Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Со едногласна одлука на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски повторно ја доби довербата да ја извршува функцијата претседател на ЗЕЛС, информираат од Град Скопје. „Од срце им благодарам на членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС за укажаната доверба, заедно со моите колеги, двајцата нови потпретседатели, Изет Меџити и Горан Герасимовски. Уверен сум дека ...
Рекордни 655 милиони долари ќе изнесува наградниот фонд за Светското првенство 2026, што е зголемување од 50 проценти во однос на претходниот Мундијал 2022 во Катар, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Секоја репрезентација што ќе се квалификува за Светското првенство ќе добие и 1,5 милиони долари за трошоци за подготовки, што значи дека ФИФА ќе им исплати вкупно 727 милиони долари на учесниците на Светското првенство кое идната ...
Утре, 19 декември во Младинскиот Културен Центар во Скопје, регионалниот музички феномен Буч Кесиди ќе го претстави својот нов студиски албум „ Модерни врски“ (Moderne veze) на самостоен концерт кој се одржува како дел од офф-програмата на годинашниот Таксират Фестивал. Со почеток во 20:00 часот, на сцената во Денсинг сала, бендот ќе ги донесе најголемите хитови од својата исклучително успешна кариера, со акцент на актуелниот албум кој од ...
СДСМ ќе поднесе претставка до Уставниот суд поради, како што оценија, неуставната Резолуција што беше усвоена од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието, со која директно се загрозуваат слободата на говорот и политичкото дејствување на опозицијата. Ова денеска на прес-конференција одржана пред Уставниот суд го соопшти потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска. „Од овде, од пред Уставниот суд испраќаме гласна порака: СДСМ нема да дозволи гушење на ...
Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ Премиерот Христијан Мицкоски е многу вознемирен од вестите што стасуваат од Велика Британија, а се пренесуваат кај нас за прифаќање на нивните селектирани емигранти кои не можат да добијат азил, да бидат префрлени во Македонија. Јавноста, пак, е вознемирена од неговата закана институциите да преземат мерки против сите што наводно сеат паника и страв. Се разбира, тоа не е повик за цензура, таа веќе е инсталирана во ...
Рим отвори две нови метро-станици на линијата Метро Ц, кои не се само сообраќајни јазли, туку и дестинации сами по себе поради богатите археолошки поставки. По години одложувања, станиците Colosseo–Fori Imperiali и Porta Metronia беа отворени оваа недела, со што се проширува римската метро-мрежа и им се нуди на патниците и туристите уникатна можност да ја доживеат античката историја под земја. View this post on Instagram A post shared by Roma ...
Гледаме неуспешен обид на јавноста да и се прикаже уривање на СДСМ одвнатре. Токму во период кога е потребно единство во оваа голема борба за Македонија. Во време на силен притисок од режимот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, преку собраниски резолуции со кои се забранува говорот и се гуши демократијата, преку обиди за замолчување, заплашување и политички прогон врз опозицијата, соопштуваат од СДСМ. „Очигледно, темата со мигрантите е многу поголема ...
Синоќа, во легендарниот „Холидеј Ин“ – некогашниот „Гранд Хотел“, местото каде пред 33 години официјално е создаден Македонскиот олимписки комитет (МОК), се одржа свечената церемонија за 5. јубилејно издание на гала-манифестацијата „Златна Олимпија 2025“. На местото каде што започна македонската олимписка приказна, во присуство на над 200 високи гости – спортисти, спортски работници, спортската елита, претставници на дипломатскиот кор и на ...
Австралискиот премиер Ентони Албанезе вели дека неговата влада ќе преземе мерки против говорот на омраза по смртоносното пукање во неделата на плажата Бонди, кое беше насочено кон еврејски фестивал, пренесува Би-би-си. Петнаесет лица беа убиени кога двајца вооружени лица отворија оган на настан по повод првиот ден од Ханука. Новите закони ќе бидат насочени кон „оние кои шират омраза, поделби и радикализација“, изјави Албанезе за новинарите во ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска од Брисел порача дека ќе побара поддршка од европските демократски и прогресивни сили за, како што рече, одбрана на демократијата и слободите во Македонија, по усвојувањето на Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието. „Ви се обраќам од Брисел, затоа што борбата за слободата и демократијата во Македонија бараат акција и заедничко дејствување“, изјави Филипче. Тој оцени дека донесената ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека неодамна извршиле воздушни напади врз цели на Хезболах низ Либан, вклучувајќи камп за обука за членови на милитантната група и дополнителна воена инфраструктура. Во соопштението на ИДФ се обвинува Хезболах дека го користи кампот за обука на оперативци за пукање со боева муниција, ракување со артилериско оружје и складирање оружје, објавува „Тајмс оф Израел“. ИДФ потврди дека во нападите ...
На овогодишниот самит на ЕУ, Европа ќе најде заеднички став за тоа како да ги финансира воените напори на Украина, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон. Европската комисија изнесе неколку опции и покренати се важни дискусии за тоа како да се искористи рускиот имот. Мислам дека мораме сите да се обединиме и да заземеме заеднички став, рече Макрон пред самитот. Лидерите на Европската Унија денеска расправаат за начините на ...
Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска, ќе ја има својата светска телевизиска премиера на 8 јануари 2026 година на каналот National Geographic. Филмот ќе се прикажува во терминот 21 часот по источноамериканско време (9/8c), соопшти National Geographic на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by National Geographic (@natgeo) Веќе следниот ден, документарецот ќе биде достапен и на ...
Едвард П. Џозеф е водечки американски глас за Балканот и истакнат експерт за управување со конфликти, дипломатија и демократска отпорност во кревки региони. Во моментов е предавач на Факултетот за напредни меѓународни студии (SAIS) при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ и широко почитуван аналитичар за надворешна политика, со повеќе од 15 години искуство во работа во некои од најнестабилните конфликтни и постконфликтни средини во светот. Во ...
Сенатот на САД на 17 декември одобри закон за трошоци за одбрана од 900 милијарди долари, кој вклучува 800 милиони долари воена помош за Украина, по усвојувањето на законот од страна на Претставничкиот дом минатата недела, пренесува Кијив Индипендент. Законот беше усвоен од Сенатот со двопартиска поддршка со 77-20 гласови и сега оди кај американскиот претседател Доналд Трамп за потпис. Со него се предвидува Украина да добива 400 милиони ...
Ноќеска во акција на Бирото за јавна безбедност приведени се повеќе лица меѓу кои и Бујар Дарлишта, поранешен директор на Управата за водење матични книги, кадар на ДУИ. Информацијата во изјава за медиумите ја потври министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој присуствуваше на промоција на фотоволтаична централа поставена на Центарот за обука на МВР – донација на ОКТА. Претходно, од Основното јавно обвинителство за гонење организиран ...
Брижит Макрон се соочува со тужба од неколку организации, вклучувајќи и групи за женски права, откако беше снимена како упатува навредливи зборови кон феминистки кои протестираа на театарска претстава во Париз. Повеќе од 300 жени, поточно 343 – што е историски симболичен број во францускиот феминизам, оваа недела поднесоа тужба против првата дама на Франција за јавна навреда. Видеоснимката, направена минатата недела, ја прикажува Брижит ...
Раде Силјан е еден од носечките столбови на македонската култура. Половина век, со неговото творештво, како еден од стожерните автори, тој ги исцртува магистралните текови на македонската книжевност. Силјан е полиграф што оствари и остварува голем дел од најзначајните културни мисии за Македонија, не само како поет, книжевен критичар и антологичар, туку и како уредник, издавач, оштественик и културен деец. Како книжевен критичар пак, тој е и ...
По седум години пауза од научната фантастика, Стивен Спилберг подготвува големо враќање во жанрот со новиот проект „Disclosure Day“, sci-fi трилер со елементи на теорија на заговор и вонземска мистерија, чија премиера е најавена за 12 јуни 2026 година. Филмот, кој долго време се развиваше под строга тајност, наводно ќе ја спои чудесноста на E.T., мистиката на Close Encounters of the Third Kind и паранојата на War of the Worlds, но со ...
Објавен е првиот трејлер за новиот документарен филм „Melania“, посветен на Меланија Трамп, кој веднаш предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Особено внимание привлече еден краток, но значаен момент од најавата, кој за кратко време стана вирален. Документарецот ја следи поранешната и повторно актуелна прва дама на САД во деновите што му претходат на инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари 2025 година. Моментот што стана вирален ...
По речиси една деценија чудни сенки, велосипеди во магла, синтетички звуци од 80-тите и портали кон други димензии, Stranger Things се подготвува за своето финално поглавје. Петтата сезона ќе стави точка на една од најпопуларните серии на Netflix, а фановите – како што и се очекува – веќе со години ја пишуваат сопствената верзија на крајот. Интернетот е преплавен со теории, желби и стравови. Некои сакаат херојска завршница, други трагедија со ...
Руската воена агресија врз Украина и растечките геополитички предизвици ја нагласуваат потребата од сè посилни врски меѓу ЕУ и Западен Балкан, се наведува во „Декларацијата од Брисел“ усвоена на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски. – Ние, лидерите на Европската Унија (ЕУ) и нејзините земји членки, во консултација со нашите партнери од Западниот Балкан, денеска го заклучивме следново: Денешниот ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека е уверена оти лидерите на Европската унија ќе постигнат договор за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на одбраната и обновата на Украина пред денешниот самит на ЕУ. Во разговор за германскиот радио канал Дојчландфунк, таа рече дека ова нема да биде прв пат да се најде решение во многу сложена ситуација. Лидерите на Европската ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во живо им се обрати на Американците, а во своето 20-минутно излагање најмногу ја нападна поранешната власт и неговиот претходник Џо Бајден. По набројувањето на сите достигнувања на неговата администрација и лично негови, тој почна со обвинувања на сметка на претходната влада предводена од Џо Бајден – Во јануари го наследив нередот на Бајден, кој константно се обидувам да го поправам, изјави ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека го одобрил договорот за извоз на природен гас во Египет во вредност од 35 милијарди долари, најголемиот договор за гас во израелската историја. Договорот би можел да помогне и во подобрувањето на односите меѓу Израел и Египет, затегнати во изминатите две години поради војната на Израел против палестинскиот Хамас во Појасот Газа. Гасот во Египет во следните 15 години ќе го испорачува ...
Опозициската СДСМ остро реагира по денешното гласање во Собранието, обвинувајќи ги ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ дека, како што наведуваат, изгласале „предавство на Македонија“ со резолуција донесена од парламентарното мнозинство. „ДПМНЕ и ЗНАМ денеска го изгласаа предавството на Македонија. Ја изгласаа предавничката резолуција што самите си ја донесоа во Собранието“, се наведува во соопштението на СДСМ. Од партијата посочуваат дека 17 декември 2025 ...
Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од Аеродром, Сарај и Сопиште. Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија информира дека од 08 до 09 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. Јане Сандански бр.70 во општина Аеродром, а од 10 до 13 часот корисниците од селото Долно Лисиче после „Ливрам“ исто така во општина Аеродром. Од 08:45 до 14 часот без струја ќе биде делот од село Кондово, односно ...
Американската војска соопшти дека вчера извршила нов напад врз наводен брод за шверц на дрога во меѓународни води во источниот Пацифик, при што загинале четворица мажи, пренесе ДПА. Јужната команда на САД (SOUTHCOM) на платформата X соопшти дека бродот „транзитирал по позната рута за трговија со дрога во Источниот Пацифик и бил вклучен во операции за трговија со дрога“. Информациите не можеа независно да се потврдат, пренесе германската ...
Астролошки хроники со Анаис Постои еден тивок миг во годината кога космосот не бара повеќе желби, туку зрелост. Тој миг се случува токму сега – на преминот од Стрелец кон Јарец. Тоа не е драматичен пресврт, ниту гласна промена. Напротив, тоа е внатрешно поместување, како длабок здив пред да се направи првиот сериозен чекор. Стрелецот нè учеше да гледаме далеку, да веруваме, да се осмелиме да сонуваме. Јарецот, пак, тивко прашува: што од сето ...
Месечината денес се движи низ знакот Стрелец, носејќи потреба за поширок поглед, искреност и внатрешна слобода. Денот поттикнува размислување за идни чекори, ослободување од ментален товар и барање смисла зад секојдневните случувања. Емоциите се подвижни, а интуицијата нуди тивки, но јасни насоки. ♈ Овен Денес внатрешниот порив за движење и напредок е силен, но потребно е внимателно да се избере насоката. Можно е чувство дека е време да се ...