
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Благица и Александар Зикови снимија професионална фотосесија со четирите дечиња по повод новогодишните празници. Родителите од Штип, кои ја добија четворката по четири години борба со неплодноста, позираа со неодоливите Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина. Дечињата, кои во октомври наполнија една година, се облечени во преслатки новогодишни комбинации. Благица и Александар ги добија своите малечки по неколкугодишни обиди за зачнување. „Четири ...
Кијану Ривс секогаш ја има безрезервната поддршка од Александра Грант. 60-годишниот актер беше придружуван од 51-годишната партнерка на премиерата на својот најнов филм „Sonic the Hedgehog 3“. На синиот тепих, Кијану се појави црн костум, додека Грант носеше свечена креација со долги ракави и блескава чантичка. Кијану и Александра се во врска околу седум години. Таа редовно го посетува на сетовите на снимањето на филмовите за да му ја даде ...
Принцот Хари и Меган Маркл ја објавија овогодишната божиќна честитка. На неа, вклучени се шест фотографии, а една од нив привлекува големо внимание. На ведрата фотографија, среќниот пар блика од радост додека со раширени раце ги дочекува прегратките од своите две деца. 3-годишната Лилибет трча кон својот татко, додека 5-годишниот Арчи се упатува во прегратката на својата мајка. Покрај семејството се и нивните три кучиња. „Ви посакуваме среќна ...
Како транспарентна и одговорна компанија кон своите потрошувачи, КАМ ги објави производите кои ќе се продаваат по пониски цени во маркетите како дел од новогодишната кошничка од 15 декември до 15 јануари. Покрај препорачаните производи, КАМ самоиницијативно дополнително ја прошири листата на производи по намалени цени од асортиманот на приватни трговски марки како Bella Farm, Rancho, Gusto, Sunny Fantasy, Saluti, Milord, Chardak итн. со цел ...
Северина настапи во финалето на шоуто „SuperStar“ и за првпат ја изведе својата нова песна „Така ти е, сине мој“. Оваа моќна балада, 52-годишната пејачка ја напишала во револт по одземањето на старателството врз синот Александар. Северина водеше тешка борба со поранешниот партнер Милан Поповиќ и на почетокот на годината беше објавена пресудата дека детето ќе биде вратено кај таткото. Хрватската музичка ѕвезда не можела да поверува што се случува ...
Дигиталната стоматологија претставува револуционерен пристап во областа на стоматолошките услуги. Внесувањето иновативни технологии во оваа област, помага да се унапреди прецизноста и ефикасноста во лекувањето, што значително придонесува во позитивното искуството на пациентите. Оваа нова ера во стоматологијата го заменува традиционалниот пристап со современи дигитални решенија, создавајќи нови можности за стоматолозите и пациентите кои бараат ...
Многу семејства низ светот веќе започнаа со празнично украсување и разубавување на домот за најубавата сезона која ни следува. Најновиот тренд за оваа година кај декорирањето на новогодишната елка е поставувањето на огромна панделка на врвот, која инстантно ќе ги привлече погледите на сите гости. Во зависност од вашите преференции, можете да експериментирате со карирани, кадифени, светкави или металик материјали за создавање на оваа впечатлива ...
Елена Ристеска беше дел од стручното жири на овогодишниот „Монтесонг“. На изборот на песна која ќе ја претставува Црна Гора на „Евровизија 2025“, 38-годишната македонска пејачка шармираше во кожен стајлинг. Елена изгледаше модерно во црна комбинација од модното ателје La maison Cece T., која ја надополни со чанта од Gucci и салонки од Identità. Елена сподели фотографии на Instagram и напиша: „Дали се чувствувам подобро во кожа? О, да! Стајлинг ...
Едина Муса не престанува да тренира со тегови и во последниот триместар од бременоста и споделува дека тоа за неа има многу бенефиции. 33-годишната македонска кошаркарка, која минатиот месец стапи во брак со Александар Димитровски-Мачка, покажа дел од своите тренинзи во видео на Instagram. Благодарение на вежбањето, Едина вели дека се чувствува одлично и дека никогаш не се соочила со негативните страни на бременоста како задишаност, главоболка, ...
Марџори Фитерман и Берни Литман станаа најстарите младенци во светот. 102-годишната жена и 100-годишниот маж од Филаделфија се венчаа и со комбинирана возраст од 202 година влегоа во Гинисовата книга на рекорди. Венчавката се одржала во мај во домот за стари лица во кој Марџори и Берни престојуваат по смртта на нивните претходни сопружници. Тие се поврзале за време на оброците и заедничките активности. Нивната врска траела девет години пред да ...
Џуд Ло ја доби 2.798-мата ѕвезда на холивудската Патека на славните. На церемонијата, 51-годишниот актер ја доби поддршката од неговото гордо семејство. Сопругата Филипа и неговите две пораснати деца со насмевка позираа покрај Џуд, кој има глумено во бројни незаборавни филмови, како „The Talented Mr. Ripley“, „The Holiday“, „Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald“ и „Captain Marvel“. Филипа, која е 13 години помлада од Ло, носеше кратко ...
Алесандра Амбросио заведуваше на црвениот тепих во Џеда. На последната вечер од Меѓународниот филмски фестивал „Red Sea“, 43-годишната манекенка изгледаше како модна божица во фустан со висок шлиц. Црвената креација со еден ракав доаѓа од колекцијата висока мода за сезоната пролет 2024 на Зухаир Мурад. Фестивалот во Саудиска Арабија заврши со проекцијата на „Ferrari“ и со доделување на награди. Голем број глобални ѕвезди го посетија настанот ...
Моќни фотографии од близначиња зачнати со инвитро покажуваат низ што минуваат некои жени за да забременат. На нив, бебенцата формираат половина срце, а остатокот е дополнет со шприцови и лекарства кои мајката морала да ги прими за да успее да забремени. За среќа, радосните родители денес уживаат милувајќи ги своите најсакани чеда. Вештачкото оплодување било направено од стручниот тим во „Њуборн клиника“ во Скопје. „Уште една приказна која влева ...
Сања Кужет изгледа фантастично само пет месеци по породувањето. Атрактивната водителка на „Ѕвездите на Гранд“ блесна во црвена креација од дизајнерот Хусо Чобиќ, со кого негува одлична соработка. 41-годишната Србинка го роди своето трето дете на 3 јули и веќе се врати во топ форма. View this post on Instagram A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet) Ова е второ дете на Кужет со сегашниот партнер Немања Живојиновиќ. Првиот син Сања го има од ...
Соништата секогаш се остваруваат за оние кои се подготвени да ги следат. Анет Роберж, која е мајка на 5 деца, баба на 12 внуци и прабаба на 15 правнуци, доби факултетска диплома на 90-годишна возраст. Таа си го оствари долгогодишниот сон, примајќи ја дипломата заедно со останатите студенти на Универзитетот „Јужен Њу Хемпшир“. „Беше нереално. Мислам знам дека е реално, ја гледам дипломата на ѕидот, но беше како да сум во свет од соништа“ – рекла ...
Димитар Андоновски го објави видеозаписот за песната „Бура“ со која се претстави на Макфест. Целосното создавање на песната е дело на самиот Димитар. „Оваа песна е одраз на внатрешните битки кои сите ги доживуваме. 'Бура' ја доловува силата на емоциите и внатрешните турбуленции кои сите ги чувствуваме во одредени моменти“ - вели Димитар. Спотот е реализиран со поддршка на продукциската куќа 77 Ентертејнмент, во режија на Владислав Гавриловски, ...
Кристијан Иличиќ конечно си го оствари детскиот сон и се запиша во историјата како прв Хрват кој ги има посетено сите 197 земји од светот. Популарниот блогер од Загреб си ја постигна целта откако стапна на Шри Ланка на почетокот од месецов. Тој сподели фотографија оттаму и напиша: Шри Ланка! 197/197! Денес станав првиот Хрват во историјата кој патувал во сите земји од светот! За некои тоа ќе биде само број, но ако кажам дека од 8 милијарди луѓе ...
Сара Мејс беше дел од музичарите кои настапија на концертот „Bad Symphony vs. Discopolis“ со Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect. На сцената во Центарот за култура во Битола, 34-годишната пејачка настапуваше во фустан кој не трпи долна облека. Црната креација со мрежести делови одлично го оцрта нејзиното тело. На сцената, Сара настапи и со своите придружнички The Girlzz (Калина Велковска, Ана Петановска и Теа Богатинова). Нема слични ...
Анџелина Џоли во моментов активно го промовира новиот филм „Maria“, но нејзината работа не запира таму. 49-годишната актерка веќе има нов филмски проект, „Stitches“, на кој работи во Париз. На сетот на филмот, Џоли беше фотографирана со две од своите шест деца. 21-годишниот Пакс и 19-годишната Захара ја придружуваа мајка си во француската метропола, а нивните заеднички појавувања беа „уловени“ од папараците. „Stitches“ го следи патувањето на ...
Синчето на Тамара Тодевска и Александар Димитровски-Мачка наполни 6 години. Македонската пејачка го одбележа овој специјален ден објавувајќи слатки фотографии и пораки за малото момче. „Среќен роденден љубовче мамино. Не можеш ни да замислиш колку те сакам. Остани така сладок и шеќерен засекогаш. Ти си нашето златно дете. Хана е најсреќна што те има баш тебе за нејзин брат. А и блесав си за медаља. Денес е твој ден. Биди ми здрав и жив“ - стои ...
Иако се соочува со бројни здравствени предизвици, Бјанка Балти не ја симнува насмевката од лицето. 40-годишната манекенка, која пред три месеци откри дека има рак на јајници во трет стадиум, сега со позитивност балансира меѓу семејството, работата и хемотерапиите. Таа ја покажа ќелавата глава која си ја избричи за време на тешките третмани во борбата со лошата болест. Бјанка помина 48 часа со екипата од ТВ емисија „Le Iene“. Тие ја придружуваа ...
Оваа година, новогодишната магија за најмладите и нивните семејства со посебен сјај пристигна во Дајмонд мол. Од 11 декември, па сѐ до 11 јануари во новата 2025-та, децата ќе можат да уживаат во радостите што ги носи Светот на Дедо Мраз и во изненадувањата и доживувањата кои тој ги нуди. Најмладите ќе можат да се возат во новогодишното вовче кое секој ден, сѐ до Новата Година, ќе кружи низ трговскиот центар и ќе изнудува насмевки од сите. Дедо ...
Шминката несомнено има моќ целосно да го трансформира надворешниот изглед. Алесија Жуберт постојано го докажува тоа со своите мејкап промени кои им ги прави на своите клиентки. Талентираната мејкап артистка стана вирален хит откако ѝ го трансформираше изгледот на жена која го славеше својот 85-ти роденден. Во видеото, Алесија прво покажува како изгледа нејзината клиентка без шминка, а потоа ја покажува нејзината мејкап трансформација. Таа не ...
Нотр Дам повторно блесна во Париз. Катедралата, од која голем дел изгоре во ужасниот пожар во 2019 година, е реставрирана и повторно отворена за посетители. Париската готска катедарала е стара 860 години и се смета за една од најиздржливите и најзначајни споменици на француската престолнина. Реконструкцијата чинела околу 700 милиони евра, а на неа работеа 2.000 работници. На церемонијата за отворањето присуствуваа претседателот и првата дама на ...
Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам се еден од омилените славни парови. 37-годишната убавица, која во минатото ги носеше ангелските крилја на Victoria’s Secret, беше фотографирана со 57-годишниот актер во Лондон. Таа изгледаше софистицирано во бело долго палто од The Row, кое го искомбинира со чанта од истиот бренд. Роузи неодамна го покажа новиот дом кој го купи во Лондон по преселбата со Џејсон од Лос Анџелес. Парот има две деца, Џек и ...
Меган Фокс и Машин Ган Кели повторно раскинаа. Овој пат се разделија само неколку недели откако објавија дека го очекуваат првото заедничко дете. 38-годишната актерка и 34-годишниот рапер беа заедно од 2020 година, но имаа турбулентна врска. Тие се верија во 2022 година, но неколку месеци подоцна, повторно ја прекинаа нивната романса. Парот ја обнови врската во 2023 година, а потоа Меган за првпат се отвори за спонтаниот абортус кој го ...
Бергузар Корел беше дел од презентерите на награди на 50-тото издание на „Altın Kelebek Ödülleri“. 42-годишната турска актерка, позната по улогата на Шехерезад во „1001 ноќ“, шармираше во креација во кралско сина нијанса, кој го оцрта нејзиното витко тело. Бергузар ја додели наградата за Најдобра дневна ТВ програма. View this post on Instagram A post shared by Bergüzar Korel (@berguzarkorelfansazerbaijan) Корел е во брак со актерот Халит Ергенч, ...
Божиќ е време на магија, светлина и споделени моменти со најблиските. Секој од нас сака да изгледа прекрасно, но не мора да потрошите богатство за тоа! Со секогаш поволните шминки од dm, можете да создадете уникатен и блескав празничен изглед кој ќе ги воодушеви сите околу вас. Замислете ја вашата кожа, нежно подготвена со хидратантна база, која ќе ви овозможи да се чувствувате свежо и удобно. Додадете нијанси на златно и црвено на вашите очи, ...
Дизни освојува со нов краток празничен филм. Видеото следи едно момче кое открива дека љубопитен октопод му се закачил на главата за време на летниот одмор. По враќањето дома, момчето се спријателува со октоподот и го запознава со животот на копно. Гледајќи ја желбата на октоподот за истражување на светот, момчето прави план како да му ја исполни истата. „Најубавите патувања започнуваат со сон“ – стои на крајот на четириминутното видео е ...
Џенифер Лопез зрачеше со сексапил на новата празнична забава. 55-годишната пејачка сподели фотографии од својот стајлинг и измами море од комплименти за изгледот. На нив, Џеј Ло носи креација од Mônot со отворено деколте и разголен грб која одлично ги истакна нејзините облини. На дел од фотографиите, Лопез е во кујна и готви паста. „Омилениот дел од излегувањето ми е враќањето дома за полноќна закуска“ - напиша таа. Лопез објави и видео со ...