Новиот натурализиран македонски репрезентативец, Дивејн Стјуарт, од денеска и официјално е нов кошаркар на шпанскиот прволигаш Басконија. Стјуарт потпиша двегодишен договор со тимот кој се натпреварува во силната Ендеса лига и во Евролигата. Тој доаѓа како големо засилување по три успешни сезони поминати во дресот на Олимпија Љубљана. Официјализацијата на овој трансфер ја чекаше завршницата на процедурата за добивање македонско државјанство. ...

Новопечениот македонски репрезентативец, Дивејн Стјуарт Џуниор има нов клуб и во новата сезона ќе го гледаме како настапува во Евролигата. Американецот кој неодамна доби македонски пасош е нов член на шпанскиот прволигаш Басконија. Тој во претходниве три сезони имаше одлични настапи за Цедевита Олимпија, настапи за кои сега се избори за место на поголема сцена и тоа во Басконија која и тоа како знае да погоди со засилувања. Со клубот од АЦБ ...