
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше во посета на Дојран и како што објави градоначалникот на ова општина Анго Ангов, официјално го најавил започнувањето на градежните активности за изградба на новата и современа пречистителна станица, како и санација на долгоочекуваниот колекторскиот систем! ,, Се чувствуваме горди и задоволни што општина Дојран, заедно со финансиски средства обезбедени од Владата на Р.С.Македонија, но и со средства ...
Навивачката група „Ајдуци“ на својата ФБ страна објавија фотографии од свој перформанс со кои алармираа до сите инволвирани во спортот за позитивни промени. Со огромен транспарент ,,Ајдуците“ кои се верни навивачи на струмичка Беласица упатија апел и до одговорните во спортот и државата но и до младите кои место на спортски терени се повеќе одат во кладилници ,,Спортска Струмица со празни стадиони и сали, со години без медали, а струмичката ...
Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш со 7:0 го декласираше кумановски Башкими и со вкупно 16 бода се наоѓа на на врвот на второлигашката табела. Радовишани победата ја најавија уште по првото полувреме кога има водство од 2:0 а во вторите 45 минути ја ,,решетеа“ мрежата со дополнителни 5 гола. Јусуф Алиу Андрија Кудијан и Славчо Јанев постигнаа по два а во листата на стрелци се запиша и Вилдан Керим. Ова петта победа на Детонит Плачковица ...
Фудбалерите на Брера Струмица цел месец се без победа во прволгиашкото првенство. По стартните четири победи над Вардар, Воска, Струга ТЛ и Тиквеш веќе пет кола немаат славје. Попладнево загубија од Македонија ЃП со 1:0 со што се продлабочи резултатската криза започната од Брегалница во Штип кога претрпеа пораз, па ремито без голови против Работнички дома, поразот од Шкупи во Скопје, ремито со Силекс. Во рамките на 9 коло струмичани офанзивно ...
Градоначалникот на општина Васиево Славе Андонов, со своите соработници беше гостин во детската градинка „Прва радост“, Василево, каде на дечињата им подели играчки донирани од приватна компанија. ,,Детските насмевки, радост и среќа немаат цена. Среќен сум што со нашата постапка, успеавме барем на миг да бидеме причината за детската среќа.Продолжуваме и во следниот период да градиме партнерски однос со детските градинки, бидејќи наша обврска е ...
Градоначалникот на општина Васиево Славе Андонов, со своите соработници беше гостин во детската градинка „Прва радост“, Василево, каде на дечињата им подели играчки донирани од приватна компанија. Играчките измамија насмевки кај дечињата и задоволство кај воспитувачките за кои играчките се средство и алатка во реализирањето на планираните воспитно едукативни содржини и активности кои се составен дел од престојот на дечињата во градинката. ...
На 28.09.2023 во 11.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(21) од Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“ и „одземање на моторно возило“ на подрачјата на Радовиш и Струмица. Во службениот разговор во полициска станица, тој признал дека извршил една „тешка кражба“, една „кражба“ и дека одзел едно моторно возило ...
Во сабота на 30 септември со почеток во 11.00 часот во спортска сала на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица ќе се одржи еднодневен меморијален турнир во одбојка „Илија Караманов“ женска конкуренција. На турнирот ќе учествуваат екипите на ОК Наковски волеј Струмица, ОК Работнички Скопје, ОК Младост УГД Штип ,,Струмица не го заборава нашиот струмичанец, поранешен одбојкар, тренер и професор Илија Караманов Во спортски дух, со квалитетна одбојка и со ...
ФК АП Брера Струмица заедно со Црвен крст на Македонија – општинска организација Струмица како и Службата за трансфузиона медицина, во среда на 4 ти октомври организираат доброволна крводарителска акција која ќе се реализира во просторите на СРЦ ,,Пандев“. Како што соопштија од клубот со акцијата сакаат да дадат придонес во спасувањето човечки живот но и да се потикне солидарноста и заедништвото. За време на акцијата со крводарителите ќе бидат ...
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов присуствуваше на асфалтирањето на платото пред Домот на културата во Нова Маала, како една од планираните активности во рамки на проектот Партерно уредување на плато пред Домот на културата во Нова Маала, лоциран на просторот во централното подрачје на ова населено место. Со асфалтот како спој меѓу поставениот бекатон на платото и главната улица се формира естетски уредена површина со можности ...
Министерството за внатрешни работи го именува Кире Арапов за нов началник на Секторот за внатрeшени работи во Струмица. Арапов на ова функција доаѓа откако Томе Весев кој ја извршуваше функција началник замина во пензија. Кирил Арапов досегa работеше како началник на Одделението за полиција при СВР Струмица. ,,Началник на Секторот за внатрешни работи Струмица е Кирил Арапов. Истиот е именуван на функцијата, по заминување во пензија на ...
Десетина домакинки од Општина Босилово во недела на училишното спортско игралиште во Босилово ќе приготвуваат домашен ајвар а голем дел ќе донесат разновидни специјалитети од црвени пиперки. Паралелно ќе има и богато културно уметничка програма каде ќе учествуваат Ленче Кукиќ, Благица Калева, Живко Динев, Бисера Гавровска, КУД „Гоце Делчев“ – Босилово, КУД “Кирил и Методиј“ – Иловица. Вака е замислена Ајверијадата во Општина Босилово која за ...
Денеска (27.09.2023) во 11.30 часот полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица во близина на бензинска пумпа на автопат А1, кај Гевгелија, го лишија од слобода И.М. (41) од Струга, кој со товарно возило „фиат дукато“ со охридски регистерски таблички, превезувал 33 мигранти. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Крадењето авторски текстови е казниво со ...
На 26.09.2023 во 11.45 часот во Валандово, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово го лишиле од слобода В.З.(48) од Валандово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, воздушна пушка, два детектора за метал и семки од растението канабис. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против ...
Викендов стартуваа првенствата во Првата ракометна лига на Македонија која и оваа натпреварувачка сезона е поделена во две групи. Струмички Астраион се најде во групата А каде првенството го почна со победа над Преспа Вардар од Ресен со 26:21. Целосна доминација имаа „астраионци“ кои имаа контрола и над играта и на резултатот. Против ресенчани, доминираше одбраната кај струмичкиот прволигаш. На цврстата одбрана се надоврза и нападот во кој се ...
Општина Струмица и официјално е примена во Мрежата на силни градови во светот кои имаат пристап и механизми за справување со негативните појави кои доведуваат до насилство. Ова признание доаѓа откако градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов беше дел од Регионалниот хаб на Мрежата за западен Балкан организиран од Стејт департментот на САД, каде ги презентираше конкретните примери на решавање на проблемите преку Локалниот совет за ...
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги потсетува граѓаните дека во тек е реализација на мерката за завршување на средното стручно образование „Втора шанса“. Сите невработени лица, кои се со пониски квалификации, можат да го дооформат своето средно стручно образование преку оваа најнова пилот програма. „Втора шанса“ претставува одлична можност да го завршат своето формално образование, односно да завршат 3-та година од ...
„Сојуз на синдикат на земјоделци Струмица“ го реализира проектот „Со подигнување на јавната свест до намалување на ранливоста на струмичкото земјоделство од климатските промени“,финансиски поддржан од Општина Струмица. Во изминатите скоро два месеци се преземени повеќе активности, а изминатите денови почна и конкретната реализација на проектот, преку повеќе средби и активности за едукација и подигање на свеста на земјоделските производители. ...
Локалната самоуправа Василево изврши санација на локалниот пат стар пат Василево – Пиперево, со пополнување на дупките со бетон. Активноста беше во организација и координација на општина Василево. Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, беше на лице место каде изврши увид во текот и динамиката со која се одвиваат активностите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е ...
Oсновното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторил две кривични дела -Убиство од член 123 од Кривичниот законик. Осомничениот 69-годишник, на 24 септември, со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и неговата сопруга, со кои живееле во иста семејна куќа со различни влезови. Кога ги забележал оштетените како се паркираат со нивното возило пред дворот на ...
Во општинскиот центар Босилово беа презентирани резултатите од проектот ,,Ефикасно спречување и ублажување на последиците од поплави во прекуграничениот регион“ што го имплементираа општините Грмен од бугарска и Босилово од македонска страна. Станува збор за проект со кој двете општини ја подобрија инфраструктурата за ублажување на последиците од поплави но и ги подигнаа капацитетите на надлежните институции за справување при ваков тим ...
Општина Василево информира дека поради изведување на градежни работи односно пополнување на дупките со бетон на локалниот пат Стар пат Василево – Пиперево, во текот на денешниот ден, 25.09.2023 година (понеделник) истиот нема да може да се користи. Сите оние кои во текот на денешниот ден ќе имаат потреба од користење на овој пат, ги замолуваме да ги користат алтернативните патишта. Имајќи го предвид крајниот бенефит од реализацијата на оваа ...
Нарушени меѓусебни односи меѓу двајцата браќа. Ова е мотивот за двојното убиство во Гевгелија каде синоќа гевгеличанец ги застрелал братот и снаата пред семејната куќа. Полицијата го приведе 69 годишното лице и од него го одзело оружјето со кое го извршил убиството. Од Јавното обвинителство соопштија дека на убистовото и следела вербална расправија меѓу двајцата браќа во однос на заедничката куќа. ,, Јавен обвинител од Основното Јавно ...
Шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија се сомничи дека вечерва ги убил брата си Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62). Веста за МИА ја потврдија од СВР Струмица од каде информираа дека вечерва околу 19 часот полициски службеници го лишиле од слобода В.Г. кој околу 18:50 часот пред влез од куќа во Гевгелија со пиштол пукал кон неговиот брат и снаа, кои починале на местото на настанот. Смртта кај сопружниците ја констатирал лекар од Итна медицинска ...
Денеска (22.09.2023) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Н.В. од Струмица. Тој се сомничи дека на 19.09.2023 со употреба на сила влегол во казино во с.Босилово, струмичко и одзел пари. По преземени мерки било дојдено до сознание дека тој е сторителот на делото, по што денеска бил извршен преглед кај него и на неговото работно место во Струмица. Притоа, во неговиот ормар била пронајдена торба со парите, кои ќе ...
Денес во населеното место Нова Маала, локалната самоуправа Василево асфалтираше улица чија изградба старуваше пред неколку денови а истата беше планирана со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2023 година и Програмата за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2023 година. На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе ...
Со велосипедско дефиле по улиците во централното градско подрачје во кое учествуваа ученици од основните и средните училишта, Општина Струмица денеска ја одбележа Европската недела на мобилност во соработка со Европската куќа Струмица и Министерството за животна средина и просторно планирање. ,,Оваа година, темата гласи „Заштедете енергија“ која го нагласува влијанието што одржливите транспортни решенија го имаат врз климатските цели и врз ...
Поткрепувајќи ја заложбата за унапредување на научното образование, Џонсон Мети Скопје со задоволство објавува грант за својот заеднички проект Science & Me, во партнерство со Македонија2025, невладината организација која го поддржува економскиот и лидерскиот развој во земјата. Како организација за имплементација, Македонија2025 ќе ја предводи глобалната STEM програма (наука, технологија, инженерство и математика) на Џонсон Мети Скопје, што ...
ООУ „Атанас Нивичански, Нова Мала, учебната 2023/2024 година , ја стартуваше со комплетно реновирани тоалети и новоизградена пристапна рампа за лицата со попреченост.Како што информираат од училиштето активностите се рализирани во текот на летните месеци, за време на учулишниот распуст, како не би се попречувал наставниот процес. Преземените активности се во насока на оптимизирање на условите во училиштето, генерално за сите, како за учениците ...
Во општина Струмица како и во Куманово, Кавадарци, Гостивар и Струга ќе се имплементира проект за справување со загадувањето на воздухот. Конкретно ќе се врши мониторинг на загаденоста и во затворен простор што ќе се спроведе во едно основно училиште и градинка во Струмица. Станува збор за проект за чија реализација средства се обезбедени од владата на Шведска во висина од 2.284.309 долари, како и со 25.000 долари од Програмата за развој на ...