Од 384 потврдени случаи на Делта сојот во Грција за периодот од 29 септември до 18 октомври, два се однесуваат на варијантата Делта плус, што воедно се и првите потврдени случаи на оваа мутација во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција во седмичниот извештај за мутациите во земјата, соопштуваат дека два од делта случаите се однесуваат на варијантата ΑΥ.4.2 и се ...

Голем број на познати хотели во популарниот ски центар Банско, соседна Бугарија, отворија сопствени мобилни лаборатории, каде гостите можат да направат Ковид – 19 тест. Со цел да им се удоволи на туристите и да бидат поштедени од барање на лаборатории и закажување на тестирање, повеќето хотели се решиле самите да ја обезбедат оваа услуга, за која се наплаќа по 15 лева, односно околу 500 денари. -За ваше задоволство е осигурана мобилна ...

Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека не е прогласена кризна состојба во делот на енергетиката во државава. Министерот уверува дека струја ќе има до Нова година, и дека до тогаш нема да се покачи ниту цената за граѓаните. Но, не гарантира за од 1 јануари. Вели – тоа никој не знае. Само се надева дека нема да има вонредно покачување на цената на струјата за домаќинствата. “Зборуваме за светска криза. И нашиот енергетски ...

Ноќните клубови, баровите и угостителските објекти за свадби и други прослави ќе можат да работат со 50 отсто од капацитетот на објектите, одлучи Владата на синоќешната седница. Дополнително, од Владата соопштија дека од 15 ноември за влез во угостителски објекти, хотели, трговски центри, бензински станици, казина и обложувалници, или за посетување настани ќе биде задолжително да се покаже сертификат за две примени дози од вакцината против ...

Во меѓународна полициска операција во повеќе земји од светот уапсени се 150 осомничени лица за купување или продажба на нелегална стока преку Интернет, како дел од една од најголемите операции насочени кон темната мрежа, соопшти Европол, цитиран од француските медиуми. -Оваа операција, позната како Dark HunTOR, се состои од низа одвоени, но меѓусебно поврзани акции во Австралија, Бугарија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Швајцарија, ...

Пожар попладнево изби во старите бараките каде што се наоѓаше Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје. Со пожарот се зафатени сите бараки, кои сега се празни, но околу нив се наоѓаат други објекти и ресторани и постои опасност и тие да бидат зафатени. Командантот на скопската Пожарна бригада Владимир Симоновски вели дека во моментов, на терен интервенираат пет возила и во секој момент се чека да стигне дополнителна помош за да се стави ...

Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев. СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во целост ги демантираме ваквите невистини, и ниту една црна кампања, вклучителна и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помогне да го одбегнат поразот од народот кој им следи. Потсетуваме дека не е прв ...

За првпат во историјата во медицината дрон бил користен за да се испратат бели дробови од една болница во друга, за трансплантација на пациент. Дронот со белите дробови на крајот на септември биле испратени од кровот на болницата Торонто Вестерн, до Општата болница. Канадскиот хирург доктор Шаф Кешавџи, рече дека тој успеал да направи нешто, што никој пред него го немал направено. На дронот му биле потребни само десетина минути за да стигне до ...

Силна бура пустоши во јужна Италија втор ден по ред и однесе најмалку еден живот, поплавувајќи патишта, полиња и предизвикувајќи лизгање на земјиштето, соопшти полицијата. Телото на 67-годишно лице е пронајдено во грмушка, далеку од местото каде што последен пат бил виден откако неговиот автомобил се заглавил во вода и кал југозападно од градот Катанија на Сицилија. По неговата сопруга сè уште се трага, соопштија итните служби. ...

Европската Комисија во најновиот Извештај за реформскиот напредок на земјава за 2021 година јасно потенцира дека Северна Македонија треба да ги зголеми финансиите што се одвојуваат на национално и локално ниво за намалување на загадувањето на воздухот. -Ограниченото спроведување и ресурсите, слабата меѓусекторска соработка и координацијата помеѓу централните и локалните власти го ограничуваат влијанието на мерките за намалување на ...

Екуменскиот патријарх Вартоломеј му ветил на претседателот Џо Бајден дека заедно со папата и други верски лидери ќе помогнат во повикување на граѓаните да се вакцинираат против ковид-19. Ваквата иницијатива Вартоломеј ја најави денес по средбата со Бајден во Белата куќа, нагласувајќи дека претседателот е „верник и човек со визија и ние знамеме дека ќе им понуди на оваа прекрасна држава и на светот најдобро лидерство и насока во негова ...

АД Електрани на Северна Македонија распиша нов тендер за набавка на јаглен за надминување на енергетската криза што од Европа се прошири и во Македонија. Понудите ќе се отвораат на 2 ноември. Овој пат, вториот тендер што го распиша националниот произведувач е за 900 илјади тони и важи само за потребите на РЕК Битола, односно не се споменува ТЕЦ Осломеј, чие рестартирање беше планирано во претходниот повик, кога се бараа 1,2 милиони тони. Рокот ...

Џејмс Мајк Тајлер, актерот најпознат по улогата на Гантер, почина на 60-годишна возраст. „Тајлер почина мирно во својот дом во Лос Анџелес во неделата наутро. Светот го препознаваше како Гантер, седмиот пријател од серијата „Пријатели“, но најмилите Мајкл го препознаваа како актер, музичар и човек кој се залагаше за подигнување на свеста за опасноста од канцер“, објавил неговиот менаџер Тони Бенсон. Да ве потсетиме, ...

Колумбискиот главен нарко бос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци со дрога. Весникот „Семана“ наведува дека Отониел, за да формира мрежа за илегална трговија, воспоставил врски во Панама, Мексико, Доминиканската Република и Белгија. „Семана“, исто така, наведува дека досието до кое имала пристап, содржи извештај за преговори со емисари на мексиканските ...

Хидроакумулациите немаат вода ниту да покријат еден едниствен ден од потребите за електрична енергија во државата, а вкупната количина на вода се проценува на околу 10 отсто од максималниот капацитет. Слично е и со РЕК Битола каде работи само еден блок и тоа со намалена моќност пшоради квалитетот на јагленот кој се користи. Вториот блок и третиот блок не се вклучени, иако тоа беше најавено пред петанесетина дена од директорот на ЕСМ Васко ...

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според неа, атентатот бил детално и долго планиран, а требало да биде извршен на 27 јануари годинава, на откривање на споменикот на Стефан Немања во Белград. „Планиран е долго и детално. Формирани се паралелни структури во МВР и водени се кампањи во тајкунските медиуми кои ги пренесуваа медиумите во регионот за ...

Денеска почина филологот Атанас Вангелов. Пред десетина дена по повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание доделена му беше наградата “11 Октомври” за државната награда, за животно дело во областа на науката и образованието. Беше поет, раскажувач, критичар, есеист, книжевен теоретичар, драмски автор, преведувач. Роден е во Богданци на 6 февруари 1946 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки ...

Најбараниот тровец со дроги во Колумбија, водачот на Заливскиот картел Диаро Антониот Усуга Давид, познат како Отониел, е заробенм во саботата во тек на операција којашто ја спровеле колумбиските вооружени сили, потврдија ноќта кон неделата воени и полициски извори Според изворите на дневниот весник El Tiempo, операцијата била изедена во општината Некокли во северозападна Колумбија. Во текот на ноќта Усуга наводно бил пренсен во Меделин. ...

Според податоците од ДИК, ВМРО-ДПМНЕ освои 18 советнички места во Советот на Град Скопје, СДСМ има 12, ДУИ 5, Левица четири советнички места. Советот брои вкупно 45 советници, а за мнозинство се потребни 23 советнички места, што значи дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ нема да имаат мнозинство во Советот Денеска ДИК ги објави конечните податоци, според кои по две советнички места во Град Скопје имаат АА/А, Група избирачи Драгана Велковска и ...

Во врска со случајот МВР презема мерки за негово расчистување, а уште во текот на денешниот ден на разговор се повикани лицата инволвирани, за случајот известен е и јавен обвинител, соопшти Министерството за внатрешни работи во врска со случајот во ОУ Панајот Гиновски во Бутел. „Денеска околу 15.45 часот во Полициската станица Чаир, К.А.Р., директорка во основно училиште во скопската населба Бутел, поднесе писмено известување во врска со ...

Русија станува се повеќе загрижена дека зголемувањето на цените на гасот ризикува да ја уништи побарувачката за нејзиниот најголем извозен пазар.Европската гасна криза се уште може да влијае на Русија, изјави во средата претседателот Владимир Путин, ако скокот на цените доведе до инфлација, дополнително зголемување на трошоците за основни потреби како храна или намалена побарувачка за гориво, клучен извор на државните приходи. „Ова има ...

Трагичен инцидент го потресе Холивуд: акертот Алек Болдвин при снимање на филм пукал од оружје кое било реквизит и притоа убил камерманка и го ранил режисерот. Полицијата отвори истрага. Камерманката Халина Хачинс (42) е смртно застрелана во инцидентот, се вели во соопштение на полицијата во Санта Фе. Режисерот Џоел Соуза (48) е повреден и пренесен во болница. Инцидентот се случил во текот на снимањето на вестернот „Rust“ на ранчот ...

45 годишната Ф.Л од тетовското село Доброште загина во сообраќајната несреќа која претпладнево се случи на автопатот Скопје – Тетово. Од СВР Тетово велат дека несреќата се случила во близина на Добарски натпаник кај местото Еребино. Жената управувала џип Тојота Рав со американски регистарски ознаки и сама била во возилото. Несреќата се случила пред 11 часот, а како што велат од СВР Тетово, до трагедијата дошло откако возилото излетало од ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе отвори сопствена платформа за социјални медиуми наречена „Вистина“, пренесува Ројтерс. За неа вели дека „ќе им се спротивстави на големите технолошки компании“ како Твитер и Фејсбук кои му забранија да ги користи нивните платформи. Платформата ќе биде создадена преку нова компанија формирана со спојување на Trump Media and Technology Group и Special acquisition company, ...

Нуркач пронајде стар меч во близина на бреговите на Средоземното Море во северен Израел, за којшто познавачите велат дека е од времето на крстоносните војни. Според израелската Управа за антиквитети, пронајдени се повеќе предмети на 150 метри од брегот, меѓу кои и фенери, ќерамика и меч долг еден метар. На ова место има повеќе археолошки слоеви, од коишто некои се стари и 4.000 години, но тешко е да се дојде до сите нив. За новиот наод се ...

Цените на бензинот и дизелот силно ги погодија Германците во паричникот. Според автомобилскиот клуб АДАК, дизелот во Германија достигна историска рекордна цена од 1,55 евра за литар. Цената на бензинот исто така се индексира до историски рекорд. Еден литар Супер на крајот на неделата чинеше 1,67 евра, а највисоката вредност беше постигната во август 2012 година – 1,70 евра за литар, објави Дојче веле. Цените на горивата растат со месеци и ...

Новиот градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски денеска имаше кафе-средба со своите противкандидати на изборите: Александар Филиповски од СДСМ, Весна Кираџиева од Левица и Билјана Аврамоска Ѓореска од ДОМ/ЛДП. -Ги поканив моите противкандидати на кафе дружење за да испратиме порака за обединување кое не само на Аеродром, туку и на цела Македонија ѝ е потребно. Сè ова го направив со цел да излеземе од оваа состојба во која се наоѓаме и да ...

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска најавува умерена нагорна ревизија на проектираната инфлација од 2,2 проценти. Во изјава за медиумите, Ангеловска-Бежоска рече дека со оглед на движењето на цените на храната и на енергенсите, најверојатно ќе биде направена умерена нагорна ревизија на инфлацијата со следните макроекономски проекции. – Со априлскиот циклус на проекции проектиравме стапка на инфлација од 2,2 проценти, ...

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 113-та седница, меѓу другото, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана). Со овие измени и дополнувања се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во ...

Кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од Охрид во вториот круг повторно ќе ги измерат силите, бидејќи ниту едниот не освои над 50% од гласовите. Поточно, Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ освои над 47% од гласовите, а Константин Георгиевски од СДСМ доби 42%. Математиката им ја „зачини“, кандидатот од ТМРО, Гоце Цветковски -„вегета“, кој освои 1.376 гласови, или над 4%. Цветковски го привлече вниманието на една од дебатите, кога во ...

weather icon

Скопје

40ᴼ / 40ᴼ
1.54
13%
1013
weather icon

Белград

39ᴼ / 36ᴼ
3.09
19%
1014
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
5.66
37%
1017
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
17%
1016
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
4.57
14%
1013
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
54%
1018
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
5.14
26%
1014
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.63
46%
1015
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
4.12
19%
1014
weather icon

Букурешт

38ᴼ / 36ᴼ
3.09
25%
1015
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
5.66
61%
1017
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
7.72
100%
1017
Currency

61.525

Currency

52.3161

Currency

71.2961

Currency

34.256

Currency

38.4297

Currency

65.8212

Currency

7.29096

Currency

0.66212

Currency

0.36193

Currency

0.52523

Currency

1.31169

Currency

0.61183

Алуминиум

2.61

Иридиум

142579.27

Кобалт

42.99

Никел

15240.00

Рутениум

24048.76

Калај

33.98

Сребро

1184.46

Злато

107145.23

Бакар

10.06

Паладиум

36040.99

Платина

44470.11

Родиум

176829.11

Цинк

2.73