
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



На 15 октомври, во рамки на месецот посветен на женското здравје, на барање на софтверската компанија Дамилах, д-р Лидија Вељановска Кириџиевска – специјалист по радиодијагностика и д-р Милан Ристески – специјалист онколог од Клиника Жан Митрев одржаа едукативни здравствени предавања. Акцентот беше ставен на превенцијата и навременото откривање на промените на дојката и ракот како заболување на дојката. Во тој контекст беа споделени совети за ...
Александра Јорева Михајловски со емотивна објава ја одбележа 5-годишната од денот кога дозна дека има рак на матката. Сопругата на актерот Тони Михајловски сподели видео за да им се заблагодари на сите медицински лица, роднини и пријатели кои беа покрај неа, ѝ помагаа и ја поддржуваа во најтешките мигови. На крајот ги пофали сопругот Тони и синчето Максим за силата. Александра сподели дека патот кон самоприфаќање не бил лесен, но дека ги имала ...
Компанијата dm drogerie markt постигна извонредни деловни резултати во деловната 2023/24 година. Со остварен промет од 3,07 милијарди денари, односно раст од 25,15 отсто, инвестиции во износ од речиси 126 милиони денари во својата продажна мрежа, како и раст на фреквенцијата на пазарување од окoлу 16 отсто, најголемиот дрогериски синџир постигна напредок во сите клучни области и ја зајакна својата позиција на македонскиот пазар. Деловните успеси ...
Леонардо Дикаприо ретко се појавува во јавност со своите партнерки. Но, 49-годишниот актер беше „уловен“ од папараците додека се шеташе за рака со девојката Виторија Черети. Славниот Оскаровец и неговата 26-годишна партнерка релаксирано чекореа низ Њујорк облечени во кежуал модни комбинации. Минатата недела, Черети за првпат дефилираше на ревијата на Victoria’s Secret. Лео и Виторија започнаа да се состануваат во август минатата година. Иако сè ...
Џенифер Лоренс присуствуваше на првата свеченост по откривањето на веста за втората бременост. На премиерата на документарниот филм „Zurawski v Texas“, 34-годишната актерка шармираше на црвениот тепих во бела креација од Dior и удобни балетанки. Таа го акцентираше пораснатото стомаче со тенок колан на половината. Лоренс е извршен продуцент на документарецот, на кој работеше со Хилари Клинтон и Челси Клинтон. Ѕвездата од „The Hunger Games“ со ...
Оливија Ман повеќе не се чувства несигурно и неудобно во сопственото тело по борбата со ракот на дојка. 44-годишната актерка позираше топлес и ја покажа лузната на левата града од мастектомијата која ја направи минатата година. Фотографиите се дел од кампања за SKIMS, брендот на Ким Кардашијан, кој ќе донира 10% од секој продаден градник за Фондацијата за рак на дојка „Susan G. Komen“. „За време на снимањето на најновата кампања за SKIMS, ...
Селин Дион на спектакуларен начин го означи почетокот на овогодишните Летни олимписки игри. Сега, врвната музичка ѕвезда присуствуваше на првата свеченост по феноменалниот настап на Ајфеловата кула и беше дочекана со овации. 56-годишната пејачка застана на сцената на галата „City of Hope’s Spirit of Life“ и одржа говор пред да додели почесна награда. Таа беше облечена во црна креација. „Чест ми е што сум тука вечерва и што сум дел од оваа ...
Кејт Кесиди се огласи на социјалните мрежи една недела по смртта на Лиам Пејн на 31-годишна возраст. 25-годишната блогерка, која две години беше во врска со пејачот од One Direction, сподели албум со заеднички фотографии. На една од нив е фотографирана белешка која тој ѝ ја дал недели пред смртта, а на која се запишани неговите планови да се ожени со неа. Не знам дури ни од каде да започнам. Срцето ми е скршено на начини кои не можам да ги ...
Понекогаш животот ги носи најголемите радости кога најмалку ги очекуваме. Мајка, која имала тумор на мозокот на 19 години и на која ѝ велеле дека речиси е невозможно да има повеќе деца, роди тројка зачната по природен пат. Шанел сега го документира својот живот на социјалните мрежи како 22-годишна мајка на три мали бебиња и едно мало детенце, сите момчиња. @sahm_triplets 22 year old mom of Triplets✨#tripletmom #4boysmom #momofmultiples #26weeker ...
Андреа Бочели слави три децении музичка кариера. Оперскиот пејач сега го промовира филмот кој го следи неговиот тридневен концертен настан, одржан во Италија во јули оваа година. На премиерата на „Andrea Bocelli 30: The Celebration“ во Рим, талентираниот Италијанец ја доби поддршката од своето семејство. 66-годишниот тенор позираше со сопругата Вероника, синовите Матео и Амос и 12-годишната ќерка Вирџинија. Заедно со нив беше и Софија Карсон, ...
Сара Џесика Паркер се обедини со Кристин Дејвис и Синтија Никсон на доделувањето на наградите „Golden Heart“ во Њујорк. 59-годишната актерка ја доби наградата на Мајкл Корс за нејзината „Извонредна филантропија“. На настанот, таа пристигна во фустан со чипка и колан на половината. Сара позираше заедно со колешките од серијата „Sex And The City“ и продолжението „And Just Like That…“. На настанот се собираат средства за една од најголемите ...
Ирина Шајк и ќеркичката Леа уживаат во прошетките и дружбите по завршувањето на наставата. 38-годишната манекенка беше „уловена“ од папараците со 7-годишната ќеркичка додека ја земаше од училиштето во Њујорк. Леа носеше розово фустанче со тул и складно венче на главата. Ирина беше облечена во црна комбинација со црвена чантичка. Следниот ден, Шајк беше фотографирана додека го шеташе малото кученце облечена во шармантна црвена креација со чанта ...
Едина Муса ужива во секој момент од бременоста. Македонската кошаркарка си го гали трудничкото стомаче на фотографии направени по повод свадба на пријатели. Таа носи црн припиен фустан кој одлично го истакнува нејзиното пораснато стомаче во 23-тата недела од бременоста. „Мама и Максим“ – пишува на една од фотографиите. Претходно, таа имаше објавено дека е во врска со Александар Димитровски-Мачка, но не потврди дали тој е партнерот со кого ќе ...
Зендаја заведуваше на настан на кој ѝ оддаде почит на легендарната Шер. На свеченоста, организирана по повод примањето на Шер во Куќата на Славните на Рокенролот, 28-годишната актерка пресоздаде изглед на 78-годишната музичка ѕвезда. Зендаја носеше разголена винтиџ креација со ултра висок шлиц од колекцијата за 2001 година на Боб Меки. Шер првпат носеше креација од Меки во 1967 година и потоа продолжи редовно да соработува со дизајнерот. View ...
Анџелина Џоли продолжува со промоција на новиот филм „Maria“, во кој ја портретира покојната оперска пејачка Марија Калас. На премиерата во Лондон, 49-годишната актерка носеше црн костум со складен елек и кратки чизми. На филмскиот настан беше присутен и раперот Акала, за кого се шпекулира дека е во врска со Џоли. Анџелина и Акала повеќепати беа „уловени“ заедно од папараците, но сè уште ја немаат јавно потврдено нивната романса. Нема слични ...
Филип Кузмановски за многу кратко време ќе стане татко. Убавата вест тој ја откри преку фотосесија со сопругата Моника. Македонскиот ракометар и неговата избраничка позираат за фотографии на кои таа го покажува големото трудничко стомаче. Тие во рацете држат весник на кој пишува: „Бебето доаѓа наскоро. Пристигнува во октомври 2024“. Филип и Моника стапија во брак во октомври 2019 година, а поради одложување за пандемијата, нивната свадбена ...
Дејана Бачко и Марко Нежиќ стапија во брак во Бачка Паланка. Инспиративната Србинка родена без раце се омажи со својот сакан во прекрасна венчаница од дизајнерката Маја Арсеновиќ. Среќните младенци, кои ја добија ќеркичката Лара во февруари минатата година, споделија фотографии од среќниот ден. Марко напиша романтична порака за Дејана: „Моето златно око! Конечно го дочека тој момент да се најде во венчаница. Кога ја погледнав во очи во текот на ...
На денешната прес-конференција, компанијата „dm дрогерие маркт“ објави значајна иницијатива во рамките на својата борба за менструална правда, со која ќе се постават над 200 диспанзери за хигиенски влошки на државните универзитети во Република Северна Македонија. Оваа кампања е насочена кон подигање на свесноста за менструалниот циклус и борбата против менструалната сиромаштија во нашата земја. Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и ...
За Викторија Бекам и улиците се модни писти. 50-годишната дизајнерка зрачеше со деловен шик кога беше пресретната од папараците во Њујорк. Поранешната членка на Spice Girls изгледаше софистицирано во модерен сив костум, кој го надополни со чантичка и обувки во бургундец нијанса. Впечатливиот кармин дополнително го „зачини“ нејзиниот изглед. Претходно, Викторија заедно со Дејвид присуствуваше на настан организиран од списанието „Вог“. Таа носеше ...
Неслихан Атаѓул и Кадир Доугулу го очекуваат првото дете. Турскиот пар ја објави среќната вест во јули оваа година, а сега го откри и полот на бебенцето. 32-годишната актерка, која кај нас се прослави со улогата на Нихан во турската серија „Карасевда“, сподели фотографија од пораснатото трудничко стомаче и на неа напиша: „Здраво момченце“. Првата фотографија од бременоста, Атаѓул ја објави на 29 јули и напиша дека сакале што подолго да ја чуваат ...
Јелена Симеонова секојдневно си ја зголемува мрежата на следбеници на Instagram. Блогерката од Србија, која пред една година се омажи и се пресели во Франција, предлага модни комбинации кои се идеални и за на работа и за на кафе со пријателки. Шармантната Србинка досега има 325 илјади фанови кои ги следат нејзините стилски авантури. Погледнете дел од нејзините стајлинзи за есенските денови: @jelenasimeonova IG: jelenasimeonova #falloutfits ♬ ...
Сестрите Спенсер заедно присуствуваа на настан кој ја слави работата на нивната тетка, покојната принцеза Дијана. Лејди Кити и близначките Амелија и Елиза беа дел од „Centrepoint Awards“ во Британскиот музеј, каде присуствуваше и принцот Вилијам. На свеченоста во Лондон, убавите близначки носеа фустани во истата нијанса од Temperley London, додека Кити избра поуметничка креација од Dolce & Gabbana инспирирана од Венеција. „Centrepoint ...
Родителите прават сè за своите деца. Посветен татко не дозволи ни ужасен ураган да го спречи да стигне да ја одведе својата ќерка до олтарот на свадбата. Дејвид Џонс поминал 48 километри со автомобил и пешки по завршувањето на ураганот Хелена, само за да стигне на местото каде се одржувала прославата. „Го направив тоа што би го направил секој татко“ – вели тој. Џонс тргнал со автомобил до локацијата во Тенеси каде што била закажана венчавката, ...
Клавирското трио од Охрид, составено од Лина Николеска на виолина од класата на проф. Христина Пецакова Николеска, Антица Николоска на виолина од класата на проф. Мухамед Бајрам и Ана Кузманоска на пијано од класата на проф. Ана Ѓоргиоска, ќе настапат со сопствен концерт на престижниот музички фестивал „Златна лира“. Правото на настап на овој реномиран фестивал, нашите млади музичари го добија на покана на Сојузот на музички уметници на ...
Кејт Винслет има моќна порака за родителите. 49-годишната актерка во поткастот „How To Fail“ зборуваше колку е важно родителите да им кажуваат на децата дека се убави и дека се гордеат со нив. Како мајка на три деца, таа ја истакна важноста на комплиментите особено за девојките во критична возраст кои најчесто се изложени на негативност на социјалните мрежи. „Кога им даваме комплимент на нашите деца, особено на девојчињата... ако некоја мајка ме ...
Харпер Бекам ѝ е верна придружничка на мајка си на настаните поврзани со мода и убавина. 13-годишната ќерка на Викторија и Дејвид Бекам беше дел од познатите гостинки на прославата во домот на козметичарката Анастасија Суаре во Беверли Хилс. Таа носеше розов тесен фустан, додека Викторија избра црн фустан од својот бренд. Анастасија и Викторија заедно прославија за успесите во козметичката индустрија. Бекам одбележа пет години од создавањето на ...
Зухаир Мурад фасцинира со уште една невестинска колекција, која има моќ суптилно да се протне во соништата на секоја идна невеста. Либанскиот дизајнер ги претстави најновите венчаници кои сведочат за забранетата љубов и гравитираат околу страста, невиноста, искушението и копнежот. „Колекцијата лебди низ играта на светлина и сенка. Деликатната чипка е навезена и испреплетена околу облините на невестата. Тенките слоеви од свила и тул ја обвиваат ...
По спектакуларното шоу кое Victoria’s Secret го приреди во Њујорк, моделите се упатија на забава во Менхетен. Убавиците заведуваа во сексапилни аутфити не само на пистата, туку и надвор од неа. Адријана Лима избра мало црно фустанче, Алесандра Амбросио носеше потполно проѕирен фустан под кој ѝ се гледаше долната облека, Ешли Греам ги истакна облините, а Барбара Палвин деколтето. Погледнете како изгледаа моделите на забавата на Victoria’s Secret: ...
Бредли Купер и Ирина Шајк сложно ги делат родителските обврски. Додека таа дефилираше на спектакуларното шоу на Victoria’s Secret, Бредли се грижеше за нивната ќеркичка. 49-годишниот актер беше фотографиран на прошетка со 7-годишната Леа во Њујорк. Славниот татко го држеше за рака слаткото девојче, кое носеше широка јакна. Славната Русинка изгледаше фантастично во црна долна облека и наметка со ѕвезди. Првиот пат кога Ирина дефилираше на шоуто ...
Билјана Дебарлиева ужива во брачниот живот со сопругот Јован точно 30 години. Македонската водителка и нејзиниот сакан ја прославија 30-тата годишнина од стапувањето во брак, а за да го одбележат овој специјален датум, тие споделија фотографии „некогаш и сега“ на социјалните мрежи. „30 години ни поминаа брзо како да сме трепнале, тука се сликите да не потсетат за минатото, тука е фамилијата да ни ја стопли душата, тука се пријателите да ни ја ...