Мартин Протуѓер, еден од најблиските соработници на поранешниот премиер Никола Груевски, денеска сведочеше на рочиштето за “Плацевите на Водно”. Тој појасни дека од 2005 година почнал да работи во ВМРО-ДПМНЕ, најпрвин како шеф на кабинетот на претседателот, а од 2008 до 2011 година бил именуван за генерален секретар на партијата. Протуѓер истакна дека иако со функцијата генерален секретар ја добил и обврската околу финансирањето на ...

Државната изборна комисија повеќе од една недела не одговара на прашањата дали и на кој начин е законски регулирано поставувањето на рекламни мегаборди на Јавни претпријатија за платено политичко рекламирање, нешто што не е пропишано во Изборниот законик. Но, и воопшто, дали овие локации претходно се пријавени да бидат дел од ждрепката на ДИК, во случај кога веќе го нудат просторот за рекламирање за време на кампања. Ваков тип на рекламирање ...

За еден месец би требало да се избере новиот шеф на скопското обвинителство, откако пред половина година, обвинителот Сашо Рајчев се повлече од позицијата и беше избран за виш обвинител. Претседателот на Советот на јавните обвинители Антонио Јолевски за „Фокус“ вели дека изборот се пролонгираше поради изборите, но сега останува да состанат членовите на Советот и да гласаат. Во трката се тројца обвинители и тоа Гаврил Бубевски, кој ...

Соборената лидерка на Мјанмар, Аунг Сун Су Кји, е осудена на четири години затвор во првата од серија пресуди со кои би можела да остане зад решетки до крајот на животот. Таа е прогласена за виновна за поттикнување немири и за прекршување на правилата за заштита од ковид-19 според законот за природни катастрофи. Добитничката на Нобелова награда за мир се соочува со вкупно 11 обвиненија, што таа ги негира. Су Кји се наоѓа во домашен притвор од ...

По одлуката на Алтернатива да се вклучи во парламентарното мнозинство, веќе, иако неофицијално, е договорено оваа партија да го предводи Министерството за здравство, а најверојатно министерската позиција од Венко Филипче ќе припадне на стоматологот Беким Сали, кој беше кандидат на Алтернатива за градоначалник на Чаир. Фактор од свои сигурни извори дознава дека за заменик-министер за здравство е предложен актуелниот директор на Здравствен ...

Најверојатно ќе донесеме одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, најавува министерот за економија Крешник Бектеши. Подготвен е предлог што утре или во вторник ќе биде доставен на разгледување до Владата. Оваа најава не доаѓа директно од Владата туку ја најави министерот за економија во изјави за медиуми. -Секторот за трговија при Министерството за економија веќе ги направи пресметките во делот на зголемување на ...

Новата варијанта на коронавирусот Омикрон најверојатно собрала најмалку една од нејзините многубројни мутации со тоа што презела парче од генетскиот материјал на друг вирус, најверојатно оној што предизвикува обична настинка, кој е присутен кај истите заразени клетки, велат истражувачите. Според светските агенции, ова не е забележано во ниту една претходните варијанти на коронавирусот, но е присутно кај многу други вируси, вклучително и оние кои ...

Цементарница УСЈЕ редовно објавува неделен преглед на средно-дневните мерења на емисиите од главните емисиони точки на Цементарницата. Во прилог е прегледот на емисии од последниве седум дена (26.11.2021 – 02.12.2021). Од 2007 година, емисиите на Цементарница УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните ...

Алек Болдвин вели дека чувствува неверојатни тага и жалење за пукањето во кое загина снимателка на снимањето на филмот „Раст“ во Ново Мексико, но не и вина. „Некој е одговорен за тоа што се случи, не можам да кажам кој, но не сум јас. Доколку се чувствував одговорен, можеби би се самоубил“, изјави Болдвин во првото јавно интервју по трагичниот инцидент на 21 октомври. Тој вели дека е суштински да се открие кој го ставил ...

По вчерашното сведочење на екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески за случајот „Плацеви на Водно“ на Фејсбук се огласи поранешниот премиер Никола Груевски, кој исто така е еден од обвинетите во овој случај. “Во судот имало повторно обид за изнудување лажни изјави против мене за случајот за наводни купувања земјишта. Не планирав да објавувам било што денес, доколку медиумите под контрола на власта не се обидеа тоа ...

Македонскиот народен театар информира дека нивниот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Кајевски е роден на 01 февруари 1982 година во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2010 г. е актер во Македонски народен театар – Скопје. -Не’ остави збунети, во болка и во ...

Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини, во вечерашното гостување на ТВ21, одговарајќи на прашањето дали автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 45 луѓе во Бугарија е регистриран, рече дека регистарската табличка на автобусот не постои во евиденцијата на транспортните власти. Јас добив 58 извештаи од Министерството за внатрешни работи од „Деве Баир“ и сите регистарски таблички на возилата се ...

За 30.000 евра од документ, странски државјани со тешко криминално досие, добивале оригинални грчки пасоши или лични карти или било каков друг документ преку „услугите“ на криминалната организација што денеска ја разби грчката полиција, а била активна најмалку осум години и уапсени се 20 лица меѓу кои и полицајци, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Министерството за цивилна заштита на Грција, според истрагата ...

Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави предлогот на Бугарија да се раздвои патот на Албанија и Северна Македонија за пристап во ЕУ, што ќе и овозможи на Албанија да напредува. Патот на Албанија кон ЕУ е поврзан со оној на Северна Македонија. Ова значеше дека ветото на Бугарија поврзано со човековите права, историските и јазичните прашања резултираше со тоа што Албанија не успеа да напредува кон формалниот почеток на преговорите, и покрај ...

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот што се запали на автопатот Струма. Нивната идентификација е направена со ДНК профили. Во раните утрински часови на 23 ноември на автопатот кај селото Боснек, автобус со скопски таблички кој сообраќаше од Турција кон Република Северна Македонија излета и се запали. Вчера, со указ на јавниот ...

„Инфинум“ една од најголемите хрватски компании, со интернационално искуство за развој на дигитални производи, која работи на глобалниот пазар ја презема македонската компанија „3П Девелопмент“, за развој на софтвер. Компанијата е присутна на повеќе од 15 пазари во светот, а свои канцеларии има и во Хрватска, Словенија, САД, а отсега и во Велика Британија, Црна Гора и Македонија. Со влегувањето на македонскиот пазар, ...

Компанијата Салцбург Шоколаде од Гродиг, Австрија, најпозната по производството на слатки „Моцарт топки“, поднесе барање за стечај. По стечајот на компанијата, рано изутринава се воделе разговори меѓу раководството и претставниците на синдикатот, на кои од Салцбург школоладе рекле дека не се во можност да им ги исплатат ноемвриските плати на работниците. „Компанијата е тешко погодена од пандемијата од 2020 година“, рече ...

Најстудено утринава е во Битола каде се измерени -10 степени. Утринските температури во целата држава се под нулата освен во Дојран каде според Управата за хидрометеоролошки работи е измерен еден степен над нулата. Во Берово утринската температура е -8 степени, во Маврово и Попова Шапка -7, во Крива Паланка и Крушево -6, во Петровац кај Скопје, Демир Капија и Струмица -5, на Зајчев Рид Скопје, Прилеп, Штип, Виница и Куманово -4, во Тетово, Охрид ...

Во текот на изминатиот викенд и неколку дена претходно тетовската полиција бележи три сообраќајки незгоди на автопатот Тетово-Скопје, за кои причина било движење по коловозната лента на диви животни. Во овие три невообичаени случаи, сите на автопатот околу Групчин, станува збор за диви прасиња во кои удриле возила, а кои поминале само со материјална штета и без повредени луѓе. – Во овој реон и покрај заштитната ограда тие успеале да влезат ...

Бизнисменот Орце Камчев и понатаму ќе остане во притвор, одреден за случајот „Плацевите на Водно“, вели шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. -Одбраната го исполитизира случајот со тоа што викаше меѓународни набљудувачи. Јас лично сум немала притисок од било кого. Зборував во обвинителката за случајот и таа е апсолутно сигурно дека ако се пушти Камчев од притвор би избегал, рече шефицата на ...

Две братчиња од Велес на возраст од четири и осум години се вратиле дома здрави и живи откако во саботата исчезнале од нивниот дом во Велес. Децата за исчезнати биле пријавени од страна на нивниот татко С.Б. (39). На полицискитте иследници тој им појаснил дека братчињата излегле од дома околу 19.30 часот и не се вратиле назад. – Во добра состојба се, на родителите им кажале дека излегле да се прошетаат, па се заиграле. Преноќиле кај некое ...

Телата на 45 загинати во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, која се случи на 23 ноември, во петок ќе бидат префрлени во Скопје. Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, имал разговор со заменик-главниот обвинител на Бугарија, Борислав Сарафов, кој му кажал дека телата ќе бидат достапни за пренесување во четврток. Летот со кој ќе се изврши транспортот ќе биде во петок. Преносот ќе се изврши со авион на Република ...

Од Турција тргнале 4 автобуси. Во различен период ја минале границата со Бугарија бидејќи дел до патниците инсистирале да одат на шопинг. Ова е причината зошто конвојот се раздвоил и патувал со задоцнување од 20-тина минути и немало кој да му пружи помош на несреќниот со реден број 3, автобус кој изгоре до пепел. Деталите на обвинителите за кобното патување им ги открил сопственикот на „Беса Транс“ кој бил еден до возачите на вториот ...

Професорката Гордана Силјановска Давкова на својот профил на Фејсбук реагира дека при реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ која минува низ Дебар Маало во скопски Центар, на бандерите се прикачени видео-камери кои, според пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, се насочени во интимниот простор на граѓаните. „Пред неколку дена, во духот на заложбите за „безбеден и мирен град“, дваесеттината истопорени светлосиви стапови, ...

Ризикот од новооткриената Омикрон варијанта е голем објави Светската здравствена организација. СЗО исто така предупредува дека би можело да дојде до сериозни последици во зависност од карактеристиките на оваа варијанта, кои уште се истражуваат. „Омикрон има огоромен број мутации од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание на текот на пандемијата“ – велат од СЗО. СЗО исто така предупрдува на можноста на ...

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија им се обрати на своите колеги од Комисијата за заразни болести, предлагајќи неколку мерки: -Ако навистина сакате да стимулирате вакцинација, место понижувачката парична стимулација за матичните лекари, УКИНЕТЕ ЈА ПАРТИЦИПАЦИЈАТА ЗА СИТЕ МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ во 2022 година на СИТЕ ВАКЦИНИРАНИ. (слично како што е за крводарителите). -Ако сакате да се намали антиваксерското расположение издвојте ги ...

Изминативе денови, по настанот, телефоните постојано ни ѕвонат, се јавија голем број на адвокати од целата земја, кои се понудија да ја застапуваат Пале без надомест, бидејќи сметаат дека правдата е на нејзина страна и како убиството се случило во самоодбрана – за „Фокус” раскажува блиска роднина на 23-годишната Пале И. од Велес, по случајот кој ја вознемири целата јавноста. Идентитетот на роднината е познат на редакцијата ...

Портпаролот на главниот обвинител Сијка Милева рече дека при нејзиниот разговор со еден од преживеаните, рекол дека се спасени 8 лица, а не 7. Во исто време, на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела. Затоа, истражителите ја тестираат хипотезата дали има уште еден преживеан и каде е тој. -Можно е некој од туристите да се качил на територијата на Бугарија во некој од другите автобуси на туристичката група и затоа патниците се еден помалку, ...

Бугарските медиуми доцна синоќа објавија дека е разоткриена мистеријата зошто има несовпаѓање меѓу списокот на повредени во несреќата во „Пирогов“ и списокот на патници на македонската туристичка компанија. Во редакцијата на БНТ се јавил Шади Салех чие име се споменуваше како патник меѓу преживеаните. Тој објаснил дека тоа нема никаква врска со несреќата. Салех бил бугарски државјанин, а во саботата бил примен на трауматолошкиот ...

Во опожарениот автобус на Струма е пронајдено 45-то тело. Ова се случило при повторен преглед на возилото. Веста за НОВА.бг ја потврди заменик главниот обвинител и началник на Националната истражна служба Борислав Сарафов. Вчера инспекторите рекоа дека се сомневаат дека е исчезнат член на групата. Веста за НОВА ја потврди и портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева. „За жал, мистеријата е решена. Пронајдено 45-то тело. На увид се ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
30%
1014
weather icon

Белград

34ᴼ / 32ᴼ
5.66
27%
1014
weather icon

Загреб

34ᴼ / 33ᴼ
3.09
29%
1015
weather icon

Софија

27ᴼ / 25ᴼ
4.12
30%
1019
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
5.25
19%
1015
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
4.63
44%
1017
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
45%
1012
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
3.6
45%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.6
22%
1012
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
5.66
29%
1016
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 35ᴼ
1.03
24%
1015
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
11.32
39%
1012
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052