
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Електродистрибуција, за сите заинтересирани дистрибутивни производители, на својата веб страна www.elektrodistribucija.mk стави на располагање интерактивна мапа на која e прикажан моменталниот капацитет на високонапонските трафостаници за приклучување на фотоволтаични системи. Отсега, сите заинтересирани имаат можност во било кое време да ја проверат состојбата на капацитетите со кои располага електродистрибутивниот систем, како и состојбата во ...
Реонструкција на ученичките тоалети, на покривот, на вратите и подовите во 34 училници и Машинската работилница се четирите приоритетни проекти со кои би се подобриле условите за одржување на настава во Државното училиште – Регионален центар „Коле Неделковски“ Велес. Сите четири проекти се значајни додека реконструкцијата на спортската сала е од особен интерес за ова средно стручно училиште откако таа се користеше како објект за вакцинирање на ...
Основото јавно обвинителство Велес, донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишниот Т.А од Велес, кај кого при претрес во домот на 13 март, годинава, од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, биле пронајдени околу 90 грама хероин измешани со кофеин и працетамол. Обвинителството на велешанецот кој е осомничен за кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет ...
Во директна комуникација со жителите на општина Чашка и средби пред се со жените, полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес и од Полициско одделение Чашка, вчера, ја спровеле превентивната активност насловена „Има помош за живот без насилство“. Делејќи им информативни материјали полициските службеници ги информирале граѓаните за формите на насилство, каде може да го пријават случајот и како да се ...
Велешанецот Зоран Николов е автор на четирите фотографии што денеска ги објавува Дума.мк. Тие прикажуваат делови од Велес фотографирани од апаратот на сограѓанинот на којшто фотографијата му е пасија. Николов иако е дипломиран електро технички инженер, десетина години своето слободно време го посветува на фотографирањето, автор е на повеќе фото сесии кои по потреба ги изработил за свои сограѓани кои одбележувале значајни датуми во својот живот. ...
Педесет годишниот неготинец Т.Б кој работел како чувар во Јавното претпријатие Неготино, вчера, во 12:45 часот во Одделение за внатрешни работи Неготино пријавил дека бил физички нападнат од две велешанки кои питачеле на Градските гробишта во Неготино. -Т.Б пријавил дека бил физички нападнат од Џ.Џ.(29) и А.Џ.(28), двете од Велес затоа што не им дозволувал да питачат на гробиштата, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес. По ...
Велешкиот афористичар Коки понеделнички со шест нови афорзми за читателите на Дума.мк. Уживајте: -Можеби звучи парадоксално, но денес, кој нема во главата…главен е!. -Ако времето е пари, тогаш многуте наши забегани, алчни, бездушни и бесрамни корумпирани политичари, не знаат што да прават со времето. -Лошиот маж е како лошиот ученик: честопати други им ги изработуваат домашните задачи. -Професионалното искуство на мојата колешка и допринесе ...
Изложбата на големите јапонски мајстори за дрворези кои го отсликуваат „јапонскиот лебдечки свет УКИЈО-Е“ од XVII и XVIII век, денеска, беше отворена во Ликовен салон Велес. Дваесет и седумте принтови од цртежи на најпознатите мајстори на дрворези од тој период предизвикаа особена интерес за велешани. Н.Е г-дин Казуја Оцука, Амбасадор на Јапонија, пред присутните се обрати на македонски јазик и рече дека народот од Јапонија и од Велес се ...
За инвестирањето во нова опрема, во кадарот и во целокупната инфраструктура ja пофали заменик министерката за здравство др Маја Манолева денеска работата на ЈЗУ Општа болница Велес. По разгледување на медицинските апарати на Одделението за Рентгенологија и во Интернистичките амбуланти на приземјето на болницата д-р Манолева ги наброја сите нови здравствени апарати, отворени нови кабинети и како добра практика ја издвои воведената нова ...
Без притисоци и списоци, без телфонски повици и без сендвичи и комбиња! Бојан Велевски и Марјан Ѓеоргиевски пред преполната сала во Марко Цепенков, од Прилеп ја започнаа својата кампања за спас на Македонија! Префинет, политички, интелигентен хумор, по текст на маестро Божидар Божиновски. Перформанс кој наиде на одличен прием кај пребирливата прилепска публика. Испратени со овации и голема поддршка во нивниот поход да го разубават бар за тие час ...
Директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат Рената Младеновска најави дека денеска ќе биде донесена новата одлука со дообјаснувањето од Комисијата за заразни болести со што ќе се овозможи од понеделник во градинките да се примаат деца кои ја имаат комплетирано вакцинацијата со три дози против пертусис. ДСЗИ неделава изврши стотина вонредни инспкциски надзори низ градинки во кои, како што рече, е утврдено дека се почитува решението ...
Четириесет и две годишниот К.С од Кавадарци во Полициска станица Кавадарци пријавил дека на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци неговиот малолетен син бил нападнат од две лица, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес. Исто така, во истата полициска станица било пријавено и дека шеесет и четири годишниот Б.Н од село Марена, кавадаречко, на фудбалско илгралиште во селото со дрвен предмет бил нападнат од А.А. Во дневниот билтен на СВР Велес ...
Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на Грантот “All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“ од вториот повик отворен за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе без разлика на етничките разлики да користат стрипови како соодветна културна алатка за промовирање на ...
Велешкиот афористичар Атанас Крлевски овој петок со нови афоризми на тема за животните (коњот и магарето). Како што појаснува тој и од животните имало многу да се научи и додава „Јас сум учел од нив, а учете и вие – што треба и што не треба да правиме“. -На коњ сум! Си купив магаре. -И магарето го става коњот во втор план. Кога рика! -Каде нема добри коњи, прашина се крева оти се лоши патиштата. -Освен зад добрите коњи, прашина се крева и зад ...
Децата со дијабетес во ништо не се разликуваат од останатите деца. Само нивната здравствена состојба бара малку поголема посветеност и контрола, рече на денешната, прва, обука пред дел од воспитувачките, негувателките и стручниот персонал во велешката градинка „Димче Мирчев“ едукаторката Наташа Деспотовска Димитриевска, серифициран едукатор за дијабетес. Таа е и претседателка на Асоцијацијата на детски дијабет на Македонија „Баланс МК“. Според ...
По целосно реконструиран пат граѓаните веќе возат од Велес до Градско. Делницата долга 20 км е алтернативен пат на автопатот на кој се плаќа патарина. Се работи за најфрекфентната регионална делница во регионот, за чија рехабилитација во должина од 20 километри беа инвестирани речиси 7 милиони евра. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска извршија увид во рехабилитација на ...
Образовниот процес во училиштата честопати се критикува но денеска, кога во светот се слави Меѓународниот ден на бројот ПИ професори од велешките училишта велат дека треба да се пофали интересот на ученици коишто покажаа и докажаа дека се добри математичари. Нивниот број не е мал сметаат педагозите и воедно ги поттикнуваат да го развиваат својот вроден интелектуален капациетет кога станува збор за овој предмет во образованието. Математиката не е ...
Триесет и осум годишниот Б.Р од Скопје бил приведен вчера утро, во 9:05 часот на улица „Гоце Делчев“ во Неготино од страна на полициски службеници од ОВР Неготино. Тој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од две години за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје на издржување на казната. ...
Во двор од семејната куќа вчера, од страна на лекар од Итна медицинска помош Велес била констатирана смрт без траги на насилство кај седумдесет и четири годишниот К.К од Велес. Како што соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес, според пријавеното од 58 годишната сопруга на починатиот велешанец, тој околу 17:00 часот паднал по скали по што починал. Случајот во Сектор за внатрешни работи Велес бил пријавен од страна на Итна медицинска помош ...
Завршени се градежните работи и опремен е просторот во којшто ќе бидат згрижувани бездомните кучиња со издавање на ветеринарни услуги од деветте општини на Вардарски плански регион. Регионалниот центар ќе функционира во Кавадарци. Тој се наоѓа на локација со површина од на површина од 5470 м2 во кавадаречката населба Глишиќ. Ова е значаен објект за деветте општини Свети Николе, Лозово, Велес, Чашка, Градско, Росоман, Неготино, Кавадарци и Демир ...
Полициски скужбеници од Отсек за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес и од ПС за БПС Велес, вчера, на улица „Благој Ѓорев“ реализирале превентивна активност под мотото „Не користи мобилен телефон-биди одговорен возач“. Исто така, од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес на магистралниот пат А1, Градско – Прилеп била реализирана превентивна активност под мотото – „Стави појас“, а со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот ...
Жената којашто, посветено, цели 26 години од својот живот работи во граѓанскиот сектор во Велес на подигнување на јавната свест на граѓаните за правата и потребите на лицата со церебрална парализа и други попречености е добитник на наградата Европска жена за 2024 година во Македонија. Тоа е Велешанката Далиборка Златева позната по промените што таа и здружението на граѓани чија претседателка е ги прават за членовите кои се лица со церебрална ...
Две илјади пациенти од целата држава кои се во ризик да развијат хронично бубрежно заболување ќе бидат контактирани да се јават на бесплатен скрининг кој ќе почне овој месец и ќе трае четири месеци. Во пресрет на Светскиот ден бубрегот – 14 Март, министерот за здравство Илир Демири денеска го соопшти проектот чија цел е подигнување на свесноста за бубрежното заболување и неговата рана превенција. По илјада пациенти во скринингот ќе опфатат два ...
Комедијата „Вечера за глупаци“ во режија на Ненад Витанов е првата премиера за оваа година којашто велешки Театар „Ј.Х.К Џинот“ ја подготвуваше во изминатиот период. Според директорот на театарот Сашо Димовски во оваа претстава се комбинира комедијата на карактери со комедијата на ситуации. -Јас сум сигурен дека публиката ќе ужива во оваа комична фабула. Затоа ја повикувам публиката да ни се придружи на премиерата но и во понатамошните ...
Шеесет и три годишниот Ј.К од Велес, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при Сектор за внатрешни работи Велес кои при претрес во домот на велешанецот, извшен со судска наредба, во доворот пронашле и одземале неколку пакувања со бела прашкаста материја. Од СВР Велес информираат дела велешанецот бил задржан во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По ...
Учениците од општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Кавадарци, во понеделникот, беа дел од едукативна работилница на тема „Насилство во училиштата“ и „Врсничко насилство“ спроведена од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес. -Притоа, во рамки на работилницата преку соодветно подготвена презентација учениците беа запознаени со феноменот на насилството меѓу децата, со формите на ...
Здравствен персонал од Службите за имунизација на Здравствен дом Велес денеска ги проверувале вакциналните картони во сите седум објекти на ОУДГ„Димче Мирчев“. Лекарите и медицинските сестри ја констатирале состојбата со имунизацијата во градинката. Од вкупно 1200 вакцинални картони, на исто толку деца кои престојуваат во седумте објекти, кај 127 е констатирана состојба на нецелосна имунизација со вакцината ДТП. Тоа изразено во проценти изнесува ...
Велес е град којшто создаде повеќе децениска традиција на театарски фестивали и на тоа е особено горд, рече помеѓу другото градоначалникот Марко Колев на денешната прес конференција на која беше соопштен годинешниот добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“ актерот Тони Михајловски. Режисеот Ненад Витанов ја соопшти фестивалската програма составена од шест театарски претстави и еден Stand up. -Фестивалот ќе започне идната среда, на ...
Македонскиот театарски и филмски актер Тони Михајловски е годинешен добитник на престижната актерска награда за животно дело „Петре Прличко“. Одлуката ја донесе жири комисијата составена од актерите Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов и Слободанка Чичевска. Образложувајќи ја едногласно донесената одлука за доделување на наградата, Чичевска меѓу другото рече дека годинешниот добитник Михајловски е театарски и филмски актер кој над три децении е ...
Четириесет и едно годишниот В.Б од Свети Николе десете тешки кражби ги извршил во еден ден, на 10 март, годинава. Крадецот украл се што можел да понесе со себе од десет продажни објекти во Градскиот пазар во Свети Николе. Во пленот имало и пари. Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе при СВР Штип се посомневале дека можен сторител на кражбите бил В.Б кого го лишиле од слобода. Тој бил задржан во Полициска станица ...