
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



На 4 јули 2025 година, музичката сцена доби вистинско летно освежување – David Guetta, во соработка со младата електронска ѕвезда Hypaton и легендарната Bonnie Tyler, го објави новиот сингл „Together“. Песната носи енергичен клубски ритам со носталгичен шмек, комбинирајќи го препознатливиот вокал од „Total Eclipse of the Heart“ со современа продукција. „Together“ е пример за тоа како различни генерации и музички стилови можат да се спојат во ...
На 8 јули 1996 година светот за првпат го слушна „Wannabe“ – деби-синглот на Spice Girls. Петте енергични девојки од Велика Британија за кратко време станаа глобален феномен. Овој датум не само што го означува почетокот на нивната кариера, туку и раѓањето на културно движење кое ќе ја одбележи поп музиката во доцните ’90-ти. „Wannabe“ беше весела, заразна и уникатна песна која со својот спој на поп, рап и танц ритми веднаш привлече големо ...
Денес се навршуваат 58 години од смртта на една од најголемите британски филмски и театарски икони – Вивиен Ли (1913–1967). Позната по својата харизма и незаборавни улоги, Ли останува запаметена како една од најдобрите глумици на класичната кинематографија. Вивиен Ли ја започна својата кариера во 1930-тите, а светската слава ја стекна со улогата на Скарлет Охара во филмот „Однесено со виорот“ (1939), за која беше двојно наградена со Оскар за ...
Преподобната маченичка Февронија (понекогаш наречена и Света Февронија Римјанка) е христијанска света маченичка од III век, која се празнува на 25 јуни (по нов стил) или 8 јули (по стар стил). Таа е еден од најпочитуваните женски ликови меѓу светите маченички, особено во православната црква. Февронија живеела во време на римскиот император Диоклецијан, познат по своето сурово прогонување на христијаните. Таа била монахиња во манастир во ...
Илјадници тибетски будисти присуствувале на 90-тиот роденден на Далај Лама во индискиот хималајски град Дарамшала. Индиски свештеници, долгогодишни следбеници, вклучувајќи го и познатиот холивудски актер Ричард Гир, и илјадници верници се собрале за да му оддадат почит на протераниот водач, почитуван како застапник на мирот. Гир, според Би-Би-Си, му го честитал роденденот на Далај Лама со прегратки и порака дека Далај Лама претставува вистинска ...
Поранешната девојка на Бонд, 47-годишната Катерина Мурино, за француското списание „Гала“ изјавила дека очекува бебе по неколку неуспешни обиди за ин витро оплодување. „На мои години, морав да побарам од медицината да ѝ помогне на природата. Не е во наша моќ секогаш да одлучуваме кога е вистинското време да станеме мајка“, рекла Мурино, која глумеше во филмот за Бонд од 2006 година „Казино Ројал“ покрај Даниел Крег. Актерката за списанието ...
Новите иновации како што се Knox Enhanced Encrypted Protection, унапредениот одговор на закани со Knox Matrix и Secure Wi-Fi со заштита отпорна на квантни напади ја зајакнуваат приватноста и контролата на корисниците кај новите Galaxy уреди Samsung Electronics Co., Ltd. денеска објави сет нови безбедносни ажурирања за приватноста, кои ќе се имплементираат со новите Samsung Galaxy смартфони со оперативниот систем One UI 8. Овие новини ја ...
Најголемиот тематски парк „Леголенд“ во светот беше отворен во југозападниот округ на кинескиот град Шангај. Локалните власти очекуваат забавниот комплекс да привлече околу 2,4 милиони посетители годишно. Шангајскиот „Леголенд“, кој се простира на 318.000 квадратни метри, содржи осум тематски области, 75 атракции и хотел со 250 соби. Посетителите можат да видат илјадници модели на „Лего“ направени од над 85 милиони делови. Централниот дел од ...
Мирослав Кацаров, познат како Миро Бекстејџ, е македонски ТВ водител, новинар, креативец и бизнисмен кој зад себе има повеќе од една деценија искуство на телевизија. Со својата искреност, хумор и непоколеблива енергија, стана едно од најпрепознатливите телевизиски лица во земјава. На Инстаграм сподели фотографии од забавата каде откри дека очекува син. „Од сега, па на даље, ќе живееме за нашите две деца. Миа и Тадеј. Фала ти господе за даровите ...
Повисоки температури, повисоки стапки на разводи Летните месеци се првата асоцијација за забава, љубов, уживање. Сепак, во реалноста, ова е време од годината кога разводите стануваат сè почести. Кој е поводот за пропаѓање на браковите, објасниле експертите. Разводите стануваат сè почести во текот на летото, „откриено“ од Google Бројот на пребарувања за терминот „адвокат за разводи“ на Google во текот на јуни оваа година се зголемил за 4.950 ...
Ако сакате да се храните поздраво, но ви е тешко да ги избегнете сите тие освежителни десерти во текот на летото, можеби треба да размислите за подготовка на едноставен сладолед, за кој нема да ви треба шеќер. Можете да додадете и лажица протеин во прав во овој рецепт ако сакате да го зголемите внесот на протеини во вашата дневна исхрана. Состојки: една замрзната банана една лажица какао без шеќер неколку лажици вода или млеко по желба: лажица ...
Летото за многумина е најубавото годишно време. Период на одмор, плажа, сетилно уживање, моменти кога сакаме да се опуштиме и да уживаме во сите негови убавини. Летото носи сонце, одмори и свежо овошје, но за жал, и зголемен ризик од стомачни вируси и дигестивни проблеми. Високите температури создаваат идеални услови за развој на бактерии во храната и водата, а промените во исхраната и патувањата дополнително го оптоваруваат желудникот. Високите ...
Летото е вистинско време за уживање на отворено, но носи и ризици – прекумерното изложување на сонце и високите температури можат сериозно да го загрозат здравјето. УВ зрачењето е најсилно помеѓу 10 часот наутро и 17 часот, па затоа е важно да барате сенка во тој период, да носите лесна, но покривачка облека и задолжително да користите крема за сончање со висок фактор на заштита. Дехидратацијата е уште еден голем непријател во текот на летото – ...
Како што луѓето стареат, тие добиваат специфичен мирис, кој речиси веднаш се забележува. Експерт објаснил како всушност се јавува. Долго време се сметало дека овој мирис е неизбежна последица од стареењето, но добрата вест е дека една намирница може да ви помогне да се ослободите од него. „Мирисот кај постарите лица доаѓа од пероксидација на липиди на површината на кожата. Ако немате доволно оксиданти, тој мирис се акумулира. Бидејќи многу ...
Французинките долго време се ценети за нивниот беспрекорен вкус и стил, а нивниот избор на бои на лакови за нокти не е исклучок. Французинките се познати по својот едноставен стил и софистициран изглед. Кога станува збор за педикир, тие често се одлучуваат за безвременски бои на лакови за нокти кои зрачат со елеганција и го надополнуваат нивниот разновиден гардеробер. Три нијанси на лак за нокти кои се особено популарни кај Французинките се ...
Српската пејачка Ана Николиќ била брутално претепана, а нејзината фотографија со модринки и исеченици на лицето ја споделил Pink.rs. Таа објавила за тоа на Инстаграм, но набрзо ја избришала објавата. Pink.rs објави видео на кое Николиќ покажува повреди на лицето, меѓу кои гребнатини, исеченици, модринки и испакнатини на главата. Тие исто така објавија дека полицијата работи на расветлување на случајот, како и дека сè уште не се познати сите ...
*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Терезијата е стабилна, па затоа обично не оди на измами. Од друга страна, таа сака да флертува, па може (дури и ненамерно) да се најде во ситуација каде што флертувањето оди предалеку. Терезијата не знае како да ги скрие своите чувства, па ако има изневерување, бидете сигурни, ќе ви признаат сè. На кои партнери ...
Откако AI.Weekend минатата година донесе истакнати говорници од OpenAI, Tinder и други водечки глобални технолошки компании, овој септември настанот оди уште еден чекор напред. Од 18. до 21. септември, Ровињ повторно ќе биде центар на најважните разговори за вештачката интелигенција, со посебен фокус на иновации кои доаѓаат од срцето на Силиконската долина и глобалните технолошки лидери како TikTok. AI.Weekend не е само место за размена на ...
Летото е време кога нашето тело има зголемени нутритивни потреби, а динамичното темпо бара исхрана што е истовремено балансирана, квалитетна и лесна. Клучот за добро здравје и виталност лежи во паметниот избор на храна која заситува, а не оптоварува. Производите на Виталиа се токму тоа – со внимателно избрани состојки, природен состав и висок нутритивен профил. Здрав избор каде и да сте, што и да правите, и прилагодени за секој животен ритам. ...
Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул ја најавува изложбата „Трага на нематеријалното“ на македонската уметница Софија Грабулоска, која ќе биде отворена на 8 јули 2025 година (вторник), во 19:00 часот во галерискиот простор на Центарот. Во оваа галериска адаптација, Грабулоска отвора врата кон светот на дигиталната тишина, каде што звукот, светлината, линијата и бинарниот код се трансформираат во визуелна медитација. Изложбата се ...
Од сцените на Tomorrowland и EDC до магијата на „Билјанини Извори”, еден од највлијателните диџеи на денешницата, HUGEL, пристигнува во Македонија. На 3 август, Охрид ќе стане центар на глобалната клубска енергија со настап каков што досега не сме виделе на овие простори. Со над 1 милијарда стримови на дигиталните платформи, милионски прегледи на социјалните мрежи и бројни први места на Beatport, HUGEL е артист кој го редефинира звукот на ...
На 15 јуни 2025 година, Young Dadi го претстави својот најнов сингл „Лудило без стоп“. Со заразен ритам и модерен звук, песната ја пренесува препознатливата енергија и креативност на овој млад уметник, а фановите веднаш ја прифатија како вистински летен хит. „Лудило без стоп“ е резултат на соработката меѓу Young Dadi и продуцентите Andrejnik и Dimchuga. Миксот и мастерингот ги потпишува Andrejnik, додека аранжманот е плод на заеднички труд на ...
Beauty Spot III е ликовна изложба на која се изложени 12 слики работени во комбинирана техника со микс на медиуми на кои е претставен женски лик и акт во експресионистички манир со делумна апстракција каде субјектите имаат изразено издолжени портрети и физиономии. Тие се продолжеток на претходната матрица на насликани портрети на девојки и женски акти претставени на изложбите Beauti spot I и Beauti spot II. Секоја слика има различна претстава на ...
15, јубилејно издание на „Д фестивал“ се одржа во Штип и според многу параметри ќе остане во сеќавање на сите кои тие денови беа во Штип но и жал за оние кои не се упатија на оваа дестинација. „Финалната вечер на јубилејниот 15-ти Д ФЕСТИВАЛ заслужува епска забава која е загарантирана со овие артисти. Се собираме во фантастичен вајб и создаваме моменти за памтење со најгласен повик за хуманост: ДОНИРАЈТЕ ЗА SUPPORT КОЧАНИ!❣️ ...
Денес и утре (понеделник – вторник 7/8 јули) во нашата Република Македонија продолжува влијанието на многу топлата воздушна маса која ни продира од југ, односно од Африка. Токму ова ќе услови и понатаму да имаме претежно сончево и многу топло време со температури кои насекаде кај нас ќе надминуваат 30/35 степени, додека во Повардарието тие повторно ќе надминат 40 степени. И во Скопје и околината останува многу топло овие два дена со температура ...
На 7 јули 1989 година, музичкиот свет влезе во нова ера – официјално беше објавено дека компакт-дисковите (CD) за првпат продале повеќе примероци од винилните плочи. Овој момент не беше само статистика, туку клучна пресвртница што засекогаш го промени начинот на кој се создава, дистрибуира и слуша музиката. До крајот на 1980-тите, винилот сè уште се сметаше за златен стандард во аналогната репродукција на звук. Но со воведувањето на CD форматот ...
За месец јули, Екран ви ја препорачува „Растенија без корен“ – најновата песна на Дина Јашари, дел од нејзиниот неодамна објавен, истоимен деби албум. Со овој сингл и видеоспот, Дина ни нуди уште една силна музичка приказна, емотивна и визуелно богата, полна со значење и симболика. Во „Растенија без корен“, Дина останува доследна на својот уникатен, минималистички пристап. Секоја нота, секој збор е внимателно поставен, а емоцијата што ја носи ...
Таа е една од најпрепознатливите женски музички имиња на македонската сцена. Уште како шестгодишно девојче застана пред микрофонот со песна во срцето и љубопитност во очите. Денес, Симона Поповска е етаблирана музичарка, вокал со препознатлива боја, авторка со душа, но и доктор по професија – редок спој на страст и дисциплина, уметност и хуманост. Во ова искрено интервју, Симона зборува за своите почетоци на сцената, предизвиците на двојниот ...
Сашо Мацановски – Трендо е роден во Скопје на 7 јули 1967 година. Тој е познат македонски автор, новинар и телевизиски водител. Основно училиште и гимназија завршил во Скопје. Дипломирал на Институтот по социологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Работел како уредник на вести во телевизиите Сител и Канал 5. Заедно со Логин Кочишки во периодот 1995-1998 ја создал емисијата „Балкан Експрес“ на ТВ Сител, која ...
Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јави на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем се до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ...