Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Сподели На 5 септември 2025 година (петок), во Кристалната сала на Собранието, во 10:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи награди за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2025 година. Јошко Миленковски е овогодинешниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, ...
Сподели Пред неколку недели јавноста беше вознемирена од информации за можни неправилности поврзани со дел од кардиохируршките интервенции што се изведувале во здравствениот систем во нашата држава. Како Министерство за здравство веднаш постапивме и ја иформиравме јавноста за креирање интерна комисија составена од медицински експерти, правници и економисти. Нејзината задача е да ги утврди фактите и да постапува врз основа на медицински ...
Сподели Во чест на државниот празник 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, во соработка со Асоцијацијата на истанбулската филхармонија, ќе ја претстави свечената концертна програма „Македонски мозаик“, концерт што ќе се одржи на 6 септември (сабота) во Ерменската католичка катедрала „Сурп Асдваѕаѕин“ во Бејоглу, Истанбул. На истанбулската публика ќе ѝ се претстави мешаниот ...
Сподели Дали премиерот Христијан Мицкоски сè уште смета дека Изет Меџити, неговиот коалиционен партнер од ВЛЕН, како градоначалник на Чаир земал провизија од 450 илјади евра за плоштадот „Скендербег“, како што ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше додека беше во опозиција, прашуваат од Алијанса на Албанците. “Објавуваа бројки, скандали и афери за расипништвото во локалната власт, а денеска се верни владини партнери. Доколку Мицкоски заборавил, јавноста ...
Сподели СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од с.Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од Скопје и С.К.(58) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 30.05.2024 била извршена контрола во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство-Подрачна единица Куманово и од извршениот увид во списоците за ...
Сподели Со свечено отворање на Фестивалот на македонски филм „Македонски филмски класици“ Амбасадата на Македонија во Хрватска и македонскиот Културно информативен центар во Загреб, во соработка со Кинотеката на Македонија, Советот за македонско национално малцинство на град Загреб и Македонската православна црква во Хрватска, ќе го одбележат 8. Септември, Денот на независноста на Македонија. Отворањето на Фестивалот на 8. Септември, Денот ...
Сподели Општина Центар ќе доделува еднократна парична помош за глувонемите лица во Центар. Ова беше договорено на средбата меѓу градоначалникот Горан Герасимовски и претставниците на Сојузот на глуви и наглуви – Даре Џамбаз. На средбата се разговараше за актуелните потреби и предизвици со кои се соочуваат овие лица, како и за можностите за понатамошна поддршка од страна на општината. Како резултат на дискусијата, Герасимовски најави дека ...
Сподели Делегација на Венецијанската комисија, предводена од потпретседателот Мартин Кујер, оствари средба со претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, и судијата проф. д-р Ана Павловска Данева. На средбата беше изразено заемно задоволство од високото ниво на соработка и од континуираниот дијалог за прашања од областа на уставното судство и владеењето на правото. Членовите на Венецијанската комисија пројавија интерес за ...
Сподели Бујар Османи се сретнал со Груевски во Будимпешта, доказите наскоро ќе излезат во јавноста. Бујар Османи не само што бил во Будимпешта заедно со своето семејство, туку таму приватно се сретнал со бегалецот од македонското правосудство. Обидот на Османи да се сокрие зад изговори за „класифицирани информации“ и подоцна да ја негира средбата на Фејсбук е доказ за неговата дволичност. Вистината е јаснa, средбата се случила, а доказите ...
Сподели ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 25.08.2025 до 29.08.2025 зема 170 примероци за физичко-хемиска и 170 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот ...
Сподели Министерството за образование и наука на сите наставници и стручни соработници, на учениците и нивните семејства им посакува успешна учебна година. Со добро здравје и силна посветеност кон учењето и работата, да ги остварат личните обврски и цели. Ги охрабруваме учениците со љубопитност да чекорат по патот на знаењето, кое е најмоќната алатка за успех што секој може да ја понесе со себе низ животот. Да бидат истрајни во ...
Сподели Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“. Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските чинители и со текот на времето прерасна во релевантен показател на корупцијата и на волјата на државата да се справува ...
Сподели Министерството за здравство информира дека сите граѓани имаат можност да пријават сознанија за евентуални неправилности во врска со вршењето кардиолошки и кардиоваскуларни интервенции, преку алатката Пријавете неправилност, достапна на веб страницата на МЗ на следниот линк: https://zdravstvo.gov.mk/mk-MK/kontakt/prijavete-nepravilnost . – Транспарентноста во секој процес е наш приоритет, така што кон секоја пријава на каква било ...
Сподели Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.В.(37) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 25.03.2025 на магистралниот пат Подмоље- Ќафасан, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. СВР Велес ...
Сподели Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати критики до премиерот Христијан Мицкоски и неговите насоки за како да работат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Резултатите од тоа, вели Филипче, се катастрофално управување со општините од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Спротивно на ова, нагласи Филипче, СДСМ нуди чесни кандидати за градоначалници кои се почитувани во заедницата. „Јас го слушам примерот како дава насоки ...
Сподели Сопругата на Димитар Апасиев, која земала пари од владата на СДС, преку програмата Еразмус+, лажела за својот ангажман на настанот во Грција за кој земала пари. Скандалозно е тоа што во својата биографија, Тамара Јованов Апасиева наведува дека на овој настан во Грција била „лектор и учесник“. Но официјалните документи кажуваат друго – била само учесник, а не и лектор. Зошто сопругата на Апасиев имала потреба да лаже во својата ...
Сподели “И Димче не е тоа што беше! Разбирам дека вистината боли, па затоа Апасиев наместо да одговори на фактите – бега во навреди. Суштината е јасна: не може да си политичар кој јавно е против ЕУ, кој секојдневно зборува дека ‘глобалистите и амбасадите’ ја корумпираат македонската политика, да држиш анти ЕУ став, а истовремено твојата најблиска фамилија да користи европски пари од Еразмус програмите. Јас сум член на Комисијата за ...
Сподели Со откривање на муралот „Бушава азбука“ на 31 август, во 10:30, ја започнуваме прославата по повод 40 години од легендарната серија. Те чекаат забавно-образовни активности за деца, а за возрасните музички сет на диџеј Vishko, информираат од Општина Центар. На публиката, за првпат, ќе ѝ ја прикажеме шпицата за новата анимирана серија „Буквождер“. Покрај подароци за најмладите, ќе ги претставиме и првите лиценцирани производи под ...
Сподели Градоначалникот Горан Герасимовски, на средбата со претставници од граѓанските организации, побара од нив да предложат кандидат за советник кој ќе ги застапува нивните права и интереси во идниот општински совет. „Одиме чекор напред, од вас, но и од други групи на граѓани да побараме предлози за да направиме една советничка листа којашто нема да биде само партиска, туку ќе биде и граѓанска. Сакаме да вклучиме што повеќе луѓе од ...
Сподели Денеска (27.08.2025) во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на ул. „Никола Минчев“ во Кавадарци, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. Полициски службеници од ОВР Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т.(43) од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот ...
Сподели Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за влијателниот политички магазин Politico. Говорејќи за процесот на европска интеграција, министерот истакна дека државата во моментов не е подготвена да ги направи уставните измени што ги бара Бугарија, освен ако не добие цврсти гаранции од Европската Унија дека тоа ќе биде последното вакво барање. „Нашиот ...
Сподели Во 2050 година Република Македонија веројатно ќе биде земја со многу помалку жители, со иселена младост и со уште покомплицирани соседи. Едноставно кажано, во 2050 година Македонија ќе биде поинаква земја од денешната. Но прашањето е: поинаква на подобро, или поинаква затоа што ќе останат само стари лица, пензионери и неколку стотици илјади увезени работници од странство? Демографските трендови зборуваат погласно од секоја ...
Сподели Вчера во Музејот на РС Македонија и во Националниот Конзерваторски Центар се оствари средба со делегацијата од Центарот за Археологија ,,Лајбниц” во Мјнц, предводена од генералната директорка, проф. д-р Александра Буш, придружувана од д-р Ингрид Штелцнер и проф. д-р Роланд Шваб. Релацијата со оваа престижна институција беше воспоставена во декември минатата година, кога претставници од Министерството за култура и туризам остварија ...
Сподели Повторно се открива соработката помеѓу двете долгогодишни коалициони партнери, ДПМНЕ и ДУИ, овој пат преку директна соработка со градоначалникот на црна листа, Рамиз Мерко, обвинуваат од Левица. “Додека премиерот Мицкоски секојдневно го обвинува ДУИ за КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА, неговите директори делат европски пари на спорниот универзитет во Струга, кој е директно во сопственост на фунционерот на ДУИ и градоначалник на Струга. ...
Сподели Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, заедно со делегации од Владата, Собранието и Општините, положи венец со свежо цвеќе на спомен-плочата во центарот на Скопје, посветена на албанската нобеловка Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза, по повод 115-годишнината од нејзиното раѓање. По церемонијата, Меџити изјави дека на 115-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза – Гонџе ...
Сподели Ревизорите утврдија дека над 120 милиони денари се потрошени за ОБСЕ самитот без документација и евиденција. Тоа отвора сериозни сомнежи за злоупотреби на јавни пари. Нема докази каде се потрошени парите и Јавното обвинителство мора да истражи. Ова не е прв пат, и како министер за здравство Османи доби негативен извештај, а институциите го амнестираа. Денес нема да дозволиме да го гледаме истото сценарио во кое судството и ...
Сподели Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари работна средба со директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски. На средбата се разговараше за тековната состојба на пазарот на недвижности и можностите за поефикасна размена на информациите, што ќе придонесе за подготвување новите мерки за полесен пристап до кредити за прв стан. Гувернерот Славески нагласи дека во тек се подготовки за воведување мерки со кои ќе се ...
Сподели Ретроспективна изложба на Живко Поповски “Живот посветен на архитектурата”, МСУ, 3 септември, 20 часот Оваа ретроспективна изложба е прва сеопфатна презентација на делото на еден од највлијателните македонски архитекти – Живко Поповски. Куратори: Анета Христова – Поповска и Мери Батакоја Темелена врз повеќегодишно истражување на проф. д-р Анета Христова – Поповска и проф. д-р Мери Батакоја, изложбата го осветлува неговиот ...
Сподели Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А.(31) и Е.А.(30), двајцата од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.06.2025 во угостителски објект во с.Чегране, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, кои притоа употребиле остри предмети, при што оштетиле патничко возило кое било паркирано ...
Сподели Со концертот на Next To Silence кој ќе се одржи на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во недела (24 август 2025г.) започна четиринаесеттото издание на прилепски џез фестивал „Прилеп џез викенд “. Првите четири дена публиката ќе може да ги проследи концертите од „ОФФ Програмата“ кои ќе се одржат на Археолошкиот локалитет Врбјанска Чука и во клубот „Калинка“, а концертите од официјалниот дел на програмата, ќе се одржат на летната ...