Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради неправедните и репресивни даночни политики на актуелната влада, кои директно ги погодуваат граѓаните, особено оние кои работеле надвор од државата во тешки и ризични услови. Протестите пред Управата за јавни приходи се јасен доказ за институционален неуспех и за слепа даночна политика, која преку ретроактивни даноци им наметнува неправеден финансиски товар на граѓаните што ...

Општина Илинден, како една од општините со постојан демографски пораст и зголемување на наталитетот, продолжува со креирање конкретни мерки насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Во таа насока, за првпат се воведува финансиска поддршка за сите првачиња. Општина Илинден од 2022 година, континуирано обезбедува ранчиња со училишен прибор за секое дете запишано во прво одделение во основните училишта на територија на ...

Системот “Безбеден град“ е прашање на јавна безбедност, на заштита на животите на граѓаните и на воспоставување ред во сообраќајот. Кога зборуваме за “Безбеден град“, не зборуваме за камери или казни, туку за човечки животи. За побезбедни патишта, каде што никој не го губи својот татко, син или сестра поради туѓа неодговорност. За ВЛЕН, човечкиот живот нема цена и не може да се релативизира со политички пресметки или дневни интереси. Затоа, ...

„Бекутан“, еден од најпрепознатливите брендови за бебешка нега во регионот, за првпат официјално влегува на францускиот пазар преку малопродажната мрежа на „Лидл“ Франција, каде што детскиот крем „Бекутан“ во пакување од 100 ml ќе биде достапен во речиси 2.000 продажни објекти низ цела Франција. Препознатливата сина боја и мирисот што враќа во детството со децении ја градат приказната на „Бекутан“, бренд кој со пласманот на францускиот пазар ...

Министерот за здравство, утрово присуствуваше на стручен симпозиум, во организација на „Клиниката Жан Митрев“, кој претставува платформа за поврзување на меѓународните препораки со реалната клиничка практика. -Особена вредност на овој симпозиум е интерактивниот формат, кој овозможува размена на искуства, унапредување на клиничкото одлучување и јакнење на соработката меѓу различни специјалности, со цел подобра, побезбедна и персонализирана ...

На 23.01.2026 во 00:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.М.(47) од с.Камењане, тетовско. Полициските службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. во спротивна насока на коловозна лента и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од ...

Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко по секоја цена сакаат со сила да го вмешаат ВМРО-ДПМНЕ би поставиле неколку логични прашања: Прво, Венко на наредната прес-конференција кога ќе ја заменува портпаролката Богданка Кузевска треба да одговори како Шилегов е на ВМРО ДПМНЕ, а Филипче беше советник на министер од ВМРО ДПМНЕ. Второ, како за кус период сите кои не мислат ...

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или движење на повеќе луѓе. Поконкретно, станува збор за простор околу здравствени, образовни и социјални установи, јавни настани, спортски и културни настани, како и места наменети за деца, млади и семејства. Ова е особено важен аспект од законската рамка, имајќи предвид дека кога луѓето се блиску, чадот и ...

Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ одвнатре продолжуваат преку Петре Шилегов. Тоа веќе на сите им е јасно. Не се знае само дали Шилегов е уценет или купен? Имајќи ги предвид неговите склоности, пороци, приватните слабости и долгови, предавството на Шилегов на сопствената партија и на членовите на СДСМ е очекувано. Како што впрочем најави и претседателот Филипче. Сè е договорено, координирано и синхронизирано со ВМРО, нивните кујни и ...

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради сериозното влошување на состојбата во борбата против корупцијата и институционалната деградација во државата. Според најновиот извештај на Transparency International, Северна Македонија бележи пад од 12 места на Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година, рангирајќи се на 88-то место од вкупно 180 држави, со само 40 поени. Овој драстичен пад е јасен показател за ...

Свечената манифестација посветена на најуспешните спортисти и спортски достигнувања, резултати и натпревари во текот на годината што измина, се одржа вчера, во Занаетчиски дом, во организација на Општинскиот сојуз на спортови Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината. Во пригодна атмосфера пропратена со музичка содржина, во знак на благодарност за нивното вложување, постигнати резултати и успешно претставување во ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, г. Ола Солстром, на која беше разговарано за унапредување на билатералната соработка во областа на животната средина и поддршката за европската интеграција на државата. Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ја обезбедува преку бројни проекти од областа на ...

Измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура и истите се објавени на ЕНЕР, информираат од Министерството за дигитална трансформација. Со овие измени, Северна Македонија ги исполнува правните обврски за усогласување со европските стандарди во областа на роамингот, со јасна цел – повеќе заштита, поголема транспарентност и пониски и предвидливи трошоци за граѓаните при користење мобилни ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации кои дејствуваат на територијата на Општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година. Средствата се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микро-бизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни. Герасимовски ...

Денот го започнавме со состанок со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, компанија која што ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија, изјави премиерот Мицкоски по средбата. Разговаравме за неговите планови, откако нормално ги упати средствата кои што се потреби за добивање на лиценцата. Она коешто тој ме информираше е фактот дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој на третиот ...

Македонскиот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ и продукција на Томи Салковски ќе се натпреварува за награда на Меѓународниот Филмски Фестивал во Берлин, еден од најпрестижните филмски фестивали на светско ниво. Филмот е дел од селекцијата „Перспективи“ која опфаќа исклучителни филмски таленти ширум светот кои дебитираат на интернационалната филмска фестивалска сцена. Оваа селекција на филмови е од компетитивен карактер, а дава ...

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите – реформски закон со кој првпат се воспоставува единствена, јасна и мерит-базирана рамка за уредување на највисоките раководни функции во администрацијата. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, истакна дека законот се носи преку отворен, транспарентен и ...

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во која се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен емаил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија и трговија со дрога. Целта е примачот на ...

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. На 20.11.2025, пријавениот од лажен профил на социјална мрежа испратил пораки кои содржеле експлицитни фотографии и видеоснимки на профил на малолетничка. Со него е извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото. извор/фото МВР СВР Велес поднесе ...

Информациите кои се доставени до СДСМ потврдуваат дека утре, 22.01.2026 година во Давос е планирана средба на премиерот Христијан Мицкоски со компанија која работи со програми за престој и државјанства, преку различни типови на инвестиции. Средбата е планирана со почеток во 18.30 часот во Global Citizens House, во Даваос, а Владата се уште нема информирано. Оваа средба, со компанија која работи со програми за престој и државајнства, доаѓа по ...

Вечерва, на 21 јануари, во Кинотеката на Македонија почнува специјалната програма „Најдоброто од Киненова“. Ова е концентриран избор на најдобрите од најдобрите филмови кои беа прикажани на минатото издание, но и на претходните изданија – двата победнички филма добитници на „Гран при“ на МФФ „Киненова“, првиот филм на победникот на последното издание на Берлиналето, Даг Јохан Хагеруд, еден од најактуелните и најпровокативни палестински ...

Новиот македонски долгометражен игран филм во режија на Косара Митиќ и продукција на Томи Салковски е селектиран во програмата „Перспективи“ на годинашниот 76-ти Берлински филмски фестивал. Ова беше соопштено вчера во Берлин, со што филмот на режисерката Митиќ ќе се натпреварува во програмата „Перспективи“, во која се селектираат најдобрите дебитантски филмови на светско ниво. Македонскиот филм „17“ ќе биде оценуван од тричлено ...

Ѓоко Јовиќ и Енерџи Бенд заедно со своите пријатели организираат хуманитарна забава со цел да се соберат потребните средства за лекување на малиот Анѓел Симоновски во Турција. Досега се собрани само половина од средствата, а терапиите треба да започнат следната недела. Да бидеме хумани и да му помогнеме на Анѓел! Малиот Анѓел Симоновски води тешка, но храбра борба со аутизмот и пречки во развојот, дијагноза што целосно го промени животот на ...

Со започнувањето на второто полугодие од учебната година, се зголемува присуството на деца како пешаци и учесници во сообраќајот, особено во зоните околу основните училишта и детските градинки. Имајќи ја предвид нивната ранливост и ограничената способност за навремена проценка на сообраќајните ситуации, безбедноста на децата во сообраќајот претставува приоритет од највисок јавен интерес. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на ...

На 23 јануари 2026 година (петок), во периодот од 12 до 15 часот, во аулата на ОУ „Лазо Ангеловски“, ќе се одржи забавниот културно-уметнички настан „Тоше те сакаме“, посветен на ликот и делото на Тоше Проески. Настанот претставува иницијатива на жителите, а е поддржан и ко-организиран од Општина Аеродром, во соработка со детските градинки и основните училишта од Општина Аеродром, како и со партнерите Lions in Move, Bombakis, Boemot и RVR ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во телевизиско гостување истакна дека перцепцијата на граѓаните за работата на Министерството за внатрешни работи, особено во делот на борбата против корупцијата, бележи двоцифрен пораст, што, како што нагласи, е директен резултат на засилените активности и резултатите што МВР ги остварува во изминатите година и пол до две. Презентирајќи компаративни податоци за кривични дела од областа на ...

Одлуката на Судскиот совет да му го одземе имунитетот на Апелациониот судија, Ѓоко Ристов, за привремено да го отстрани од функцијата и да му изрече мерка куќен притвор е важен чекор. Но, овој чекор не го затвора прашањето, напротив, го отвора уште повеќе затоа што кога ќе се открие дека кај Апелациониот судија има 350 илјади евра за кои се сомнева дека се нелегални пари, ова не е индивидуален скандал. Ова е лицето на заробената правда. ВЛЕН ...

Службите на Општина Центар од утринава се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот. Фрлени се 15 тони сол на коловозите, со приоритет на најкритичните точки. Механизацијата интервенира на пристапите кон Водно, каде што се расчистува снегот и се фрла сол. Паралелно се чистат тротоарите и пешачките патеки, како и просторот околу здравствените установи, училиштата и градинките, за безбедно движење на граѓаните и учениците. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и со остатоци од снег по коловозите. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини: Стража, Демир Капија- Смоквица, Пресека, Маврово-Дебар-Струга и ГП Ќафасан. АМСМ препорачува прилагодена ...

На 20.01.2026 Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Ѓ.Р. (53) од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ. Ѓ.Р., во својство на службено лице- судија во ...

Мвр билтен

43 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
26%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
33%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
28%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.13
37%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
40%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
77%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
56%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
36%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
39%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
48%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Родиум

319899.93

Калај

50.03

Платина

64172.89

Кобалт

45.39

Злато

166450.52

Цинк

3.35

Сребро

2840.84

Рутениум

51376.89

Паладиум

48883.97

Бакар

12.06

Алуминиум

3.57

Иридиум

253540.09