Мексико ја оправда фаворитската улога и фудбалерите на Хавиер Агире режираа големо задоволство за повеќе од 80 илјади фанови на „Ацтека“ стадионот во Мексико Сити, не само поради играта која ја прикажаа, туку и поради победата и трите освоени бода. Јужна Африка во ниту еден момент не беше достоен ривал за Мексико и ниту еднаш не го загрози голот на Ранхел, а од друга страна, правеше големи грешки и непотребни потези кои резултираа со два гола ...
Во воведниот натпревар на 23. Светското фудбалско првенство, домаќинот Мексико ја совлада вечерва Јужна Африка со 2-0 (1-0) пред 85.000 гледачи на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити во рамки на групата А. Мексиканската репрезентација тргна офанзивно од самиот почеток и веќе во 9. минута дојде во водство со голот на Кињонес, кој искористи грешка во одбраната на Јужна Африка. По неколку пропуштени идеални шанси за гол, Мексико ја одвои ...

