Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека по промените во Унгарија веќе нема оправдувања и дека власта мора веднаш да побара екстрадиција на Никола Груевски. „Ја поздравувам јасната и недвосмислена порака на новиот унгарски премиер Петар Маѓар од вчерашната прес конференција. Новата унгарска власт повеќе нема да обезбедува засолниште на луѓето кои бегаат од правдата. Маѓар експлицитно наведе дека ...

Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов ја презеде функцијата од Лири Сулејмани, заменик претседател на РКЕ. На средбата за примопредавање на функцијата членовите на комисијата го информираа новоименуваниот претседател Ристов за тековните активности во секторите за кои што е надлежна РКЕ, а кои се поврзани соенергетските реформи, како и за сос тојбата со водните услуги и статусот на процесите ...

Венко Филипче и неговиот другар и ментор Зоран Заев очигледно овој продолежен празничен викенд беа спречени да заминат во Обединетите Арапски Емирати за да уживаат поради кризата на Блискиот Исток. Но, Филипче очигледно нашол друга дестинација. Наместо тоа, подобро ќе беше за него и неговото раководство да седнат и да поработат, да ја извадат СДС од живата кал во која ја втурнаа. А излезот од ова е едноставен, јасно оградување од матните ...

Изборите во Унгарија беа со рекордна излезност од 80% и го најавија новото владеење на Петар Маѓар. Десничарскиот премиер, Виктор Орбан го заврши своето 16-годишното владеење. Како што пишуваат унгарските медиуми, народот гласал за европска ориентација на земјата и враќање на демократијата. Петер Маѓар по изгласувањето на победата изјави „Унгарија победи“. Тој најави серија реформи насочени кон антикорупција, судски реформи и приближување на ...

Во име на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, упатуваме искрени честитки до господинот Петар Маѓар по повод укажаната доверба од граѓаните, како и до партијата ТИСА за остварениот изборен резултат. Уверени сме дека билатералните односи помеѓу Република Македонија и Унгарија ќе продолжат да се развиваат со засилен интензитет, како и дека ќе се унапредат на уште повисоко ниво, водени од заедничките европски вредности, принципите на ...

СДСМ ја поздравува јасната и недвосмислена порака на Петер Маѓар. Новата унгарска власт повеќе нема да обезбедува засолниште за луѓето кои бегаат од правдата. Маѓар експлицитно наведе дека Унгарија ќе ги испорача оние кои се кријат на нејзина територија и директно го означи Никола Груевски како криминалец. Груевски, кој во 2018 година побегна од правдата и со години се криеше под заштита на Виктор Орбан. Ова е конечен крај на ерата во која ...

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод големиот христијански празник, Велигден. “Во овие светли денови на Христовото Воскресение – Велигден, дозволете ми од срце да ви упатам искрени честитки за здравје, мир и благосостојба во секој дом. Велигден не е само празник на верата, туку и симбол на надежта, обновата и победата на животот над искушенијата. Тој нè потсетува дека по секоја темнина доаѓа светлина, по секој предизвик – ...

По повод големиот христијански празник, Велигден, до сите граѓани од православна вероисповед упатувам искрени честитки со желби за добро здравје, мир, благосостојба и духовен спокој. Велигден е празник што носи пораки на надеж, духовна обнова и зацврстување на вербата во доброто, човечноста и заедништвото. Во овие празнични денови, кога се слават љубовта, солидарноста и меѓусебната почит, уште еднаш се потврдува значењето на вредностите што ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев. Почитуван г.г. Стефан, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски ...

“Возљубени празникољупци, Еве, и оваа година милостивиот Бог нè удостои да го дочекаме Празникот над празниците – Велигден! Исполнети со веселие, коешто извира од серадосниот восклик „Христос воскресе!“, ја исповедаме целата суштина и смислата на нашата вера, која, како што вели апостолот, ќе беше празна ако Христос не воскреснеше.[2] По тагата од Неговите страдања на Голгота, еве, ја примаме спасителната благодат од Неговото воскресение и ...

Македонското еколошко друштво доделува стипендии до 400 евра месечно за универзитетски студии по еколошки, биолошки, шумарски и земјоделски науки. Програмата е наменета за средношколците од Преспа и има за цел да го надмине локалниот недостиг од кадар во природните науки поврзани со заштитата на природата и животната средина. На тој начин, идните студенти ќе можат да стекнат знаење и вештини што ќе им овозможат активно да придонесат кон ...

Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за шверц на 12,5 тони овошје и зелечнук во вкупна вредност од 1,4 милиони денари. При контрола на стока во транзитна постапка, пронајдени се 750 кг ананас, над три тони авокадо, 2,5 тони лута пиперка, 600 кг брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3 тони киви и 40 кг печурки кои не биле пријавени со царинската декларација. Непријавената стока која осомничениот се обидел да ја криумчари е ...

Пратеникот и претседател на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната собраниска седница за прашања од опозицијата, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, во однос на менаџирањето на кризата, заштитата на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите. Филипче посочи дека се случи тоа на што предупредуваше СДСМ изминатиот период, а владата не презема навреме мерки за да ги заштити граѓаните од ценовните шокови. „Кризата со војната ...

На 07.04.2026 во 13:40 и во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(48) и неговите синови Ј.М.(26) и Б.М.(27), сите од Скопје. Тие се сомничат дека околу 12:40 часот во близина на гробиштата Бутел ги нападнале Е.Д.(51) и М.Д.(54), вработени во АД „Бутел“, при што употребиле оружје – гасен пиштол и ладно оружје (боксирач и нож). Притоа, Е.Д. и М.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум ...

Фондацијата „Фросина Кулакова“, во соработка со Моден институт „Изет Цури“, објавува отворен конкурс за доделување на стипендија за студии по моден дизајн „Фросина Кулакова“, наменета за млади и талентирани кандидати од Република Македонија кои имаат интерес и потенцијал да се развиваат во областа на модата. Стипендијата обезбедува целосно финансирање на студиите, како и можност за вклучување во активности на Фондацијата, во зависност од ...

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска дадоа изјава за медиуми пред ЈП Комуналец-Гостивар. -Денес сме овде да соопштиме за корекција на една долгогодишна системска неправда од здравствениот систем – 109 вработени во ЈКП Комуналец Гостивар од 2013 година се оставени без здравствено осигурување, не поради своја вина, туку поради наталожено институционално ...

Пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница на кој на дневен ред е Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалцијата, посочи дека со овој предлог се предлага намалување на цените на патарините за околу 50%. Трајчулески потенцираше дека цените на патарините се дополнителен удар врз граѓаните и компаниите во оваа криза, бидејќи ...

Со особено задоволство ја информираме јавноста дека по долги години чекање и административни пречки, денес официјално можеме да објавиме: започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала – еден од најзначајните културни симболи на Скопје и на Македонија. Министерството за култура и туризам информира дека постапката за избор на изведувач за Универзална сала успешно е заокружена, откако Државната комисија за жалби по јавни ...

САД и Иран се договорија за двонеделно примирје. Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека ова е голем ден за светскиот мир откако САД и Иран, со посредство на Пакистан се согласија на условно двонеделно примирје, проследено со отворање на Ормускиот Теснец. И тој и Белата куќа го прогласија примирјето за голема победа на САД. Иранскиот Национален совет за безбедност соопшти дека се согласни со примирјето и најавија отворање на Ормускиот ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка во име на Собранието на Република Северна Македонија и во негово лично име. “Овој ден претставува важен момент на размислување и вреднување на богатата култура, посебниот идентитет и идентитетот што ромската заедница го градела низ вековите. Тоа е и постојан повик за зајакнување на нашата заедничка посветеност кон еднаквост, инклузија и ...

Во текот на месецот март, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 086 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. Отстранети се и 2315 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одожени на јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад – 540 кубни метри се подигнати во општината Карпош. ЈП Комунална хигиена-Скопје ...

Демократски сојуз ги осудува политички мотивираните протести поради наводно ускратување на правото на употреба на мајчиниот јазик на студентите од албанската етничка заедница. Демократската унија за интеграција прави груба злоупотреба на правото на користење на мајчиниот јазик при полагањето правосуден испит, кое во текот на своето долгогодишно владеење не најде за сходно да го регулира. Но, имаше коруптивни процеси при полагањето и ...

Правичната и соодветна застапеност не е подарок, туку уставно право гарантирано уште од 2001 година. Иако законот за ова прашање требаше да се донесе уште во 2003 година, со години беше оставен настрана од оние кои ова право го користеа само за пропаганда, полнење џебови и без храброст да го решат. По одлуката на Уставниот суд од 9 октомври 2024 година, со која падна балансерот како алатка, стана јасно дека ова прашање повеќе не може да се ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. “Почитувани сограѓани Роми, Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го одбележите овој ден во добро здравје, радост и среќа. Вие, Ромите, историски и културно сте неразделен дел од македонската држава и општество. Слободата, гордоста и заедништвото се ...

По спроведена темелна истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 10 лица и Обвинителен предлог против уште 11 физички и 4 правни лица. Со Обвинителниот акт сите десет лица се обвинети за сторено кривично дело Злосторничко здружување, на тројцата организатори им се ставаат на товар дека сториле продолжено кривично дело Даночно затајување и кривично дело – Перење пари и други ...

Денеска на прес-конференцијата која се одржа во Работничкиот Дом на ССМ, Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов го најави следниот голем работнички протест закажан за 1-ви Мај, што ќе значи одбележување на Меѓународниот ден на трудот и следниот чекор во борбата на ССМ за зголемување на работничките плати. “Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на седниците заедно со Советот на ССМ кој се одржаа во текот на ...

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите одржа јавна расправа на која се дискутираше за Нацрт-национална стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026 – 2033, чија основна цел е намалување на родовите нееднаквости и унапредување на системот за превенција и заштита од родово базирано насилство. Како појдовна основа за изработка на стратегијата беа земени анализата на меѓународната ...

Македонскиот јазик е најголемата културна татковина, која нема граници. Затоа живеењето на јазикот меѓу генерациите, кои не се во Македонија, туку живеат во други држави, е многу значаен културен елемент. Ова е главното мото под кое од 16 до 19 април во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб ќе биде реализиран мултимедијалниот проект за деца „Магичниот круг на детството“ на КАТ Продукција. Проектот се реализира со поддршка од ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска посочи дека во изминатите неколку години наплатата на даноците била на многу ниско ниво, што довело до сериозни финансиски предизвици и последици. Тој информираше дека во текот на минатата година биле наплатени околу една милијарда денари по основ на даноци, при што дури 70 проценти од средствата се собрани во месеците по преземањето на новата градска администрација. Според него, тоа е ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „На Подиум“ на Ора24.тв, предупреди дека во буџетот недостасуваат средства за редовна исплата на плати и пензии, поради лошо поставените економски политики на владата на ВМРО. „Нашите анализи кои што потекнуваат од експерти во финансии, кои се реални прогнози, покажуваат дека ќе има огромен недостаток на финансиски средства за да се исплатат плати и посебно пензии, затоа ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
38%
1015
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
4.12
37%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
56%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 22ᴼ
1.54
36%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.29
45%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
93%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
42%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
35%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
4.12
41%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
6.69
46%
1010
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
51%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7074

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Цинк

3.35

Бакар

12.06

Платина

64172.89

Рутениум

51376.89

Паладиум

48883.97

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.57

Злато

166450.52

Родиум

319899.93

Калај

50.03