот е ставен на реалноста, обврските и долгорочните цели. Наместо импулсивни реакции, денот бара зрелост, трпение и јасно поставени граници. Она што денеска се гради, има потенцијал да трае. ♈ ОВЕН Овој ден носи чувство дека одговорностите се наметнуваат посилно од вообичаено. Месечината во Јарец бара зрел пристап и свесност дека ...
Машината за садови одамна не служи само за чинии, чаши и прибор. Современите модели со нежни програми, контролирана температура и ефикасно плакнење можат безбедно да исчистат и предмети за кои ретко размислуваме. Но, постои и друга страна на приказната – некои работи изгледаат отпорно, а всушност можат трајно да се оштетат. Еве што навистина смее, а што никако не треба да заврши во машината за садови. Меѓу изненадувачките предмети што можат ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ, како што денеска истакнаа од партијата, продолжува да изнесува факти и докази за поврзаноста на ВФМРО-ДПМНЕ со Алта Банка како и за сомнителното преземање на Стопанска банка АД Битола. „Откривме дека банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски“, рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, посочувајќи дека токму поради тоа СДСМ побарала Финансиското разузнавање и Финансиската полиција да отворат ...
Објавувањето на најновиот пакет документи од таканаречените Епштајнови списи предизвика силни реакции во САД, откако стотици страници беа објавени речиси целосно или делумно зацрнети. Дел од критиките доаѓаат и од демократите и од републиканците, а не се исклучува ниту можноста американскиот Конгрес да покрене тужба против Министерството за правда. Поранешниот федерален обвинител Пол Пелетие изјави за Sky News дека објавата е „прилично ...
Полициски службеници од СВР Скопје рано утринава лишиле од слобода 37-годишно лице поради напад врз полициски службеник при вршење службени дејствија. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 21 декември 2025 година околу 04:30 часот, пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, бил приведен У.И.У. (37) од Нигерија, кој поседувал американски пасош и лична карта. При интервенцијата, лицето физички нападнало полициски ...
Во овие денови на голема загаденост на воздухот, ви препорачуваме три чаеви што можат да им помогнат на вашите бели дробови. Првиот е по препорака на Алан Мандел, кој се претставува како доктор и често се јавува на You tube со свои препораки. Еве што тој вели за следниот чај: „Ќе ви се прочистат белите дробови. Ќе се прочистат и бронхиите. Ќе внесете повеќе кислород во вашето тело, во клетките, за да останете поздрави. Ќе ви треба една чаша ...
Министерството за правда на САД објави илјадници документи поврзани со осудениот сексуален престапник и обвинет трговец со луѓе, Џефри Епштајн, во потег што со месеци беше најавуван и под силен притисок од Конгресот. Иако документите не ја открија целата архива, тие сепак отворија сериозни прашања. Петте клучни заклучоци според Си-Ен-Ен од објавените фотографии и документи од Министерството за правда на САД: 1. Администрацијата не го ...
Михаела Бентхаус, 33-годишна германска инженерка за аеронаутика и мехатроника во Европската вселенска агенција (ESA), стана првата личност во инвалидска количка што отпатувала во вселената, откако го премина т.н. Карманов праг – границата што се смета за почеток на вселената, на височина од 100 километри над морското ниво, објави CNN. Историскиот лет беше изведен во саботата наутро со ракетата New Shepard на компанијата Blue Origin, која ...
На 67-годишна возраст денеска почина македонскиот актер Лазе Манасков. -Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!, наведуваат од Драмски театар. Манасков е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во ...
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Еден човек! Името го врти! Го исчисти од сите додатоци на исхраната! И не дава наново да се валка! Тој не е Заев! Не попушта! Цврст е како карпа! Името е за него света работа! Светиња! Грачаница и Високи Дечани! Македонија! Го повикувам православниот папа да ја скокне беатификацијата и директно да го прогласи за светец. Не може Македонија да го слави Свети Никола, а Свети Христијан да виси на крстот во натчовечки ...
Тешка несреќа се случи денеска на жичарата на Савин Кук на Дурмитор, Црна Гора, кога во стрмниот, втор дел од трасата дошло до испаѓање на странски туристи од корпата на ски-лифтот, пренесува Vijesti.me. Според првичните информации, еден маж го загубил животот, додека жена е повредена, но е свесна и комуникативна. На местото на настанот интервенираат спасувачки екипи. Како што пренесуваат црногорските медиуми, во тек е истрага за утврдување ...
Кураторката Ивана Васева во интервју за Трн.мк зборува за: „ДЕНЕС“, „Истокот е сè уште можен“ и „Билни прилагодувања“. Оваа есен, скопската уметничка сцена дише во ритамот што го задава Ивана Васева. Три изложби, три различни концептуални светови – и една заедничка координата: кураторска визија што отвора прашања кои ја надминуваат уметноста и директно навлегуваат во политичкото, општественото и личното. Во разговор за ТРН, Васева зборува за ...
На 75-годишна возраст денеска почина Драган Б. Костиќ, новинар и радио-водител кој со децении важеше за еден од најпрепознатливите и највлијателни гласови на македонскиот радио-етер. Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот син Бане Костиќ, кој информираше дека Костиќ не успеал да ја добие битката со болеста, по период на тешка здравствена состојба за која неодамна јавно проговори и Перо Камиказа. „Со длабока тага ги известуваме роднините, ...
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција изјави дека измените на Законот за странци, усвоени во септември оваа година, претставуваат „нов доказ за вистината“ за која, според неа, владејачкото мнозинство се обидува да воведе цензура. Кузеска оцени дека неодамна усвоената Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ имала за цел да ја замолчи опозицијата и да спречи јавна дебата за прашања од висок јавен интерес. „Немаат како да ...
Во годината кога Македонскиот народен театар одбележува 80 години постоење, денеска во фоајето на театарот свечено беше промовирана монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 – Приказни поголеми од времето“, капитално издание, кое низ документи, сведоштва и лични приказни го заокружува осумдеценискиот континуитет на најзначајна театарска институција во земјава. Настанот обедини бројни уметници и професионалци од театарска фела. На ...
Италијанската парламентарна комисија одобри амандман на буџетот за следната година во кој се наведува дека златните резерви во трезорите на Централната банка му припаѓаат на народот, соопштија пратениците. – Златните резерви, со кои управува и ги чува Централната банка му припаѓаат на италијанскиот народ, се наведува во текстот одобрен од Горниот дом на буџетската комисија на Парламентот. Во текстот се посочува дека амандманот не е правно ...
Во Олимписката лабораторија за врвни спортски перформанси на Македонскиот олимписки комитет (МОК) деновиве беа спроведени специјализирани тестирања на олимписките стипендисти Дејан Георгиевски, Милијана Рељиќ, Душица Бреслиева, Дарио Ивановски, Ангел Петрушев и Анастасија Мојсовска кои се најсериозни македонски кандидати за учество на Олимписките игри Лос Анџелес 2028, соопштуваат од Македонскиот олимписки комитет. Дополнително, во наредниот ...