
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Сакаш да бидеш поткастер, имаш идеја и ти треба поддршка? Ова е твојата можност да бидеш дел од бесплатната обука за млади поткастери на ZaSe.mk и МЕДИУМ СКОПЈЕ, со докажани професионалци од телевизија, радио и ONLINE медиуми. Не чекај, пријави се веднаш на zase.mk@gmail.com со дознака „Твоето мислење е важно!“.Испрати го твоето кратко видео (до 3 минути) најдоцна до 25.12.2023 година, каде коментираш на тема од твој интерес, поставуваш прашања ...
Работодавачите имаат уште петнаесеттина дена за исплата на регресот за годишен одмор. Законскиот рок истекува заедно со последниот ден од годинава. Ова е право на секој вработен кој зад себе има минимум шест месеци непрекинат стаж. Неважно дали на определено или неопределено време. Иако Законот е дециден, дека никој ни од јавниот ни од приватниот сектор не е ослободен од оваа давачка, досегашната практика покажува низа обиди да се забошоти ...
Oпштина Василево започна со изградба на Фекален канализационен систем, Колектор К3 во населеното место Василево кој е во должина од 478 метри . Согласно техничката документација и информациите добиени од изведувачот на терен, должината на овој крак изнесува 478 метри. Вкупниот Буџет за негова реализација е околу 1 800 000 денари од кои околу 1 000 000 ден се од општинската каса и 700 000 денари обезбедени од Министерството за транспорт и врски ...
Струмица доби новогодишен изглед за околу 65 илјади евра. Поставени околу 400 декоративни светлосни украси и околу 600 метри светлосно небо во центарот на градот каде монтирана е и 20 метарска елка од железна конструкција со вештачко зеленило и лед светилки. ,,Сакам деновите кои ни претстојат да ја уживаме позитивата, љубовта, радоста на празниците!Новогодишните бои ја разубавија Струмица. Започна претпразничната магија! И оваа година Струмица ...
Елеуса Фондација започна голема хуманитарна акција под мотото „Подари дел од својата трпеза, нахрани гладен“. Во поголемиот број маркети низ Струмица поставени се корпи во кои граѓаните може да оставаат прехранбени продукти, кои потоа ќе бидат доставени до најсиромашните наши сограѓани за претстојните божиќни празници. Корпите со препознатливото лого на Елеуса Фондација и мотото „Подари дел од својата трпеза – нахрани гладен“ поставени се низ ...
Струмичанецот Дејан Илиев, дете на струмичка Беласица од Финска се се сели во Босна и Херцеговина откако потпиша договор со клубот Сараево каде ќе застане на мрежата до крајот на сезоната. Според објавите, соработката меѓу Илиев и Сараево има можност да се продолжи и на две години. Илиев во Босна доаѓа откако ги бранеше боите на финскиот ХЈК Хелсинки. Најавите се дека 28 годишниот Илиев веднаш ќе се приклучи на тимот на Сараево и ќе застане на ...
Во населеното место Пиперево се гради последниот крак од фекалниот канализационен систем. Вака објави граодначалникот на општина Василево Славе Андоно. со што се отвора можноста сите домаќинства од ова населено место да се приклучат на системот ,,Ова е историски момент, бидејќи ова е проект долгоочекуван и неопходен за секојдневното живеење на граѓаните од Пиперево. Со овој проект настапив и на Локалните избори 2021 година како ветување и врз ...
Општина Гевгелија, во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, започнува со подготовките за изработка на Интегрален план за локален развој. За таа цел, утре (12 декември 2023 година), во угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, со почеток од 10:00 часот, ќе биде одржана Работилница за подготовка на Интегралниот план, на којашто покрај претставници од општинската администрација, се поканети да ...
Викендот, делегација од општина Умраније, РТурција, беше во работна посета на општина Василево. По средбата и разговорите во кабинетот на Градоначалникот, гостите го посетија и детското забавно-катче во с. Василево, во кое реквизитите за игра и забава на децата се донација токму од оваа пријателска општина. За деталите од посетата на делегацијата и разговорите на работниот состанок во кабинетот, преку својот ФБ профил, ...
Радовишките пожарникари добија ново противпожарно возило за прв одговор при шумски пожари, кое е снабдено со специјална опрема. Возилото модел „FORD Ranger“ на ТППЕ Радовиш го предадоа градоначалникот Ацо Ристов и директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев, а со него ќе се гаснат пожари во општините Радовиш и Конче, кои се дел од овој плански регион. Возилото е обезбедено со имплентација на проектот „Рано ...
Од 1 јануари, во сметките за струја ќе се воведе нова давачка за пристап до мрежа. Како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски, со оваа давачка ќе плаќаат повеќе оние кои имаат викендици или повеќе станови кои не ги користат. Во месечната фактура, освен цената на електрична енергија и цената за мрежарината во која што влегува пренос и дистрибуција, ставката за дистрибуција ќе се раздвои и со ...
Kомерцијална ПР објава Пресудата во целост ги отстранува евентуалните оспорување на правната важност на концесијата „Иловица 6“ и ова е трета финална пресуда во полза на компанијата од почетокот на правниот спор во 2019 година. Потенцираме дека претходно, уште во 2020 година, управните судови донесоа финална пресуда врз база на истата правна аргументација. Единствената судска постапка која што е во тек, и по која сеуште нема одлука се однесува ...
Деновиве централното градско подрачје на Струмица почнува да добива новогодишен изглед. На булеварите веќе се поставени декоративни светлосни елементи а палмите се обложени со светилки. Работите на терен ги работи фирмата ЛИНК МЕДИА ПЛУС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје која на распишаниот тендер на ЈП Паркиралишта се јави за новогодишно украсување. Според техничката спецификација на распишаната јавна набавка треба да бидат украсени влезот на Струмица ...
Во Македонија, карциномот на простата е една од најчестите малигни заболувања кај машката популација, веднаш зад карциномот на белите дробови. Бројката на заболени мажи ширум земјата е константно висок а во дел од градовите од Југоисточна Македонија нема уролози, објави Локал актив. Според податоците на Државниот завод за статистика и извештаи на Институтот за јавно здравје, откриваат дека меѓу 2019 и 2021 година имало 1.184 новозаболени од оваа ...
,,Сигурно никој од нас немаше да стаса до тие височини ако не беа струмичани кои секогаш не подржуваа, ако не беа нашите учители кои не учеа и ни го трасираа патот, ако не беа нашите тренери ментори кои не усовршуваа, ако не беа Светите 15 Тиверополски маченици кои беа нашиот чадор на верата, љубовта, здравјето, успехот“. Вака истакна Горан Пандев кој ја доби наградата за животно дело од Општина Струмица, по повод патрониот празник на градот Св. ...
На денешната свечена седница на Советот на Општина Струмица по повод празникот Св. 15 Тивериополски свештено маченици беа доделени годишните награди за посебни остварувања за оваа 2023 година. Годишна награда доби ФК Тиверија за јубилејот 100 години од формирањето на клубот потоа крводарителот Ѓорѓи Хаџи Котаров, Благој Ѓузелов кој беше дел од македонската експидиција за искачување на Ајланд пик на Хималаите. Годишна награда доби и м-р Зоран ...
Управата на ФК АП Брера Струмица за шеф на стручниот штаб го именуваше Бојан Круљ Србија откако пред недела време спогодбено се разделија со италијанскиот стратег Валенти. Круљ има работено со младите категории во белградски Вождовац и Синџелич а во својата кариера стои дека бил шеф на стручниот штаб на ИМТ од Белград и Рудар од Приједор од Босна каде беше првите 8 кола од оваа сезона со која екипа немаше пораз. Круљ е еден од најперспективните ...
Откако Васе Беќаров и ФК Беласица спогодбено се разделија на едно коло пред крајот на есенската полуетапа, управата на клубот донесе одлука на клупата повторно да го донесе Александар Стојанов. ,, По сезона и пол Стојанов повторно се враќа како главен тренер на ФК Беласица.Под негово водство во сезоната 21/22 ФК Беласица беше чекор до пласман во прва лига каде што во баражот беше поразена од ФК Скопје. Исто така тој е и единствениот тренер на ФК ...
На 08.12.2023 година од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица била извршена контрола во угостителски објекти на подрачјето на Струмица. ,,Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство на малолетни лица по 24.00 часот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава,, соопшти МВР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ...
Со одлука на Министерството за здравство ЈЗУ Здравствен дом Струмица доби нов директор. На оваa функција е поставен д-р Милан Гудев специјалист по спортска медицина. Гудев доаѓа на местото на психолог Љубица Митева која беше директор изминативе години. Д-р Гудев околу 20 години е вработен во ЈЗУ Здравствен дом Струмица а од пред извесен период е специјалист по спортска медицина. Тој најави дека приоритет ќе му биде унапредување и развој на ова ...
Струмица жени ја забележа и единаесетата победа во првенството откако славеше и во втората пресметка со Јанта волеј овој пат на гостински терен. Со ова струмичанки го задржаа максималниот учинок 11 од 11 и се најдобриот тим во женска конкуренција во земјава со најсериозни шанси за освојување на шампионската титула. Струмичанки добро го отворија мечот добивајки го првиот сет но домашниот Јанта не дозволи брза победа на избраничките на Гоце ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски очекува за минимум 20-тина отсто да се зголемат откупните цени за тутунот и да достигнат до 400 денари за килограм тутун прва класа при што најави и нови мерки за тутунарите. ,,Водиме голема грижа во поглед на поддршката на тутунопроизводителите. Го променивме моделот на проценување, повеќе се цени првата класа со што годишно добиваат пет милиони повеќе заради новиот модел. ...
Поп пејачката од Струмица Александра Јанева која деновиве беше побарана за жена во Париз Франција од своето момче Иван, на социјалните мрежи го објави најновиот сингл и видео-запис на „Одвреме навреме“ која сама го правела во Италија. „Ова е првото видео кое го снимив сама, со телефон и gimbal. Непосредно пред да заминам на патување ја поставивме песната во студио и не можев да престанам да ја слушам! Па си реков, зошто да не ја снимам мојата ...
Екипата на Алопласт – Васил од Јосифово Валандовско победи на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Јоже Хаџиевски“ кој се одржа во Куклиш. Тие во финалето славеа против Термооранжерии од Банско со 3:1 додека во малото финале славеше екипата Фрајт Уан од Радовиш кои со 9:3 славеа против Електик За најдобар играч на Меморијалниот турнир беше прогласен Марјан Ристовски, за најдобар голман Ивица Божиновски и за најдобар стрелец Тони Мичковски. На ...
Се известуваат сите граѓани дека на ден 10.12.2023 (недела) и на ден 11.12.2023 (понеделник), поради чествувањето на Празникот на градот Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот од страна на полицијата, и тоа на улиците „Крушевска Република“, „5ти Ноември“, дел од улицата „Бетовенова“ и улицата „Славчо Стојменски“ во Струмица. “Дополнително, Ве известуваме дека дозволена зона за ...
Обезбедeни се пари за асфалтирање на патот до манастирот Св. Ѓорги во населеното место Дукатино. Првиот човек на општина Василево зо директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Ѓоко Камчев потпишаа Договор за реализација на овој проект со што се решеава уште едно барање на жителите од Дукатино ,,Денес потпишав договор за реализација на проектот за изградба на патот до манастирот Св.Ѓорги во Дукатино со директорот на Центарот ...
На иницијатива на младите средношколци од Струмица предовени од Каја и Филип кои реагира на сечата на дрвцата заради изградба на велосипедската патека, денеска Општинските власти заедно со членови на Младинскиот своет и ученици од трите училишта беа засадени 150 дрвца долж булеварите во Струмица. ,,Се договоривме на едно исечено дрво, да засадиме 10 нови и тоа во градот. Денеска започнавме од пред зградата на Судот и на уште две локации, ...
Соопштение од прес конференцијата на „Еуромакс ресоурцес“ Компанијата „Еуромакс ресорсис“ ѝ испрати писмо на министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, во кое ги расчистува сите дилеми и заблуди кои во изминатиов период се создадоа во однос на работата на идниот рудник за бакар „Иловица- Штука“ и уште еднаш бара надлежните органи да го разгледаат и да одговорат на барањето за спојувањето на концесиите „Иловица 6“ и ...
Гоце Арнаудов бил роден во Струмица на 19 август 1954 година. Тој беше еден од најпопуларните македонски пејачи на фолклорна музика. Гоце уште на десет годишна возраст почнал да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формирал групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце во Македонија се вратил во 1993 година и за кратко време ги освоил симпатиите и ...
На само пет дена до завршувањето на есенскиот на шампионатот на Втората лига, еден од најтрадиционалните клубови во нашата земја се одлучи за тренерска смена. Струмичка Беласица се раздели со Васе Беќаров, кому саботниот дуел со Скопје му беше последен на клупата на струмичкиот клуб. Поразот од Скопје со 0-1 го чинеше Беќаров губење на тренерската позиција, а Беласица мора да започне од почетокот во пролетниот дел на ВМФЛ „Беласица и Беќаров ...