Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Само неколку дена откако доби отказ од Ливерпул, Арне Слот е блиску да преземе друг тим во Премиерлигата. Тој се раздели од Ливерпул на 30. мај, откако Ливерпул ја имаше една од најлошите сезони во последните години, завршувајќи на разочарувачкото петто место без ниту еден трофеј. Се очекува поранешниот менаџер на Борнмут, Андони Ираола да биде неговата замена, а веќе е постигнат усмен договор. Се шпекулираше со преземање на Милан по ...
Дојде време за разделба помеѓу Душан Влаховиќ и Јувентус. Србинот си заминува од Торино, и сега тимот ќе мора да бара негова замена. Тоа е главна тема во италијанските медиуми, а Јувентус сега ќе мора да се сврти кон некои други решенија во нападот и се чини дека ќе биде многу тешко да се најде играч со слични карактеристики и ист квалитет. Меѓутоа Јувентус нема намера да купи еден, туку двајца голгетери, со цел да го засили нападот кој во ...
Јан Диомамна е еден од најпосакуваните фудбалери на пазарот летово, извонредниот крилен офанзивец имаше фантастична сезона во Лајпциг, по што неговата цена на пазарот достигна и 100 милиони евра. Тоа не ги „исплаши“ челниците на Ливерпул кои се подготвени да платат богатство за да го донесат во своите редови, но проблем е што – самиот фудбалер повеќе би сакал да замине во ПСЖ. Актуелниот европски првак исто така покажува сериозен интерес за ...
Проектот НБА Европа е во завршна фаза и би требало официјално да стартува од почетокот на наредната натпреварувачка сезона (2027/28). Ова на прес-конференција во Сан Антонио го потврди и комесарот на НБА, Адам Силвер, обелоденувајќи дека преговорите со заинтересираните клубови се во завршна фаза. „Многу сме блиску до планот што го имаме зацртано. Очекуваме таа лига во Европа да стартува од сезоната 2027/28, на добар пат сме тоа да се оствари. ...
Веќе нема никакви дилеми, Столе Димитриевски останува во Валенсија откако поранешниот шпански првак реши да ја активира клаузулата за да го задржи Македонецот уште две години на „Местаља“. Димитриевски не добиваше шанса каква што заслужуваше во првите 18 месеци од авантурата во овој клуб, но ситуацијата се промени во вториот дел од изминатата сезона, Столе конечно доби натпревари во континуитет и максимално ја искористи укажаната доверба. За ...
НБА-финалето почна со одличен натпревар во кој Њујорк направи брејк на гостински терен против Сан Антонио. Во мечот полн со атракции, НБА-лигата ги избра петте најдобри потези во првото финале, од кои дури три места му припаѓаат на Виктор Вембињама. Врвот сепак е резервиран за Џејлен Брансон од Њујорк и неговиот шут на помалку од минута до крајот, со кој стави печат на големата победа на никси. Крадењето авторски текстови е казниво со ...
Монако го откупи договорот на Ансу Фати со Барселона, по што „кнезовите“ успеаја да договорат уште еден интересен трансфер од таборот на каталонскиот гигант. Станува збор за Марк Касадо, талентираниот плејмејкер кој не доби шанса за преголема минутажа во Барселона, па сега е подготвен како и Ансу Фати среќата да си ја проба во дресот на Монако. „Кнезовите“ веќе ги договориле личните услови со самиот фудбалер кој ќе добие три пати повисока ...
Андони Ираола од денеска и официјално ќе стане нов стратег на Ливерпул откако шпанскиот стручњак ги договори сите детали со екс-првакот на Премиер-лигата. „Црвените“ изненадија многумина со одлуката да му врачат отказ на Арне Слот, но веднаш по објавувањето на таа информација името на Ираола се појави како главен кандидат за нов менаџер на Ливерпул. Директорот Хјуз лани дојде на „Енфилд“ од Борнмут, тој добро ги познава квалитетите на ...
Претседателскиот кандидат на Реал Мадрид, Енрике Рикелме, го навлече бесот на раководството на Манчестер Сити откако за време на гостувањето на ТВ најави дека го има договорено Ерлинг Халанд и норвешкиот ас сигурно ќе дојде на „Сантијаго Бернабеу“ доколку тој стане претседател на најтрофејниот европски клуб. Челниците на Сити со право се лути, па веќе почнале да разгледуваат и правни алатки и најавуваат тужба против Енрике за изнесените лаги. ...
Во минатото бевме сведоци на прекини на големи спортски настани поради влетување на навивачи на терен, но никогаш досега такво нешто се немаше случено во големото финале на НБА-лигата. Се до рано утрово, кога еден навивач на Сан Антонио реши да влета на терен, за да има селфи за спомен со Виктор Вембињама. Мечот беше максимално напнат и неизвесен, а на шест и пол минути до крајот Сан Антонио бркаше негатива од шест поени кога играта беше ...
Андреј Петковски има зад себе одлична сезона во полскиот шампионат на голот на Азоти Пулави, со што македонскиот голман си осигура нов трансфер. Чешка ќе биде следна дестинација во кариерата на 25-годишниот чувар на мрежата, кој ги договори условите за преселба во шампионот на оваа земја, Талент Плзењ. Овој клуб веќе го официјализираше трансферот на Македонецот, кој ќе дојде на местото на Даниел Грабеман и се очекува да биде прв голман на ...
Флорентино Перез синоќа и официјално потврди дека по неговата победа на претседателските избори за нов тренер ќе го именува Жозе Мурињо. Сите детали од тригодишниот договор со португалскиот стратег се веќе средени, „специјалниот“ доставил листа со засилувања што Перез почна да ја исполнува (Конате, Дамфрис…), но Португалецот исто така ја составил и трансфер–листата со играчи кои слободно можат да почнат да се пакуваат, а нивните агенти да им ...
Душан Влаховиќ повеќе од една година преговараше за да ја продолжи соработката со Јувентус, за момент се чинеше дека двете страни се многу блиску до наоѓање на заеднички јазик, за вчера официјално да биде потврдено дека Србинот дефинитивно ќе ги напушти „црно-белите“ од Торино како слободен играч. Влаховиќ инсистираше на плата од осум милиони евра, плус осум милиони евра бонус за потпис на новиот договор, последната понуда на Јувентус ...
Вардар официјализираше уште еден трансфер, откако новиот првак на Македонија го договори доаѓањето на Даниел Диковски од редовите на АП Брера. Овој 19-годишен чувар на мрежата ја почна кариерата во младинските категории на Македонија ЃП, оттаму се пресели во Брера, а по испаѓањето на струмичани од елитното друштво тој реши да се врати назад во главниот град, прифаќајќи ја понудата на „вардарци“. Диковски потпиша тригодишен договор со Вардар и ...
Филип Талески по една полусезона во унгарскиот шампионат повторно ги пакува куферите, откако левиот бек синоќа се збогуваше од тимот на Татабања. „Бомбардерот“ ја почна сезонава во Вардар, незадоволен од минутажата реши да си замине од таборот на „црвено-црните“, но ниту во Татабања не ја доби улогата што ја посакуваше. На крајот, тој преку порака се збогуваше од унгарскиот клуб, како најава за нов трансфер во текот на летово. „Неверојатна ...
Големото финале во НБА-лигата стартуваше со брејк, откако Њујорк успеа да триумфира на гостински терен против Сан Антонио спарс со 95-105. За никси ова беше прво финале по пауза од 27 години, на сите им е јасно дека ова е шанса што не смее да се пропушти, а кошаркарите уште еднаш покажаа неверојатен карактер, како што тоа го сторија и во првиот дуел од финалето а „Истокот“ против Кливленд. Имено, Сан Антонио делуваше во целосна контрола кон ...
Гласањето за претседател на Реал Мадрид е закажано за три дена, а Енрике Рикелме нема намера да се предаде во борбата со Флорентино Перез. Успешниот бизнисмен го критикуваше начинот на раководење на досегашниот претседател, воедно и најави трансфер-бомба, Ерлин Халанд ќе дојде во Реал Мадрид летово ако тој биде избран за претседател. „Ако јас сум прв човек на Реал, Халанд 100% доаѓа во Мадрид. Можам да го потпишам тоа сега, со гаранција“, ...
Алжир славеше во Ротердам против Холандија со 0-1, во пријателски натпревар пред настапот на СП 2026. Хаџ Муса го постигна единствениот гол на „Де Кујп“ во 86. минута од натпреварот. Атмосферата на стадионот беше како натпреварот да се игра во Алжир, чии навивачи целосно ги надгласаа навивачите на „лалињата“. Пред мундијалскиот настап, Холанѓаните ќе имаат генерален тест против Узбекистан, додека Алжир ќе се сретне со Боливија. 🚨⚽ ...
Баер Леверкузен ја отфрли можноста поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Алваро Арбело, да стане нов главен тренер на тимот. Иако Бундеслигата интензивно бара наследник на Каспер Хјулманд, потрагата продолжува откако се процени дека 43-годишниот Шпанец сè уште не е подготвен да ја преземе улогата. Како што пишува германскиот Билд, Леверкузен ја отфрлил понудата за ангажман на Арбелоа. Арбелоа неодамна ја напушти клупата на Реал Мадрид по ...
Младост Богданци следната 2026/27 сезона се избори за место во Суперлига на Македонија, откако денеска во Скопје, во баражот успеа да слави против Струга со 25-22. Главно се играше израмнет натпревар, се до 40 минута до 15-15, за да ракометарите на Младост Богданци потоа со серија се одлепија за +6 со што се навести триумфот на богданчани. На крајот со триумф од 25-22 на 50-годишнината од своето постоење ќе го заокружи со враќање во елита на ...
Англискиот портал „GiveMeSport“ состави хипотетички список од 26 фудбалери од поранешна Југославија кои, според нив, би оделе на Светското првенство 2026 во Канада, САД и Мексико. На списокот меѓу 26 фудбалери, има место и за двајца македонски репрезентативци, голманот Столе Димитриевски и фудбалерот од средниот ред, Елиф Елмас. Хипотетички состав на југословенската репрезентација за Светското првенство 2026: Голмани: Јан Облак (Словенија, ...
Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гости две и тоа како незаборавни имиња од македонската кошарка во изминатите 20 години, Ненад Зивчевиќ и Тони Грнчаров. Еден од најистакнатите македонски кошаркари, Ненад Зивчевиќ, кој настапуваше и за неколку африкански клуба се потсети и на својата епизода во мароканскиот Хабаб Риф, каде умешно ги научи и газдите на клубот што значи тоа асистенција. „Сопствениците на клубот, двајца ...
Со победата од 4:0 во дуелот против Пелистер, помладите пионери на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија. Надежите на “црвено-црните” беа супериорни во мечот против Битолчани и сосема заслужено стигнаа до победа. Најзаслужен за триумфот беше напаѓачот Огнен Јаков кој три пати се запиша во листата на стрелците. Токму Јаков ја отвори серијата голови во 20. минута. Десет минути подоцна повторно го совлада противничкиот голман за ...
Илија Абутовиќ и официјално ја заврши својата авантура во македонскиот ракомет, одличниот дефанзивец беше дел од шампионската генерација на Вардар во ЛШ, а во последните две сезони со успех ги бранеше и боите на Е. Пелистер, тим со кој стигна и до една титула во македонската Супер-лига. Битолчани веќе го испратија српскиот ветеран со пригоден подарок и аплауз од верните навивачи, а Абутовиќ (кој кариерата ја продолжува во Партизан под водство ...
Флоријан Вирц дефинитивно ќе остане во Ливерпул и наредната сезона, како еден од главните играчи под водство на новиот тренер Ираола. Чаби Алонсо дојде на клупата на Челси и шпанскиот стратег како главна желба за овој преоден рок го посочи токму својот миленик од времето минато во Баер Леверкузен. Челси беше подготвен да плати и над 100 милиони фунти, сумата што Ливерпул ја потроши за Вирц минатото лето, но од „Енфилд“ приситигна јасна порака ...
Реал Мадрид го договори трансферот на Дензел Дамфрис од Интер, а управата на италијанскиот шампион тргна во офанзива за холандскиот десен бек да го замени токму со играч од „кралскиот клуб“. Дани Карвахал е фудбалерот што е поврзуван со преселба на „Џузепе Меаца“, одличниот десен бек си замина како слободен играч од Реал, а Интер веќе испратил понуда за да го доведе во своите редови. Киву и клупските директори сметаат дека Карвахал се ште е ...
Поранешниот тренер на МЗТ Скопје и Пелистер, Дарко Радуловиќ, ќе ја продолжи авантурата во Полска откако денеска потпиша нов договор со екипата на Старогард Гдањск. Станува збор за тим што се натпреварува во втората полска лига, Радуловиќ успеа да го извлече максимумот и се пласираше во полуфиналето од плејофот, но македонскиот стратег немаше среќа во клучните битки, останувајќи без шанса за влез во елитното друуштво. Сепак, управата на ...
Страшна вест ја потресе спортската јавност во регионот откако „Спортклуб“ прв објави – денеска во Сараево на 47-годишна возраст почина Един Авдиќ. Како што информираат од „Спортклуб“, трагичната вест е потврдена од повеќе различни извори, притоа не наведувајќи детали околу големата трагедија. Авдиќ беше еден од најпознатите спортски новинари на просторите на поранешна Југославија, исклучителен коментатор и колумнист, специјализиран за ...
На крајот од сезоната во двете конкуренции во Фудбалското првенство во женска конкуренција беа доделени трофеите за двете најдобри екипи. Шампионската титула во ЖФЛ ја освои ЖФК Скопје кој првенството го заврши со 69 бода, 12 повеќе од најблискиот конкурент ЖФК Тиверија Брера. Елитното фудбалско друштво го напушта Топ Гол, а од следната сезона дел од Првата лига ќе биде ЖФК Конзули од Битола. За пополнување на уште едно место во ЖФЛ преку ...
Централниот дефанзивец на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол, е новата голема желба на Реал Мадрид. Кралскиот клуб во последните денови активно ја зајакнува одбранбената линија на тимот, на барање на идниот нов тренер Жозе Мурињо. Мадрид веќе практично ги доведе Ибрахим Коната, кој доаѓа како слободен агент од Ливерпул, и Дензел Дамфрис, за кого Реал ќе му плати на Интер 20 милиони евра. Според шпанските медиуми, Мурињо сака да го доведе и ...