Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Вчера, македонскиот џез квартет Taxi Consilium го објави својот трет студиски албум – Workin’ for the Other Side, издание на независната етикета Аксиома. Албумот е достапен преку Bandcamp, и веќе со првото слушање потврдува дека оваа група повторно го поместува звучниот и емоционалниот хоризонт на современата македонска музика. Овој проект може да се опише како саундтрак на замислен филм, во кој главниот лик е таксист што го мрази движењето. ...
На 28 октомври 2013 година, новозеландската пејачка Lorde се издигна како лидер на новата генерација поп-ѕвезди, откако нејзиниот дебитантски сингл „Royals“ се искачи на врвот на британската топ-листа на синглови. Со тоа, таа стана најмладата соло изведувачка што го освои првото место уште од 1998 година, кога тогаш 15-годишната Били Пајпер го направи истото со хитот „Because We Want To“. „Royals“ не застана таму – песната го освои и првото ...
Светите славни Четириесет Битолски преподобномаченици се група на светители и маченици кои својот живот го посветиле на Христовата вера. Тие се пример на непоколеблива вера и љубов кон Бога, поднесувајќи страдања и мачења заради вистината и Христовата заповед. Споменот на овие свети маченици се чува со голема почит во Битола и пошироко, како симбол на христијанската издржливост, преданост и духовна чистота. Тие се нарекуваат преподобномаченици, ...
Заре Марковски е роден во Скопје на 28 октомври 1960 година. Тој е еден од најпознатите македонски кошаркарски тренери кој оставил неизбришлив белег во кошарката во Македонија, Италија и Швајцарија. Како играч, тој ги носеше дресовите на КК Работнички и КК Скопје, но својата кариера ја заврши уште на 23 години за да се посвети на тренерската работа. Почнал со работа со младинските категории на Работнички, а веќе во 1989 година станува главен ...
Печурките, богати со витамин Д, можат да бидат едноставен начин за зајакнување на имунитетот во периодот кога сме помалку изложени на сонце. Вклучувањето на печурките во вашата дневна исхрана, особено за постарите лица, е практичен начин да останете здрави во постудените месеци. Витаминот Д игра клучна улога во правилното функционирање на одбранбените механизми на телото. Неговиот недостаток, особено од октомври до март, се јавува поради ...
Иако многу разведени мажи носат со себе зрелост, искуство и појасна слика за тоа што сакаат, постојат одредени знаци на кои треба да внимавате. Пред да се предадете на емоциите, треба да внимавате дали вашиот нов партнер сè уште не раскрстил со минатото. Разводот не секогаш значи емотивен крај на врската бидејќи многу мажи носат со себе нерешени емоции, без разлика дали станува збор за гнев, жалење или неисполнети очекувања. Ако вашиот партнер ...
Како што се ближи крајот на 2025 година, препораките за патување за следната година може да се најдат сè почесто на Интернет. National Geographic ја објави својата листа од 25 дестинации што ги препорачуваат за 2026 година. National Geographic објави листа на најдобрите туристички дестинации што можете да ги посетите следната година. Истражувачи, фотографи и уредници на ова списание патувале низ целата планета за да ги изберат 25-те најдобри ...
Новиот филм на Нетфликс „A House of Dynamite“, во режија на Кетрин Бигелоу, предизвикач мешани реакции кај публиката по премиерата на стриминг услугата, па дури и Пентагон реагирач. Филмот се одвива 18 минути откако нуклеарна ракета е испукана кон Соединетите Американски Држави, прикажувајќи ги настаните од три перспективи: Белата куќа, Заедничката стратешка команда и самиот претседател, игран од Идрис Елба. Сепак, крајот на филмот предизвикал ...
Наше си е наше! Така ќе ја окарактеризираме и денешната прес конференција на Калиопи за претстојните концерти во Филхармонија, бидејќи Калиопи е наша дива која се прослави низ цел регион и секаде е добредојдена. По минатогодишниот грандиозен концерт во „Борис Трајковски“ кој изобилуваше со извонредно пеење, енергија која обзема, Калиопи и браќата Стефановски решија да ни приредат ново изненадување. На самиот почеток Калиопи истакна дека е ...
Атлантик Група во првите 9 месеци од 2025 година оствари приходи од продажба во износ од 879,0 милиони евра, што претставува раст од 10,1% во споредба со истиот период минатата година. И покрај одличните продажни резултати, профитабилноста и понатаму е под голем притисок на исклучително високите трошоци од работењето, па добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) изнесува 88,2 милиони евра, што е пад од 9,3%, додека нето добивката се ...
BALFIN Flying Tiger Copenhagen прва продавница на Западен Балкан East Gate Mall во Скопје Flying Tiger Copenhagen стратешкото партнерство Групацијата BALFIN Flying Tiger Copenhagen 50 нови продавници Северна Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија 400 нови работни места Стивен Грунеруд BALFIN Group BALFIN Group „Побогат живот не чини богатство“ Flying Tiger Copenhagen Flying Tiger Copenhagen осум продавници низ ...
Во рамките на „Кадар-на” / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје со почеток во 14 часот ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите планирано е да се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе може да се погледнат се: Сенките на месечината (2025) – во режија на Тина Величковиќ, Река (2024) – во режија на Угљеша ...
Дорис Драговиќ, која во март заедно со Петар Грашо ќе ја гледаме и слушаме во Скопје, одржала концерт во Макарска, а сцената што ја создале за неа обожавателите во публиката ги освоила социјалните мрежи. Имено, додека Драговиќ пееше еден од нејзините најголеми хитови – песната „Шаком о стол“, публиката во тој момент раширила интересен транспарент. На него била напишана малку поинаква верзија на рефренот од гореспоменатата песна, која гласела: ...
„Со огромна тага ве известуваме дека по кратко боледување на 65-годишна возраст почина Коста Јаневски,“ соопштија од Радио „Антенна 5“ преку својата официјална страница на Фејсбук. „Со огромна тага, ве известуваме дека по кратко боледување на 65-годишна возраст почина Коста Јаневски, филмски работник и еден од сопствениците и основачите на радио Антена 5.�Учествуваше во основањето, техничкиот развој и креирањето на програмата, а ја извршуваше ...
*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Астролозите доносуваат три судбоносни пророштва за секој хороскопски знак за 2026 година. Годината 2026 нема да биде пресвртница однадвор, туку ќе биде пресвртница одвнатре. Некои ќе сфатат дека е време да престанат да чекаат дозвола да живеат свој живот. А други ќе сфатат дека љубовта била тука цело време, само во ...
Компанијата dm дрогерие маркт со гордост го најавува четвртото продолжение на еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ – најмасовната акција за пошумување досега! На 23 ноември 2025, dm заедно со партнерите Македонско Еколошко Друштво (МЕД) и ЈП Национални шуми ве покануваат да се приклучите на масовното пошумување во с. Калапетровци во околината на Штип. https://www.instagram.com/p/DQMBhHUjiaJ/?hl=en Овој традиционален еколошки проект, ...
Кога ви е потребен лесен и хранлив оброк, мини омлетите со свежо сирење се вистинскиот избор! Совршени за појадок, ужина или после тренинг – богати со протеини, полни со свеж зеленчук и готови за помалку од половина час. Направете ги еднаш, уживајте повторно и повторно – можат да се замрзнат и повторно да се загреат! Состојки: 1 чаша свежо сирење (урда) 6 големи јајца ½ чаша сечкана пиперка ¼ чаша сечкан власец ½ чаша сечкан спанаќ ½ лажичка сол ...
По успешната премиера на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II, која предизвика одличен прием кај публиката и бурни аплаузи, Националната опера и балет ја најавува следната изведба на ова ремек-дело, што ќе се одржи на 28 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот на големата сцена на МОБ. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша ...
По својот впечатлив настап на овогодинешниот Макфест, каде публиката првпат ја слушна „Без да кажеш збор”, Мартинијан Кириловски го претстави и видео записот за песната која веднаш го освои вниманието на јавноста. Ова е композиција со која Мартинијан го потврдува својот автентичен израз и зрелоста што ретко се среќава кај млади изведувачи, комбинација на современ звук, емоционална длабочина и беспрекорна интерпретација. Песната е целосно ...
Младата пејачка Дорис Ди, на само 16 години, блесна на овогодинешниот Макфест со емотивниот настап на песната „Кога не ме сакаш“, чиј текст и музика се дело на Весна Малинова, а аранжманот го потпишува Давор Јордановски. Со својот искрен настап, сценска смиреност и впечатлив вокал, Дорис успеа да ја освои публиката, која ја поздрави со долг и заслужен аплауз. Младата талентирана изведувачка покажа дека и покрај младоста поседува голема уметничка ...
Македонската национална асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) во период од 28-30 октомври, во Копенхаген, Данска и Стокхолм, Шведска, ќе реализира интензивни промотивни активности за претставување на туристичките потенцијали на нашата земја. НАИТМ ќе организира два настани (28.10. во Копенхаген и 30.10 во Стокхолм ) со кои ќе се претставиме пред влијателната јавност во туризмот, медиумите и туристичките инфлуенсери од Скандинавија. Во рамките ...
На 27 октомври 1991 година, Скопје дишеше во ритамот на рокенролот. Во тогаш најкултниот клуб во градот – „Хард Рок“, групата Меморија го одржа концертот што засекогаш ќе остане впишан во историјата на македонската музика. Тоа не беше само настап, туку вистинска рок хроника – снимена во живо и издадена како прв концертен албум на бендот, во време кога вакви снимки беа речиси реткост во земјата. Меморија е формирана во 1984 година од Душан ...
Американската пејачка Деми Ловато на 24 октомври 2025 година го објави својот деветти студиски албум, It’s Not That Deep, под издавачката куќа Island Records. Албумот носи свежа енергија со dance-pop продукција, што претставува силен контраст во однос на нејзините претходни, рок ориентирани проекти Holy Fvck (2022) и Revamped (2023). Главен извршен продуцент на албумот е Zhone, кој ги продуцирал сите песни, а на продукцијата соработувале и ...
На денешен ден, 27 октомври 2013 година, светот на музиката остана без една од своите највлијателни фигури – Лу Рид, пејач, текстописец, поет и пионер на арт-рокот. Почина на 71-годишна возраст, оставајќи зад себе музичко наследство кое засекогаш го промени звукот на модерната рок сцена. Рид ја започна својата кариера како текстописец, а во средината на шеесеттите ја формираше култната група The Velvet Underground. Со нив создаде нов, авангарден ...
Кире Ацевски е роден 27 октомври 2000 година, во Велес. Основно училиште завршил во месното ООУ „Блаже Конески“, а средно училиште во Гимназија „Кочо Рацин“, исто во Велес. Во 2023 година, тој дипломирал на Факултетот за драмски уметности – Скопје, во класата на професор м-р Мими Таневска-Србиновска и асистент м-р Ангелчо Илиевски. Ацевски во 2018 година ја добил „Големата награда за најдобра машка улога“ на Фестивалот на поетски театар „Борба и ...
Познатиот македонски маратонец Игор Јакимовски на социјалните мрежи објави фотографија со Милена Димитровска. Тој напиша: Конечно после 7 месеци од кобниот 16_ти март ја пронајдов дамата херој од кочанската болница. Од рано наутро до полноќ Милена во улога на медицинска сестра без ниту една пауза укажуваше прва помош на сите кои имаа неопходна потреба на лице место. Смирено, професионално, пожртвувано, храбро, хумано и крајно стручно. Јавно и ...
Енергетските експерти денеска апелираат граѓаните во 16:00 часот да ги затворат завесите и да ги спуштат ролетните, со едноставна причина – огромна заштеда на енергија. Иако изгледа како банален потег, тој има големо влијание врз потрошувачката на струја во домовите. Кога сонцето во попладневните часови почнува да заоѓа, топлината побрзо излегува од просториите, особено ако прозорците се голи и без заштита. Со затворени завеси или спуштени ...
Конечно, „Има или Нема“ излезе од фолдерот со сите други песни и миксови – песната е завршена, објавена и доби свој видео-спот. Со ова издание, бендот најавува дека новиот албум е сè поблиску – чекор по чекор, со звук кој продолжува да се развива и расте. Големата Вода имаше неколку настапи оваа година, но најзначаен ќе биде нивниот настап на осмото издание на Андерфест во Скопје кој ќе се одржи на 7 ноември во МКЦ. Големата Вода ја сочинуваат ...
По месеци шпекулации за нивната врска, Кејти Пери и Џастин Трудо синоќа за прв пат се појавиле заедно во јавност. Двојката присуствувала на кабаре претстава во „Крејзи Хорс“ во Париз за да го прослави 41-виот роденден на пејачката. На фотографиите објавени во медиумите, Пери носела впечатлива црвена тоалета, додека Трудо бил облечен во лежерен црн костум. Двојката изгледала насмеано и опуштено додека го напуштала театарот. katy perry & ...
Тридневната манифестација Денови на македонската литература за деца 2025 во Белград, заврши вчера со посета на Саемот на книгата во Белград и потпишувањето меморандум за соработка помеѓу нашето книгоиздателство Едука Мак и познатото српско книгоиздателство за деца Пчелица. Претходниот, втор ден од книжевната визита за деца, беше реализирана посета на детска градинка во белградската општина Савски венац, каде со вработените во градинката беа ...