Според информациите од шпанските медиуми, Флорентино Перез победи на денешните избори за претседател на Реал Мадрид, па и натаму останува прв човек на „кралскиот клуб“ добивајќи уште еден мандат. Иако различни медиуми пренесуваат различни бројки околу бројот на освоените гласови, сепак е јасно дека Перез успеа да го победи противкандидатот Рикелме. Генералната бројка е дека Перез победил со 65,55% освоени гласови, а Рикелме добил 34,45% од ...

Докторот на данската репрезентација, Мартин Боесен се огласи откако Кристијан Ериксен се сруши на теренот на пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина во Одензе. „Од моја гледна точка, мислам дека неговиот пејсмејкер го активирал шокот додека играл. Мислам дека го видов како се држи за градите и можеби дури и викна: „Ау“. А потоа се сруши. Тогаш отидов кај него. Сега неговиот пејсмејкер се анализира бидејќи може да покаже која е основната ...

Добри вести доаѓаат за данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен кој се сруши на теренот за време на пријателскиот натпревар на Данска со Украина во Одензе. Откако дуелот веднаш по тоа беше прекинат, на сите на стадионот им беше кажано дека фудбал повеќе нема да се игра и дека Ериксен, со оглед на околностите, е добро, објави данската ТВ2. Исто така последно и од Данската фудбалска федерација потврдија дека Ериксен е во свесна состојба и ...

Пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украине е прекинат во 69.минута при водство на Данците од 2-1. Вистински шок и молк на теренот откако Кристијан Ериксен само падна на теренот. Најпрво се фати за градите и се сруши на теренот. Медицинските екипи веднаш се упатија кон него, а откако беше изведен од теренот, судијата досуди крај на дуелот. 🔴 BREAKING: Christian Eriksen Collapses During the Match Against Ukraine! The match has been ...

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски е повторно најзаслужен за победата на Кувајт Спорт на Азиското клупско првенство. Кувајт Спорт Клуб дојде и до втора победа предводен од Кузмановски, против Ал Наџма од Бахреин, каде што игра вардарецот Урош Митровиќ, со 30-26. Македонскиот лев бек беше избран за МВП на мечот со шест гола во противничката мрежа. Десниот бек од Србија, Митровиќ, постигна три гола и беше втор стрелец во поразениот ...

Американскиот центар Хари Џајлс наскоро би можел да го засили белградски Партизан. Хари Џајлс порано беше исклучително ветувачки центар во САД, а кога дојде во НБА од Универзитетот Дјук, многумина беа заинтересирани за неговите услуги. Но, проблемите со повредите на коленото ја забавија и речиси ја згаснаа неговата кариера. Партизан сега е сериозно заинтересиран за американскиот центар Хари Џајлс и тој е многу блиску до потпишување за ...

Виктор Вембањама направи голема грешка на натпреварот број два од финалето во НБА лигата. Њујорк Никс се чудо! Тие имаат 13 едноподруго победи во овие плејоф натпревари и тоа е втор најдобар настап во историјата на лигата, зад легендарните Голден Стејт Вориорс со 15 едноподруго победи во 2017 година. Њујорчани ги украдоа првите две победи во Тексас и водат со 2-0 против Сан Антонио Спарс, па ако победат во Медисон Сквер Гарден, ќе станат еден ...

Бернардо Силва го напушта Манчестер Сити како слободен агент по девет години. Иако се чинеше дека ќе се пресели во Барселона, ситуацијата се промени – Реал Мадрид се приклучи во трката за негов ангажман, наводно на барање на Жозе Мурињо, кој наскоро би можел да седне на клупата на „бланкосите“. Шпанските медиуми пишуваат дека Мурињо лично го контактирал Силва, нагласувајќи дека го сака уште ова лето. Португалецот сè уште ги разгледува сите ...

Кошаркарот на Фенербахче, Вејд Болдвин беше гостин во подкастот „Евро Инсајдерс“, каде што се потсети на деновите што ги мина во Басконија и соработката со Душко Ивановиќ. Болдвин без двоумење призна дека односот меѓу него и искусниот црногорски тренер никогаш не функционирал. „За жал, Душко ми беше тренер таму. Го мразам. Не го сакам. Тој е еден од најлошите тренери што некогаш сум ги имал“, рече американскиот дефанзивец. Тој објасни како не ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гости две и тоа како незаборавни имиња од македонската кошарка во изминатите 20 години, Ненад Зивчевиќ и Тони Грнчаров. Еден од најистакнатите македонски кошаркари, Ненад Зивчевиќ, кој зад себе има богата домашна, но и интернационална, кариера, вели дека еден од најголемите проблеми на домашната кошарка се финансиите, а клубовите се научија „паразитски“ да живеат единствено чекајќи ги ...

Како што пренесуваат казахстанските медиуми, македонскиот репрезентативец Јани Атанасов наскоро би можел да се приклучи на тимот на Актобе. Според најавите, 26-годишниот фудбалер од средбниот ред ќе потпише договор со Актобе до јануари 2029 година. Атанасов играше за грчкиот клуб Лариса минатата сезона, каде што одигра 35 натпревари. Претходно настапуваше и во полското првенство. View this post on Instagram A post shared by Ақтөбе ФК ...

Македонија наредниот период би можела да го добие еден од најголемите трансфери во историјата, ако се реализира преселбата на 16-годишниот Матеј Николов во шпанскиот и европски гигант Атлетико Мадрид. Матеј Николов, кој игра на левокрилната офанзивна позиција, изминативе месец бил под „окото“ на скаутинг службата на Атлетико, каде мина и во кампот на тимот од Мадрид минатиот месец максимално воодушевувајќи ги Шпанците. Според интерните ...

Столе Димитриевски бранеше во неверојатна форма на голот на Валенсија во вториот дел од сезонава, со што беше меѓу најзаслужните што „лилјаците“ обезбедија опстанок во Примера Дивизион. Во Валенсија се горди што имаат голман со квалитетите на Димитриевски во своите редови, неодамна му го продолжија договорот до 2028 година, а поранешниот шпански првак денеска ја објави и најдобрата интервенција на Македонецот во изминатата натпреварувачка ...

Првиот човек на ФИБА, Хорхе Гарбахоса, во опширно интервју за шпанскиот весниик „Ас“ говореше на различни теми, но значаен акцент беше ставен на реализацијата на идејата за влез на НБА на европското кошаркарско тло. Добро познато е дека ФИБА со години не може да се договори со Евролигата околу усогласувањето на термините, ситуацијата со НБА е сосемма поинаква бидејќи од самиот почеток раководството на европската куќа на кошаркарта е дел од ...

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 20 години, Александар Таневски, го објави списокот на повикани фудбалери за контролниот натпревар против селекцијата на САД до 20 години. Натпреварот ќе биде одигран на 8 јуни во Петрич, Бугарија и претставува одлична можност за проверка на формата и потенцијалот на младите македонски фудбалери против квалитетен противник. На списокот на Таневски се наоѓаат 22 фудбалери: Голмани: Стефан ...

Во фокусот на вниманието на шпанската спортска јавност денеска е Реал Мадрид, гигантот во кој се одржуваат претседателските избори кои ќе дадат одговор, дали Флорентино Перез ќе добие нов мандат за прв човек на клубот или на неговото место ќе пристигне Енрике Рикелме. Перез веќе дваесетина години е на чело на Реал, освои се што можеше да се освои и во фудбалскиот и со кошаркарскиот клуб, но слабите две сезони без ниту еден освоен трофеј ...

На денешен ден пред 33 години, еден од најголемите европски кошаркари на сите времиња, Дражен Петровиќ замина во вечноста. Нема роденден на Дражен или годишница од неговата смрт која кошаркарските фанатици ширум светот пропуштиле да ја одбележат сите овие 31 годинa. Многу мастило е потрошено сите овие изминати години во обидите со збор да се опише кошаркарска големина како Дражен Петровиќ, пишувани се бројни книги, монографии, подготвувани ...

Иднината на Леброн Џејмс се уште е максимално атрактивна тема во американската спортска јавност, а последните информации говорат дека легендарниот суперстар би можел да формира „тандем на ѕвездите“ со Стеф Кари во Голден Стејт. „Воините“ се обидуваат да го примамат Леброн во своите редови со години наназад, „кралот“ остануваше лојален на ЛА Лејкерс, но мегадоговорот што го имаше со овој клуб истече, а преговорите за нов воопшто не се движат ...

Јувентус се наоѓа во сериозен проблем откако и Душан Влаховиќ реши да го напушти клубот, па Лучијано Спалети остана без класична „деветка“. Раководството на „старата дама“ работи напорно на ангажман на нов врвен напаѓач, а последните информации говорат дека наследникот на Влаховиќ ќе пристигне од редовите на Атлетико Мадрид. Станува збор за Александер Серлот, норвешкиот ас кој сезонава постигна низа важни погодоци за Атлетико, но сепак не ...

Во фудбалскиот клуб Партизан никогаш не е здодевно, кризата во управата кулминираше со заминувањето на потпретседателот Предраг Мијатовиќ, а следен на излезната врата е тренерот Срѓан Благојевиќ. Според информациите од нашиот северен сосед, главен фаворит за нов тренер а клупската легенда Саша Илиќ. За потсетување, Благојевиќ беше избркан пред крајот на првата полусезона, потоа управата ја призна грешката и неколку месеци подоцна го врати на ...

Манчестер Јунајтед подготвува понуда за напаѓачот на Брентфорд, Игор Тијаго . По квалификациите за Лигата на шампионите, „Црвените ѓаволи“ подготвуваат сериозен летен избор. Приоритет е зајакнување на средниот ред, но веќе имаат договор да го привлечат Едерсон од Аталанта. Клубот од „Олд Трафорд“ ги разгледува своите опции во нападот. Доколку Џошуа Зиркзе си замине, тие ќе бараат да доведат нов напаѓач. Игор Тијаго е на врвот на листата на ...

Елиф Елмас дефинитивно си замина од Наполи и се врати назад во Лајпциг, јасно е дека германскиот клуб не смета сериозно на македонскиот „дијамант“, но Елиф е на цена на фудбалскиот пазар, па веќе доби неколку интересни понуди. Астон Вила е клубот што во моментов води во трката по Елмас, откако актуелниот освојувач на Лигата на Европа ги интензивирал преговорите за да го доведе нашиот ас во своите редови. Вила се подготвува на продажба на ...

Серџо Скариоло пред еден месец беше на чекор да го искачи Реал Мадрид на врвот на кошаркарска Европа. Тоа не се случи, „кралевите“ во неизвесен финиш загубија од Олимпијакос, но дното беше допрено откако Реал беше елиминиран уште во четвртфиналето од домашниот плеј. Ова е апсолутен неуспех ако се знае дека Реал цели 15 години во низа освојува најмалку по еден трофеј, серија што неочекувано е прекината токму под водството на Скариоло. ...

Бразилците со серија од три победи влегуваат во претстојните мундијал откако оваа моќна репрезентација синоќа славеше и на „генералката“ во која за противник го имаше Египет (2-1). Дуелот одигран во Кливленд почна извонредно за „кариоките“, кои по само неколку минути игра поведоа преку Бруно Гимараеш. Радоста кратко траеше откако Маркињос направи огромна грешка, а Мостафа Зико се најде на вистинското место и го израмни резултатот. Бразил ...

Репрезентацијата на Англија воопшто не импресионираше со играта, но сепак успеа да слави над Нов Зеланд со минимални 1-0 на последниот меч што „гордиот албион“ го одигра како загревање за СП 2026. Селекторот Томас Тухел направи бројни ротации во тимот, шанса за деби доби и младиот Рио Нгумоха од Ливерпул, но англиските фудбалери се мачеа доминацијата и поседот на топката да ги претворат во поубедлива победа. На крајот, пресуден се покажа ...

Репрезентацијата на Германија со 2-1 ја совлада селекцијата на САД во пријателски натпревар одигран во Чикаго. Двете селекции одиграа рамноправен натпревар, а на крајот Германците ги искористија шансите и дојдоа до победата. Каи Хаверц во 2. минута од средбата со глава успеа да донесе предност за Германците. Американците израмнија со прекрасниот погодок на Робинсон, кој со волеј од 20 метри го совлада Бауман. Лерој Сане во 57. минута успеа да ...

Експедицијата на Ирак пристигна во САД на Светското првенство, но доживеја непријатност откако напаѓачот Ајмен Хусеин бил задржан и испрашуван седум часа на аеродромот „О’Хара“ во Чикаго по пристгнувањето на селекцијата. Според информации блиски од селекцијата, на Хусеин му бил детално прегледан мобилниот телефон, а потоа следувало и испрашување кое траело неколку часа. На крајот 30-годишниот голгетер добил дозвола за влез во САД. Засега ниту ...

Два црвени картони и победа за Португалија на (не)пријателскиот натпревар против Чиле со 2-1 кој се играше во Лисабон, непосредно пред почетокот на Светсткото првенство. Португалија на крајот славеше со два гола во вториот дел, но мечот беше во фокусот поради двата црвени картони, по еден на двете страни после големата мешаница на крајот од првиот дел. Поцрвенеа Леао кај Португалија, и Роман кај Чиле, откако меѓусебно тргнаа да се ...

Кошаркарите на Реал Мадрид нема да ја бранат титулата во шпанското првенство оваа година. Тие беа поразени на домашен терен од екипата на Тенерифе во мајсторката на четвртфиналната серија со резултат 107:95 (24:23, 21:26, 28:21, 22:37). Натпреварот беше израмнет до последната четвртина, кога гостите стигнаа до 12 поени разлика, со што беа подобри на крајот. Австралиецот Пети Милс беше најефикасен кај Тенерифе со 29 поени, на кои додаде една ...

Филип Кузмановски, капитенот на македонската репрезентација со победа ја почна авантурата во Кувајт. На првиот меч во Азискиот шампионат, славеше убедливо против тимот на македонскиот тренер Данило Бресотввац, Ал Араби. Кувајт на крајот дојде до триумф од 27-22, а Кузмановски беше најефикасен во својот тим со пет гола, колку што имаше и Липовина. Во голема мера победникот беше решен уште по првиот дел кога Кувајт имаше предност од 16-9. ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.59
87%
1014
weather icon

Белград

13ᴼ / 13ᴼ
3.13
91%
1019
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
78%
1021
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.87
87%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.17
89%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.72
87%
1021
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
0.89
41%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
86%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
0.38
81%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
4.47
73%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
65%
1019
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
3.42
82%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Иридиум

253540.09

Злато

131337.93

Платина

53756.05

Бакар

12.52

Сребро

2072.63

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.48

Калај

51.97

Паладиум

39545.42

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97