
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Во Гевгелија почна да фунцкионира прифатилиштето за бездомни кучиња кое ќе работи во склоп на ЈПКД “Комуналец” Гевгелија кое доби Решение од АХВ за вршење на дејноста за третман на бездомни кучиња. Прифатилиштето е со капацитет од 13 кучиња со можност да се прошири ,,Гевгеличани кои ќе забележат улични кучиња може да пријавата на сервисот Систем 48 или директно во Комуналец кои ќе излезат на терени да ги заловат. Во процесот се врши ...
Традиционално и оваа година во чест на најголемиот општински празник ќе биде доделена Годишна награда и Награда за животно дело на општина Струмица „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”, соопштија од Општина Струмица ,,Наградата се доделува како признание на правни и физички лица од општина Струмица, Република Северна Македонија и други држави како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања во: ...
Вчера во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица од слобода лишиле три лица кај кои се пронајдени наркотици. Според МВР вчера во 6 часот е приведен 19-годишниот Е.И. од Струмица во чиј дом при претрес извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана Синоќа пак околу 22 часот полицијата од Струмица ги лишиле од слобода 23-годишниот К. К. и 20-годишниот Н. П., двајцата од Струмица, извести МВР. „При ...
Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Д.Џ.(36) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „разбојништво“, соопшти МВР Како што е наведено на веб страната на МВР, Д.Б. се сомничи дека на 31.10.2023 околу 20.30 часот во Гевгелија со помош на Д.Џ. ...
Одбојкарките на Наковски Волеј славеа со 3:1 над шампионот Работнички во Скопје и се единствениот тим во женската прволигашка конкуренција со максимален учинок по три првенствени кола. Струмичанки победата ја најавија со самиот старт на мечот добивајки ги првите два сета. Потфрлија во третиот но се вратија во четвртиот за конечни 1:3 (22:25, 19:25, 25:13, 21:25). Наковски само ја продлабочи кризата кај Работнички откако во последното коло на ...
Одбојкарките на Струмица Жени славеа над Јанта Волеј со 3:2 во сетови и најавија дека оваа сезона ќе бидат еден од конкурентите за висок пласман. Малку недостасуваше да го освојат целиот плен од мечот, но во четвртиот сет српската интернационалка Душка Здјелар која ја стопи предноста од 7 поени на Јанта, не успеа да се избори за борба за победа од 3:1 во сетови. Мечот го ,,отворија“ гостинките кои во финишот од првиот сет резулатски се одлепија ...
МЗШВ распиша јавен оглас за давање во закуп на државно земјоделско земјиште за површини над 3 хектари по пат на јавно наддавање. Парцели државно земјиште се нудаат и во струмичкиот, валандовскиот и гевгелискиот регион. Дел се актрактивни. Земјиштето се издава за рок од 15 до 70 години за подигање долгогодишни насади како што се лозја, овоштарници, лешник, маслинарници, поставување пчелни семејства, рибници. Во Струмичко, според распишаниот оглас ...
Учениците од социјално-ранливите категории во основните училишта на подрачјето на општина Гевгелија од денеска ќе користат бесплатен оброк. По иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, годинава, околу 50 ученика, чии родители се корисници на социјални услуги, ќе добиваат бесплатен оброк, објави општина Гевгелија. ,,Воведувањето на бесплатниот оброк во училиштата за учениците од социјално-ранливите категории има за ...
Дваесет и едногодишен жител на Гевгелија синоќа бил приведен од полицијата бидејќи превезувал 13 мигранти од Сирија. Полицијата го привела во населеното место Давидово каде бил фатен како ги превезува мигрантите во патничко моторно возило „фолксваген туарег”. ,,Со патничко моторно возило „фолксваген туарег” превезувал 13 мигранти од Сирија, од кои две малолетни лица. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе ...
На 30.10.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Б.(45) од село Јосифово, валандовско. Околу 22.00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, тој со патничко возило „фиат“, со гевгелиски регистарски ознаки, застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот, соопшти МВР Тој бил затекнат во неконтактибилна состојба и при укажување помош во Итна медицинска ...
Во Струмица денеска е отворен првиот младински центар, кој е сместен во општинската зграда. Центарот располага со современи и функционални простории и амфитеатар, каде што можат да се реализираат едукативни активности, конференции, предавања и изложби. Како што информираат од општината, ова е место во кое младите ќе можат да се собираат и да ги реализираат своите идеи и иницијативи и со тоа да учествуваат во развојот на општината. Како што е ...
Реномираниот изложбено продажен салон за мебел на фирмата „Свиб мебел“ Струмица позната по сопственото квалитетно производство се сели на нова локација. Станува збор за мала семејна фирма која нуди разновиден мебел како кујни, седечки гарнитури, лежаи, комоди, спални, гардоробери. Изложбено продажниот салон кој се ноѓаше на патот кон Добрејци кај „Ракаџиски мост “сега се сели на излезот од Добрејци кон Василево (стариот пат кон Радовиш). ...
Транспорт и инфраструктура како и економија и туризам. Тоа се областите кои преставниците на општините и граѓанскиот сектор од Југоистокот ги посочија како приоритетни на кои треба да се размислува за предлог идеи за проекти кои ќе го подобрат животот во Југоисточниот плански регион со средства од Пограмата за рамномерен регионален развој за 2024 година на Бирото за регионален развој. Ова е епилогот од Првата сесија на Регионалниот форум во ...
Општина Василево, на терен стартуваше со градежните активности за реконструкција на локалниот пат од крстосница со пат кон брана Турија до центарот на населеното место Добрашинци. Станува збор за целосна реконструкција на овој локален пат која опфаќа отстранување на стариот асфалт, подготовка на подлогата, насипување, тампонирање и асфалтирање со нов асфалтен слој со дебелина од 8 см. Вкупната должина изнесува 1320 метри, а ширината околу 6 ...
ОК Наковски волеј имаше успешен викенд, што со сениорките што со кадетскиот состав со кој беа домакините на првиот Државен турнир. Со првиот тим забележа победа против Младост УГД од Штип со 3:1 во рамките на второто првенствено коло од Прваталига. На штипските одбојкарки им го препуштија само вториот а се останато беше доминација на Наковски. Наковски беше доминантен и на кадетскиот турнир на кој учествуваа и екипите на Виктори Волеј и Струмица ...
На 29.10.2023 во 19.35 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш гo лишиле од слобода Ш.Ш.(37) од Радовиш бидејќи бил затекнат како со товарно возило „форд транзит“ со струмички регистарски ознаки превезува бесправно исечени огревни дрва. Дрвата и возилото биле одземени, а по целосно документирање на случајот против Ш.Ш. ќе биде соодветна пријава. Според МВР истиот ден во село Долни Липовиќ, општина Конче, ...
Екипата на Струмица Жени славеше убедливо во Скопје против Вардар ЕМ во рамките на второто првенствено коло. Избраничките на Гоце Кончалиев и Вера Божијанова Димитриевска со 3:0 (25:7, 25:15, 25:5) ги надиграа домакинките кои немаа никакво решение за расположените струмичанки. Струмица Жени беше убедлив во секој сегмент на одбојкарската игра на скопскиот терен.Победата ја најавија уште во првиот сет и домакинките ги оставија само на 27 освоени ...
Агенцијата за вработување на Република Македонија, во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, финансиран од Европската Унија, објави оглас за практикантство во компании. Агенцијата ги повикува работодавачите и евидентираните невработени лица да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРСМ. Огласот е достапен на следниот линк: https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx „Правото за ...
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара по литар, а цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 82,00 денари за литар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е ...
Во Дојран почна санацијата и реконструкцијата на колекторскиот систем стар повеќе од 40 години а паралелно тече и постапка за изградба на нова пречистителна станица со што системски ќе се реши собирањето и пречистувањето на отпадните води. Како што истакна градоначалникот на Дојран Анго Ангов колекторскиот систем би требалод а биде готов за рок од 6 до 8 месеци односно пред почетокот на новата туристичка сезона во Дојран ,, До почетокот на ...
Синоќа од 20.00 до утрово до 02.30 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, СВР Струмица и од НЕКМТСЛ, во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал лишиле од слобода 7 лица од Пакистан, поради постоење основи на сомнение дека се сторители на кривично дело „криумчарење на мигранти, согласно член 418-б од Кривичниот законик. ,,Имено, вчера околу 17.00 часот било пријавено дека на 1,5 ...
Странските засилувања на македонскиот шампион ОК Струмица – Хамди Бен Талеб и Саад Ом Хени од Тунис, како и засилувањето Учена Офоха од Канада немаат право да настапат на квалификациониот турнир од ЦЕВ лигата на Шампиони во Бургас Бугарија. Вакво известување стаса од ЦЕВ и покрај известувањата на Управата на ОК Струмица предводен од Владо Милев дека се завршени сите работи околу нивната регистрација и уплата пред турнирот. „Сакам да ве ...
Владата на првата наредна седница ќе расправа за хидросистемот Ѓавато кој заради високите сметки за електрична енергија не функционира околу 18 месеци. Ова го соопшти министерката за животна средина Каја Шукова која подвлече дека се планира и формирање на ново јавно претпријатие кое ќе стопанисува со хидросистемот, кој освен за дотур на вода во Дојранското езеро ќе се користи и за наводнување на земјоделските површини во општините Дојран и ...
Голем број верници ја посетија Црква,,Св. Параскева Петка,, во населеното место Трибичино струмичко, каде се молеа за здравје срека и духовен мир. Црквата потекнува од 1875 година и преставува најживописната во струмичко и земјава со колоритни фрески и иконостас. Заради големиот интерес да се посети црквата Св Петка, во ридско планинското место Трибичино полицијата го регулираше сообракајот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...
Во организација на здружението Еко Росалес во сабота во градскиот парк во Богданци ќе се одржи првиот Фестивал на Југоисточниот регион кој има за цел да ги промовира малите производителите на храна и нивна промоција во Југоистокот. Станува збор за фестивал на кој присутните ќе имаат можност да се запознаат директно со производителите, да воспостават соработка но и да вкусат дел од производите кои ќе бидат изложени. ,,Се очекува на Фестивалот да ...
Струмичките одбојкари заминаа за Бургас во Бугарија каде престојниот викенд ќе бидат дел од квалификацискиот турнир од ЦЕВ Лига на шампионите каде за противници ќе ги имаат тимовите на Невтохимик од Бугарија, Капошвар од Унгарија и Будва од Црна Гора. Ќе се игра три дена секој со секого а само двете најдобри екипи од турнирот во Бугарија ќе останат во натпреварите од Лигата на Шампионите додека трето и четвртопласираниот се преселуваат во Купот ...
Во дворот на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“ во Вељуса денеска беше промовирана Монографијата „Прилози за историјата на Манастирот Вељуса“. Станува збор за капитално дело кое што во себе содржи три најважни прилози кои најсоодветно ги прикажуваат, карактерот и вредноста на Вељушкиот манастир, а тоа се хрисовулите на царот Алексеј I Комнин, Инвентарот (Вревиј) на манастирот со сите негови драгоцености, како и Типикот на ...
Во просториите на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово денеска почна вакцинацијата против сезонски грип. За бесплатна вакцинација се обезбедени се 2 илјади дози четиритипни вакцини , а за комерцијална вакцинација 200 вакцини. „Веќе петта година по ред вакцината за ризичните групи граѓани е бесплатна, а пријавувањето оди преку страницата vakcinacija.mk, или преку матичните лекари. . Што се однесува до комерцијалните вакцини, кои се примаат ...
Градоначалникот на Василево Славе Андонов објави дека годинашнава „Празијада“ ќе биде на 5 ти ноември во кругот на дворот на црквата „Св. Никола“ во Градашорци а за забавниот дел ќе се погрижи Адријана Јаневска. Токму ова пејачка ќе биде задолжена да ги расположи сите посетители кои ќе бидат дел од манифестацијата која има за цел да го промовира производството на праз но и бенефитите кои ги нуди оваа култура. „Задоволство е заедно со Андријана ...
На 24.10.2023 во 22.00 часот во Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.С. (26) и С.В. (26), двајцата од Радовиш. При преглед на патничкото возило „алфа ромео“ со радовишки регистерски ознаки, управувано од С.С., во кое сопатник бил С.В., била пронајдена марихуана, а марихуана била пронајдена и при преглед на С.С. Во службениот разговор во Полициската станица Радовиш С.С. изјавил дека ...