Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 19 починати лица. Шест починати лица се од Скопје на возраст од 52 години, 66 години, 78 години, 79 години, 88 години и 91 година, пет починати лица од Битола на 59 години, 69 години, 79 години, 80 години и 86 години, две починати лица од Велес на 38 и 72 години и по едно починато лице од Штип на 71 година, Пробиштип на 89 години, Кавадарци на 32 години, ...

Прво да завршат преговорите со Алтернатива, да се види како ќе одат преговорите со Бугарија, па дури тогаш премиерот Заев би ја активирал оставката. Ова тој вечерва го изјави за ТВ Телма. Заев вели дека ќе остане премиер додека не ги заврши преговорите со Алтернатива и да види што ќе биде со Бугарија Прво да завршат преговорите со Алтернатива, да се види како ќе одат преговорите со Бугарија, па дури тогаш премиерот Заев би ја активирал ...

Од среда се забранува употребата на пластични кеси во земјава – тие веќе нема да се произведуваат, додека биоразградливите кеси кои се продаваат во маркетите, ќе чинат по 15 денари. Со ваквиот потег, на кој му претходеа законски изменаи од септември, треба да се обесхрабрат граѓаните да ги купуваат кесите, кои ја загадуваат околината. За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а ...

Здравствената служба на ЕУ смета дека новата варијанта на ковид која се појави во Јужна Африка може да се прошири низ Европа. Забрзано се испитува ефикасноста на постојните вакцини против Омикрон. Б.1.1.529 е ковид-варијанта кај која постои досега најголемо отстапување кое е откриено во текот на пандемијата, соопшти синоќа ЕЦДЦ, Европската служба за здравство со седиште во Стокхолм, во првата проценка на степенот на закана кој произлегува од ...

Одмазда е мотивот за трагедијата што се случи вечерва кај Глоѓане на Косово во која загинаа најмалку четири лица. Како што јавува српски Курир, пукањето кон автобусот со ученици се случило, откако возачот и кондуктерот го исфрлиле еден од патниците бидејќи ги малтретирал девојките. Потоа момчето земало калашников и го чекал автобусот по што пукал. Досега се идентификувани три убиени лица и тоа возачот Гани Ѓокај и учениците од селото Глоѓане ...

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев потврдил дека не се повлекува од напуштање на лидерското место во СДСМ и од премиерската позиција. Истовремено , според извори од партијата, споменал дека треба да се одржат внатрепартиски избори за негов наследник и го споменал и Димитар Ковачевски како еден од можните наследници на лидерското место во СДСМ . Инаку во тек е ЦО на СДСМ на кој треба да се потврди одлуката на ИО за одржување внатрепартиски избори ...

“Најпрво мислев дека шумата гори. Пламените јазици беа огромни. Ако не се лажам сигурно беа 2-3 метри. Силен пожар“, вели Валентин Георгиев еден од очевидците на несреќата со автобусот, во која 45 лица загинаа, а 7 беа спасени. Во понеделник вечерта Георгиев патувал од Софија до Благоевград. Работи како курир, наведува „Нова.бг“ во извештајот за несреќата. „Камионот ми беше на околу стотина метри. Јас бев првиот. И ...

Според најавите в петок Зоран Заев ќе ја ефектуира партиската оставка, по што треба да стартува и процесот за внатрепартиските избори, на кои ќе се избере новиот претседател на СДСМ, кој според Заев треба да биде и премиер. Актуелниот генерален секретар Љупчо Николовски нема амбиции да седне на местото на Заев, воедно за претседателската позиција нема да се кандидира ниту министерот Оливер Спасовски, кој смета дека Заев треба да си остане и на ...

Кевин Стрикленд невин во затвор помина 43 години. Тој беше осуден за убиство кое отсекогаш го негираше. Сега тој е е на слобода. Афроамериканецот Кевин Стрикланд, на 62 годишна возраст, беше ослободен од вина и беше пуштен на слобода во вторникот со судска одлука во американската сојузна држава Мисури, откако помина 43 години во затвор поради погрешна судска пресуда. „Не сум нужно лут. Тоа би било премногу. Мислам дека развив емоции за кои ...

– Состојбата на повредените во автобуската несреќа е добра и тие се во стабилна општа состојба. Нема опасност по нивното здравје. Од болницата „Пирогов“ денеска соопштија дека пациентите се соодветно згрижени и нивната состојба се следи од разни специјалисти. Извршени се сите потребни итни интервенции. -Постоперативната состојба на пациентите се оценува како добра. Денеска претстојат две дополнителни оперативни интервенции. Кај ...

27 годишниот Газменд Укали од Кичево и неговата вереница 23 годишната Албина Белули од Тетово се едни од лицата што утрово загинаа во несреќата што се случи кога автобус се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија и животот го загубија 46 лица. Газменд беше дел од кабинетот на градоначаликот на Кичево, Фатмир Дехари, а во петокот го славел својот 27-ми роденден со својата вереница во Истанбул. Информацијата за смртта на Газменд во ...

Втор мандат за Румен Радев. Актуелниот претседател на Бугарија победи на вчерашните избори за претседател и ќе ја предводи државата во наредните пет години. 58-годишниот Радев во вториот круг убедливо го победи противкандидатот Анастас Герџиков. На изборите кои ги одбележа рекордно ниска излезност од околу 40 проценти, Радев освои 66 отсто од гласовите, додека Герџиков – ректорот на софискиот универзитет доби доверба од 32 проценти. ...

Шанковите, потпорните ѕидови и објектите кои минатата локална власт ги урна на охридските плажи, за новиот градоначалник Пецаков не се дивоградби туку само проекти кои биле лошо изменаџирани од локалната самоуправа. Пецаков смета и дека досега воопшто и немало акција на уривање на дивоградбите во Охрид. И покрај препораките на УНЕСКО плажите да останат слободни и да не бидат концесионирани, градоначалникот најавува дека тие сепак ќе се најдат на ...

Премиерот Зоран Заев утре за време на одржувањето на седниците на Централниот и Извршен одбор на СДСМ ќе поднесе оставка која треба да биде констатирана. Истовремено ќе почне и постапката за избор на нов партиски лидер. Неговиот наследник се уште не е познат, а официјални кандидати се уште не се објавени. Засега од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не ја коментираат оставката на Заев, бидејќи како што велат од таму, премиерот честопати ги менувал своите ...

На 20.11.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за општ и насилен криминал, во содејство со Оддел за специјални полициски операции, СВР Тетово, инспектори од Државен инспекторат за животна средина и преставник од ЗОО Скопје, по претходно добиена наредба од Јавен обвинител, извршена е контрола во угостителски објект во с.Чегране. При извршената контрола пронајдена е мини зоолошка градина, ...

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши денеска неколку часа разговараа околу можноста за коалицирање, но не си подадоа рака за конечен договор. Најавите се дека разговорите ќе продолжат и идната недела. Откако ги сослушале понудите и барањата кои што биле ставени на маса, двајцата лидери во рамките на своите партии ќе треба да разговараат за следните чекори. Пресудни за донесувањето на одлуката, според ...

По денешните разговори со Гаши, Заев најави дека ќе свика седница на Централниот одбор и дека ќе ја поднесе оставката што ја најави на чело на партијата, по што би почнала процедурата за избор на негов наследник Лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој ја извршува оваа функција од 2013 година, во три мандати, најави дека за вторни ќе закаже седница на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ, каде што, како што најави, ќе ја поднесе оставката на ...

Финансиска полиција утрово вршела истражни активности во општина Тетово. Градоначалникот Биљал Касами, тоа го оценува како политички притисок, затоа што се работи за предмет од пред 10-тина години на поранешен градоначалник. Од Управата за финансиска полиција велат дека постапуваат по наредба на Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, но не откриваат детали затоа што случајот е во предистражна постапка. ...

Грчката влада усвои нови мерки за борба против коронавирусот и премиерот Кирјакос Мицотакис кажа дека тие не се насочени против невакцинираните, туку имаат за цел да се избегне воведување ново целосно затворање. Мерките, претставени од министерот за здравство Танос Плеврис, ќе стапат на сила в понеделник и, како што кажа, се во согласност со посветеноста на владата економијата да функционира непречено. Новите мерки предвидуваат скалести смени во ...

Основниот кривичен суд во Скопје денеска пресуди казна затвор до 7 години и 6 месеци за 22-годишниот кумановец Никола Стефановски, возачот кој беше обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот со смртни последици, за сообраќајна несреќа во која загина малолетната кумановка Јелена Филиповиќ. Изрекувањето на пресудата следува откако обвинетиот на претходното рочиште ја призна вината, но не изрази каење за делото. На 19.11.2021 година ...

Популарниот актер Хит Фримен, познат во светот по улогата на серискиот убиец Хауард Епс во првите две сезони од серијата „Коски“, во саботата починал на 41-годишна возраст. Причината за смртта на актерот сѐ уште не е соопштена, но неговиот менаџер Џо С. Монтифјоре ја потврдил веста. Странските медиуми пишуваат дека Фримен починал во сон, во својот дом во Остин, Тексас. Некои од позначајните актерски проекти на Фримен ги вклучуваат ...

Еден по еден лидерите на партиите во Бугарија поднесуваат оставки по парламентарните избори. Следуваше и лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова. Како што најави, нејзината партија доби слаба поддршка на 14 ноември (го освои само четвртото место со околу девет отсто од гласовите) поради истовременото одржување на парламентарните и претседателските избори и стравот на граѓаните да излезат на гласање поради ковид 19. ...

Маж на возраст од 59 години бил убиен синоќа во групна тепачка што се случила синоќа половина час пред полноќ во Брушанско маало во Кавадарци. Според официјалните информации од МВР, четириесет и петгодишниот Х.С. исто така од Кавадарци во физичка пресмета помеѓу повеќе лица, во којашто биле употребени остри и тврди предмети му нанел убодна рана педесет и деветгодишниот З.П. кој подоцна починал во болницата во Кавадарци. Неколку часа по ...

Бугарскиот електорат се сврте кон (не)сигурно, давајќи го мнозинството гласови на новата партија предводена од двајца политичари со диплома од Харвард. Тоа е, разбирливо, многу поважна легитимација од карате појасот на Бојко Борисов или пејачката кариера на Слави Трифонов . Кирил Петков и Асен Василев ги разбрануваа политичките води откако влегоа во преодната влада која ја води државата од април. Токму тогаш се одржаа првите избори годинава, а ...

Пратеникот Кастриот Реџепи во Собранието прво на албански па на македонски зборува за своето отсуство. За да нема сомнежи и спинови , како сојузник на сите за поглед напред , во интерес на мојата земја самоволно се засолнив за да не дозволам земјата да отиде во правец спротивен од евпропските интеграции. Не е лесно да си спроти твоите сопартици но си реков: Да Кастриот некој мора да биде тој што ќе пресече во корист на иднината, тоа си ти. ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска изврши увид во активностите за интензивно расчистување на дивите депонии во општините Бутел, Сарај и Карпош. Градот Скопје веќе почна со чистење на мапираните диви депонии низ населените места на повеќе локации во Град Скопје. – Од првите денови од мандатот работиме на реализација на проектите чии што рок на имплементација се токму 82 дена, а чистење на дивите депонии е еден од клучните ...

акцинациите против сезонски грип и против ковид-19 – без разлика дали е прва, ревакцина или е трета доза, може да бидат и истовремено. Ако пак има временска разлика, нема никаква врска колкава е таа временската дистанца. Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче денеска кога почна вакцинирањето против сезонски грип. Тоа се одвива во центрите за јавно здравје и делови на здравствените домови и е на различни пунктови од оние каде ...

Македонското Собрание денеска во 11 часот, како што е најавено, треба да ја почне седницата за доверба на Влада. Доколку опозицијата обезбеди 61 глас против кабинетот на премиерот Зоран Заев, тогаш Владата е должна да даде оставка во рок од 24 часа, по што би почнал да тече рокот од 10 дена во кои претседателот Стево Пендаровски треба да го даде мандатот за составување нова влада на партијата или партиите кои ќе потврдат дека имаат најмалку 61 ...

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија. Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, одлуката е донесена врз основа на процената на Комисија дека постои ризик од настанување на ...

Трошоците на живот во октомври биле зголемени за 0,5 проценти во однос на септември, а за 4,1 процент во споредба со октомври лани. Цените на мало, пак, во октомври биле на исто ниво како и во септември, а во однос на октомври лани се зголемени за 6,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст на трошоците на животот во споредба со септември е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2,5 ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
41%
1015
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
38%
1014
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
37%
1014
weather icon

Софија

25ᴼ / 23ᴼ
3.09
34%
1019
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.93
25%
1015
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
61%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
6.17
50%
1012
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
74%
1014
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
0.0
37%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.6
34%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
0.51
36%
1015
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
10.29
57%
1013
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052