Северна Македонија постигна голем напредок во однос на политиката поврзана со намалување и елиминирање на насилството врз жените и девојчињата. Но, треба да се направи уште за да се обезбеди ефективна имплементација на овие политики, а и за промена на општественото однесување. Ова беше заклучокот од дискусијата што беше организирана вчера на почетокот на годинешната заедничка кампања за 16-те дена активизам за елиминирање на насилството насочено ...

„Повеќе не постојат граници во медицината“ – ова е дел од изјавата на директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска Папестиев, која ја објави веста дека жена од Македонија го роди своето прво дете на 61-годишна возраст. Според информации од ГАК, пациентката имала 10 ин витро интервенции и 10 спонтани абортуси, пред да го добие своето мало чудо. Бебето Петар по раѓањето тежел 2,350 килограми бил долг 48 сантиметри, а ...

Кристина Стрезоска одушеви со својот најнов настап на „IDJ Show“. На сцената на регионалното шоу, младата Македонка ја изведе евровизиската песна „Proud“ од Тамара Тодевска. Кристина доби голем аплауз и пофалби од членовите на жирито. Погледнете го настапот: „Жал ми е што моравме да чекаме толку долго за ваков твој настап, но ми е драго што го дочекавме. Ова ти е сигурно најдобриот настап досега. Имаш голем распон на гласот, денес покажа ...

Лепа Брена однесе гламур на црвениот тепих во Палата Србија. На свеченоста „Elle Style Awards“ во Белград, организирана од списанието Elle, 64-годишната легендарна пејачка беше прогласена за Југословенска музичка икона. Брена во гламурозна темнозелена креација ја подигна наградата. Во својот стајлинг, музичката ѕвезда додаде и бела бунда. Српската пејачка објави фотографии и напиша: „Благодарна сум што го следите мојот пат“. Nagrada za ...

Ако честопати возраста ви е изговор за да не пробате нешто ново или за да не го правите она што го сакате, дозволете Дона Џин Вајлд да ви докаже дека годините се само обична бројка. 59-годишната мајка на 5 деца, која е баба на 12 внуци, го сруши Гинисовиот рекорд за најмногу склекови за 60 минути. Дона направи вкупно 1.575 склека, што е за 368 повеќе од претходниот рекорд. Ова е втор Гинисов рекорд срушен од неа. „Мојата порака е да верувате. ...

Каролина Гочева ја започна својата турнеја низ Германија. 44-годишната македонска пејачка го одржа својот прв концерт во Штутгарт и објави фотографии на социјалните мрежи за да им ја долови атмосферата на своите обожаватели. На сцената, Каролина шармираше во црна креација која го истакна нејзиното витко тело. „Не се враќаш“, „За година две“ и „Немир“ беа дел од песните со кои Каролина ја освојуваше публиката. Нема слични статии. Види повеќе » ...

Никола Перевски-Пере се радува на своето големо богатство. Пејачот од Нокаут позираше со своите четири ќерки и сопругата на роденденската забава на ќеркичката Софи. „Со моите 5 женски“ – напиша тој на фотографијата со сопругата Јована и ќерките Миа, Каја, Софи и Ирис. „Ти внесуваш сонце во моите денови и ме потсетуваш да го ценам секој момент. Твојата насмевка ја осветлува секоја просторија во која што си ти, а твоите прегратки го топлат моето ...

Александра Пријовиќ ја размрда македонската публика на концерот во Скопје, а имаше и специјална гостинка. Во арената „Јане Сандански“, на сцената со српската пејачка настапи и нашата музичка ѕвезда Тамара Тодевска. „Благодарам за почитта и поканата, моја драга Александра Пријовиќ. Преубаво искуство и вечер исполнета со многу љубов“ – напиша Тамара во описот на објавените фотографии на Instagram. Пријовиќ блесна во гламурозна златна креација, ...

Во светот на брзата храна, често се чини дека е тешко да се најдат здрави и органски опции кои не го оптеретуваат нашиот буџет. Но, со dmBio производитеод dm, можете да уживате во вкусни и хранливи оброци без да се грижите за цената бидејќи таа е СЕКОГАШ ПОВОЛНА! Замислете го следниот оброк: свежа салата со dmBio тофу, кое е богато со протеини и идеално е за вегетаријанци и вегани. Ова тофу не само што е органско, туку има УШТЕ ПОПОВОЛНА цена ...

Анџелина Џоли постојано нижи успеси и освојува фанови со улогата во новиот филм „Maria“ за кој научи да пее на чекор до шестата деценија од животот. 49-годишната актерка зборуваше за часовите по оперско пеење кои ги имала да потребите на филмот, а се отвори и за мајчинството во интервју за Good Morning America. Таа носеше креација од Ели Сааб. „Во филмот, Марија вели дека не постои живот надвор од сцената. Дали има нешто во твојот живот кое се ...

Ана де Армас е во нова љубовна врска. Славната актерка беше фотографирана во Мадрид со Мануел Анидо Куеста, кој му е посинок на претседателот на Куба. Парот си разменуваше бакнежи и се шеташе со нејзиното кученце Салса. 36-годишната филмска ѕвезда носи бело зимско палто, црни чизмички и чанта и шал од Луј Витон. Таа е родена во Хавана, Куба, а се преселила во Шпанија на 18-годишна возраст. Ана претходно беше во врска со Бен Афлек, со кого се ...

Девојче со церебрална парализа, кое мора да се движи со инвалидска количка, не можеше да си сокрие среќата кога виде дека постои барбика како него. Во видеото, 11-годишната Далас се радува кога мајка ѝ ќе ѝ покаже дека во продавницата се продава Барби во инвалидска количка со службено куче (куче за помош). Ова била прва таква кукла која тие ја пронашле во продажба. Погледнете: @discoverwithdallas Representation matters so much.. This was the ...

Во време кога дигиталниот свет ги потиснува традициите, а заборавот станува наша секојдневна реалност, македонскиот јазик добива нова форма на изразување преку уникатната колекција накит на Сташа Божиновска – ДУМА. Оваа колекција, создадена како дел од проектот „Азбучен споменар“, ги оживува архаизмите – подзаборавените македонски зборови – претворајќи ги во современа уметност. „ДУМА е посвета на македонскиот збор – неговата сила, убавина и ...

Љубовната приказна на Мичел и Џена слободно може да се најде на филмското платно. Парот стапи во брак во 2020 година откако тој добил потрес на мозокот и не се сеќавал дека раскинале еден ден претходно. Имено, пред четири години, во февруари, Џена одлучила да стави крај на врската Мичел. Следниот ден, тој бил на скијање, спорт кој го обожава. За жал, при скок со скиите, паднал на главата и имал потрес на мозокот поради кој изгубил дел од ...

Удобноста стана еден од најважните фактори при изборот на мебел, особено кога се во прашање гарнитурите. Со брзиот начин на живот нашиот дом станува место каде што бараме мир за да ги наполниме батериите за новиот ден, а гарнитурата го зазема централното место во тој процес. Но, како да изберете гарнитура која совршено одговара на вашите потреби за одмор? Опуштете се, процесот е всушност многу едноставен кога знаете што барате. Затоа, составивме ...

Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ однесоа гламур и елеганција на црвениот тепих во Белград. На свеченост организирана од три познати српски списанија, шармантниот пар позираше пред бројните фоторепортери и даде неколку изјави. Роквиќ, кој неодамна изоди 1.060 километри пешки за хумана цел, носеше комплетно црн стајлинг. Додека Бојана блескаше во светкава златна креација со висок шлиц. View this post on Instagram A post shared by Bojana Barovic ...

Иако поминаа 27 години од снимањето на легендарниот филм „Титаник“, Кејт Винслет и Леонардо Дикаприо продолжуваат да негуваат специјално пријателство. 49-годишната актерка и 50-годишниот актер ги изненадија фановите обединувајќи се на прикажувањето на нејзиниот најнов филм „Lee“ во Лос Анџелес. Тие позираа заедно пред постерот од филмот, а потоа си разменија краток бакнеж во уста и прегратка откако тој ја претстави талентираната актерка пред ...

Принцезата Шарлин пленеше на одбележувањето на Националниот ден на Монако. 46-годишната претставничка на кралското семејство на Монако изгледаше софистицирано во костум во пастелна нијанса. Својот стајлинг, таа го комплетираше со елегантен додаток на главата и црни салонки. На церемонијата присуствуваа и принцот Алберт и нивните близначиња Жак и Габриела. 9-годишното девојче изгледаше преслатко во пастелна креација, како својата мајка, додека ...

Луисана Лопилато е мамка за погледи каде и да се појави. 37-годишната аргентинска актерка, која кај нас се прослави со улогата на Миа Колучи во „Млади бунтовници“, изгледаше атрактивно во црвено на гала во Канада. На доделувањето на наградите „Horatio Alger“, Луисана го придружуваше сопругот Мајкл Бубле кој беше еден од добитниците на златен медал. За свеченоста, таа избра долг фустан од Nadine Merabi, кој го надополни со салонки од Louboutin и ...

И покрај големата разлика во годините, Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас се радуваат на стабилен брак кој трае цели 24 години. 55-годишната актерка и 80-годишниот актер со стари фотографии од нивната свадба си ја честитаа годишнината од бракот. На нив, холивудскиот пар се бакнува и позира за свадбени фотографии. „Пред 24 години, реков: ‘Да’. Среќна годишнина драг Мајкл. Те сакам“ – напиша Кетрин. „Пред 24 години, драга моја. WOW колку голем ...

Калиопи беше специјална гостинка на ревијата на Слободан Бата Спасојевиќ во Белград. На модното шоу, нашата музичка дива запеа на пистата и ги восхити сите присутни со својот феноменален глас. 57-годишната пејачка настапи во впечатлива креација од српскиот дизајнер, за чии дела таа има само пофални зборови. View this post on Instagram A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official) View this post on Instagram A post shared by Kaliopi Fan Profile ...

Рафаел Надал се пензионира од тенисот. 38-годишниот тенисер го одигра последниот турнир во неговата богата кариера и ќе замине во пензија веднаш по учеството на овогодишниот Дејвис Куп. На овој важен меч против Холанѓанецот Ботик Ван Де Зандшлуп, славниот спортист ја доби поддршката од своето семејство. Неговата сопруга Марија Франциска Перељо и нивното 2-годишно синче Рафаел го следеа натпреварот од трибините. По завршувањето на мечот, Рафаел ...

Велат дека душата се лекува кога сме покрај деца. Денес седнете покрај вашите деца, слушнете го нивниот глас, слушнете ги нивните соништа и надежи. Дозволете им да ви раскажат како си ја замислуваат иднината и побарајте го нивното мислење кога носите одлуки поврзани со семејството. Светот денес го одбележува Светскиот ден на детето, кој има за цел да ги поттикне училиштата, заедниците и институциите да ги поддржат децата. Слоганот оваа година е ...

Од битолската болница „Плодност“ одекна уште една убава вест. По долга борба за бебенце, жена успеа да забремени на 44-годишна возраст со инвитро направено со помош на врвните специјалисти од реномираната болница за гинекологија и акушерство. Ова е второ инвитро на парот кој е во брак 20 години. Првото инвитро било направено на друго место. „После дваесет години постигната бременост во болница Плодност!“ „Пациентката има 44 години, во брак е 20 ...

Ѕвездата на класичниот кросовер, извонредниот пејач и кантавтор МАТЕО БОЧЕЛИ штотуку ја најави својата сосема нова европска турнеја за 2025 година, насловена Summer Nights (Летни ноќи), а во чии рамки за првпат ќе ја посети и Македонија и ќе одржи ексклузивен концерт на 15 јуни во македонската Филхармонија во Скопје. Уште од неговото прво појавување на синглот „Fall On Me“ со неговиот татко, славниот тенор Андреа Бочели во 2018 година, па сѐ до ...

Мала бушавка освојува срца низ светот. Русокосата Коко има нескротлива коса предизвикана од Синдром на коса која не се чешла (uncombable hair syndrome). Тоа е многу ретка аномалија на косата која вообичаено станува видлива на возраст меѓу 3 месеци и 12 години. Овој синдром се карактеризира со руса коса која е невозможно да биде измазнета со чешлање, но може да се контролира со плетење или врзување. Мајката на Коко, Крис Стефансон, покажува како ...

Емотивен свадбен момент трогна илјадници лица ширум светот. Мајка болна од рак, на која докторите прогнозираат дека не ѝ останува уште многу време за живеење, успеа да смогне сила и да присуствува на свадбата на синот. Она што ги изненади сите беше моментот кога таа стана од инвалидската количка и танцуваше со младоженецот. Видеото од моментот нема да ве остави рамнодушни. @xolivrose Replying to @abelincolnsbiggestfan so #breastcancer ...

Адријана Лима ретко го покажува лицето на синчето. Но, една убава претпразнична семејна прошетка ја поттикна да објави фотографии со малиот Сајен и саканиот Андре Лемерс. На една од нив, убавицата на Victoria’s Secret позира со Андре и слаткото момченце пред голема новогодишна елка. Претходно, Лима престојуваше во Саудиска Арабија. Таа дефилираше на ревијата на дизајнерот Ели Сааб во Ријад. На пистата, 43-годишната манекенка презентираше две ...

Во свет во кој сè помалку се читаат книги, едно девојче руши рекорди и освојува награди. 11-годишната Рахеал Нафула од Кенија за само три месеци прочита 1.178 книги и на 21 октомври оваа година, ја доби наградата „Mashujaa wa Kusoma“. Mashujaa wa Kusoma Award е настан организиран од Worldreader и Националната библиотекарска служба на Кенија кој има за цел да ја поттикне љубовта кон пишаниот збор кај младите луѓе. Рахеал постави рекорд на ...

Ненад Димитријевиќ има важен повод за славење. 26-годишниот македонски кошаркар го прослави вториот роденден на синчето Матео. Тој сподели албум со фотографии на Instagram и напиша: „Нашето големо момче наполни 2. Наша среќа, наша радост, наш живот. Тато и мама те сакаат“. Нено стапи во брак со сопругата Елена во летото 2022 година, а во ноември се роди Матео. Ненад е еден од најдобрите наши кошаркари. Оваа сезона тој игра за клубот Олимпија ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
72%
1010
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
83%
1008
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
91%
1010
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1011
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.62
76%
1008
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
96%
1010
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
1.79
60%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1012
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
0.0
72%
1012
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
4.63
81%
1009
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
1.79
89%
1010
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.4
31%
1011
Currency

61.53

Currency

54.3622

Currency

72.154

Currency

35.1468

Currency

39.3934

Currency

66.0489

Currency

7.48449

Currency

0.6574

Currency

0.37802

Currency

0.52493

Currency

1.41089

Currency

0.64385

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56