Јелена Розга го објави спотот за песната „Lavica“, која веќе еден месец е хит на нејзиниот YouTube канал. 46-годишната хрватска пејачка заведува во модерни костуми додека ја пее заразната песна, чиј текст го напиша Вјекослава Хуљиќ, а музиката нејзиниот сопруг Тончи Хуљиќ. „Кога ја снимав оваа песна го почувствував она нешто, знаев дека луѓето ќе ја почувствуваат моќта на ‘Лавица’. Велат дека лавот е најгордо животно и тоа ви го посакувам, да ...

„Алкалоид“ во својот развоен фокус ги има, пред сѐ, своите вработени и нивните семејства, а грижата за најмладите е клучен дел од алкалоидовата корпоративна култура. Во насока на зајакнување начувството за припадност на колективот и кај најмладите членови, „Алкалоид“ ги отвори вратите од своите производствени погони во сегментот козметика за децата на тамошните вработени, со цел непосредно запознавање со компанијата во која нивните родители го ...

Каде и да се појави, кралицата Летиција добива само комплименти да изгледот и стилските погодоци. За годишниот состанок на Институтот Сервантес во Барселона, 51-годишната припадничка на шпанското кралско семејство зрачеше со едноставна елеганција во бела креација со цветови во фуксија нијанса која доаѓа од модната куќа Каролина Ерера. Својот изглед, кралицата на Шпанија го надополни со бели сандали од брендот Boss. Претходно, Летиција со кралот ...

Излезе официјалниот трејлер за „Joker: Folie à Deux“. Во продолжението на филмскиот хит „Joker“, Хоакин Феникс повторно влегува во улогата на Џокерот, додека Лејди Гага ја одглуми Харли Квин. Погледнете што ни открива новото видео: Снимањето на „Joker: Folie à Deux“ заврши во април 2023 година, а премиерата се очекува да биде во октомври оваа година. Првиот дел „Joker“ доживеа огромен успех и Хоакин доби Оскар за Најдобар актер за фантастичното ...

Бремената Хејли Бибер сними фотосесија за списанието „W“. Сопругата на Џастин Бибер го разголи пораснатото трудничко стомаче во долна облека и во модели од врвни модни куќи како Шанел, Гучи, Родарте, Сен Лоран и Прада. Во интервјуто, 27-годишниот модел откри зошто ја криеше бременоста до шестиот месец. „Веројатно можев да кријам сè до крајот. Но, не уживав во стресот што не можев да уживам во бременоста надвор. Чувствував како да кријам голема ...

Ева Лонгорија е верна поддржувачка на галите организирани од фондацијата „Global Gift“. На најновиот хуманитарен настан во Марбеља, 49-годишната пејачка изгледаше магнетски привлечно во атрактивна креација со исечоци кај градите. Додека позираше пред фоторепортерите, таа за малку ќе доживееше модна незгода, но нејзината пријателка Вики ѝ помогна да го избегне тоа. За време на вечерата, Лонгорија се качи на маса и танцуваше со присутните. Покрај ...

Ејми Вилијамс е мајка на шест деца која не дозволува изговорите и препреките да ја спречат да си ги исполни своите желби и цели. 39-годишната жена комплетно си го трансформираше телото и сега е фитнес инструкторка, која инспирира споделувајќи ја својата приказна на Instagram. Вилијамс тежела 80 килограми по раѓањето на последното дете и не била воопшто задоволна со својот изглед. Еден ден, таа решила да ја вложи сета енергија и да најде време за ...

Лионел Меси не дозволува повредата на ногата од Копа Америка да го спречи да ужива во топлото лето. 37-годишниот фудбалер се релаксира на луксузна јахта со сопругата Антонела, својот пријател Луис Суарез и неговата сопруга Софи Балби. Аргентинскиот пар сподели фотографии од летната авантура. Антонела го покажа мускулестото тело во бикини покрај Лео, кој носеше заштитна чизма поради повредата. По победата на Аргентина на Копа Америка, Антонела ...

Мадона ненајавено се појави на премиерата на „Deadpool & Wolverine“ во Њујорк. 65-годишната легендарна пејачка ретко присуствува на јавни настани со своите деца, но сега одлучи со себе да ги поведе близначките Стела и Естер. На црвениот тепих, Мадона позираше заедно со 11-годишните ќерки и со ѕвездите од филмот Рајан Рејнолдс и Хју Џекман. Песната на Мадона „Like a Prayer“ беше искористена во филмот, а Рајан лично отишол во нејзиниот дом за ...

Додека љубителите на „Emily in Paris“ со нетрпение ја очекуваат новата сезона, пристигна трејлерот кој открива што точно ќе се случува во претстојните епизоди. Видеозаписот открива продолжение на љубовната драма помеѓу Емили, Габриел и Алфи, влијание на приватниот живот на Емили врз нејзината професија и многу, многу нови модни моменти. Четвртата сезона ќе биде достапна на Netflix од 15 август. Трејлер: Нема слични статии. Види повеќе » ...

Блејк Лајвли изгледаше фантастично на премиерата на „Deadpool & Wolverin“ во Њујорк. 36-годишната актерка позираше покрај сопругот Рајан Рејнолдс во комбинезон инспириран од неговиот лик Дедпул. Креацијата е изработена во ателјето на Версаче. Парот, кој има четири деца, се смешкаше на црвениот тепих пред бројните фоторепортери и новинари. На премиерата беше и Џиџи Хадид, која носеше модна комбинација инспирирана од Вулверин. Таа и Блејк беа ...

Жељко и Јована Јоксимовиќ отпатуваа во Италија за да присуствуваат на свеченост која се одржа под отворено небо. Српскиот пар изгледаше беспрекорно елегантно во црни стајлинзи. За оваа пригода, познатата водителка избра фустан со разголен грб, додека успешниот пејач носеше црн костум, бела кошула и црна лептир машна. Јована на Instagram сподели фотографии од настанот. View this post on Instagram A post shared by Jovana Joksimovic ...

Маган Маркл и принцот Хари се будно следени од неуморните папараци. 42-годишната војвотка беше фотографирана додека го напушташе италијанскиот ресторан „Tre Lune“во Монтесито, каде беше на ручек со пријателка. Сопругата на принцот Хари носеше секојдневна модна комбинација која вклучуваше фармерки од La Ligne, кошула од Anine Bing и скап накит од над 60 илјади евра од Cartier. Само за огрлицата, Меган оддели над 14 илјади евра. Во јануари 2020 ...

Каролина Гочева сподели нови моменти од патувањето со сопругот Михаил Корубин во Италија. Македонската музичка ѕвезда објави компилација со снимки од нивните авантури низ оваа шармантна држава. „Уште малку спомени од Италија“ - напиша таа. Низ видеата, Каролина шармира во одлични модни комбинации. View this post on Instagram A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) Каролина и Михаил претходно го посетија планинскиот венец Доломити во ...

Џенифер Лопез организираше голема прослава за својот 55-ти роденден инспирирана од серијата „Bridgerton“. Неколку дена претходно, музичката ѕвезда направи и бранч за најблиските пријатели и семејството. Но, и на двата славенички настани не беше присутен нејзиниот сопруг Бен Афлек. Според многумина, ова е уште еден показател дека нивниот брак е пред крај. На денскиот настан, Џеј Ло носеше цветен стајлинг со кратки панталончиња. Мајката на Лопез, ...

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез го користат секој слободен момент за дружба со нивните пет деца. 39-годишниот фудбалер и 30-годишниот модел уживаа со своите најмили во луксузен ресорт на Црвеното море. На Instagram, славниот пар објави слатки моменти со Кристијано Џуниор, близнаците Ева и Матео и малите Алана Мартина и Бела Есмералда. View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) View this post on ...

Адел деновиве двапати беше фотографирана со сопругот во Лондон откако најави голема пауза во музичката кариера. 36-годишната пејачка проследи кошаркарски натпревар во O2 Арената заедно со Рич Пол, кој е кошаркарски агент. Таа носеше црна модна комбинација со волуменозна портокалова кошула. Претходно, парот беше уловен за време на вечерно излегување. Адел се обидуваше да си го сокрие лицето од насобраните фоторепортери бидејќи, како што призна, ...

Андреа Бочели на најновиот концерт покани многу специјални гости, а меѓу нив беше и Софија Вергара. Славната актерка се појави на сцената заедно со талентираниот оперски пејач и му помогна при изведбата на песната „Bésame Mucho“. За оваа пригода, ѕвездата од „Modern Family“ и „Griselda“ избра атрактивна креација која ги истакна нејзините препознатливи облини. Вергара се пресоблече во цветна креација од Долче и Габана за да застане на сцената со ...

Џо Манганиело возврати на тврдењата на неговата поранешна сопруга дека се развеле „затоа што тој сакал да има деца, а таа не сакала да биде стара мајка“. 47-годишниот актер рече дека тоа не е воопшто точно и дека едноставно нивните патишта се разиделе. Во јануари годинава, Софија за El País изјави: „Мојот брак се распадна затоа што мојот сопруг беше помлад. Тој сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка.“ „Чувствувам дека не е фер ...

Тамара Драгичевиќ се топи во друштво на своите три мали богатства. Српската актерка ги сподели првите фотографии со новороденото бебенце, а покрај неа се и двете нејзини поголеми деца. Ѕвездата од „Тома“ и нејзиниот сопруг Петар Бенчина пред 10-тина дена се израдуваа на раѓањето на малиот Борис и среќната вест ја споделија на социјалните мрежи. Популарниот српски пар стапи во брак во јуни 2016 година, а во декември ја добија ќерката Сташа. Синот ...

Кајли Џенер ги стави на пауза своите професионални ангажмани и со децата отпатува во Италија. 26-годишната риалити ѕвезда беше фотографирана на прошетка во Рим со 2-годишниот Ер и 6-годишната Сторми. Таа носеше тексас миди фустан од Marni и апостолки. Заедно со неа беше и нејзината пријателка Анастасија. Тие заедно ручаа во ресторанот „Nino“. Во групата го немаше момчето на Кајли, Тимоти Шаламе, кој во моментов снима филм за Боб Дилан во Њујорк. ...

Бредли Купер ја поведе ќеркичката Леа на патување во Данска. 49-годишниот актер беше фотографиран додека се забавуваше со 7-годишното девојче и со својот пријател Мет Дејмон во забавниот парк Тиволи во Копенхаген. Бредли со широка насмевка стоеше покрај ќеркичката која ја има од врската со Ирина Шајк. Бредли и Ирина немаат дадилки и го делат старателството 50/50. Холивудските актери подоцна беа фотографирани на вечера со Лиам Хемсворт и неговата ...

Ендометријалните полипи се честа појава кај женската популација. Тие се најзастапениот вид бенигни тумори во шуплината на матката. Понекогаш, иако ретко, дел од нив можат да бидат канцерогени или да се претворат во карцином. Димензиски полипите можат да се движат од неколку милиметри до неколку сантиметри. Исто така, можно е кај една пациентка да се присутни еден или повеќе полипи во матката. Полипите на матката се јавуваат како во периодот на ...

Од Сардинија, Кети Пери и Орландо Блум ја продолжија нивната семејна летна авантура во Сен Тропе. Славниот пар беше фотографиран со ќеркичката Дејзи додека го истражуваше ова прекрасно гратче на француската ривиера. 39-годишната пејачка и 3-годишното девојче беа облечени во складни комбинации со риги. Кети и Орландо започнаа да се состануваат на почетокот од 2016 година, а се верија на 14 февруари 2019 година. Нивната ќеркичка Дејзи се роди во ...

Принцезата од Дубаи е во центарот на вниманието на светските медиуми поради начинот на кој побара развод од својот сопруг. Шеиха Махра Бинт Мохамед Бин Рашид Ал Мактум преку објава на Instagram објави дека се разведува од Мана Ал Мактум, кој бил „премногу зафатен со други придружнички“. „Драг мажу. Додека си зафатен со други придружнички, јас го објавувам нашиот развод. Се разведувам од тебе, се разведувам од тебе и се разведувам од тебе. Чувај ...

Помина само една недела откако го споделивме апелот за помош на малиот Илин, а потребните средства за негово оперирање се веќе собрани. Македонија уште еднаш ја покажа својата хуманост и донираше за 3-годишното момче, кое е родено со невус (заболување на кожата што може да премине во меланом). На Илин веќе му се направени две операции, но тој има потреба од трета операција во Турција. Сега тој и неговата самохрана мајка не треба да се грижат ...

Ева Лонгорија уживаше на плажа со семејството. 49-годишната актерка пливаше и се забавуваше со синчето Сантијаго облечена во портокалови бикини. Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ беше фотографирана на плажа во Марбеља, Шпанија, заедно со 6-годишното момче и сопругот Хозе Пепе Бастон. Дуото мајка-син имаше сладок момент кога си сподели бакнеж и тој беше овековечен од папараците. Ева возеше и педалинка додека малото момче се спушташе по лизгалката. ...

Натали Грубовиќ си издвои време за релаксација. Атрактивната поранешна водителка ужива на одмор со сопругот Дрен Глушац и ќеркичката, која го носи нејзиното име. Натали сподели фотографии на Instagram со малата имењачка и саканиот. Погледнете ги: Натали и Дрен се во брак од 2016 година. Малата Натали е нивно единствено дете. View this post on Instagram A post shared by Natalija Grubović (@nataligrubovic) View this post on Instagram A post shared ...

Џенифер Лопез во изминативе денови поминуваше многу време со ќерката на Бен Афлек, Вајолет, додека продолжуваат да се шират гласините дека бракот ѝ е во криза. 54-годишната пејачка и 18-годишната девојка беа фотографирани на додека се шетаа во Хемптонс и додека возеа велосипеди. Лопез со широка насмевка на лицето возеше пред Вајолет облечена во бело-розова комбинација. Претходно, таа носеше црн комбинезон додека чекореше покрај Вајолет. Џенифер ...

Карлос Алкараз сними фотосесија со семејството по големата победа над Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон. 21-годишниот тенисер позираше со трофејот покрај тројцата браќа и родителите. На фотографиите, Карлос го држи пехарот, а до него стојат браќата Џејми, Серхио и Алваро, мајка му Вирџинија и татко му Карлос. Само Алваро е постар од успешниот тенисер. Тој има 24 години, Серхио има 15, а Џејми 12 години. Целото семејство беше присутно на ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
31%
1016
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
7.72
34%
1018
weather icon

Загреб

34ᴼ / 30ᴼ
2.06
31%
1018
weather icon

Софија

31ᴼ / 30ᴼ
5.02
31%
1019
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
6.05
22%
1019
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
2.06
61%
1018
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
8.23
47%
1014
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
2.57
31%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
1.54
26%
1013
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
30%
1020
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
1.54
33%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
12.35
48%
1015
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088