
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец февруари годинава се карактеризира како екстремно до многу топол и сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, месечната температура се движела од 2,4 целзиусови степени во Лазарополе до 9,7 во Гевгелија. Споредено со просечните февруарски средномесечни температури, ...
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 18:50 часот на улица „Јордан Хаџи константинов Џинот“ ги привеле педесет и шест годишниот Л.М и четиринаесет години помладиот З.Б, двајцата од Велес. – При преглед во патничко возило „цитроен“со скопски регистарски таблички, кое го управувал Л.М., а З.Б. бил сопатник, кај З.Б. бил пронајден и одземен нож. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, пишува во ...
Бојан Велевски и Марјан Георгиевски низ Македонија со стенд ап предизборна кампања! Текстот „МОЖЕВМЕ (мало сутра)“ е на маестрото за политички хумор Божидар Божиновски, кој се покажа како добитна комбинација на минатата турнеја со Бојан Велевски. Митинзите, како што ги нарекоа, се во сите поголеми градови низ државата, а темата на шоуто е предизборната кампања, македонското општество и менталитет и политичка култура. Митингот во Велес е закажан ...
Пустиник на местото наречено Символи, на азискиот Олимп. Од малечок стапи во манастир, се замонаши и сè до длабока старост го помина животот во пост, молитва, бдение и непрестаен труд. Остана чист и целомудрен до крајот на животот. А бидејќи на чистите и целомудрените Бог им дава власт над духовите на злобата, му даде и на Тимотеј. Трудејќи се околу својата душа, Тимотеј успеа да Му изгради прекрасен храм на Светиот Дух во себеси. Овој свет ...
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Битола 43 литри на метар квадратен, во Крушево 38, Прилеп 35 Прилеп, Гевгелија 33 и во Охрид 26 литри, соопшти УХМР. Снежна покривка од 11 сантиметри има во Лазарополе, на Попова Шапка девет и во Крушево четири сантиметри. Во текот на ноќта се задржа облачно со повремено пообилни врнежи од дожд особено во југозападните делови од земјата. Ветерот ослабе и започна да дува претежно северен. Утринава ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 920 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 47,40%, а 52,60% за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 71,20%, кон Итната медицинска помош 23,20%, а кон пожарникарите 3,60%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, 1 046 повици за итни случаи на 112 во ЦУК, што се вкупен ...
Времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а особено во западните делови на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Врнежите ќе престануваат кон крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје облачно со врнежи од дожд ...
Бензините на полноќ поскапуваат за половина литар, а дизелот ќе поевтини за денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Така цената на ЕУРОСУПЕР-95 од утре ќе се продава по 83 денари по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР-98 ќе изнесува 85 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе изнесува 77 денари по литар. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за половина ...
Повеќе од 20 фотографи коишто Атанас Крлевски ги изработил во три колажи ја прикажуваат населбата позната помеѓу велешани како „Интернат“ а нашиот фотограф објаснува и зошто. -Фотографиите на колажот се фотографии од населбата „Интернат“, наречена така по Интернатот „Лазар Лазаревски“ за ученици во средните училишта. Непосредно до Интернатот се наоѓа ООУ „Васил Главинов„ и блок од згради кај Велешани познати како „Топилничките згради“. Оваа ...
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 19:30 часот на улица „Александар Македонски“ во Градско, пронашле пет мигранти од Сирија. Исто така, едно лице мигрант од Авганистан било пронајдено и на Железничката станица во Велес. Од СВР Велес информираат дела сите шест лица се предадени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка. Дума.мк ...
Студентите од денеска парите за субвенциониран оброк ќе ги добиваат неделно односно 840 денари вкупно за шест дена во неделата наместо дневната исплата од 140 денари. Тоа е овозможено со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк и на барање на студентските организации. Министерството за образование и наука информираше дека секој студент кој го остварува правото на субвенциониран студентски оброк од денеска на својата ...
Не исплатените плати за месеците јануари и февруари, годинава, заостанатиот теренски додаток и покачување на платата се само три од вкупно петте барања на синдикалната организација на подружницата ШС „Бабуна“, чии вработените ги бараат преку мировен предупредувачки протест. Протестот започна во петокот а продолжува и денеска со тоа што вработените не работат во период од 30 до 40 минути од работното време. Исто така, вработените на подружницата ...
Успешна е крводарителската акција којашто велешки Црвен крст заедно со „Ѕkill up academy“ ја организираа вчера, 3 март, во просториите на компанијата. Велешани повторно ја покажаа својата хуманост, ја подадоа својата рака и даруваа крв а со тоа се собраа вкупно 71 крвни единици. -Ова е трета година како се реализира оваа акција заедно со „Skill up academy“ и годинава е најуспешна до сега бидејќи собравме вкупно 71 крвни единици, велат од Црвен ...
Велешкиот афористичар Никола Бошков Коки првиот понеделник од месец март, испрати шест нови аафоризми до редакцијата на Дума.мк по повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми март. Уживајте, насмевката е загарантирана! -За празникот на своите жени и многуте мажи ќе се чувствуваат празнично, џебовите ќе им бидат…ПРАЗНИ. -Додека мачките за љубов го имаа цел февруари, на некои жени единствено им преостана…ОСМИ МАРТ. -Не ви вреди многу сознанието дека ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 825 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 43,35%, а 56,65% за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 58,06%, кон Итната медицинска помош 38,71%, а кон пожарникарите 1,43%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, 1 046 повици за итни случаи на 112 во ЦУК, што се вкупен ...
Најстудено изутрина е во Лазарополе, каде во 7:30 часот се измерени -2 степени Целзиусови, а најтопло во Дојран со 10 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на Попова Шапка и Маврови Анови се измерени – 1, во Берово, Крива Паланка, Битола и Претор 1 степен, во Тетово, Крушево, Прилеп, Охрид и Дебар два, Куманово и Велес три, Скопје-Петровец и Кавадарци – четири, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Штип – пет, Виница и ...
Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана, под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните. Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните. Во тој град се појави еден магионичар Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младината во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати да ...
Во Македонија утрово ќе преовладува променливо облачно време, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени, а максималната ќе достигне до 17 степени. Во Скопје времето ќе променливо облачно, а во вечерните часови и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, попладне ...
Двајца наставници од ООМУ„Стефан Гајдов“ Велес заедно со ученици како и специјален едукатор од ОУ со Ресурсен центар „Маца Овчарова“ и родители, од 22 до 26 февруари, годинава, беа организатори и учесници на петдневната мобилност во склоп на Еразмус плус проектот Музика во инклузија“ на која домаќин беше невладината организација „Топофон“ од Тулуз, Франција. М-р Илија Настовски од велешкото музичко училиште појаснува дека преку овој проект ...
Кај мост „Гемиџии“ утрово беше пронајдено тело на починат маж. Според пријавата во Сектор за внатрешни работи Велес откако мажот паднал до него се доближило женско лице кое му ги одзело парите по што го напуштило местото. -На 01.03.2024 во 10.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Илинденска“ во Велес бил пронајден починат Т.Ѓ.(54) од Велес. Според пријавеното, откако паднал до него се доближило женско лице, кое му одзело пари, по ...
Пред дуќаните на Нов мост „Гемиџии“ во Велес, утрово е пронајдено тело на починат маж Т.Ѓ. Од Итна медицинска помош соопштија дека во 09:50 часот од страна на граѓани добиле повик за лице во безсознание во близина на Агенција за вработување. -Во Итна медицинска помош добивме повик за лице паднато кај Агенција за вработување, но нашата екипа го пронајде горе, кај дуќаните во близина на ДОЗ. Констатирана е смрт на машко лице, родено 1970 година ...
Велешкиот афористичар Атанас Крлевски овој петок испрати десет нови крлевизми на тема „за вистината“. Прочитајте ги и како што вели Крлевски слободно пронајдете се! Следете не и следниот петок, да видиме која следна тема ќе го инспирира велешкиот афористичар. Уживајте! -Секоја борба за вистината е нерамен бој. -Вистината не е веќе во виното. Си кажуваме сѐ и со вода. -Не можам да и погледнам на вистината во очи. Кога ќе ме види, го спушта ...
По врнежите од дожд кој ги имаме речиси насекаде низ Македонија, и се поинтензивни во западните и во јужните предели од државава, каде понекаде надминаа и 30 литри на метар квадратен воден талог, за време на овој викенд очекуваме краткотрајна стабилизација на времето и повторно натпросечно топло време, објави „Метеоаларм“. -Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе има сосема мали услови за слаб локален дожд, а на највисоките ...
Министерството за внатрешни работи утрово информира дека од вчера воведена е уште една нова секција на веб сајтот https://termin.mvr.gov.mk/ која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи. Во секцијата наречена „Поднеси барање за термин“ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин. -Откако ќе го испратат барањето, ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во државата во последното деноноќие, а пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје информира за 3 пријавени и изгаснати пожари на отворено, РЦУК Охрид за 1 и Регионалниот ЦУК Штип информира за 6 пријавени и изгаснати пожари на отворено. Сите итни случаи се пријавуваат на ...
„Тирон“ значи „регрут“. Штотуку светиот Теодор беше стапил во војска, во Мармаритскиот полк, во градот Амасија, започна гонењето на христијаните под царевите Максимијан и Максимин. Со оглед дека тој не сакаше да крие дека е христијанин, го подложија на суд и го фрлија во затвор, заклучен и запечатен. Во затворот му се јави Самиот Христос велејќи му: „Не плаши се, Теодор, Јас Сум со тебе, не земај веќе овоземна храна и пијалак, зашто ќе бидеш во ...
Времето денеска ќе биде претежно облачно, со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. ...
На 29 февруари од 1920 година до 2016 година родени се вкупно 54 граѓани на општините Велес, Градско и Чашка. Од вкупната бројка 38 се мажи и 16 жени. Ова според можноста да си го слават сопствениот роденден, на секои четири години, се ретки луѓе. Управата за матични книги, подрачна единица Велес, располага со податоци на евиденцијата на родени од 1912 година. Во неа е евидентирано дека првите четворица граѓани родени се во 1920 година на 29 ...
Инспекцискиот совет најавува дека ќе ја следи состојбата со цените на прехранбените производи по прекинување на важноста на мерката за гарантирани цени, но оттаму велат дека треба малку да се остави и на совеста на производителите и на трговците кои треба да бидат во функција на граѓаните. -Сведоци сме дека Државниот пазарен инспекторат во изминатиов период беше активно на терен и тоа најдобро можеа да го почувствуваат граѓаните бидејќи ...
Четириесет и три годишната Ц.Л од Велес, вчера, во 10:30 часот била лишена од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес поради сомнение за сторено кривичко дело „кражба“. -Според пријавеното, од домот на С.Д.(62) од Велес, со кој претходно била во врска, одзела пари. Таа е приведена во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана ...