Сподели „Време е на Скопје да му го вратиме ликот на вистинска метропола, град кој ќе биде пристапен и функционален“, порача денеска кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Каја Шукова при денешната прошетка на Мал Ринг. Таа ја сподели нејзината визија за центарот на градот кој предвидува затворање на сообраќајот и ставање на јавниот простор во функција на пешаците, туристите, велосипедистите, не на автомобилите, изјави ...

Сподели Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Пријавениот Г.Т. како овластено службено лице градоначалник на Општина Делчево на 01.08.2018 по јавен оглас од ...

Сподели Министерот за здравство, Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. На состанокот присуствуваа и заменик министерот, Јовица Андовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Комисијата е формирана со цел собирање, обработка и анализа на податоци, со посебен фокус ...

Сподели Скопската општина Кисела Вода вчера беше центар на уличната уметност, каде што започна 15. издание на Баскерфест. Стотици граѓани уживаа во настапите на над 20 интернационални артисти, жонглери, акробати, илузионисти кои ја освоија публиката со несекојдневни вештини, хумор и интеракција што внесе живот во вечерната атмосфера. Децата беа воодушевени од шарените костими и забавните точки, а ниту возрасните не го криеја ...

Сподели Општина Центар доби шест куќички-засолништа за бездомни животни како донација од Амбасадата на САД. Куќичките, изработени од локални архитекти, се поставени во Паркот на Франкофонијата во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство“. Проектот има за цел подобрување на условите за бездомните животни и поттикнување на инклузивноста во јавните простори. Донацијата, првично е доделена на ...

Сподели Министерот за социјална политика демографија и млади, Фатмир Лимани денеска ги поздрави младите – учесници на Летната школа за родова еднаквост, која се одржува од 25 – 28 Август во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање. Летната школа за родова еднаквост ги обедини младите до 35 годишна возраст од регионот– вработени во администрација и има за цел зајакнување на знаењата за родовата еднаквост и ...

Сподели Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа работен состанок со директорите на сите општински основни училишта по повод започнувањето на новата учебна година. На состанокот се разгледуваа финалните подготовки за првиот училишен ден. Во сите училишта во тек се активности за темелно чистење, а во наредните денови ќе се спроведе и задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, со цел обезбедување на ...

Сподели Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи во време кога министер беше Бујар Османи, а Обвинителството и судството сѐ уште не презеле никакви мерки, реагираат од ВЛЕН. Ревизорите утврдија дека над 120 милиони денари (околу 2 милиони евра) се потрошени за организација на ОБСЕ самитот во Скопје без соодветна документација, без евиденција ...

Сподели На 26 август, во Кристалната сала на Собранието на РС Македонија, во 11 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на ...

Сподели Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело, нанесувајќи – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Делото го сторил вршејќи насилство врз жена со која имале претходни лични недоразбирања. На 23 август попладне оштетената отишла да се види со осомничениот пред угостителски објект во населбата Автокоманда. ...

Сподели Градоначалникот Максим Димитриевски, денеска потпиша Меморандум за соработка во име на Општина Куманово, со Здружението за поддршка и развој ТАЈКА – Гевгелија, застапувано од претседателката Тања Јовановска Каркалашева. Потпишаниот документ е од заеднички интерес и тесна координација, со цел да се поттикне општински, регионален и државен развој, во областа на социјалната заштита и благосостојба. Основна цел на соработката е ...

Сподели Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“. Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 ...

Сподели Со врачувањето на сертификатите за учество, во родното село на великанот на поетското создавање кај нас, особено во детската литература, заврши седмиот по ред Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“. Учесниците, млади поети од Турција, Грција, Србија, Албанија и Македонија, имаа прилика да ја посетат родната куќа на Николески, како и Спомен собата, при што, и во оваа прилика, беа оставени нови примероци во Збирката ...

Сподели Христијан Мицкоски повторно сака да биде во улога на шпицен градоначалник и им дели задачи на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Овој пат на Орце Ѓорѓиевски, исто како што беше случајот со Данела Арсовска. Скопјани добро се сеќаваат: кога Мицкоски и Арсовска делеа задачи и бизниси, сè им функционираше. Заедно ветуваа бесплатен превоз, а Мицкоски највуваше 100 нови електрични автобуси, па дури и фабрика за производство. ...

Сподели За прв пат граѓаните на општина Илинден ќе имаат можност да изнајмуваат електрични автомобили за своите потреби. За таа цел градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на Авант Кар, Мартин Милевски потпишаа Меморандум за соработка преку кој се овозможува на територија на општина Илинден воведување и имплементација на Систем за дистрибуција на автомобили со 100% електрична енергија. Поставени на три ...

Сподели СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Н.(39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кафеава смолеста материја и шприцеви. СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.М.(69) од Берово поради ...

Сподели Министерот за здравство, Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со наводите дека се вршеле непотребни кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници. Воедно, министерот Алиу на средбата потсети дека ќе биде испратен допис со кој сите приватни здравствени установи ќе се задолжат од 15 септември да го информираат Министерството, односно Управата за електронско ...

Сподели Вчера срцата на карпошани ги разигра нашиот успешен инструменталист Александар Јовевски, кој со својата авторски создадена музика и неговиот проект насловен „Од колено на колено“ ги потсети карпошани за вредноста на традицијата, грижата за идентитетот и убавината на македонскиот фолклор. Преку звуците на македонските традиционални инструменти кавал, тамбура и канон присутните имаа можност да пројдат низ едно музичко патување кое е ...

Сподели Во вторник, 26 август 2025 г., во 20:00 часот во Паркот на франкофонијата ќе биде отворена самостојната изложба на скулпторот Озбек Ајваз „Гласот на минатото“ – скулптура што раскажува приказни. Делото претставува уметнички потсетник за едно време кога читањето весници беше секојдневен ритуал, а вестите се примаа со трпение, внимание и доверба во изворите. Со својата форма и порака, скулптурата ја оживува културата на внимателно ...

Сподели Во среда, 27 август, скопјани ќе имаат можност да уживаат во уште една летна вечер исполнета со музика и забава. На сцената во Паркот на Франкофонија ќе настапи еден од најпопуларните млади артисти во земјава – Јанг Дади, кој со својата музика и енергија ќе ја претвори вечерта во вистински музички спектакл. „Центар е место каде што граѓаните се чувствуваат опуштено, исполнето и поврзано. Со вакви настани ја враќаме радоста на ...

Сподели Поминаа 5 години, 7 месеци и 8 дена од свеченото потпишување на договорот за „првите 2 километри“ на автопатот Скопје – Блаце, а ветувањето на Бујар Османи со кое се фотографираше и политички се фалеше остана нереализирано. ФБ сесии, фотографи, изјави, скапи видеа, но резултати нула. Тоа е Бујар Османи. Ветуваа автопати, оставија само албуми со слики. Ветуваа нови болници, оставија семејни трагедии. Ветуваа водоводи, оставија ...

Сподели Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер го прогласи за отворено 64. издание на Струшките вечери на поезијата и во рамки на свеченото отворање на фестивалот го проследи Меѓународното поетско читање – „Поетски меридијани“. Во своето обраќање, таа ја нагласи историската важност на фестивалот и потсети на 1961 година, кога група македонски поети се собрале за да ја одбележат 100-годишнината од објавувањето на Зборникот на ...

Сподели На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас. Пациент, маж на 64-годишна возраст, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, беше подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин. Операцијата беше во два акта – во вториот ...

Сподели Третата вечер на „Карпошовото културно лето 2025“, одбележана со бурни емоции, аплаузи, воздишки и воодушевувања од грандиозниот настап на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, кое наметна несовладлив интензитет и енергија, помеѓу изведувачите и присутната публика. Се чини дека плоштадот „Млечен“ со крајни напори ги рашири своите прегратки, за да ги прими сите љубители на фолклорот и традиционалниот народен мелос. ...

Сподели Во насока на подобрување на условите за живот и унапредување на јавниот простор, Општина Центар постави 100 нови урбани клупи и 100 нови канти за отпад на повеќе локации низ општината. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека новите канти се дел од напорите за создавање почиста и поеколошка средина, со што се поттикнува совесно фрлање отпад и одржување на јавниот ред и хигиена. Ново поставените клупи од друга страна пак ...

Сподели Второто издание на манифестацијата “Kenga Epike”, која ја негува убавината на албанската изворна песна, се одржа вечерва, на кумановскиот градски плоштад, во организација на Здружението за развој на културата во град Куманово – “Етникум”, под покровителство на Општината. Пред љубителите на музичката уметност, беа изведени осум народни песни, преработени во современ аранжман, во рок – метал верзија. Настапија пејачите Шпенд Љатифи и ...

Сподели На 21.08.2025 Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ предвидено и казниво по член 193-а став 3 од Кривичниот законик. По добиена информација од полицијата во Германија за спроведена истрага во врска со сексуална злоупотреба на деца и поседување и дистрибуција на материјал со сексуална ...

Сподели Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје,постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, расчисти случај во врска со кривичното дело – „измама во службата“ при што против лицето Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по член 355 став 3 од КЗ на РСМ. Имено, според сознанија од истрагата, осомничениот при крајот на 2023 година како ...

Сподели Во понеделник на 25.08.2025 во 19:30 часот во Ликовниот Салон во Велес ќе биде отворена 64-тата Ретроспективна изложба од академскиот сликар Ангел Петров од Велес “БОЈАТА НА МОЈАТА ДУША”. Изложбата ќе содржи 87 дела од неговото повеќедецениско творештво и тоа: 36 пејзажи, 25 актови и 26 коњи, или 87-те години живот на уметникот, тоа се трите мотиви што го следеле Петров низ целиот негов творечки живот. Во неговите пејзажи длабоко ...

Сподели Министерот за здравство, Азир Алиу на денешната прес конференција информираше дека веднаш по изјавата на д-р Кедев е формирана интерна комисија во Министерството. Истовремено се работи на формирање комисија за стручен надзор од тројца реномирани доктори од странство од европските земји, која прво ќе изврши надзор во приватните здравствени установи, а потоа и во јавноздравствените установи кои вршат кардиохируршки операции. Тој ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
8.75
61%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
92%
996
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
6.17
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.79
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
98%
996
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.36
84%
1001
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
58%
997
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
6.17
91%
1003
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
88%
998
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
62%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.78

Родиум

339994.14

Бакар

12.12

Злато

157561.16

Сребро

2733.78

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Цинк

3.29

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.09

Паладиум

55781.55

Иридиум

221848.72