
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Mладиот фдубалер Христијан Малески од шампионот Струга Трим Љум се пресели во струмичкиот прволигаш Академија Пандев Брера Струмица. Двата клуба се договорија Малески да биде позајмен во Струмица за поголема минутажа. Веста ја објави Брера Струмица на својата ФБ страна потенцирајки дека Христијан веќе работи со тимот и се очекува да дебитира во зелено црниот дрес на Брера. „Христијан Малески од Струга е новото име во редовите на нашиот сениорски ...
Струмичката епархија го повика верниците независно каде и да се да не веруваат во лагите на расчинетиот расчинетиот свештеник Боро Милчев. Тој последниов период служел меѓу верниците во Пјаченца во Италија велејќи им дека е расчинет само од Струмичката епархија, но дека служи со „благослов“ на самиот Архиепископ. “Со оглед на тоа дека многу од верните чеда од нашата епархија живеат и работат во Р. Италија, во Пјаченца, и кои особено ова лето нѐ ...
Завчера вечер na 13.08. во 20.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Димитар Цветинов“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено лагуна“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.К.(33) од Струмица и патничко возило „фолксваген голф“ со странски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(21) од с.Ињево, радовишко, кое потоа удрило во паркирано патничко возило ...
По концертите во Литванија и повторно во Германија, Симон Трпчески и Македонисимо ќе одржат концерт на 26 август во село Секирник, Општина Босилово, Струмица, родното место на мајката на Трпчески. Концертот во Секирник ќе биде организиран на отворено и ќе биде со слободен влез за сите заинтересирани љубители на Симон Трпчески и проектот Македонисимо, соопштуваат организаторите. ,,Како што минатата година ја стартувавме македонската турнеја ...
Вечерва по полоноќ нафтените деривати поскапуваат за 1,5 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според оваа одлука, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 86,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 88,50, а дизелот ќе се продава по цена од 81 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 80,50 денари. Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,801 денари за ...
Нуркачите од САЕ Тигар на МВР го пронајдоа телото на удавениот штипјанец и го извлекoa на брегот на Дојранското Езеро. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека 42 годишен жител на Штип, кој живеел во Германија е удавениот маж кој е изваден од Дојранското Езеро. „На 13.08.2023 во СВР Струмица е пријавено дека околу 11.30 часот во Дојран, едно лице од педалинка влегло во водите на Дојранското Езеро, но набрзо потонало. Полициски ...
Брера Струмица ја оствари втората првенствена победа ова сезона откако славеше и над новјалијата Воска Спорт. Ване Крстевски со евро гол и Агрон Руфати со глава, беа стрелци на головите за струмичкиот прволигаш кој покажа доминантност на теренот и повеќе шанси кои не ги искористи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината ...
Пред споменикот на петтемина убиени струмички студенти-Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Јармов, Ѓорѓи Костуранов и Стево Топчев, беше одбележана 72 годишнина од нивното убиство. За животот и делото на петтемина студенти говореше Никола Андонов, претседател на Здружението на политички затвореници. ,,Сонот на струмичките студенти заедно со нивната визија и желба за демократска, правна, економски просперитетна држава, каде правото и правдата се ...
Полицијата утрово фатила двајца разбојници кои ограбиле казино во Струмица. Министерството за внатрешни работи соопшти дека украдените пари им биле вратени на сопствениците. „На 13.08.2023 во 05.35 часот од полициски службеници од СВР Струмица лишени се од слобода Е.И.(22) од Скопје и С.А. од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело “разбојништво”. Околу пет часот во казино на ул.”Балканска” во Струмица Е.И., кој ...
Членови на велосипедските клубови од Струмица апелираат до учесниците во сообраќајот да не ги паркираат возилата на вело патеките и локации кои го попречуваат движењето на велосипедистите. Апелот доаѓа откако на социјалните мрежи последниов период се споделуваат споделуваат низа фотографии од непрописно паркирање на возила токму на патеките наменети за велосипедисти. Според нив со вака паркираните возила не само што се попречува двиќењето на ...
Денеска (12.08.2023) во 07.40 часот на бул.„Гевгелија“, поточно на излезот од Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода К.В.(22) од Лесковац, Р.Србија, поради сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“. Тој управувал патничко возило „опел сигнум“, со српска национална ознака, кое учествувало во сообраќајна незгода, а во него биле затекнати 8 лица ...
На иницијатива на иселениците кои живеат во Швајцарија, тамошната општина Фриборг донираше возила и опрема на Општина Босилово во вредност од околу 80 илјади шварцарски франци. Станува збор за донација од функционална метларка за улици, камион, патнички возила како и контејнери и корпи за собирање на комунален отпад кои веќе стасаа во општинскиот центар и се предадени на комуналното претпријатие „Огражден“. За реализација на донацијата лобирал и ...
На 10.08.2023 во 23.30 часот од страна на полициски службеници на граничната полиција од Регионалниот центар Југ, во близина на местото викано Вршник Бара, непосредно покрај граничната линија со Република Грција, биле забележани две лица кои од територија на Република Северна Македонија исфрлиле две торби преку жичаната ограда на грчка територија, а потоа и самите ја преминале граничната линија. Поради сомнение дека во торбите се пренесува ...
Министерството за внатрешни работи денеска објави оглас за вработување на 600 полицајци. 20 полицајци се планира да бидат вработени во СВР Струмица кој го покрива Југоисточниот регион. Освен во СВР Струмица се планира да бидат примени и 10 полицајци во Регионалниот центар за гранични работи Југ кој го покрива овој дел од државата. Останатите полицајци ќе бидат распоредени во Секторот за внатрешни работи Скопје 300 извршители, во Секторот за ...
Во текот на вчерашниот ден во 10.40 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионалниот пат кај с.Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички моторни возила „пасат“, едното со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(43) од Куманово, а другото со српски национални ознаки, управувано од В.А.(52) од Република Србија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото со кумановски ...
Пензионери од Струмица денеска излегоа на протест пред зградата на Општина Струмица и уште еднаш побараа линеарно зголемување на пензиите за 3 500 денари. Пензионерите кои замаат помали пензии се пожалија дека не им се доволни за да можат достоинствено да живеат. „Јас имам пензија од 15 000 денари. Што попрво со тие пари – да ги платам давачките, да земам лекарства и за храна, а знаеме дека се е покачено. Нека се покачат пензиите барем до 20 000 ...
Рокот за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година, за тековните студенти, истекува утре. Пријавувањето е преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/. Како што информираше Министерството за образование и наука во објавениот конкурс, по завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку порталот каде што ја поднеле својата ...
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Струмица, Република Северна Македонија објавува јавен повик за доделување на договор за јавна набавка на Опрема за заштита од шумски пожари – Мал противпожарен камион за гаснење на шумски и градски пожари во рамки на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“ во Југоисточниот плански регион, Република Северна Македонија, со финансиска ...
Словенија во изминатите денови се соочува со последиците од најголемата природна катастрофа во нејзината понова историја. Голем дел од нејзината територија беше засегната од поројните дождови и невремиња кои резултираа со обилни поплави и свлечишта. Голем број граѓани ги изгубија своите домови, а инфраструктурата на земјата е сериозно оштетена. Многупати во минатото нашите две земји меѓусебно се помагале и поддржувале. Сите се сеќаваме на ...
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Струмица, Република Северна Македонија објавува јавен повик за доделување на договор за јавна набавка на Опрема за заштита од шумски пожари – Мал противпожарен камион за гаснење на шумски и градски пожари во рамки на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“ во Југоисточниот плански регион, Република Северна Македонија, со финансиска ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице со двојно македонско и холандско државјанство, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години. На лицето му е одредена и мерка притвор од 30 дена. Како што информираат од Републичкото јавно обвинителство, осомничениот, на 4 август, во неговата куќа во гевгелиско, извршил ...
Општина Струмица денеска постави два пласиткомати каде граѓаните ќе можат да депонираат пластични шишиња а за возврат ќе добиваат средства преку посебна апликација. Истите се поставени во ТЦ Глобал и СОУ Јане Сандански кои допрва треба да почнат да функционираат. Како што соопшти градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов во градот ќе бидат поставени вкупно 3 пластикомати за кои Општината распиша Јавна набавка а фирмата Пакомак која ја ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 отсто. Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 85 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 87, еуродизел (Д-Е V) за 79,5, а ...
На второто издание на „Get EXITed“ настанот во Градскиот парк во Струмица на 7 септември пристигнуваат возбудливи светски и регионални имиња. На овој Егзитов спектакл, кој минатата година го посетија повеќе од 20.000 луѓе, ќе настапи мега-ѕвездата – единствениот продуцент, пејач, текстописец и диџеј Џон Њуман, кој со години суверено ја носи титулата поп и соул ѕвезда. Во Струмица пристигнува и творецот на најголемите светски хитови Бурак Јетер, ...
Вчера во Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода И.Х.(22) од Египет. Околу 07.30 часот тој бил затекнат со група од 25 лица мигранти (меѓу кои пет малолетници), сите од Сирија и по преземени мерки било утврдено дека тој ги организирал и им помогнал илегално пеш да ја поминат државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија. Мигрантите ...
Четворица Срби се повредени во сообраќајна несреќа кога автомобил „шевролет“ излетал од автопатот „Пријателство“. Несреќата се случила околу 1 часот и 40 минути, на автопатот А1, помеѓу Гевгелија и граничниот премин Богородица. Во незгодата со повреди се здобил сопатничката К.С.Ј. (38), додека потешко повредени се М.С. (61), и П.Ј. (36). Повреден е и возачот на „шевролетот“ З.С. (65). Како што е утврдено при преглед на патниците, сите повредени ...
Пожарот кај Богданци кај местото Брдаров камен, кој избувна вчера во 11 часот, целосно е изгаснат, сопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Противпожарните тимови се повлекуваат од терен, а на местото на пожарот е оставена дежурна екипа за да внимава да не дојде до повторно разгорување. Според информацијата од ЦУК, изгорени се над 350 хектари нискостеблеста деградирана шума, грмушки и трева. Нема штета на четирите ветерници низ кои ...
Управата за хидрометеоролошки работи предупреди дека утре во целата земја може да се очекува голема промена на времето, која ќе донесе пороен дожд и грмежи. Оттаму додаваат дека засега не може да се прецизира каде може да се очекува најсилно невреме, но Скопје ќе биде погодено од оваа нестабилност. „Под влијание на атмосферски фронт, утре во попладневните и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има невреме со ...
Пожарот кај Богданци е ставен под контрола и е локализиран, но сѐ уште се појавуваат жаришта на кои со брза интервенција на распоредените пожарникари не им се дозволува да се прошират, информира Центарот за управување со кризи. Како што соопшти ЦУК, на терен се 62 лица, има пожарникари со теренски ПП возила од ТППЕ Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, пожарникари од доброволните ПП друштва од Валандово и Дојран како и тимови на ДЗС и ...
Пожарот кај Богданци, кој избувна денеска околу 11 часот месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се уште не е изгаснат и според информациите оттаму досега изгореле околу 500 хектари нискостеблета шума и сува трева. Досега се исфрелни околу 17 тони вода, пожарот е локализиран, спречено е негово ширење кон пределот каде се поставени ветерниците, но поради смрачување, односно слаба видливост, сѐ ...