Од толку многу дрвја не се гледа шумата - погрешно: поговорката во овој случај би гласале од толку многу светла не се гледа дрвото. Оваа раскошно украсена божикна елка се наоѓа во главниот град на САД, Вашингтон и е висока речиси 23 метри. Би било убаво кога не би било светлосното загадување - проблем за многу животни. Ако сакате да осветлите на еколошки прифатлив начин, можете да користите суптилни жолти светла и да ги исклучувате навечер. ...

Полска и Унгарија се на посебен начин историски поврзани. Двата народи меѓусебно се поддржуваа во нивните стремежи за независност, борците за слобода од двете земји притрчуваа едни на други на помош во егзистенцијални историски моменти, како за време на анти-хабсбуршката револуција од 1848 година. И за време на анти-комунистичката револуција во Унгарија во 1956 година, Полјаците спонтано организираа крводарителски акции за жртвите од советската ...

Загадениот воздух во Скопје ќе се намалува со проект за споделување и изнајмување електрични возила. Министерката за енергетика Сања Божиновска и министерот за животна средина Изет Меџити во понеделникот потпишаа писмо со намери со словенечката компанија „Авант Кар“ која треба да го реализира првиот проект за 100% електричен кар-шеринг во Скопје. Преку овој проект, граѓаните во главниот град на Македонија ќе имаат пристап до модерен, економичен ...

Има нешта за кои толку долго сонував што, кога се остварија, ги доживеав како чудо. Затоа што имам егејско потекло, знам дека многу сонови не се остваруваат. Сонот на татко ми да се врати „дома”, во Овчарани (Meliti), остана неостварен до смртта. Во Граѓанската војна во Грција, на петнаесет години, во една зимска ноќ 1947-та, тој пребега, заедно со родителите, преку грчко-југословенската граница. Мајка му, баба ми Кица, не стигна до границата. ...

На плоштадот Славија во Белград во неделата навечер (22 декември, 2024) имаше сто илјади луѓе, објави Архивата за јавни собири, која се занимава со броење и проценка на бројот на демонстранти. Со тоа собирот е најголем откако Србија стана независна и едвај помал од оној на петти октомври, 2000 година. Полицијата, пак, зборуваше за 30 илјади учесници, цифра што ја повтори и српскиот претседател Александар Вучиќ. Јасно е дека огромен број граѓани ...

Нападот во Магдебург со петмина загинати, отвори нова дебата за заострување на законите и за пропусти од страна на властите. Сојузната министерка за внатрешни работи Ненси Фезер (СПД) се залага за брзо носење нови закони за внатрешната безбедност. Во интервју за магазинот Шпигел, Фезер го спомена новиот закон за сојузната полиција, кој има за цел да ја зајакне сојузната полиција или воведување биометриски надзор над странците. „Сите наши ...

Лекарски или организациски пропусти, добро или лошо менаџирање - се бараат одговори низ наодите од контролата на здравствениот инспекторат и стручната комисија, а во тек е и евалуацијата на работата на повеќе директори на клиниките. Неколку случаи на смрт на деца ја вивнаа темата во фокусот, но најмногу со меѓупартиски обвинувања, при што е помината линијата која ја разграничува грижата за здравјето и животите на децата - од ловењето политички ...

Ден по смртоносниот напад на божиќниот пазар во Магдебург, германските медиуми се убедени во две работи. Прво, имало безбедносен пропуст бидејќи просторот на божиќниот пазар не бил опкружен со бариери за да не може да навлезат автомобилите. Второ, овој напад ќе влијае на предизборната кампања која практично веќе започна во Германија. „Овде станува збор за дупка во обезбедувањето. Бидејќи влегувањето на божиќните пазари со возила е познато ...

Проблемот е познат одамна, а Германците го нарекуваат Dunkelflaute, состојба во енергетската економија кога од ветрот и фотоволтаиците поради мрак не се добива доволно електрична енергија. Одржливите извори на енергија како што се сонцето и ветерот се нешто убаво и пожелно, но токму сега, кога се наближува најкраткиот ден во годината, едноставно нема доволно сонце за производство на електрична енергија во студените зимски денови. Во зима во ...

Потребен е нов Кривичен законик кој ќе биде дел од сеопфатната реформа на правосудниот систем, но санација на последиците што ги предизвикаа претходните измени на КЗ, тешко дека ќе може да се спроведе. Последните отворени истраги за корупциски случаи од висок профил, ги вратија во јавноста пресметките - каква казна би им била запретена на сторителите доколку не беа усвоени спорните измени на Кривичниот законик од 6-ти септември 2023 година. Со ...

Билансот на жртвите во нападот на божиќниот пазар во Магдебург се зголеми на најмалку пет лица, додека повеќе од 200 други луѓе се повредени, соопшти премиерот на Саксонија-Анхалт, Рајнер Хазелоф (ЦДУ) во саботата, по посетата на местото на злосторството со канцеларот Олаф Шолц (СПД). Шолц истакна дека речиси 40 луѓе се толку сериозно повредени „што мораме да бидеме многу загрижени за нив“. Канцеларот, кој го посети местото на трагедијата, ...

Михаил Маринов, директор на фондацијата „Остров Белене“, има еден сон. Неговиот сон нема никаква врска со зачувувањето на природата, иако овој идиличен остров на бугарско-романската граница на Дунав е голем мочуришен биотоп. Тука живеат речиси 500 видови птици, вклучително и морски орли и пеликани, по кои областа е позната. Таа е на лош глас од друга причина: од 1949 до 1989 година, тука беа интернирани околу 15.000 луѓе кои во очите на ...

Најмалку две лица загинаа во нападот на божиќниот пазар во Магдебург во петокот вечерта. Како што потврди премиерот на покраината Саксонија-Анхалт, Рајнер Хазелоф (ЦДУ), еден возрасен и мало дете загинале кога автомобил влетал во толпата. Дел од повредените лица се згрижени во Универзитетската болница во Магдебург, а дел пренесени во болниците во Хале. Осомничениот е уапсен, како што потврди Хаселоф. Станува збор за лекар од Саудиска Арабија кој ...

По повеќедневни тешки преговори, Фолксваген и синдикатот ИГ Метал постигнаа компромис во спорот околу колективните договори. Компанијата сака да укине повеќе од 35.000 работни места во Германија до 2030 година. Фирмата во Берлин соопшти дека намалувањето треба да се изврши на социјално одговорен начин. „Имавме три приоритети во преговорите: намалување на вишокот капацитети на германските локации, намалување на трошоците за работна сила и ...

Подобрата пазарна конкурентност на компаниите во ЕУ е централното прашање кое веќе со месеци го мачи Брисел. Новата Европска комисија, извршната власт на Унијата, е веќе на функција и сега сака да се справи со тоа. На самитот во Будимпешта во ноември, шефовите на држави и влади на ЕУ ја поставија конкурентноста како главна цел за 2025 година. „На Европа итно ѝ е потребно подобрување на конкурентноста“, рече новиот германски министер за финансии ...

Веќе знаете дека политиката е чудесна работа. Дека политичарите може долго време да зборуваат едно, а потоа да направат друго. Или да промовираат нешто што изгледа рационално, усогласено, поткрепено со интереси и ставови, а потоа наеднаш да се протежираат поинакви нешта. Во голем дел проценките зависат од моментот и од интересите што се превладувачки. Во друг момент наеднаш тие проценки се застарени, како и да не биле. Понатаму во текстот ќе ви ...

Владејачката коалиција на Социјалдемократите, Зелените и Либералите имаше намера да претстави нацрт-закон со кој ќе се укине државното финансирање на две големи христијански цркви во Германија, и покрај тоа што се побунија германските покраини. Затоа, владата имаше намера да ја спроведе реформата за да не биде потребна согласност од Бундесратот, законодавното тело во кое се застапени покраините. „За жал, блокадата на покраините ја принудува ...

„Пред мене, на состанокот на ЕПП, Христијан Мицкоски го користеше името предвидено во Договорот од Преспа, односно Северна Македонија, кое е должен да го користи“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на состанокот на ЕПП во Брисел. Според него, „добронамерното спроведување на договорот е единствениот начин да се отвори европскиот пат за соседната земја“. Ваквата изјава предизвика интерес со оглед на фактот дека македонскиот премиер ...

Во Германија владее кризно расположение. На стопанството не му оди добро, сѐ повеќе претпријатија планираат да го намалат бројот на вработени. Освен тоа, скапотијата продолжува, а распадот на владејачката коалиција значи дека на 23 февруари ќе се одржат предвремени избори. Сепак, според месечната анкета на јавното мислење Дојчландтренд, која ја објавува јавниот сервис АРД, најголем страв кај Германците буди помислата дека војната во Европа може ...

Жителите на главниот град Скопје ќе останат „жедни“ среде зима поради санација на дефект. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) советува да се складира најмалку четири литри вода по лице на ден, водата да се користи само за основни потреби како пиење, готвење и лична хигиена, да се користат средства за дезинфекција на раце ако нема достапна вода, да се готват оброци кои не бараат многу вода за подготовка и миење и слично. Граѓаните деновиве поитаа ...

СДСМ ќе објави сериозни индиции за вмешаност на МВР и Тошковски во бегството и нови „случајности“ кои ќе отворат сомнеж за вмешаноста на МВР во целата работа, најавија денеска (19.12.) од партијата. „Министре, батериите ли се криви за бегството на Груби?“, прашаа Социјаледмократите откако Одделот во МВР за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди соопшти дека утврдил пропусти кај двајца полициски службеници за ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц повика на дополнителна поддршка за Киев во телефонски разговор со идниот американски претседател Доналд Трамп. Шолц изрази надеж дека што е можно поскоро ќе го посети Трамп. „Ова е нешто што е во тек“, изјави тој по самитот во Брисел. Освен тоа, Шолц по телефонскиот разговор со Трамп изрази увереност во тоа дека Европа и САД заедно ќе ја продолжат својата поддршка за Украина. „Но, се разбира, со јасна перспектива ...

На речиси точно еден месец од претседателската инаугурација, Доналд Трамп ја прашува Европа, што има да понуди и да даде за мирот во Украина?! На тесниот Самит организиран во Брисел од страна на Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, тоа е прашањето кое им се поставува на сите присутни. Затоа што по влезот на Трамп во Белата Куќа, преговорите со Москва и Кремљ може да доживеат нагол пресврт. Оттука, потребен е одговор, и повеќе од само одговор ...

Се повлекуваат ли од Сирија, или не? Тоа е прашањето што аналитичарите за Блискиот Исток си го поставуваат за руските војници во последните неколку дена. Истражувачите на отворени извори на информации, користејќи сателитски слики и онлајн следење на воздушниот сообраќај, забележуваат значително движење во долгогодишните руски бази во Сирија, откако режимот на сојузникот на Москва, сирискиот диктатор Башар ал-Асад, беше соборен пред речиси две ...

Фолксваген: Кризно расположение и покрај високи добивки Кризно расположение кај најголемиот германски производител на автомобили. Се дебатира за затворање на погони, како и за технолошки вишок. По консултации на менаџментот, производителот на автомобили неодамна не ја продолжи ни клаузулата за обезбедување на работа, што е во сила до 2029 година, и која досега постојано се ажурираше почнувајќи од 1994 година. Притоа концернот стои добро во однос ...

Тоа беше случај кој ја потресе Франција и целиот свет. Храбрата Жизел Пелико се соочи со десетици нејзини силувачи на суд. И со мажот со кој со децении беше во навидум хармоничен брак. Со човекот кој ги организирал силувањата. Доминик Пелико е осуден пред судот во Авињон на две децении затвор, откако беше прогласен за виновен по сите точки од обвинението. Новинарите јавуваат дека тој плачел додека ја слушал пресудата. Претходно за време на ...

Серија пропусти коишти испливуваат секојдневно на површина укажуваат со каква леснотија поранешниот вицепремиер Артан Груби ја напуштил Северна Македонија и преминувајќи ја непречено северната граница заминал на Косово, само неколку минути пред да биде извршен полицискиот претрес во неговиот дом. Откако во неделата (15.12) испрати порака преку Фејсбук дека ќе се врати дома, откако ќе ги заврши обврските, тој повеќе не се огласи на социјалните ...

Кристално јасно сознавам дека светот и животот се чудо кога ќе се разбудам во ноќта. Некаде после полноќ, додека само понекој прозорец е осветлен, а се‘ друго е потонато во ноќен спокој. Тогаш не го палам светлото во собата, туку застанувам крај прозорецот. И зачудена сознавам дека во тој ноќен мрак, окото гледа поинаку, појасно, поспокојно и повнимателно. Затоа што тогаш формите, куќите, улиците, градините зрачат со непозната јасност. Како ...

Смог и магла повторно ги загушија македонските градови, а Скопје се најде меѓу десетте најзагадените градови во светот, според последните податоци на платформата IQAir. Индексот на загаденост во 11 часот беше 172, што е индикација дека граѓаните на главниот град дишат исклучително нездрав воздух, во којшто има пред сѐ ПМ 2.5 честички. Во светски рамки, полош воздух дишат жителите на Сараево, Лахоре, Делхи, Калкута, Техеран…На домашен терен, пак, ...

Средина на деведесеттите. Штотуку вработен како преведувач, придружував делегација на западни експерти по економски реформи на средби низ домашните мнистерства. Во најзначајното, Министерството за финансии, нѐ пречекаа неколку бирократи, предводени од типична хомосовјетикус дама во средни години, со огромни сини коси, кежуал елече врз рамена, апсурдно поцрвенети усни, редица бисери околу вратот над претесната кошула. Откако експертот се ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1028
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
82%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1025
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
1029
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.63
72%
1027
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.4
98%
1026
weather icon

Атина

20ᴼ / 19ᴼ
3.58
52%
1022
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
82%
1023
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
52%
1024
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
71%
1025
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 10ᴼ
1.54
84%
1025
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
67%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941