По 14ти пат, се случи 48 часовниот маратон во креирање на видео игри Global Game Jam 2026 Skopje организиран од Асоцијација на македонската индустрија за видео игри – МГИ! И овој пат, скопскиот Глобал Гејм Џем ја зголеми бројката на учесници за дури 38 проценти! Досега рекорден број од 132 учесници на една локација, се проширивме на два спрата во Base42, се формираа 25 тимови, а тие направија неверојатни 25 игри, од кои 22 видео игри и три ...

Безвременската опера „Травијата“ од Џузепе Верди, ремек-дело кое плени со својата страст, драматургија и незаборавна музика, ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет на 20 февруари 2026 година, со почеток во 19.30 часот. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, оваа опера раскажува човечка приказна за љубовта, жртвата и судирот со општествените норми. Диригент е гостинот од Италија, Лоренцо Бицари, режијата е на ...

Македонска филхармонија в четврток со почеток во 20 часот ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените и виното, насловен „Бакнеж во Париз” на кој ќе биде изведена француска музика. Како солисти ќе настапат Фелисиен Брут, хармоника и Ексел Сан Сирел, мецосопран од Франција, а диригент е Тимоти Редмонд. „Кога зборуваме за љубовта и романтичната страна на животот, често пред очи ни излегува Париз. Не случајно – градот на ...

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Дознајте кои хороскопски знаци родени во одредени месеци прават најмногу грешки при изборот на партнер и зошто импулсивноста, социјалните притисоци и почетната заљубеност можат да го загрозат бракот. Некои луѓе многу внимателно избираат со кого влегуваат во врска, а камоли во брак. Сепак, постојат и такви кои ...

Петта година по ред, „Скопскиот поетски фестивал“ го организира настанот „Отскочна даска“, наменет за младите поети на возраст од 16 до 30 години, коишто со својата поезија ќе се претстават на 12 март, со почеток во 20 часот, во Скопје. Повикот е наменет за сите што можеби веќе ги објавиле своите први песни во некое книжевно списание, или веќе ја објавиле и својата прва стихозбирка, можеби веќе настапиле на некое поетско читање или чекале ...

Во пресрет на Денот на вљубените, од 11 до 14 февруари, на приземјето на Скопје Сити Мол ќе се одржи четиридневен „Сити базар“, под слоганот „Една љубов, безброј подароци“. Базарот им нуди на посетителите автентична и креативна алтернатива за избор на подароци, преку уникатни рачно изработени производи создадени од домашни мајстори и современи ракотворци. Секој продукт носи личен печат, раскажува уникатна приказна и порака за љубов. ...

Вчера, извонредниот млад музичар и автор Димиш го објави своето седмо ЕП со наслов „Силуета на прагот“ – интимно и длабоко промислено издание кое со суптилна емоција и јасна визија ја потврдува неговата авторска зрелост, доследност и препознатлив уметнички израз. ЕП-то се состои од три композиции кои, како што самиот автор вели, „зборуваат сами за себе“ и претставуваат заокружена музичка трилогија посветена на животното патешествие, ...

Во сабота, на 14 февруари, Скопје ќе биде центар на една од најочекуваните музички вечери оваа година. Сенидах за првпат ќе одржи солистички концерт во главниот град, и тоа во СЦ „Јане Сандански”, на датум што симболично ги слави љубовта, емоцијата и виното. Вратите на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат отворени од 19:30, а концертната програма започнува во 21:00 часот, што на публиката ѝ остава доволно време за пристигнување и за вовед во вечерта ...

На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски. Претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот драматург, сценарист и ...

Кога брокулата, тестенините и сирењето ќе се спојат во едно јадење, резултатот е вистинска мала гозба од вкусови. Оваа запечена тестенина со брокула, бешамел и две сирења воспоставува совршена рамнотежа помеѓу лесен и заситувачки оброк. Состојки: За тестенините: 400 г тестенини во облик на цевка 700–800 г брокула 150 г моцарела 80 г пармезан сол, по вкус маслиново масло 1 чешне лук За бешамел сосот: 50 г путер 50 грама брашно 500 мл млеко ...

Филмот „Motherwitch”/ „Мајка вештерка” во режија на Минос Папас, копродукција меѓу Кипар, Северна Македонија и САД ( Константинос Никифору, Минос Папас, Дарко Попов/ Caretta Films, Cyprian Films New York, Focus Pocus Films) беше прикажан во официјалната селекција на годинешното издание на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам. По проекцијата која се одржа во реномираната сала „Синерама 1″ во центарот на Ротердам, екипата на филмот беше ...

Нашиот реномиран композитор, музичар и театарски автор Сашко Костов е номиниран за престижната награда ИКАР 2026 во категоријата авторска музика, што претставува големо признание за неговиот придонес во сценската уметност и музичката креација. Во својата објава на Инстаграм, Костов со радост го најави ова признание, истакнувајќи ја соработката со Драмскиот театар од Пловдив и изразувајќи благодарност за меѓусебната љубов и професионалност што ...

Ставре Јада е еден од најистакнатите македонски нордиски скијачи и спортист кој со години достоинствено ја претставува Македонија на најголемите светски спортски сцени. Родум од Крушево – град со долга спортска и зимска традиција – Јада уште од најмала возраст ја гради својата кариера во крос-кантри скијањето, дисциплина која бара извонредна физичка подготвеност, ментална цврстина и истрајност. Неговото име стана пошироко препознатливо со ...

На 10 февруари 1998 година беше објавен „Wake Up Gods“, студискиот албум на македонскиот состав Kismet, издание кое и денес се смета за едно од најсмелите и најавангардни остварувања на домашната алтернативна сцена од крајот на 1990-тите. Албумот беше објавен за реномираната американска издавачка куќа Tone Casualties, што во тоа време претставуваше редок и значаен успех за македонски бенд на меѓународната електронска и индустриска сцена. ...

Зорица Поп Панкова е родена на 10 февруари 1956 година во Скопје. Таа е една од најпрепознатливите и најсуптилни вокали на македонската поп-музика, чиј творечки печат особено се врзува за златниот период на музичките фестивали во поранешна Југославија. Поп Панкова и припаѓа на генерацијата македонски музички изведувачи кои оставија длабока трага во домашната и југословенската музичка сцена, особено во текот на 1970-тите години. Со својот ...

На 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Турција, еден од најтрофејните македонски режисери, Дејан Пројковски е добитник на Меѓународната награда за режија, со што уште еднаш ја зацврсти својата позиција на меѓународната театарска сцена. Ова е второ вакво признание за Пројковски на истиот фестивал, по наградата освоена на 9. издание пред две години, што сведочи за континуитетот на неговата авторска визија, ...

Андреј Ѓорѓиески, познат на јавноста како Андреј од дуото „ДНК“, беше еден од најпрепознатливите и најсакани гласови на македонската музичка сцена. Роден на 9 февруари 1982 година во Скопје, Андреј со својата харизма, искреност и музички талент остави длабока трага кај публиката од сите генерации. Како дел од „ДНК“, тој создаде песни што станаа химни на љубовта, пријателството и животните приказни – музика што не се слушаше само, туку се ...

Нашиот познат режисер Дејан Пројковски постигна нов голем успех на меѓународната сценa. Тој ја доби престижната International Director Award во Истанбул, Турција, како дел од Uluslararası Anadolu Tiyatro Ödülleri (Меѓународните театарски награди „Анадолу“). Ова признание се доделува на режисери од различни земји во рамките на јаката традиција на турските и меѓународни театарски награди, кои имаат за цел да ги истакнат значајните достигнувања ...

Понекогаш на состанок со личност што ви се допаѓа, невозможно е да сфатите што мисли другата личност. Дали ви се допаѓа или иритира? Сега експертите открија дека кога луѓето ја оценуваат привлечноста на нечие лице, нивниот поглед е насочен кон цртите што најмногу им се допаѓаат. Следењето на очите може да ви даде увид во тоа колку всушност ве сакаат, пишува Дејли Меил. Истражувачите од клиниката Мајо во Минесота регрутирале 154 возрасни лица ...

Иако некои луѓе развиваат висок крвен притисок без јасна причина, експертите истакнуваат дека правилната исхрана може да игра клучна улога во неговата контрола. За да се намали ризикот од хипертензија, се препорачува да се ограничи внесувањето храна богата со заситени масти и натриум. Скриената сол во храната што ја консумираме секој ден често претставува најголем проблем – особено кога станува збор за индустриски преработена храна. Нова ...

Можеме да најдеме портокали во маркетите и супермаркетите во различни големини и нијанси, но вистинскиот квалитет не е секогаш лесно да се препознае на прв поглед. Токму затоа вреди да се знаат неколку едноставни правила кои ни помагаат да го избереме најдобриот. Ова овошје е меѓу најпопуларните во светот. Познати по својот освежителен вкус, светла боја и висока содржина на витамин Ц, тие се достапни во текот на поголемиот дел од годината. ...

Македонската музичка сцена добива уште еден свеж хит – Даниел Савич го претстави својот најнов сингл „Вера Невера“, проследен со официјален видеоспот. Песната веднаш привлекува внимание со својот модерен звук, динамичен аранжман и силна емоционална порака. Музиката и миксингот се потпишани од Дејан Георгиевски, кој исто така ја изработи аранжманот, додека стиховите се дело на Огнен Неделковски. Поддршка во бек вокалите обезбеди Андријана ...

Италијанската брзолизгачка Франческа Лолобриџида го освои златниот медал на Зимските олимписки игри, а посебен момент се случи по трката кога нејзиниот син го украде вниманието на јавноста за време на победничкото интервју. Лолобриџида триумфираше во дисциплината 3.000 метри, и тоа на посебен начин. Таа го освои златниот медал на својот 35-ти роденден, правејќи ја оваа олимписка приказна уште поемотивна. По големиот успех, во изјава за RAI, ...

Италијанската лизгачка на мраз Иларија Дентела привлекува внимание со лизгање на замрзнати езера, што резултира со импресивни снимки кои бележат милиони прегледи на мрежите. Дентела е во исто време италијанска инфлуенсерка и креаторка на дигитална содржина која стекна голема популарност токму благодарение на импресивните видеа од лизгање на атрактивни, честопати екстремни локации. Таа е родена во 2003 година во Милано. Лизга уште од мала, а ...

Мајкл Даглас во филмот „Волстрит“ ја играше улогата на Гордон Геко, што во голема мера ја одбележа неговата кариера, а актерот појасни дека улогата речиси им припаднала на двајца други актери пред него. Како што објаснил, во тој период гравитирал кон предизвикувачки улоги и тврди дека бил почестен и воодушевен што бил избран за улогата на крадец. Она што го сфатил години подоцна е дека две големи ѕвезди претходно ја одбиле улогата пред тој да ...

Под каталошки број 119, македонскиот инди-рок бенд Милко го објави своето ново издание – „Последен ден ЕР“, кое воедно претставува и прва официјална соработка со независната издавачка куќа Шарла Рекордс. Милко се активни уште од 2008 година и зад себе имаат богата дискографија од пет албумски и ЕР изданија, со што се вбројуваат меѓу ветераните на македонската независна сцена. „Последен ден ЕР“ е колекција од четири сингла, реализирани во ...

Меган Маркл како израз на модерно, самоуверено и елегантно… Меган Маркл го донесе целиот холивудски гламур додека се појави на Галата за собирање средства „Петнаесет проценти“ во 2026 година во „Парамаунт студиос“ во Лос Анџелес. Војвотката од Сасекс долго време не изгледала толку елегантно. Дојде во безвременско вечерно издание кое ги комбинира минимализмот и стариот холивудски гламур. Носела долг, тесен фустан без прерамки во нежна нијанса ...

Роден е во Сирија од бедни родители во времето на царот Константин Велики. Раната младост ја помина прилично бурно, но одеднаш во неговата душа настана пресврт и тој почна сиот да гори од љубов кон Господ Исус. Му беше ученик на Св. Јаков Нисибиски (13 јануари). Од големата Божја благодат од неговата уста извираше мудрост како меден поток, а од очите непрестајно му течеа солзи. Трудољубив како пчела. Непрестајно пишуваше книги или ги ...

Откако медиумите во Србија објавија дека македонскиот пејач и победник на натпреварот „X Factor Adria“ Даниел Кајмакоски е киднапиран и пронајден врзан во автомобил, се појави видео од возилото во кое пејачот бил со киднаперите. Според Telegraf.rs, 43-годишниот пејач бил киднапиран под закана со пиштол во самиот центар на Белград, што предизвикало невидена мобилизација на елитните единици на МВР на Србија. Во акцијата за спасување и потера ...

В сабота на 14 февруари од 20.00 часот, во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп, по седми пат ќе се одржи поетскиот перформанс „Љубење со стихови“ во органзиација на Здружението ЗОКУМ. Поетите Филип Димкоски и Лина Димоска, пред публиката ќе претстават дел од нивната поезија со љубовни мотиви, а ќе овојпат во програмата ќе прозвучат стиховите на француските поети на љубовта како Жак Превер, Гијом Аполинер, де Беранже, Бодлер, Пол Елијар, Стефан ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
41%
1014
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
6.17
56%
1016
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
38%
1015
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
54%
1018
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
5.15
79%
1018
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.68
48%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
4.63
62%
1011
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
22%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
31%
1013
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
7.2
70%
1017
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
5.14
43%
1017
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
100%
1012
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Калај

43.91

Рутениум

56199.51

Бакар

10.65

Злато

144593.23

Цинк

0.00

Родиум

353658.21

Паладиум

44753.84

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86

Алуминиум

3.19

Платина

61858.04

Сребро

2179.44