Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе вонреден програмски надзор врз Вториот телевизиски канал на Јавниот радиодифузен сервис, врз музичката програма „Фестивал на детска песна – Билбилите на Кораб“ емитувана на 28 март 2026 година. Констатациите од надзорот се дека со изведбата на песната „Албански територии (Trojet Shqiptare)“ се поттикнува и шири нетрпеливост врз основа на национална и етничка припадност преку ...
Мицкоски лаже, исто како што лажеше за името и за Преспанскиот договор така и сега лаже, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг. „Што е загрозено? Името! Па бевме Бивша југословенска република Македонија? Како и секогаш премиерот лаже. Исто како што лажеше за името исто како што лажеше за преспанскиот договор така и сега едноставно лаже. Премиерот повторно зборува дека националниот интерес бил загрозен. Како е ...
Единствен кој е во изолација е СДС на чело со Венко Филипче а под менторство на Заев. СДС е тотално без концепт, а изјавите на Филипче се како теоретичар на заговори, СДС со небулозните прес-конференции повеќе наликува на странска опозиција, еден ден се опозиција во Србија следниот Унгарија итн нервозни и во паника наместо да делуваат како сериозна и одговорна опозиција. Филипче е синоним за криминалното владеење на Заев. Додека СДС беа на ...
Министерoт за здравство, Азир Алиу, на денешната прес-конференција ја презентираше новата, модернизирана листа на есенцијални лекови, по повеќе од една деценија без нејзино ажурирање. Оваа активност е дел од заложбите за унапредување на здравствениот систем преку поголема транспарентност, достапност и усогласеност со современите медицински стандарди. – Листата на есенцијални лекови е изработена врз основа на најновите научни докази и ...
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Д.М.(56) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „несовесно работење во службата“ и против К.М.(33) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „несовесно работење во службата“, „уцена“ и „попречување на правдата“. Имено, во периодот од 2021 до ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос тоа дали ќе се продолжи мерката намалено ДДВ од 18 на 10% за горивата и дали можеби ќе се интервенира во акцизата, бидејќи се чека предолго со оглед на тоа што се поскапени горивата без разлика што се поевтини од оние земји во регионот, дали ќе се прогласи кризна состојба на пазарот со електрична енергија, како и дали оваа мерка веќе дава резултат, ...
Појасна слика за степенот на спроведување на законите, подзаконските акти, протоколите и политиките за превенција и заштита од семејно насилство и насилство врз жените, начинот на постапување на надлежните институции во рамки на нивните законски овластувања, нивото на координација меѓу институциите и капацитетите на системот во кадровска, организациска и буџетска смисла, постоењето на евентуални системски слабости во практичната примена на ...
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат жалење поради престанокот на работата на македонскиот сервис на Радио Слободна Европа. Ова е уште еден тежок удар врз критичкото, професионално и јавно одговорно новинарство, не само во Македонија, туку и пошироко во регионот и на глобално ниво, во време кога на јавноста ѝ е потребно повеќе проверено информирање, а не ...
Во пресрет на периодот кога значително се зголемува посетеноста на Водно, Град Скопје презема засилени и конкретни активности со цел да се подобри квалитетот на престојот и да се унапреди изгледот и функционалноста на оваа парк-шума. Веќе неколку дена се спроведува акција за кастрење на нараснатата вегетација, како и уредување на велосипедските патеки со ширина од 2,5 до 3 метри и должина 5 километри, со што значително се подобрува ...
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во домот во гостиварската населба Дутлок осомничениот 33-годишник со умисла го лишил од живот сопствениот татко. Тие започнале расправија заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што синот физички го нападнал ...
Утре, на 2 април, во МКЦ – галерија ќе се одржи помоција на збирката раскази НИШТО НОРМАЛНО од Симона Јованоска, со почеток од 20 часот. Збирката е објавена во едицијата ПРОаЗА, како книга бр. 246, во издание на Или-Или, Скопје. Низ разговор со авторката книгатаа ќе ја промовира писателот Иван Шопов. По два романа и една книга за деца, со „Ништо нормално“ Симона Јованоска повторно се враќа на жанрот што мајсторски го владее – расказите. Во ...
Сведоштвата за големата почит спрема шаховската игра во Македонија отсекогаш биле добро фундирани со аргументи, меѓу кои се организацијата на Шаховската олимпијада во 1972 година, а потоа и формирањето на ШК Алкалоид во 1976 година. Клубот, кој на почетокот беше скромно ориентиран кон поттикнување и развивање на древната игра меѓу вработените кои учествуваа на натпреварувања против други компании, со текот на времето прерасна во најуспешен ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Снег провејува во Маврово и Крушево и на планинските премини Стражa и Ѓавато. Намалена видливост до 20м. поради магла има на патниот Попова Шапка – с.Лисец. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 31.03.2026 до ...
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.Т.(53) од Струмица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во периодот од 2023 до 2025 година, пријавената ја искористила тешката финансиска состојба на лица од Струмица, им давала пари на заем, при што за себе договарала и наплатувала несразмерно висока камата, со што стекнала противправна имотна корист. Машко лице во неколку наврати позајмувало пари од неа, но ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Париз. Во рамки на посетата, ќе оствари средби со министерот за Европа на Француската Република, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на билатералните односи, ...
Денеска под влијание на циклонска активност ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец. Денеска под влијание на циклонска ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, при што беше потврдена заедничката заложба за заштита и одржлив развој на Преспанскиот регион. На средбата беше истакнато дека Европската Унија останува силно посветена на зачувување на Преспа Паркот, преку нови и засилени активности насочени кон заштита на неговиот уникатен екосистем. ...
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против К.Н.(29) од Велес и Г.М.(54) со престој во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои десет кривични дела „измама во обид“ и едно кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Во изминатиот период лице од странство телефонски контактирало повозрасни лица, лажно им се претставувало и ги доведувало во заблуда ...
По повод 31 март – Денот на македонското правосудство, министерот за правда Игор Филков упати честитка до сите носители на правосудните функции и до сите вработени во правосудниот систем. ,,Овој ден е потсетник дека правдата не е само принцип, туку обврска – кон граѓаните, кон државата и кон иднината. Вие, како судии, јавни обвинители, адвокати, нотари и извршители, ја носите таа одговорност секој ден, со вашата работа и со вашите одлуки. ...
За бизнис интересот на Мицкоски во енергетиката нема граници, ниту црната листа на САД не е пречка. Кога Мицкоски вели децении дека е спремен да чека, еве ја позадината. Антикорупцискиот тим на СДСМ открива уште една алка во мрежата на Мицкоски и министерката за енергетика Божиновска. Додека државната ЕСМ генерира загуби од над 100 милиони евра годишно, увозот на струја расте, граѓаните плаќаат поскапа струја власта тера црни бизниси. Сања ...
ДПМНЕ на иницијативата за формирање специјална анкетна комисија за трагедијата во Кочани одговори со условување и разводнување – инсистирајќи да се опфатат трагедиите од модуларната болница, „Дурмо турс“ и „Беса транс“. Собранието ги прифати инфантилните однесувања на парламентарното мнозинство и изгласа формирање на комисијата на 3 декември 2025. Денес, речиси четири месеци подоцна, таа така и остана – само формална одлука без никаква ...
Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026. Во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР. Министерството за внатрешни работи продолжува да ...
Денес станува сè појасно дека со Вреди на власт, не само што нема развој, туку се уриваат и проектите и достигнувањата градени со години. Секој неуспех се прикрива со слаби оправдувања, со фабрикувани изговори и со пропаганда која ги третира граѓаните како да не разбираат што се случува. Откажувањето на делницата Требеништа – Ќафасан од Коридорот 8 е јасен доказ. Пред еден месец велеа дека шириме невистини, дека проектот не е загрозен и дека ...
„Колекција на метални пари ковани во Скопје и Кратово (14 – 17 век) – Патувањето на парите“ е насловот на изложбата подготвена од м-р Даниела Николова што ќе биде отворена денеска во 17 часот во Македонскиот културно-информативен центар во Белград. Присутните ќе ги поздрават директорот на КИЦ во Белград, Васко Шутаров, директорот на турскиот Институт „Јунуз Емре“ во Белград, амбасадорите Никола Тупанчески и Илхан Сајхл и авторката Николова. ...
Проширувањето овозможува поефикасна организација на дијагностичките и терапевтските активности и обезбедување стручна поддршка во областа на детскиот развој. Новите простории создаваат функционална средина, како за стручниот тим, така и за пациентите со развојни тешкотии и нивните семејства. Ова е значаен чекор во континуираното унапредување на здравствената заштита, со посебен фокус на раната детекција, навремената интервенција и ...
На денешниот брифинг за медиумите, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, информираше за тековните активности и политики насочени кон справување со аерозагадувањето и унапредување на заштитата на животната средина, нагласувајќи ја посветеноста на институцијата кон транспарентност и отворен дијалог со јавноста. Министерот нагласи дека подготовките за новиот Закон за индустриски емисии, кој стапува на сила во 2027 ...
На официјална церемонија, со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на црногорската делегација. Предмет на разговорите беа македонско-црногорските политички односи, економската соработка, образованието, дигитализацијата, културата и туризмот, но и регионалните, европските и ...
Од Хавана до Скопје – Ален Перез заедно со Националниот џез оркестар и осумчлената ритам-секција „Ла Оркеста“ на 16 април во Националнаа опера и балет ќе не’ понесе на незаборавно патување низ салса, тимба и џез. Скопје ќе биде дел од „Ла фиеста тур“ на Перез, музичар кој со децении ја пренесува енергијата на кубанската музика на светските сцени. Перез е мултиинструменталист, пејач, композитор и продуцент, кој го стекна своето светско ...
Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие ...
Додека политичката сцена во Унгарија се менува, а поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа, Христијан Мицкоски останува тера со своите политики на изолација, корупција и одработување за туѓи интереси. Орбан, кој веќе е исвиркан и од сопствените поддржувачи на митинзи, е симбол на една политика која Европската Унија веќе не ја толерира. Коруптивна политика која служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските вредности и иднината на ...