Флорентино Перез е апсолутен фаворит на претстојните претседателски избори во Реал Мадрид, па тој веќе повлекува и конкретни потези на трансфер-пазарот во пресрет на официјалниот почеток на летниот преоден рок. Перез веќе го договори Жозе Мурињо за нов тренер, а договорени се условите и со Ибрахим Конате, кој по заминувањето од Ливерпул како слободен играч ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Како што информираат шпанските медиуми, следен ...

Најдобриот македонски ракомет во моментов, Филип Кузмановски, е подготвен за почетокот на новата, кратка авантура во кариерата откако замина за Кувајт и ќе настапува за Кувајт клуб на претстојниот шампионат на Азија. Трендот најдобрите азиски клубови да пазарат во Европа со краткорочни договори токму за ова натпреварување продолжи и годинава, Кузмановски доби понуда што не се одбива и по завршувањето на обврските кон Е. Пелистер замина за ...

Канада ќе биде сериозно ослабена на стартот од СП 2026 откако најдобриот фудбалер на оваа репрезентација, Афонсо Дејвис, потврди дека ќе го пропушти премиерниот дуел против селекцијата на БиХ. Левиот бек се повреди настапувајќи за Баерн на реваншот во ЛШ против ПСЖ, оттогаш не се врати на теренот за својот клуб, но Дејвис се најде на списокот на канадскиот селектор Џеси Марч. Тој не беше ниту на клупата за резерви на синоќешниот триумф над ...

Охрид во голем стил, со доминација на теренот стигна до триумф над Татабања и заслужено го крена трофејот во ЕХФ Европскиот куп, но дамка на овој историски успех става истрагата што Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) ја отвори против македонскиот тим – и тоа за расизам од навивачите на „сино-белите гладијатори“. Ракометарот на Татабања, Баптист Даматрин, вчера јавно ги прозва охриѓани за расистички навреди во второто полувреме, по што ...

Веќе нема никаква дилема, Ибон Наваро ќе биде предводник на Црвена Звезда од летово откако управата на српскиот евролигаш го избра токму Шпанецот за наследник на Саша Обрадовиќ. Наваро имаше успешни четири години како предводник на Уникаха, период во кој освои дури седум трофеи, но овој стратег неодамна обелодени дека го напушта клубот од Малага во потрага по нов предизвик во кариерата. Tој беше поврзуван и со Барселона по заминувањето на ...

Бенфика е подготвена за заминувањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, па откако стана јасно дека „специјалниот“ ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“ челниците на португалскиот гигант ја почнаа потрагата по негов наследник. Таа потрага конечно финишираше денеска, откакоо беа договорени сите услови со Марко Силва, португалскиот стратег кој по 11 години ќе се врати назад во татковината. Силва во 2015 година го напушти Спортинг Лисабон за да се ...

Швајцарската експедиција денеска отпатува за САД во пресрет на фудбалскиот мундијал, но серијата административни проблеми околу статусот на фудбалерите и нивните визи за влез во САД продолжи и кога станува збор за оваа селекција, откако дозвола за влез не доби Брел Емболо. Најдобриот швајцарски стрелец допатува со остатокот од репрезентацијата на аеродром, каде беше известен дека не може да добие виза „Еста“ (што забрзано се доделува на ...

Австриската репрезентација се соочи со огромен проблем пред самиот старт на СП, откако од настап за мундијалот отпадна Криштоф Баумгартнер. Одличниот напаѓач ја имаше својата најдобра сезона во дресот на Лајпциг, постигнуувајќи 17 гола и осум асистенции во Бундес-лигата, беше најавуван како главен адут на селекторот Ралф Рангник и стартен напаѓач на Австријците, но Баумгартнер заработи незгодна повреда на мускулот поради која нема да може да ...

Елиф Елмас ја лансираше блескавата кариера преку Фенербахче, па не е никакво изненадување што македонскиот дијамант секогаш со позитивни зборови говори за турскиот фудбал. Елиф беше дел од нашата репрезентација при вчерашниот пораз од Турција, по што во изјава за турските медиуми меѓу редови најави – мегатрансфер во клуб од ова земја. „Минаа седум години од мојот настап на овој стадион, атмосферата беше фантастична. Турските фудбалери играа ...

Фудбалската јавност на „островот“ е во шок откако легендарниот Кени Далглиш објави дека оди на терапии за лечење од канцер. Откако вчера Кевин Киген шокираше со објавата дека има канцер во четврти стадиум, денеска и Далглиш се јави со загрижувачка објава, потврдувајќи дека ја води најважната битка. Далглиш информацијата најпрвин случајно ја објави преку пост на својот профил на социјалните мрежи, потоа истиот го избриша, па се јави со ...

Анадолу Ефес се соочи со огромен проблем на стартот од плејоф серијата со Фенербахче по тешката повреда што ја заработи Винсан Поариа. Францускиот центар остана да лежи на теренот и веднаш беше јасно дека проблемот е сериозен, а денешните детални прегледи само ги потврдија стравувањата. Ефес објави дека Поарие ја има скинато тетивата, тешкка повреда што ќе биде санирана со хируршки зафат во Истанбѕл, но потоа ќе следи и пауза и најмалку осум ...

Вардар создава моќен тим со кој ќе се бори во Лигата наа Шампионите, но „црвено-црните“ паралелно со тоа инвестираат и во иднината, потпишувајќи договор со кадетскиот репрезентативец на Македонија, Марко Ѓорчески. На наше огромно задоволство, денес, успеавме да го обезбедиме потписот на кадетскиот репрезентативец Марко Ѓорчески, кој во иднина ќе го носи дресот на РК Вардар 1961 и ќе му се приклучи на првиот тим. Ѓорчески настапува на левата ...

Ибрахим Конате ќе биде следното големо засилување на Реал Мадрид откако „кралскиот клуб“ ги договорил условите до довчерашниот дефанзивец на Ливерпул. Францускиот репрезентативец по објавата дека заминува од „Енфилд“ доби понуди и од ПСЖ и од Баерн Минхен, но можноста да го облече дресот на Реал беше неодолива за екс-фудбалерот на Лајпциг. Како што информира „Ас“, сите детали од четиригодишниот договор се веќе средени, а слично како и со ...

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска треба да се врати назад од Истанбул во Скопје по вчерашниот пријателски натпревар со Турција, но нашата експедиција при враќањето се соочи со проблем, откако авионот веднаш по полетувањето се сврте и се врати назад на аеродромот во Истанбул. Според првичните информации, станува збор за технички проблем со авионот поради што од безбедносни причини тој бил вратен на местото на полетување. Планот ...

Стеф Кари и пред самиот крај на кариерата е „магнет“ за правење пари преку спонзорски договори. Доказ за тоа е последниот договор што најдобриот шутер на денешницата го потпиша, и тоа со кинескат акомпанија за спортска опрема „Ли Нинг“. Кинезите се обврзале глобално да го шират неговиот “Curry Brand”, да продаваат најразлични производи вклучувајќи тука и комплетна линија опрема за голф, за што ќе платат неверојатни 1,19 милијарди долари за ...

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од третиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година. Пласманот во главните квалификации е обезбеден, па македонскиот селектор реши за овие последни два меча да не повикува странец во репрезентацијата. На списокот се наоѓа и Андреј Шошкиќ, кој ќе има можност да го ...

Ливерпул има нов менаџер според познатиот инсајдер Фабрицио Романо. Пред неколку дена, Ливерпул ја заврши соработката со Арне Слот, а веднаш почнаа муабетите за тоа како Андони Ираола ќе дојде на „Енфилд“. Шпанскиот стратег беше на чело на Борнмут, во сезона во која во календарската 2026 година овој клуб не доживеа ниту еден пораз во Премиерлигата. „Ливерпул постигна договор за ангажирање на Андони Ираола како нов менаџер. Разговорите се ...

Цеск Фабрегас испиша историја со освоеното четврто место во Серија А со Комо, но на шпанскиот стратег му е јасно дека ќе мора да го засили играчкиот кадар ако се знае дека следната сезона го очекува и настап во Лигата на Шампионите. Буџетот останува лимитиран, затоа Фабрегас не ни разгледува скапи супер-ѕвезди, но шпанскиот стратег фрлил око на засилување од Ливерпул како идеално за неговиот стил на игра во Комо. Станува збор за Федерико ...

Џамал Мареј нема да биде дел од Канада во следниот период, што значи дека ќе ги пропушти Мундобаскетот и Олимписките игри. Канадскиот селектор Гордон Херберт го објави списокот на играчи на кои смета за претстојните квалификации за Светското првенство во 2027 година, како и за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Тие се предводени од двократниот МВП на НБА, Шеј Гилџс-Александер. Квалификациите за Светското првенство започнуваат ...

Компанијата Xiaomi ги претстави најновите членови на својата T серија на паметни телефони, која ја сочинуваат моделите Xiaomi 17T и Xiaomi 17T Pro. Комбинирајќи напредна Leica 5x телефото камера, екран што го штити видот и батерија со исклучително голем капацитет, серијата Xiaomi 17T носи flagship искуство за креирање визуелна содржина, спакувано во софистициран дизајн. Воведувајќи за првпат две големини на уреди во Т серијата, оваа линија е ...

Од 4. до 7 јуни, главниот град на Македонија ќе биде центар на европската минибаскет сцена, откако Кошаркарската федерација на Македонија, во партнерство со ФИБА Европа и Фондацијата ФИБА, ќе биде домаќин на 11. издание на Европската конвенција за минибаскет. Настанот ќе собере тренери, едукатори и спортски работници од повеќе европски земји, кои секојдневно работат со најмладите кошаркари и кошаркарки. Целта на конвенцијата е преку размена ...

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, испрати јасна порака за иднината на Винисиус Жуниор, инсистирајќи дека клубот нема да му застане на патот доколку Бразилецот одлучи да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Шпекулациите за трансфери се зголемуваат, бидејќи разговорите за нов долгорочен договор во шпанската престолнина остануваат во застој. Во интервју за Ел Паис, Перез јасно стави до знаење дека Реал Мадрид нема да го задржи Винисиус ...

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, ќе остане на голот на шпанскиот прволигаш Валенсија уште две дополнителни сезони, откако клубот од „Местаља“ донесе одлука да ја активира клаузулата за продолжување на неговиот договор, пренесува шпански Ас. Како што пренесува реномираниот шпански весник со оваа одлука, соработката меѓу македонскиот чувар на мрежата и „лилјаците“ е официјално продолжена до јуни 2028 година. Димитриевски ...

Тибо Куртоа се врати таму каде што се започна за него во Генк. Преку платформата NXTPLAY, која се занимава со инвестирање во спорт, медиуми и технологија, а во која тој е кофинансиер, Тибо Куртоа официјализираше голема инвестиција во својот прв клуб. Одлуката беше официјално прифатена на Собранието одржано вчера вечерта. Ова е првата инвестиција откако фудбалскиот клуб Генк беше одвоен од спортската асоцијација претходно оваа година. ...

Нова голема контроверзија ја потресе шпанската јавност по објавувањето на тајна аудио снимка на која претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, тврди дека бил цел на заговор за негово убиство. Каталонската радио станица „RAC1“ ексклузивно ја објави снимката која потекнува од сведочењето на Перез пред Националниот суд на Шпанија, одржано на 14 ноември 2019 година. Во својот исказ, првиот човек на „кралскиот клуб“ отворено зборува за ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гости две и тоа како незаборавни имиња од македонската кошарка во изминатите 20 години, Ненад Зивчевиќ и Тони Грнчаров. Меѓу бројните теми, посетување и на времињата кога македонската клупска кошарка беше единствено темелена на домашните играчи, а беше, се чини, далеку попривлечна за навивачите, со далеку поголем меѓусебен ривалитет, притоа и произведувајќи репрезентативци по кој се дојде ...

По историскиот успех и искачувањето на тронот во ЕХФ европскиот куп, градот Охрид синоќа имаше спектакуларна прослава на која го прослави трофејот заедно со навивачите во центарот на балканскиот Ерусалим. Неверојатна атмосфера и фешта за паметење за која веруваме дека цел Охрид уште долго ќе прераскажува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е ...

Рик Аделман почина 15 дена пред неговиот 80-ти роденден. НБА и франшизите споделија порака со сочувство по повод смртта на членот на Куќата на славните од Спрингфилд. Аделман е роден на 16 јуни во Линвуд (Калифорнија). Колеџ кариерата ја поминал во Лојола Меримаунт, додека по драфтот во 1968 година играл за Сан Диего Рокетс, франшиза која сега е во Хјустон, потоа за Портланд Треил Блејзерс, Чикаго Булс, Њу Орлеанс Џез (сега Јута) и Канзас ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ ги избра 26 фудбалери со кои ќе патува на Светското првенство кое што за што за 10 дена ќе почне во САД, Мексико и Канада. На списокот нема големи изненадувања, а „коцкестите“ иако не се меѓу фаворитите ќе се обидат и трет Мундијал по ред да бидат вистински хит. Хрватска на СП се наоѓа во група со Англија, Гана и Панама. 📜 This is #Croatia! Our final 2026 @FIFAWorldCup squad ...

Шокантна и тажна вест доаѓа од Македонија откако уште едно идно шампионче ја загуби борбата и почина. Младиот фудбалер од школата на Гроздановски, Петар Станисавовски ненадејно почина. Од клубот се збогуваа со младиот Петар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА Шокантна и тажна вест доаѓа од ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
0.37
91%
1016
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
3.58
91%
1021
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.18
81%
1022
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.92
89%
1015
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
4.51
89%
1015
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
0.29
86%
1023
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
0.89
46%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
0.63
86%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.81
87%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
1.34
82%
1012
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
67%
1020
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
3.02
84%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.48

Цинк

0.00

Сребро

2072.63

Калај

51.97

Паладиум

39545.42

Бакар

12.52

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Платина

53756.05

Злато

131337.93