
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Ријана изгледаше како вистинска карневалска дива на Барбадос. 36-годишната пејачка се појави на традиционалниот карневал во своето родно место и се забавуваше во екстравагантен костим. Големи крилја со пердуви, впечатлива круна со кристали и костим кој ги истакна нејзините облини... погледнете како изгледаше музичката ѕвезда додека уживаше на парадата со луѓе од целиот свет. Ријана е мајка на две деца. Нејзиното второ детенце Рајот се роди пред ...
Кејт и Лила Мос моментално се на летна авантура на Ибица. Славните мајка и ќерка беа фотографирани од папараците додека уживаа на прекрасните песочни плажи на шпанскиот остров. 50-годишниот модел носеше костим за капење од Gottex, додека 21-годишната манекенка го истакна своето витко тело во темнокафеави бикини. На нејзиното тело повторно беа забележани сензорите за мерење на гликемијата, кои таа ги носи поради тоа што страда од дијабетес. Лила ...
Тамара Стојковска има нова разиграна песна идеална за летните денови. Талентираната пејачка од Битола ќе ве размрда со „Подобро заслужувам“, за која сними и спот. „Како и секоја, и оваа песна е резултат на чувства и емоции што нè ‘мачат’ секојдневно. Искрено нема некоја филозофија и е прилично едноставно - мислам дека имав некој таков период на емоционално созревање, па темата за песната се наметна сама.“ „Би рекла дека ‘Подобро заслужувам’ е за ...
Ева Мендес и Рајан Гослинг го чуваат нивниот приватен живот подалеку од будното око на медиумите и никогаш не ги водат нивните деца на јавни настани, но овој пат направија исклучок. 43-годишниот актер и 50-годишната актерка заедно со двете ќеркички Есмералда и Амада проследија финале во женска гимнастика на Олимписките игри во Париз. Славното семејство беше фотографирано на трибините додека со внимание го следеше спортскиот настан. Мендес и ...
Леонардо Дикаприо ги поминува жешките летни денови на идилични дестинации со новата девојка. Популарниот актер беше фотографиран со Виторија Черети на јахта додека се разладуваше во водите на Сардинија. 26-годишниот модел плени погледи со извајаното тело на папараци фотографиите од летната авантура. Леонардо и Виторија започнаа врска минатата година, по нејзиниот развод од италијанскиот диџеј Матео Милери. Нема слични статии. Види повеќе » ...
Нада Хафез постигна успех со којшто ќе се гордее цел живот. Египетската спортистка во седмиот месец од бременоста се натпреваруваше во мечување на овогодишната Олимпијада и успеа да извојува победа во првата рунда. За жал, нејзиното учество на Олимпијадата заврши по поразот од претставничката на Јужна Кореја. Нада ја откри убавата вест дека е во блажена состојба преку објава на социјалните мрежи. Таа сподели две фотографии и во описот напиша: ...
Пристигнаа убави новости за обожавателите на „Squid Game“. Екипата од популарната серија објави нов краток тизер со кој го најави датумот на премиерата на втората сезона. Новите епизоди ќе бидат достапни на Netflix од 26 декември, а третата и последна сезона ќе излезе во 2025 година. Погледнете го видеото: Првата сезона од „Squid Game“ постигна огромен успех и стана најгледаната серија на Netflix. Во неа, мистериозна покана да бидат дел од игра ...
Мет Дејмон имаше голема женска поддршка на премиерата на неговиот најнов филм „The Instigators“. На црвениот тепих во Њујорк, 53-годишниот актер беше придружуван од сопругата Лусијана Баросо, четирите ќерки Изабела, Џиа, Стела и Алексија, како и неговата мајка Ненси. Дотераното семејство позираше пред бројните фоторепортери. 18-годишната Изабела, 15-годишната Џиа и 13-годишната Стела се заеднички деца на Мет и Лусијана. 24-годишната Алексија е ...
Август ќе ни подари незаборавни моменти, љубовни страсти и деловни експерименти, а и ќе нè тестира со комуникациски недоразбирања и одложувања на планови. Романтичната Венера ќе нè опсипе со флертувачка магија во првите четири дена на месецов, а потоа ќе нè насочи кон практичната страна на љубовните сојузи. Младата месечина на 4 август е ден за нови врски, почеток на романтични поглавја за паметење и искуства кои ретко се повторуваат во животот. ...
Никол Кидман негува долгогодишна соработка со OMEGA. Славната актерка не го пропушти новиот настан на луксузниот бренд за часовници во Париз и беше придружувана од својата ќерка Сандеј Роуз. За оваа пригода, дуото мајка-ќерка избра монохроматски стајлинзи. 57-годишната холивудска ѕвезда изгледаше младолико во бела дводелна креација од Валентино, додека 16-годишната девојка избра сива модна комбинација со елече. Нема слични статии. Види повеќе ...
Пожарникар од Ниш на креативен начин на запроси својата девојка. Заљубениот Петар ја покани саканата Александра да погледне како изгледа еден негов работен ден, но кога таа пристигна на пистата, ја очекуваше вистинско изненадување. Петар клекнат на колено го држеше вереничкиот прстен, додека зад него беше поставен натписот: „Алекс, дали сакаш да се омажиш за мене?“. „Петар е пожарникар од нишкиот аеродром и сакаше да ја угости својата девојка ...
Синчето на Сара Мејс и Димитар Атанасовски наполни две години. Македонскиот пар организираше забава покрај базен за славеникот Кирил, кој дувна свеќички на тортата со мотори. „2 години неверојатност и медови, отклучени нови левели на љубов, милост, слаткотија…Јас ова дете да го опишам не можам, не постојат зборови за неговата неверојатност… Он е нова магија!“ „Фала ти сине што нè запозна со нови левели на топење од љубов“ – напиша Сара. На ...
Сузана Турунџиева ужива во летото. Македонската пејачка и водителка сподели фотографии од релаксираните моменти на островот Лефкада во Грција. На дел од фотографиите, таа позира со својата ќерка Матеа. „Јас, ти и морето“ – пишува на објавата на Instagram. Турунџиева изгледа одлично во розови бикини и на 55-годишна возраст. „Единствениот поглед од кој секогаш одново ми запира здивот“ – напиша Турунџиева на фотографија од плажата Порто Кацики. ...
Џастин и Хејли Бибер набрзо ќе станат родители. 30-годишниот пејач објави слатко видео во кое ѝ го гали големото трудничко стомаче на 27-годишната сопруга, со која го очекуваат првото дете. Сè уште не е откриено дали парот очекува момче или девојче. Хејли е облечена во долг фустан на вечерна забава во двор, за која многумина претпоставуваат дека е по повод претстојното раѓање на бебето. @billboardar @Justin Bieber compartió un video junto a ...
Некои моменти се паметат цел живот. Пливачот Рајан Марфи несомнено нема да го заборави моментот кога освои медал на Олимпијадата во Париз, бидејќи токму тогаш го дозна и полот на неговото неродено дете. „Рајан, девојче е“ – ова е пораката која Американецот ја виде кога излезе од базенот како третопласиран во финалната трка во дисциплината 100 метри грбно пливање. Неговата сопруга Бриџит стоеше на трибините со рачно напишаниот натпис. Рајан ...
Во саботата, Каролина Гочева имаше полноќен концерт во Охрид за кој доби само комплименти од обожавателите и присутните гости. Македонската музичарка и нејзиниот бенд ги отпеаја најголемите хитови и најубавите песни. Гочева изгледа расположено и модерно во креации од Јована Филиповиќ. За нејзиниот изглед била задолжена стилистката Јована Зука. Локацијата на која пееше македонското девојче е Park Golden Beach. ФОТО: Facebook / Каролина Гочева, ...
Сашко Кедев нанижа уште еден успех. Македонскиот кардиолог го искачи 11-тиот врв над 8.000 метри надморска височина од вкупно 14 кои се наоѓаат на нашата планета. Овој пат, неговата освоена цел беше Гашербрум II, позната и како К4. Гашербрум II со висина од 8.035 метри е 13-та највисока планина на Земјата. Сместена е на границата помеѓу провинцијата Гилгит-Балтистан, Пакистан, и автономниот регион Синјанг, Кина. Досега, 62-годишниот Кедев ги има ...
Синчето на Рафаел Надал со големо внимание го следеше натпреварот во кој татко му и Карлос Алкараз ги совладаа Максим Гонзалез и Андрес Молтени во двојки. На тенискиот меч, 22-месечното детенце со мајка си Марија од трибините го гледаше татко си како игра, а во еден момент ги имитираше неговите движења со мини рекет. Фотографии од моментот сподели и сопругата на Надал. На церемонијата на отворањето на Олимписките игри, Рафаел беше фотографиран ...
Перо Антиќ денес го слави својот 42-ри роденден. За да го одбележи овој значаен ден, неговата девојка Сања Ристиќ објави заеднички љубовни фотографии. „Среќен роденден на најпрекрасниот човек на светот“ – напиша таа на објавата на Instagram Story. Перо и Сања се во врска нешто повеќе од една година. Македонскиот кошаркар претходно беше во брак со Ружица Максимовска со која има три деца, додека Сања има две синчиња со поранешниот сопруг – ...
Мартин Филиповски и Андреа Белеска уживаат на Мајорка. Македонскиот пар сподели прекрасни фотографии од нивниот идиличен одмор на шпанскиот остров. 37-годишниот музичар од Next Time и 32-годишната ракометарка се бакнуваа и релаксираа под топлите сончеви зраци на песочните плажи. Андреа го покажа пораснатото трудничко стомаче во бикини. Мартин и Андреа стапија во брак минатата година и го очекуваат нивното прво детенце. View this post on ...
Антониа Гиговска имаше нежни и забавни моменти со своето мало синче, пред да настапи со својот бенд. Македонската пејачка си играше, се прегрнуваше и бакнуваше со малиот Киан, а овие слатки видеа ги објави на својот Instagram профил. Неодоливиот Киан неодамна наполни една година. Тој е прво дете на Антониа и нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски. Гиговска настапи и со својот бенд во припиен бел фустан, кој ги истакна нејзините облини. Антонија се ...
Кралицата Мери и кралот Фредерик отпатуваа на Сардинија за да се одморат пред нивното пристигнување во Париз по повод Олимписките игри. Кралскиот пар од Данска накратко ги замени гламурозните аутфити со костими за капење, а папараците не пропуштија да ја овековечат нивната авантура во Порто Черво. 52-годишната кралица носеше едноделен костим за капење, додека 56-годишниот крал ги покажа тетоважите во шорц. Мери и Фредерик синоќа беа ...
Шарлиз Терон како магнет ги привлекуваше погледите на присутните на забава организирана пред почетокот на Олимписките игри во Париз. 48-годишната холивудска ѕвезда блесна во бела асиметрична креација со долг ракав кој се вееше додека таа се движеше пред фоторепортерите. Фустанот доаѓа од ателјето на Диор. @gala.fr #charlizetheron #lvmh #louisvuitton #olympics #paris2024 #tiktokfashion #sportstiktok #ThePrelude ♬ Dangerous Woman - Ariana Grande ...
Соништата понекогаш се остваруваат децении откако сме ги замислиле и затоа никогаш не треба да се откажуваме од нив. Доказ за тоа е Џејинг Ѕенг, која на 58-годишна возраст за првпат ќе настапи на Олимпијадата. Инспиративната жена, позната и како Танија Ѕенг, ќе си го оствари детскиот сон да игра пинг-понг на големиот спортски настан. Ѕенг е родена во Кина, но на ЛОИ ќе се натпреварува за Чиле, каде живее од 1989 година. Таа започнала да игра ...
Етно елементи и модерна естетика заживеаја во симбиоза на новата ревија на Александар Ортаковски. Младиот дизајнер нурна во нашето минато за да се инспирира за колекцијата „МАКЕДОНА“. Во рамките на манифестацијата Илинденски денови, Ортаковски ги претстави креациите инспирирани од македонската народна носија на ревија во Офицерски дом. Осврнувајќи се на инспирацијата зад новата модна приказна, тој вели: „Нашето културно наследство отсекогаш било ...
Неколку денови пред стартот на Летните олимписки игри во Париз, магични фотографии од Месечината станаа вирален хит. На нив, Месечината свети зад симболот на спортскиот настан, олимписките прстени, кои во моментов се поставени на Ајфеловата кула во чест на претстојното случување. Моментот во совршениот тајминг го овековечи фотографот Грег Мартин. „Ретка прилика да се овековечи вакво нешто, особено кога олимписките прстени се на Ајфеловата кула“ ...
Кога една личност се бори со рак, секаква поддршка е добредојдена. Грижлива девојка си ја избричи главата за да ѝ покаже на својата болна мајка дека не е сама. Во видеото објавено од фризерскиот салон, Софи се подготвува да ја избричи главата на мајка си Трејси, но веднаш ја пренасочува машинката кон својата глава. Емотивната Трејси не може да си ги задржи солзите од овој прекрасен гест на својата ќерка. Погледнете го видеото: @clairesalovett ...
Блејк Лајвли со нов впечатлив стајлинг мамеше воздишки на забавата по премиерата на „Deadpool & Wolverine“. 36-годишната актерка привлекуваше погледи во ултра краток фустан во сина и црвена боја од брендот Balmain. Овој моден избор ѕвездата од „Gossip Girl“ го надополни со соодветни црвени салонки, а изгледот го зачини и со црвен кармин и цветен додаток на косата. Блејк пристигна на забавата фатена за рака со Рајан Рејнолдс и Џиџи Хадид. ...
Селин Дион со широка насмевка се прошета низ Париз и се сретна со Првата дама на Франција, Брижит Макрон. 56-годишната пејачка се очекува на отворањето на Олимписките игри да го има првиот настап по откривањето на дијагнозата „синдром на вкочанета личност“. Селин се фотографираше со фановите и делеше автограми во црн фустан од Диор. Селин ќе настапи на сцената заедно со Лејди Гага, а ќе ја изведат песната „La Vie en Rose“. Во декември 2022 ...
Џенифер Лопез вчера го прослави својот 55-ти роденден. Славната пејачка ги дувна свеќичките на роденденската торта на забавата инспирирана од серијата „Bridgerton“. Музичката ѕвезда носеше раскошен фустан и фризура инспирирана од кралицата Шарлот, а сите присутни мораа да носат облека соодветна за тематската забава. На прославата во Хемптонс не присуствуваше нејзиниот сопруг Бен Афлек, што уште повеќе ги разгори гласините дека се разведуваат. ...