
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспекторе“, која започна бојкот на продавниците, ги повика граѓаните од четврток седум дена да не купуваат одредени производи и да бојкотираат одредени трговски ланци. Се повикуваат граѓаните да не купуваат во три меѓународни трговски синџири – Лидл, Еуроспин и ДМ и да не купуваат газирани пијалоци, вода и детергенти во ниту една продавница. Советникот на платформата, Јосип Келемен, на вчерашната ...
Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка. Тој се обрати пред граѓаните на Србија и рече дека за неговата оставка го известил и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. „Се обидов да ја сфатам одговорноста што ја носи оваа работа и оваа позиција, свесен дека има бројни предизвици за Србија, предизвици во регионот, комплицирана геополитичка ситуација, но се гледав и себеси како дел од политиката на континуитет од првата влада на Александар ...
Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ поднесува оставка, потврди српскиот премиер Милош Вучевиќ во своето вонредно обраќање. Вучевиќ претходно на прес-конференцијата објави дека поднесува оставка, поради состојбите во земјата. Милош Вучевиќ во своето обраќање изјави дека денеска разговарал со Милан Ѓуриќ, кој му потврдил дека ќе поднесе оставка бидејќи „и двајцата сметаат дека се морално одговорни за она што се случува во општеството денес“. ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц и данската премиерка Мете Фредериксен се сретнаа денеска, изразувајќи солидарност, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно зборуваше за неговите планови за Гренланд. Трамп изрази желба овој арктички остров, за кој се верува дека има големи неискористени резерви на минерали и нафта, да стане дел од САД. Ниту Шолц, ниту Фредериксен директно не го спомнаа Трамп или автономната данска територија во ...
Студенти кои учествуваат во блокадата на Филозофскиот факултет во Нови Сад на својот Инстаграм профил објавија дека група нивни колеги синоќа биле нападнати од непознати лица и дека едно девојче е тешко повредено. На Инстаграм blokadaka.ffuns беше наведено дека едно девојче е тешко повредено, дека вилицата и е изместена и дека има повреди по целото тело, а уште неколку ученици се со полесни повреди. Се додава дека четворица мажи со бејзбол ...
Кинескиот стартап DeepSeek предизвика значителен пресврт на глобалниот технолошки пазар со лансирањето на својот напреден асистент за вештачка интелигенција, кој неодамна стана најсимнуваната бесплатна апликација на App Store на Apple во САД, надминувајќи ја ChatGPT на OpenAI. Кој стои зад кинеската вештачка интелигенција? DeepSeek е основана во 2023 година како истражувачка група на кинескиот квантитативен хеџ фонд High-Flyer, исто така ...
Вчера во Москва беше претставен нов училишен учебник, кој ја споредува војната на Русија во Украина со советската борба против нацистите и тврди дека Русија била „приморана“ да испрати војници во Украина. Претседателот Владимир Путин ја прикажува војната, која Москва официјално ја нарекува „специјална воена операција“, како тежок, но неопходен конфликт против Украина, која е поддржана од Западот и НАТО. Путин тврди дека ова е дел од пошироката ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба да започне со планирање на систем за воздушна одбрана „Железна купола“ за Соединетите држави, како оној што Израел го користи за пресретнување на илјадници ракети. Трамп му нареди на секретарот за одбрана да поднесе план за „ракетен одбранбен штит од следната генерација“ за заштита од балистички, хиперсонични и напредни крстаречки ракети во рок од 60 дена, вклучително и развој ...
„Гугл“ вчера објави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во „Заливот на Америка“ на „Гугл мапс“ откако администрацијата на Доналд Трамп ќе ги ажурира своите „официјални владини извори“. Компанијата објави и дека ќе почне да го користи името „Планината Мекинли“ за планината на Алјаска која моментално се вика Денали, пренесува Си-ен-би-си. Минатата недела, претседателот Доналд Трамп потпиша прописи кои вклучуваат промена на името на ...
Седум членови на групата за која е утврдено дека сексуално злоставувале деца во Глазгов се осудени на доживотен затвор поради злоупотреба на три деца помлади од 13 години, јавуваат британските медиуми. Иен Овенс (46), Елејн Ланери (40), Лесли Вилијамс (43), Пол Бранан (42), Скот Форбс (51), Бери Вотсон (48) и Џон Кларк (49) беа осудени на затворски казни од осум до 20 години, објави Би-Би-Си. На осудените им беше изречена наредба за доживотно ...
Данска денеска објави дека ќе потроши 14,6 милијарди дански круни (околу 2,05 милијарди американски долари) за зајакнување на своето воено присуство на Арктикот. Тоа е реакција на обновениот интерес на американскиот претседател Доналд Трамп за контрола на Гренланд, полуавтономна данска територија. Овој месец Трамп рече дека Гренланд е од витално значење за безбедноста на САД и дека Данска мора да се откаже од контролата на стратешки важниот ...
Студентите кои повеќе од два месеци блокираат околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во 10 часот почнаа 24-часовна блокада на Автокоманда – еден од најважните патишта во Белград. Блокадата на Автокоманда следи по генералниот штрајк што се одржа во петокот во Србија. Во протестните прошетки учествуваа студенти и други граѓани. На штрајкот се приклучија и медиумите, бројни синдикати, наставници, ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека обвинителството поднело 13 обвиненија против виновниците за несреќата во Нови Сад и дека три месеци по трагедијата сегашната атмосфера никому не му одговара. Вучиќ вели дека е подготвен да ги помилува уапсените за време на протестите, иако никогаш досега не помилувал никого. Вучиќ вели дека ќе го исполни барањето за зголемување на трошоците за образование за 20%, велејќи дека тоа ќе биде ...
Алтернатива Црна Гора ги повика граѓаните во петок да ги бојкотираат супермаркетите и продавниците во земјата, пишува Cafe del Montenegro (CdM). „Во петок повикуваме на бојкот на супермаркетите и продавниците во Црна Гора, сето тоа без исклучок, бидејќи тоа нема никаква врска со политика. Високите цени подеднакво ги погодуваат сите граѓани“, се вели во соопштението. Алтернатива истакна дека истата акција била спроведена и во Хрватска и дека ...
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска ги повика земјите-членки на Алијансата да ги зголемат трошоците за одбрана над заедничката цел од два отсто од БДП. Руте зборуваше во Лисабон заедно со премиерот на земјата, Луис Монтенегро, кој го повтори ветувањето на Португалија да ја исполни својата цел од два проценти до 2029 година, пренесува Ројтерс. „Знаеме дека целта од два проценти, која беше поставена пред една деценија, нема да биде ...
Европската унија се согласи да ги продолжи санкциите, со кои на Русија ѝ се ускратуваат средства за финансирање на војната во Украина, за шест месеци, откако Унгарија ги повлече своите приговори на тој потег. Санкциите опфаќаат трговија, финансии, енергија, технологија, индустрија, транспорт и луксузни стоки. Вклучуваат и забрана за увоз или трансфер на морска сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ. Некои мерки беа воведени во ...
Со концерт кој ќе се одржи на 14-ти февруари во Сплит, популарниот поп-рок бенд „Парни ваљак“ ќе ја започне својата јубилејна турнеја низ поранешните Југословенски републики. Бендот одбележува 50 години постоење, откако во 1975 година беше оформен од Аки Рахимовски (1955-2022) и Хусеин Хасанефендиќ „Хус“ и во својата дискографија има голем број на хитови. По смртта на Аки, нов вокалист е младиот Игор Дрвенкар, со кого веќе снимија неколку нови ...
Согласно извешатите за спроведени активности од страна на општините за периодот 20-24 јануари, во 11-те општини што доставиле извештаи до Министерството за животна средина и просторно планирање се спроведувале редовни и засилени инспекциски контроли. Инспекциските служби на Општина Гази Баба при редовна обиколка и контрола на загревањето на малите сервиси не затекнала согорување на отпад, но на две физички лица затекнати како гуми и електрични ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска за време на неговото сведочење во судскиот процес против него за наводна корупција изјави дека обвинителството ја „излудува земјата“ со бесмислените обвинувања против него. Израелскиот премиер посочи дека „природно е премиерот да се обидува да влијае на медиумите“ и негираше дека сопственикот на веб-страницата „Вала“ му дал „специјален третман“, пренесува „Тајмс оф Израел“. „Тие (обвинителството) ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска, по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, изјави дека ова злосторство никогаш не смее да се заборави и никогаш да не се повтори. „Тоа беше намерен обид на нацистите да збришат цела нација, да ги убијат сите нејзини членови, да уништат се што не потсетува на Евреите. Шест милиони жртви. Злосторството на холокаустот никогаш не смее да се повтори, но постепено, за жал, сеќавањето ...
Поради изолираните инциденти што се случија вчера по масовните протести во Солун и Атина за железничката несреќа кај Темпи пред две години, приведени беа вкупно 35 лица, додека од Асоцијациите на фоторепортери и на странски дописници во Грција реагираа за полициското насилство врз фоторепортер, кој беше повреден до шок бомба. Откако во јавноста излегоа нови информации за несреќата од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на ...
Голем пожар рано утринава ја зафати општинската зграда во Париз, а локалните медиуми објавија дека се стравува дека дел од покривната конструкција и кулата со јавниот часовник на зградата, изградена во средината на 19 век ќе пропадне. Пожарникарите околу 3 часот по полноќ биле известени за пожарот, а во извештајот се наведува дека пожарот се заканува да ја уништи саат-кулата на општинската зграда. Incendie mairie du 12 ème Paris⬇️@mtwit75 ...
Студентите ширум Србија протестираат веќе два месеци, а нивниот бунт се шири и кај граѓаните. По блокадите излегоа на улица и со секојдневни акции бараат да се исполнат нивните барања. Државата на неколку начини се обиде да го задуши нивниот бунт, но нивниот протест продолжува бидејќи не се исполнети сите нивни барања. На тој начин студентите најавија 24-часовна блокада на сообраќајниот крстопат Автокоманда на 27 јануари, под симболичното име ...
Две лица загинаа во директен судир на два автобуси кај Умка, приградска населба во Белград, јавува РТС. Несреќата се случила околу 6 часот и 20 минути на таканаречениот Обреновачки пат кај местото Умка. На местото на настанот излегле екипи на сообраќајната полиција, како и шест екипи на Брза помош. Според српски медиуми, станува збор за автобус на компанијата „Ласта“ кој се движел од правец на Белград кон Умка и автобусот на компанијата „Севиќ“ ...
Во Москва е соборен температурниот рекорд од 27 јануари 1914 година, откако денеска во 06:00 часот метеоролошката станица во руската престолнина измери 3,5 степени Целзиусови над нулата, изјави шефот на метеоролошкиот центар „Фобос“ – Евгениј Тишковец. „Во главниот град на Русија, во историјата на редовните метеоролошки мерења, и покрај дождот, по 111 години е поставен нов температурен рекорд на референтната московска метеоролошка станица VDNKh. ...
Илјадници раселени Палестинци утринава почнаа да се враќаат во северниот дел на Појасот Газа, изјави претставник на Министерството за внатрешни работи на Хамас. „Раселените Палестинци почнаа да минуваат низ западниот дел на контролниот пункт Нецарим кон градот Газа и северниот дел на Појасот Газа“, изјави за AFP неименуван палестински функционер. Голем број Палестинци се собраа за време на викендот, чекајќи да поминат низ седум-километарскиот ...
Репрезентацијата на Хрватска пред полни трибини денеска славеше победа во Загреб со 29:26 и така обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство. За Словенија овој натпревар немаше резултатско значење, но словенечките реакометари започнаа одлично и отворија со 5:0. По тоа водство од пет разлика и уште неколку пати имаа водство од пет голови. Хрватска сепак успеа да се соземе и да се врати, па на одмор на семафорот стоеше нерешен ...
Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, проговори за разводот со сопругата Мелинда Френч Гејтс и откри како се чувствува за сето тоа. „Малку сум повесел“, изјави тој во интервју за „Тајмс“. И покрај тоа, тој го опиша разводот како една од најголемите грешки во неговиот живот. „Има повеќе, но ништо не е важно. Разводот беше болен за Мелинда и мене најмалку две години“, истакна тој. Се чини дека по разводот сепак успеал да одржи пријателски однос ...
Европската унија „ќе продолжи да воведува рестриктивни и насочени мерки против режимот“ на претседателот Александар Лукашенко по „маскенбалот“ на претседателските избори во Белорусија, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас и еврокомесарката за проширување Марта Кос оценија дека денешните претседателски избори во Белорусија се „маскенбал“ и дека не се ...
Денес и будалите знаат дека бесплатен ручек нема, а уште помалку има бесплатно позајмени пари. Затоа, за нормален, домаќински човек, земањето пари на заем (кредит) не е причина за славење и фалење, туку е повод за загриженост и мотивација како позајмените пари најумно да се искористат за да „произведат“ нови вредности, односно пари. Пишува: Ристе ЉУБОТЕНСКИ Секој од нас, барем еднаш во животот, осознава дека времето е пари! Но, она што важи за ...