Фудбалерите на Скопје и Тиквеш одиграа без победник 1-1 на мечот кој се играше на тренинг комплексот на ФФМ „Петар Милошевски“ како дел од премиерата од 4. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Водство за тимот од Автокоманда од 1-0 донесе Антонио Божиновски во 35. минута. Проблемите можеа да бидат поголеми за кавадарчани во првото полувреме, откако само минута подоцна Ибрахима Фал доби втор жолт картон, но по проверка на ...

Еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, Дитмир Хоџа, од денеска и официјално е нов член на англискиот клуб Лидс Јунајтед. Хоџа успешно ги помина деталните лекарски прегледи во Англија и стави потпис на четиригодишен договор со клубот. Младиот фудбалер првично ќе ги брани боите на тимот на Лидс за играчи до 21 година. Сепак, тој веднаш ќе добие шанса со напорна работа да се наметне и кај менаџерот Даниел Фарке во првиот, сениорски ...

Јувентус планира да доведе најмалку уште едно врвно засилување во своите редови до крајот на преодниот рок, а високо на листата со желби на „старата дама“ се наоѓа Френки де Јонг. Холандскиот плејмејкер станува прекуброен во Барселона откако на големата конкуренција во средниот ред од пред неколку дена беше додаден и Родри, кој настапува на иста позиција како и Де Јонг. Екс-фудбалерот на Ајакс згора на тоа е повреден и ќе паузира уште ...

Жозе Мурињо се врати на клупата на Реал Мадрид по 13 години, а во пресрет на почетокот на новата сезона во Ла Лига против Еспањол, со насмевка се присети на Лука Модриќ. Токму португалскиот стручњак инсистираше на доаѓањето на Модриќ од Тотенхем во 2012 година и цврсто веруваше во него, дури и кога шпанските медиуми првично го прогласија за најлошо засилување. Таа доверба повеќекратно се исплатеше, хрватскиот капитен помина 13 години во ...

Фудбалерите на повратникот во елитата Скопје имаат позитива од 1-0 на полувреме против Кавадарци во премиерниот натпревар од 4. коло од новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Водство за тимот од Автокоманда од 1-0 донесе Антонио Божиновски во 35. минута. Проблемите можеа да бидат поголеми за кавадарчани во првото полувреме, откако само минута подоцна Ибрахима Фал доби втор жолт картон, но по проверка на ВАР главниот судија ...

Македонскиот репрезентативец и кружен напаѓач на Вардар 1961, Милан Лазаревски, успешно ја заврши рехабилитацијата по повредата на рамото. Лекарскиот тим даде „зелено светло“, со што популарниот „Мечка“ наскоро се враќа на редовните тренинзи со тимот. Лазаревски ги пропушти подготвителните турнири во Струга и Охрид, но ќе биде подготвен за кам-бекот на двократниот европски првак во Лигата на шампионите. Покрај настапот во Лигата на ...

Леандро Паредес доби суспензија од десет натпревари бидејќи беше главниот учесник во инцидентите по финалето на Светското првенство, во кое Аргентина загуби од Шпанија. Аргентинецот го нападна и го собори шпанскиот репрезентативец Гави, а уште потешки последици од неговиот испад спречија луѓето од шпанската клупа. Покрај него, Науел Молина доби забрана за настап на седум натпревари за репрезентацијата, а Тијаго Алмада доби суспензија од еден ...

Искусниот кошаркар и досегашен капитен Никола Караколев и официјално го продолжи договорот со Соколи, каде што ќе го предводи новиот тим во претстојната сезона во кошаркарската Суперлига. Караколев најавува дека екипата ќе се бори до самиот крај за секоја топка, секој поен и секоја победа. Караколев во кариерата настапуваше и за Кожув, Еуроникел, Куманово, Шкупи, Лирија, Работнички и МЗТ Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...

МЗТ Скопје ги стартуваше подготовките за новата сезона, за македонскиот првак специфична бидејќи за првпат по подолга пауза ќе биде дел од три натпреварувања, домашното првенство, АБА2 и ФИБА Европа купот. Тренерот Васко Атанасов е задоволен од она што го гледа од својот тим во првата седмица од подготовките, најавувајќи добри резулати во периодот што следи. „Подготовките се одвиваат според планот. Тимот е заедно, сите се здрави и работиме ...

Селекторот Хозеп Марија Берокал го објави спсокот на кошаркари кои треба да се појават од стартот на подготовките за претстојниот старт на новиот претквалификациски циклус за Евробаскет 2029. Македонија на 30 август ќе гостува во Виена на селекцијата на Австрија, клучен меч за нашиот национален состав ако се знае дека во групата е уште и Кипар, па триумф над Австријците широко би ги отворил вратите кон главната квалификациска рунда. Одлична ...

Новата ракометна сезона во Македонија ќе биде стартувана со дуелот од Супер-купот на Македонија во кој ќе се сретнат Вардар и Охрид. Раководството на РФМ донесе одлука овој натпревар закажан за 2 септември да биде игран на неутрален терен, и тоа во Гевгелија. „Новата ракометна сезона започнува со натпреварот за трофејот во Супер Купот на Македонија за 2026 година. Во среда, на 2 септември, во Спортската сала „26-ти Април“ во Гевгелија, силите ...

Трнлив е патот на Гави до успехот, но суперталентираниот фудбалер на Барселона покажува играчка, но и човечка големина откако реши да инвестира повеќе од еден милион евра за помош на сиромашните во Лос Паласиос и Виљафранка, градот каде што е роден овој шпански репрезентативец. Гави никогаш не крие дека е горд на тешкиот пат што го изодел кон врвот на светскиот фудбал, а зборовите ги поткрепи и со дела, целосно застанувајќи зад проектот ...

Доминик Ливаковиќ ќе стане нов член на Барселона откако каталонскиот гигант го договори трансферот на хрватскиот голман со раководството на Фенербахче. Во Фенер не сметаа сериозно на Ливаковиќ кој разгледуваше неколку понуди, а каталонците ја искористија неговата намалена вредност на пазарот, ангажирајќи го хрватскиот репрезентативец за скромни два милиони евра. Барса ги има Гарсија и Шчесни како голмански тандем за следната сезона, па планот ...

Се е подготвено за новата сезона во Премиер-лигата што ќе стартува вечерва со дуелот на „Емирати“ меѓу шампионот Арсенал и новиот премиерлигаш Ковентри. Елитното англиско фудбалско друштво сосема оправдано важи за најсилна лига во светот, а конкуренцијата за титулата се чини никогаш не била поголема. Арсенал како бранител на трофејот повторно важи за фаворит, но неколку ривали покажаа амбиција на пазарот да ги симнат „топчиите“ од тронот на ...

Огромно е разочарувањето меѓу навивачите на Атлетико Мадрид од Хулијан Алварез, откако аргентинскиот ас отворено флертуваше со Барселона, потоа и јавно побара да му биде дозволено да се пресели во редовите на лутиот ривал од Ла Лига. Управата на Атлетико го блокираше овој трансфер, Алварез размислуваше за штрајк, на крајот сепак почна да тренира со Атлетико, но навивачите не му го простија однесувањето во текот на летото. На премиерниот меч ...

Дисциплинската Комисија при фудбалската Федерација на Македонија на својот последен состанок ги донесе следните одлуки: -Се поведува дисциплинска постапка против ФК Струга Трим Лум поради занемарување на обврските, односно необезбедување паркинг-простор за гостинскиот автобус и несоодветно обележување на теренот. -Се поведува дисциплинска постапка против ГФК Тиквеш 1930 поради слаба организација на натпреварот, односно фрлање шише со вода на ...

Астон Вила денеска осигура уште еден важен потпис, комплетирајќи го трансферот на Арон ван Бисака од редовите на Вест Хем. Поранешниот играч на Манчестер јунајтед минатата сезона испадна со Вест Хем, но не ја криеше желбата повторно да заигра во Премиер-лигата. Вила преговараше со „чеканите“ и на крајот беше најден заеднички јазик, десниот бек доаѓа на едногодишна позајмица, но со клаузула за задолжителен откуп следното лето во висина од 18 ...

Ракометарите на Пелистер го одработија првиот дел од подготовките за новата сезона, а тренерот Лино Червар е свесен дека пред „зелено-белите“ е многу работа за да се влезе во посакувнаиот ритам за стартот на Супер-лигата. Битолчани в недела го почнуваат и настапот во Регионалната лига против Партизан, а Червар акцент става на креирање на сопствената игра и пренесување на своите тактички замисли врз ракометарите. „Морам да кажам дека ми е чест ...

Фудбалската федерација на Македонија во Струмица е организатор и ќе биде домаќин на развоен турнир за репрезентации до 15 години, на кој ќе настапи репрезентацијата на Македонија составена од фудбалери од генерацијата 2012 година. Турнирот е одлична можност за младите репрезентативци да стекнат меѓународно искуство и да ги одмерат силите со квалитетни селекции. Македонија ќе одигра три натпревари: 21 август, Македонија – Босна и Херцеговина, ...

Вештачката интелигенција сè повеќе навлегува во светот на фудбалот. Таа може да им помогне на клубовите да најдат замена за Мохамед Салах, да ги следат повредите, да го проценат развојот на младите играчи, да го контролираат работното оптоварување, па дури и да изберат тактики. Фудбалот одамна стана спорт каде што деталите одлучуваат. Клубовите инвестираат огромни суми пари за да пронајдат дури и најмала предност во однос на конкуренцијата, а ...

Ракометната федерација на Македонија, во пресрет на новата натпреварувачка сезона, изработи Прирачник за ракометните правила на македонски јазик, согласно најновите промени на Светската ракометна организација, наменет за судиите и делегатите. Со цел унифицирана примена и подобро познавање на правилата на ракометната игра, примероци од прирачникот ќе им бидат доделени на судиите и делегатите во рамки на редовните тестирања пред почетокот на ...

Лијам Делап би можел да го напушти Челси само една година по пристигнувањето на „Стемфорд Бриџ“, а за неговиот потпис веќе се води сериозна битка меѓу клубови од Премиер лигата. Според актуелните информации, Лидс Јунајтед и Нотингем Форест се приклучиле на трката за 23-годишниот напаѓач, додека интерес за него и понатаму покажува Евертон. Челси за Делап бара околу 50 милиони фунти, но заинтересираните клубови се надеваат дека трансферот би ...

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо потпиша за Равена, клуб од италијанската Серија Ц, и на 46-годишна возраст направи ново враќање во професионалниот фудбал. Освојувачот на „Златната топка“ во 2005 година и светски шампион со Бразил во 2002 година беше претставен како ново засилување на италијанскиот клуб, а тој рече дека сака да му помогне на тимот и, доколку му се укаже можност, да го постигне 300-тиот гол во кариерата. „Сакам да ги ...

Десниот бек на Барселона, Хектор Форт е пред трансфер во Борусија Дортмунд, објавуваат германските медиуми. 20-годишниот Форт смета дека трансферот во Дортмунд за него би било полн погодок за да напредува во кариерата, откако тешко наоѓа место во првиот тим на „Каталонците“ поради големата конкуренција. Дополнително, заминувањето на Форт е извесно по промоцијата на Жоао Кансело. Иако за него има неколку понуди, сепак, Форт има само една цел – ...

Фудбалскиот клуб Тотенхем се согласи за трансферот на Савињо од Манчестер Сити. Крилниот напаѓач пристигнува за 75 милиони фунти, плус 10 милиони фунти потенцијални бонуси. Савињо (22) сега ќе помине медицински прегледи па ќе потпише повеќегодишен договор со Спарс. Бразилецот беше желба на тимот од Северен Лондон и минатата година, но остана на „Етихад“, и покрај малата минутажа кај Пеп Гвардиола. Роберто де Зерби со тоа дополнително го ...

Џамал Мусиала нема да биде во составот на Баерн за саботниот дуел против Борусија Дортмунд, објави угледниот германски Билд. Станува збор за натпреварот од Суперкупот на Германија, а одлуката е поврзана со здравствената состојба на 23-годишниот германски репрезентативец. Мусиала доживеа загрижувачки ситуации на теренот двапати за само неколку дена. Прво се сруши за време на пријателскиот натпревар против Лајпциг, а потоа истото се случи и на ...

Португалските медиуми синоќа објавија дека локалната полиција конфискувала голема количина дрога и две парчиња воено оружје што ги пронашла во комбе управувано од поранешниот српски фудбалер Урош Милошевиќ. Информациите што доаѓаат од Португалија велат дека полицијата го запрела Милошевиќ на автопатот и дека полицијата била шокирана кога видела што има во комбето. Како што пишува „Жорнал де Нотисиас“, во комбето биле пронајдени повеќе од 1,5 ...

Пол Погба е пред нов предизвик во кариерата. Францускиот фудбалер, кој неодамна го напушти Монако, постигнал усен договор со холандска Фортуна Ситард и наскоро би требало да стави потпис на договорот. Според информациите, двете страни постигнале договор, а документите за трансферот веќе се подготвуваат. Погба наводно веќе ги минал и лекарските прегледи, па остануваат уште формалностите до официјалното претставување. За 33-годишниот Французин ...

Ракометарите на Вардар забележаа нова победа на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, откако го совладаа Нексе со 33-27 и направија голем чекор кон пласманот во финалето. За „црвено-црните“ ова беше значително потежок натпревар во однос на убедливиот триумф над Олимпијакос. Нексе одлично го отвори дуелот и во поголемиот дел од првото полувреме имаше предност. Вардар, сепак, предводен од одличниот Валах, успеа да се врати во игра и ...

Себастијан Херера асистираше за еден од трите гола на Борац Бања Лука во победата над Викунгур од Исланд со 1-3, во првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на Конференции. Со тоа Борац се доближи до групната фаза од ова натпреварување. Македонскиот репрезентативец беше асистент за првиот гол на оваа средба. Дамјан Шишковски се најде на клупата за резерви. Елмин Растодер со неговиот Панатинаикос испушти голема победа и пласман во групата во ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Кобалт

33.53