Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Актуелната сезона на Реал Мадрид ќе се памети како лоша, клубот не освои ниту еден трофеј, а медиумите беа преполни со вести за конфликти меѓу играчите. Најмногу се зборуваше за тепачката меѓу Аурелиен Чуамени и Федерико Валверде, по што Уругваецот заврши во болница. Шпанските медиуми истакнаа дека Французинот претерал, а клубот ги санкционираше двајцата играчи со по 500.000 евра, што е најголемата казна во историјата на славниот клуб. Сè се ...
Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гости две и тоа како незаборавни имиња од македонската кошарка во изминатите 20 години, Ненад Зивчевиќ и Тони Грнчаров. Меѓу бројните теми, неизбежно и разговор за дното на македонската клупска кошарка кое одамна е допрено. А, ако се бараат причините, како што вели Ненад Зивчевиќ, сигурно е доволно и да се погледне кој ни ги воделе клубовите изминатите долги години… „Ако се на чело на ...
Македонија загуби со убедливи 4-0 на гостувањето против Турција за уште еден јасен предзнак – дека репрезентацијата не ни се движи во правецот што го посакувавме, правецот што го најавуваше новиот селектор кога дојде на функцијата. Седлоски најави офанизвен фудбал ког седна на селекторската фотеља… по четири негови средби како предводник сведоци сме на сосема спротивното… четири меча, ниту еден гол, со просек од една стопроцентна шанса по ...
Баерн Минхен е на чекор до финалето во Бундес-лигата откако тимот на нашиот Ненад Димитријевиќ поведе со 2-0 во полуфиналната серија со Телеком Бон. За разлика од првиот дуел што беше израмнет, а Бон пропушти шанса за изненадување, овојпат Димитријевиќ и соиграчите не дозволија такво нешто, Баерн доминираше од почеток до крај и триумфираше со убедливи 91-69. Победникот практично беше решен за едно полувреме, баварскиот гигант ги одигра ...
ЕКИПА во Истанбул, Турција Горан Бошев Турција во моментов е за класа подобра од Македонија. Тоа го покажа и на вечерашниот „тест“ во Истанбул, во кој Турците на крајот славеа убедлив триумф од 4-0. Селекторот на Турците, Винченцо Монтела по мечот видно задоволен од победата, кажа дека е задоволен од играта на својата селекција и од убедливата победа. Сепак, истакна и респект кон Македонија, за која смета дека е организирана репрезентација. ...
Шон Свини е нов тренер на Орландо Меџик, објави овој НБА тим. Свини ќе биде 16-тиот тренер во историјата на франшизата, наследувајќи го Џамал Мозли, кој го напушти тимот по пет сезони за да ги преземе Њу Орлеанс Пеликанс. 42-годишникот моментално работи како асистент во Сан Антонио Спарс и се подготвува за големото финале и борбата за титулата со Њујорк Никс. Тој ја започна својата кариера како видео координатор во Бруклин Нетс, а потоа беше ...
ЕКИПА во Истанбул, Турција Горан Бошев Убедлив пораз претрпе Македонија на тестот со Турција одигран вечерва во Истанбул. На крајот Турците во одлична атмосфера дојдоа до победата од 4-0. Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски на прес-конференцијата по натпреварот ја презеде одговорноста на себе за поразот, и кажа дека од вакви натпревари треба да се научи многу за во иднина. „Сакам да честитам на Турција за заслужената победа, навистина ...
ЕКИПА во Истанбул, Турција Горан Бошев Убедлив пораз на Македонија на пријателскиот натпревар против Турција одигран во Истанбул. Расположениот домаќин не остави ниту простор за надеж за чудо крај Босфорот. Турците едноставно „летаа“ по теренот, а нашите репрезентативци како да се потклекнаа под притисокот од трибините, од блиску 50.000 гледачи на стадионот на Фенербахче, правеа почетнички грешки, тешко се врзуваа, а домаќините сето тоа го ...
Помалку од две недели пред почетокот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, суперкомпјутерот ги објави своите конечни прогнози. Според суперкомпјутерот, победник на овогодинешното Светско првенство ќе биде Шпанија. Според пресметките, шансите на Шпанија за освојување на Мундијалот се 16,1 процент од симулациите, што ги става пред Франција (13 проценти), Англија (11,2 проценти) и Аргентина (10,4 проценти). Овие четири национални ...
ЕКИПА во Истанбул, Горан Бошев Турските репрезентативци се загреваат за претстојниот мундијал полнејќи ја мрежата на Македонија, па така во 70. минута домашната селекција веќе поведе и со 4-0 на мечот што се игра во Истанбул. Немоќта на нашиот национален тим безмилосно е казнета од турските фудбалери, кои поведоа и со 4-0, со погодокот што го постигна Бурук Јилмаз по една одлична акција по десната страна. Крадењето авторски текстови е казниво ...
ЕКИПА во Истанбул, Горан Бошев Селекторот Седлоски направи неколку замени во составот на паузата меѓу двете полувремиња, но без позначаен напредок во нашата игра. Турците продолжуваат со целосна контрола над ритам на игра, а домашната селекција во меѓувреме стигна и до трет погодок откако Денис Ѓул одлично се снајде и со глава го матираше Димитриевски. Лош почеток на второто полувреме за нашата репрезентација во Истанбул… Крадењето авторски ...
ЕКИПА во Истанбул, Турција Горан Бошев Пеколна атмосфера, расположен противник и на сето тоа кога ќе се додадат грешки во одбраната, сето тоа скапо ја чини Македонија по првиот дел да губи од Турција со 2-0. Македонија може да жали што не даде барем еден гол, со оглед дека Алиоски имаше огромна шанса откако се најде сам пред голот на противникот, меѓутоа не успеа да намали. Катастрофалниот почеток на нашата селекција, придонесе пречката да се ...
Филип Глигоров повторно е слободен играч откако македонскиот дефанзивец реши да си замине од косовскиот прволигаш Феризај чии бои ги бранеше во последните три сезони. Нашиот интернационалец беше меѓу најзаслужните што Феризај успеа да се врати во елитното друштво, Глигоров сезонава беше дел од овој тим во Првата лига, но сепак реши на крајот од сезонава да се раздели од косовскиот клуб. Неофицијално, за услугите на овој квалитетен и искусен ...
Турција продолжи да доминира по водечкиот гол на Кокчу, па домашната селекција на почетокот од 16. минута веќе има предност од 2-0 во дуелот со македонскиот национален тим. Узун беше стрелец на вториот погодок за турската селекција, откако одлично се снајде и испрати удар од петнаесетина метри што мина меѓу првиот дирек и Димитриевски, завршувајќи во нашата мрежа. Голот на Узун за 2-0 може да го погледнете ОВДЕ, а останува да се надеваме дека ...
ЕКИПА во Истанбул, Горан Бошев Не минаа ниту две минути игра, а Македонија веќе губи со 1-0 на гостувањето против Турција на пријателскиот меч што се игра на стадионот во Истанбул. Нашите избраници имаат катастрофален почеток, по само десетина секунди домаќините ја затресоа гредата од голот на Димитриевски. Акцијата продолжи, ние ја добивме, па ја загубивме топката, по што Кокчу одлично се снајде и по додавање од десната страна рутински го ...
Спортската јавно во Грција е во шок откако денеска пристигна трагична вест – во сообраќајна несреќа животот го загуби поранешниот фудбалски репрезентативец на нашиот јужен сосед, 33-годишниот Мариос Оиконому. Трагедијата се случила додека возел мотоцикл и се судрил во аввтомобил што вртел полукружно. Брзата помош стигнала експресно на местото на несреќата, но за жал не успеала да го спаси животот на грчкиот фудбалер. Оиконому во кариерата ...
Рекордерот по број на одиграни натпревари во Премиерлигата, 40-годишниот Џејмс Милнер го објави крајот на својата богата фудбалска кариера, пренесува Би-Би-Си. Во 24 сезони во Премиерлигата, англискиот играч од средниот ред одигра 658 натпревари и запиша 56 гола и 87 асистенции. Кариерата ја започна во Лидс, за кого дебитираше како 16-годишник во ноември 2002 година. После тоа, играше во Њукасл, Астон Вила, Манчестер Сити и Ливерпул, а ...
Огромен удар за француската фудбалска репрезентација пред стартот на Свтското првенство. Од таборот на галските петли доаѓа информација дека Вилијам Салиба е под знак прашалник за Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Салиба се повредил за време на финалето на Лигата на шампионите и поради тоа би можел да отсуствува неколку недели, со што ќе се загрози своето учество на Светското првенство. 25-годишниот централен бек наводно ја влошил ...
Татабања беше два пати надиграна од Охрид и трофејот во ЕХФ Европскиот куп заслужено заврши кај македонскиот тим, но од унгарскиот табор стигнуваат сериозни обвинувања – за расизам од охридската публика кон еден од ракометарите на противникот. Станува збор за Баптист Дамартин, кој на десетина минути до крајот мораше да биде смируван од соиграчите, но и од официјалните лица во салата „Билјанини извори“, а поранешното крило на Нант обелодени ...
Гоце Седоски ги избра единаесетмината што ќе го стартуваат пријателскиот меч што Македонија денеска со почеток во 19.30 часот го игра против селекцијата на Турција. Македонскиот селектор се реши за неколку промени во однос на претходниот дуел со БиХ, па така Омерагиќ ќе добие шанса од првата минута на местото на Растодер, како партнер на Миовски во нападот на „црвено-жолтите“. Алиоски се враќа меѓу стартерите откако поради повреда ги пропушти ...
Собранието на ФК Партизан донесе огромна бура откако досегашниот потпретседател Предраг Мијатовиќ реши да си поднесе оставка од функцијата во клубот. Мијатовиќ во изминатиот период беше во војна со остатокот од Управниот одбор, легендарниот голгетер се бореше да го преземе раководењето со клубот, но не успеа да го обезбеди потребното мнозинство во собранието. Откако стана јасно дека ја нема довербата на голем дел од делегатите, Мијатовиќ ...
Поранешниот македонски репрезентативец Дејан Кукуловски ја продолжува својата кариера на меѓународна сцена. Српскиот клуб Металопластика Шабац денеска официјално го потврди потписот со македонскиот бек, најавувајќи го како супер засилување за претстојната сезона. Кукуловски синоќа го одигра својот последен натпревар во дресот на РК Охрид, со што стави крај на успешната епизода во македонскиот шампионат. Неговиот нов клуб, кој во својата ...
ЕКИПА во Истанбул, Турција Горан Бошев Една победа има Македонија во досегашните натпревари против Турција. Тоа беше на пријателски натпревар во 2006 година во Австрија, кога Горан Мазнов донесе триумф на нашата репрезентација против Турците. Последниот натпревар овие две репрезентации го одиграа во 2017 година во Скопје кога дуелот заврши без голови. Претходно во сезоната 2002/03, кога Турција два пати ја совлада Македонија. Во Скопје беше ...
Радовиш изминатиот викенд живееше во ритамот на борењето. Повеќе од 70 натпреварувачи од 10 држави, бројни спортски делегации, гости и љубители на спортот беа дел од јубилејното 50-то издание на Меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“, настан кој уште еднаш ја потврди својата позиција меѓу најзначајните и најреномирани боречки турнири во регионот. Турнирот официјално го отвори министерот за спорт Борко Ристовски, со што беше означен ...
Македонскиот голман Столе Димитриевски се најде во потесниот избор на Ла Лига за најдобра одбрана на сезоната. Шпанското фудбалско првенство официјално објави дека неговата бравурозна парада на натпреварот против Севилја е вклучена во топ-5 интервенциите, за кои фановите набрзо ќе можат да гласаат. Димитриевски одигра фантастичен втор дел од сезоната, каде со низа клучни одбрани директно му помогна на својот клуб Валенсија да обезбеди ...
Вилјареал најде замена за Марселино, кој ја напушти клупата на „жолтата подморница“ по три сезони. Се работи за 38-годишниот Ињиго Перез, творецот на големиот успех на Рајо Валјекано, со кого оваа сезона стигна до финалето на Конференциската лига. Во Вилјареал се надеваат дека со Перез ќе се продолжи континуитетот на добри резултати што го започна Марселино, со два последователни пласмани во Лигата на шампионите. Со новиот тренер беше ...
Откако ја врати титулата шампион на Англија на „Енфилд“ во својата прва сезона на клупата на Ливерпул, Арне Слот ги загуби конците на тимот до крајот на втората сезона и покрај тоа што обезбеди пласман во Лигата на шампионите, доби отказ. Арне Слот се збогува со клубот и навивачите на „црвените“. Холанѓанецот ја освои титулата во Премиерлигата во својата прва година на клупата на тимот од „Енфилд“, но втората беше под очекувањата со утешно ...
Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, зборуваше за односот со најголемиот ривал Барселона, но и за уште една разочарувачка сезона. Реал не освои ниту еден трофеј втора сезона по ред, што беше последен пат кога Пеп Гвардиола ја презеде Барселона, кога од 2008 до 2011 година не зеде трофеј. Во овие две сезони, Барселона целосно доминираше. Освои две титули во лигата, како и Купот на Кралот и два Суперкупа на Шпанија. Сепак, Перез фрла ...
ЕКИПА во Истанбул, Турција Горан Бошев Стадионот „Шукру Сарачоглу“ или по ново „Чобан Арена“ во Истанбул, ќе биде домаќин вечерва на македонската репрезентација. Модерна Арена која собира 50.000 гледачи, и вечерва ќе биде полна на првиот меч на Турција пред настапите на Мундијалот. Иако вечерва репрезентативците ги чека жестока атмосфера, сепак, некои од нив знаат како се освојува овој стадион. Дарко Велковски и Бобан Николов играа во првите ...
Ракометната федерација на Македонија денеска информираше дека, со цел обезбедување на највисоко ниво на транспарентност, еднакви услови за натпреварување и непречена организација на бараж натпреварите за пласман во Супер лигата, донесена е одлука за промена на местото на одигрување на бараж натпреварот во машка конкуренција. Бараж натпреварот во машка конкуренција помеѓу РК Струга и РК Младост 1977 наместо во Радовиш, ќе се одигра на ...