
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Вчера во периодот од 08.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 140 прекршувања на брзината, од кои 52 на подрачје на Струмица, 36 на подрачје на Радовиш, 32 на подрачје на Валандово и 20 на подрачје на Гевгелија. ,,Од нив, 74 прекршувања на брзината биле констатирани надвор од ...
Претседателот на ФК „Брера Струмица“ – Горан Пандев најави дека клубот планира да организира силен меѓународен младински турнир кој ќе се одржи во Струмица. Според неговата изјава дадена за време роденденот и отворениот ден со клубот, веќе се преговара со екипи од Италија, Србија, Хрватска и Шпанија а турнирот би се одржал на СРЦ „Пандев“ во Струмица како можност за стекнување искуство но градење фудбалски другарства со деца и од странство. ,, ...
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“ финансиран од ЕУ преку ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција, набави две противпожарни возила за пожарникарите во Гевгелија и Валандово. ТППЕ Гевгелија доби специјализиран мал камион за гаснење шумски пожари и спасување со цел да се покриваат потребите и на ...
Струмичките пожарникари денеска на локалниот патен правец Муртино-Сачево интервенираа на запалено патничко возило при што не дозоволија проширување на пожарот. Како што објавија на својата ФБ страна направена е значителна матријална штета. ,,Денес, (вторник) 01.08.2023 година во 09.30 часот, на патот помеѓу селата Муртино и Сачево, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно ...
Екипата на Руски Комерц од Дабиле е победник на турнирот во мал фудбал „Струмица 2023“ кој се одржа изминатиот месец на спортскиот терен кај поранешниот струмички монопол. Тимот на Руски Комерц во големото финале славеше против Црна Река од Кавадарци со 3:0. Во борбата за третото место подобар беше екипата на Космовет која со 10:2 славеше против Токи Еднокуќево. За најдобар играч на турнирот е прогласен Џо Арсовски, најдобар стрелец Ѓорги Гогов ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 85,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 87,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,5, ...
Дезинформациите и лажните вести не се само медиумски проблем, туку се и безбедносен. Тие ги дестабилизираат земјите од Западен Балкан, попречувајќи ја реализацијата на најважните стратешки цели на државите, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Ова е генерален заклучок од новата анализа „Геополитичка перспектива на дезинформациските текови во Западен Балкан“ објавена од Фондацијата „Метаморфозис“, која укажува на поврзаноста меѓу странските ...
Наредниот перио во Радовиш и населените места ќе бидат поставени 80 клупи за седење откако збратимената општина Ергене од Турција ги донираше. Донацијата ја додели градоначалникот на Ергени Расим Јускел кој беше во посета на Радовиш по повод традиционалниот „Јуручки фестивал“, што годинава се одржува по 15 пат под покротивителство на Општината. ,, Градоначалниците на Радовиш и Ергене изразија желба за продаблочување на соработката на повеќе ...
На 30.07.2023 во 17.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат од село Ново село кон село Мокриево, струмичко, Ѓ.К.(23) од село Добрејци, струмичко, управувајки патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.С.(25) од село Борисово, струмичко, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на ...
Општина Радовиш започна со уредување на кејот на Ораовичка река. Како што информираат од општината едно од приоритетните барања на жителите на Ораовица било токму уредувањето на кејот на Ораовичка река. „Благодарение на одличната соработка со Рудникот „Бучим“, потпишувањето на Договорот за донација и спроведувањето на потребните постапки, денес фирмата-изведувач „Техника“ ги започна градежните активности околу уредувањето на самиот кеј. Оваа ...
Од 4 до 8 август, во Амфитеатарот во Струмица, ќе се одржи 18-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест”, во знакот на новите тенденции во кусометражниот, документарниот и авторскиот филм. Во овогодишната програмска селекција има дваесет и три исклучителни кратки играни филмови, документарци и анимации кои ќе се натпреваруваат за „Златната”, „Сребрената” и „Бронзената потковица” и за неколкуте други награди. Главната програма ...
Министерот за правда, Кренар Лога оствари средба со председателката на Основен Суд Гевгелија, Марица Аврамчева Зафирова, со која разговараше за неколку теми од заеднички интерес. Реформите во правосудство, истакнување на забелешките од домашни и меѓународни експерти и невладини организации, како и сите други предизвици со кои се соочува биле главни теми на разговор. Претседателката на Основниот суд информираше и за активностите кои се преземаат ...
Во соработка со Ј.П. „Плаваја“, конечно општина Радовиш долгорочно го решава проблемот со обележувањето на хоризонталната сигнализација. Набавена е нова професионална машина за бележење, која ќе се користи исклучиво за сообраќајните површини во градот и населените места, вклучувајќи ги пешачките премини, испреќинати и стоп линии, паркинг местата и сл. Од оптината истакнуваат дека заедничка цел е подобрувањето на сигурноста во сообраќајот во ...
Денеска министерот за правда, Кренар Лога престојуваше во Валандово и Гевгелија, каде што заедно со претставници на Советот на Европа ја започна промотивната кампања за бесплатна правна помош. Градоначалниикот на Валандово, Перо Костадинов, при причекот во неговите канцеларии изрази поддршка за промотивните активности за запознавање на граѓаните со можностите за користење на бесплатната правна помош. На средбата, Градоначалникот изрази ...
Согласно строгите правила за берзанско работење, Euromax Resources Ltd Ванкувер, има обврска ажурно да објавува суштински информации и одлуки до Берзата за хартии од вредност во Торонто „TSX“, Канада. Во продолжение ја пренесуваме најновата формална објава доставена до „TSX“ денес 28 Јули 2023, пред отворање на Берзата: Euromax Resources Ltd, Ванкувер, Јули 28, 2023 година – (TSX: EOX): („Еуромакс“ или „Компанијата“) објави дека Владата на ...
ОО Црвен крст – Гевгелија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина реализираше уште една успешна крводарителска акција. На акцијата, којашто се одржа во Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, беа собрани нови 38 единици крв. Како што беше и најавено, на оваа крводарителска акција наменета за граѓаните од регионот ОО Црвен крст – Гевгелија додели таблет-компјутер обезбеден од G-Store Computers Гевгелија на еден крводарител. ...
Познати се четирите екипи кои ќе разигруваат за победник на годинaшново издание на турнирот во мал фудбал Струмица 2023 на кој учествуваа вкупно 24 екипи. Преку натпреварите од сите 6 групи како и од елиминациските рунди, екипите на Тони Еднокуќево, Космовет од Кавадарци, Руски комерц од Дабиле и Црна река од Кавадарци ќе играат за наградниот фонд од 240 илјади денари. Вечерва на програмата се полуфиналните двојки. Ждрепката посака во првото ...
Инспектори од мобилните тимови при Царинската управа, на граничниот премин „Богородица“ запленија 98.000 евра од македонски државјанин кој се обидел нелегално да ги изнесе од државата. Како што објави Царината на својата ФБ страна заплената се случила завчера на 26.07.2023 година околу 21 часот кога на излез од државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Гостивар – Истанбул. При контрола на автобусот ...
Синоќа во 23.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од село Босилово, струмичко. ,,Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал 17- годишен сопатник на мотоциклот, а лекар ...
Владата се премисли и на вчерашната седница ја повлече одлуката донесена пред еден месец со која ги спои двете концесии на „Еуромакс“ за рудникот „Иловица-Штука“. Одлуката на Владата за повлекување била донесена едногласно. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека Владата донела политичка одлука со која не се согласува но ќе ја почитува и спроведува. Тој е дециден дека Министерството за економија постапувало согласно законот кога ...
Речиси еден месец по затворањето на dm дрогеријата во Струмица заради реновирање, најголемиот европски дрогериски ланец на 27 јули повторно ќе ги отвори вратите на уште поубавата и реновирана дрогерија, на ул. Климент Охридски бр. 51ј, во склоп на трговскиот центар Ston´n´Shop. Дрогеријата на dm во Струмица беше затворена минатиот месец, со цел нејзино разубавување и реновирање. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и ...
Фолклорниот ансамбл за традиционална музика и игри „Мегдан“ од Богданци од 31 јули до 6 август ќе биде дел од Меѓународното фолклорно биенале на Алфена во Португалија каде ќе земат учество повеќе фолклорни друштва и ансамбли од неколку европски држави. Станува збор за учество кое „Мегдан“ требаше да го реализира пред три години, но заради Ковид кризата конечно ќе можат да го престават македонскиот фолклор пред голем број посетители и фолклорни ...
Младите фудбалери на „Лав комерц“ се победници на турнирот во мал фудбал „Струмица 2023“ во младинска конкуренциа откако во финалето славеа против врсниците од „Темпо“ со 2:0. Третото место им припадна на младите од „Бензоил“ кои во малото финале со 4:2 славеа против „Макпетрол“. За најдобар играч на турнирот на кој учествуваа вкупно 10 екипи во младинска конкуренција беше прогласен Давид Василев од победничкиот табор од кој Димитар Петров беше ...
Откако отпаднаа од прволигашкото друштво и се преселија во Втората лига, КК „Струмица“ го превзеде КК „Маџари ГБ“ со што се потврдија информациите дека Струмица следната сезона ќе нема свој преставник во второто по ранг кошаркарско натпреварување. КК „Маџари ГБ“ на ФБ ја објави веста дека го презема струмичкиот кошаркарски клуб со што си обезбедува место во второлигашкото друштво од идната натпреварувачка сезона. КК Маџари ГБ на својот ФБ профил ...
Осум јавачи од Радово и Василево денеска од населеното место Радово од општина Босилово го започнаа нивниот Илинденскиот марш кон Крушево. Ова е втора година по ред како се дел од традиционалниот коњички марш, во чест на големиот национален празник Илинден. Тие во Крушево ќе се приклучат на коњаниците од другите делови на државата. Утрово пред заминување тие присуствуваа и на службата што се одржа во Црквата Свети Пророк Илија во селото Радово, ...
Струмичкиот прволигаш Брера утре со почеток во 09:00 часот ќе организира Отворен фудбалски ден при што посетителите ќе имат можност да се дружат и со македонската фудбалска легенда Горан Пандев. Сега веќе екс сопственикот на клубот, Горан Пандев, кој и натаму има функција како претседател на Брера Струмица, на оваа средба ќе се обиде на секој можен начин да сподели со јавноста и присутните околу новитетите во клубот, амбициите, и плановите на ...
На 23.07.2023 во 10.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(30) од с.Прдејци, гевгелиско и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од В.А.(60) од Гевгелија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во ...
Општина Струмица ги реконструира детските и спортските игралишта и парковите во населените места со средства од општинскиот буџет од близу 10 милиони денари. Градоначалникот Костадин Костадинов денеска изврши увид во градежните зафати во населеното место Просениково. -Денеска на мое огромно задоволство со дел од општинската администрација сме на увид во работите во населеното место Просениково каде што практично вршиме реконструкција на трите ...
(комерцијална ПР објава) И веднаш за да нема никаква дилема, да бидам јасен овој наслов не е печатна грешка и вие правилно сте го прочитале и разбрале. Еуромакс Ресоурцес е одлучно против „рудници на смртта“, против „екоцид и геноцид“, против застарени технолошки методи и стандарди во рударството, против користење на цијанид, киселини и токсични хемикалии; против небезбедни брани за течни јаловишта, загадување на надземните и подземните води, ...
Полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода радовишанецот Т.Ј., во чиј дом пронашле дрога, муниција и оружје. ,,При претрес извршен со судска наредба во дом и други простории во Радовиш, сопственост на Т.Ј., биле пронајдени бела прашкаста материја, метална дробилка со остатоци од растителна материја, 9 парчиња маневарска муниција и една пушка,кал.4,5мм,, информира МВР. Во куќата на Т.Ј., полицијата ја затекнала и В.М. од радовишко, ...