Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Министерот за животна средина и просторно планирање денеска ја отвори тркалезната маса „Од политика до пракса: Приоритети за животна средина во рамките на програмата LIFE“, истакнувајќи дека Северна Македонија е една од првите земји во регионот што пристапи кон овој клучен европски инструмент. Министерот нагласи дека во партнерство со „K&S Скопје“ веќе се работи на зајакнување на националните капацитети, со цел максимално искористување ...
По прес-конференцијата на идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, дека нема повеќе заштита за криминалци, Полска веднаш реагирала. Веќе Полска испратила официјални документи со директно барање за екстрадиција на своите политичари од Унгарија. Само Владата на Христијан Мицкоски чека и сѐ уште нема поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски, реагираат од СДСМ. Според информациите со кои располагаме, Никола Груевски нема да добие азил ...
Незадоволството од работењето на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, продолжува да расте и тоа не само меѓу земјоделците, туку и меѓу вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, реагираат од Левица. Деновиве до Левица пристигнаа сведоштва од внатре, според кои десетици вработени се прераспределени по подрачни единици надвор од Скопје, не поради реална потреба, туку како форма на одмазда и ...
Парични казни од над 19 илјади евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на спроведените 1.221 вонредни контроли кои беа спроведени пред Велигденските празници. Уништени се и повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, нештетно уништени на депонијата Дрисла беа и повеќе од 40 тони небезбедни јајца ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија, коешто се одржува од 17 до 19 април на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“. Денеска – 16 април, во Истанбул, пред официјалниот почеток на форумот, Сиљановска-Давкова ќе оствари билатерална средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Во петок – ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA. Во разговорот, министерот Муцунски упати искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори. Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола, а двајца управувале возило под дејство на алкохол. Во Битола двајца возеле без возачка дозвола, а по еден во Скопје и Гевгелија. Еден од возачите во Битола претходно предизвикал сообраќајна незгода, односно со возилото кое го управувал ...
Вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи премиерата на претставата „Без иднина“, изработена според делото „Будење на пролетта“ од Франк Ведекинд. Претставата ја обработува темата за растењето, првите судири со себе и со светот, како и тишината што често ги следи тие моменти. Низ спомени и фрагменти од минатото се отвора простор за разбирање на младоста, промените и неизговорените прашања. Приказната на сцената се раскажува и преку движење, ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 54-годишник, подолг временски период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната викенд куќа во селото Облаково ...
Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес, денес со воена свеченост беше одбележан Денот на Командата за обука и доктрини (КОД), ден кога во 1992 година е примен првиот регрут во редовите на Армијата. На свеченоста, покрај министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, присуствуваа и заменик-началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, генерали во Армијата, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска постхумно го одликува Анастас Коцарев со орден „Илинден – 1903 година“. “Имам особена чест постхумно да го одликувам Анастас Коцарев со Орден „Илинден – 1903 година“ за неговиот исклучителен придонес во афирмирањето на идејата, заложбата и борбата за признавање на самобитноста на македонскиот народ. Коцарев е човек од знаење, научник од светски глас и неспорна почит, творец и истражувач чии ...
Скопје денес беше домаќин на висока меѓународна делегација од европските градови Кемниц, Гориција и Нова Горица, потврдувајќи ја својата посветеност кон зајакнување на европската културна соработка во пресрет на титулата Европска престолнина на културата 2028. На средбата присуствуваа градоначалниците Само Турел, Радолфо Зиберна и Џозефин Хаге, како и вршителот на должноста амбасадор при Делегацијата на Европската Унија, Бен Нупнау. ...
Изложба “Тефтер Гари” на Виолета Силјан, КИЦ Скопје, 16.април, 20 часот Нашата уметница Виолета Силјан возљубената штитеничка на духовноста на Гари, природата ја дарувала и заштитила токму заради мисијата што ѝ ја доверила, па преку состојбата на духот и свеста сопствена, ликовно „проговори за истите чувства на предците и гордоста нивна и опстојот нивни. Значи, возвишен момент за чувствата и пркосот вечен, за непокорот, восхитот кон ...
Грејната сезона официјално завршува утре, на 15 април и почнува т.н преоден период кој ќе трае до 30 април. РКЕ известува дека греењето нема целосно да запре, туку ќе се активира само под одредени услови. Доколку прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) покаже дека средната дневна температура ќе биде еднаква или пониска од 12 степени, тогаш снабдувачот ќе мора да обезбеди греење од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да ...
На 17 април 2026 година (петок), со почеток во 19 часот, во Ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски-Алпи. Изложбата опфаќа 30 дела изработени на картон и алуминиумски лим, со мотиви инспирирани од крстови, пејзажи и кочанското поле. Драган Верговски-Алпи е советник конзерватор и автор со богато творештво и долгогодишно искуство во заштита на културното наследство. Изложбата е ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека СДСМ продолжува со тоа дека Груевски треба да одговара и пораката до опозицијата, изјави: „Па јас поврзано со таа тема, тоа што имав да кажам, го кажав во текот на вчерашниот ден и немам што да додадам. Мораме во државата да имаме подеднакви услови за сите, без разлика кој бил, како бил, дали некој е сегашен, дали некој е поранешен ...
Дебитантскиот игран филм „17“ на Косара Митиќ ја доби наградата за најдобар филм во натпреварувачката програма „Нови режисери“ на 44. Интернационален филмски фестивал на Уругвај што се одржа од 30 март до 12 април. Годинава на Фестивалот, традиционално организиран од Кинотеката на Уругвај на локации во Монтевидео и во уште неколку градови, како што се Флорида, Канелонес, Роча и Сан Хозе, беа прикажани над 200 филма од 67 различни земји, меѓу ...
Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши, учествуваше на Самитот на албанската дијаспора што се одржа во Тирана, каде што се дискутираше за улогата на дијаспората во демократскиот развој и институционалното застапување. Во своето обраќање, претседателот Гаши ја нагласи важноста од справување со причините за миграција, подвлекувајќи ја потребата од креирање на одржливи политики што ќе обезбедат поголема застапеност на ...
„Доколку било кој чинител во општеството има сериозни сомнежи за незаконитости пропусти за работењето на поедини медиуми, тие треба да се адресираат пред надлежните институции и преку законски процедури, а не преку јавни политички кампањи против конкретни новинари и медиуми.“ велат од ЗНМ и ССНМ. Да точно е. Но, во демократските земји на ЕУ, каде што постои слободно правосудство. Таму може да се поднесе пријава и да има разрешница, а во ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во однос на изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Венко Филипче, во која беа изнесени обвинувања и квалификации за политичка и финансиска зависност на ТВ Алфа. Јавното етикетирање и инструментализација на медиумите во политички конфронтации не е во согласност со демократските принципи, ниту со гарантираната слобода на изразување. Апсолутно е ...
Граѓанската иницијатива Support Kocani информира дека со дел од преостанатите средства од донациите е реализирана набавка на медицински креми за третман и нега на лицата погодени од пожарот во Кочани, во вкупна вредност од 1.023.871 денари. Во рамки на набавката се обезбедени 300 креми Bioderma SPF 50, 300 креми Cicatrix и 150 сетови La Roche-Posay, кои се наменети за заштита, регенерација и подобрување на состојбата на кожата кај лицата со ...
Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници реагираат по денешната јавна изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упатена кон новинар од ТВ Алфа. Сметаме дека е недозволиво и непримерно за претседател на политичка партија јавно да упатува тешки обвинувања за корупција проследена со реторика на дискредитирање кон новинари и медиуми. Oва не е изолиран случај, туку загрижувачка пракса ...
Филмот Црно семе (Black Seed) е едно од најзначајните остварувања во историјата на македонската кинематографија. Режиран од Кирил Ценевски, овој филм од 1971 година не само што ги освоил најважните награди во поранешна Југославија, и e eден од првите македонски играни филмови кој бил наградуван на меѓународни фестивали. Дејството се одвива за време на Граѓанската војна во Грција, каде Македонци од Егејска Македонија, како дел од кралската ...
На 13.04.2026 во 21:25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 35-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот и се заканувал на неговата 32-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 13.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје ...
Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со судските процеси против осуденото лице Никола Груевски, поврзани со повеќе предмети кој ги застапуваше поранешното Специјално јавно обвинителство, Кривичниот суд објави дека во моментот, против осуденото лице се активни две потерници за извршување на санкции, и тоа по пресуди познати како: „Насилство во Центар“, со пресуда К.бр. 1904/16, за која е оформен предмет за извршување на затворска ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, демонстрира недозволиво ниво на ароганција и неодговорност, сега обвинувајќи ги вработените во ЈСП Скопје дека со своите тужби го ʼблокираатʼ претпријатието. Со тоа, Ѓорѓиевски не само што ги дискредитира работниците кои се принудени по судски пат да ги бараат своите загарантирани права, туку директно ја префрла вината за катастрофалната состојба во ЈСП врз оние што се најмалку одговорни за ...
Денес на терен, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за реконструкција и трансформација на Старата чаршија, една од најзначајните инфраструктурни интервенции во ова историско подрачје во последните децении. Проектот опфаќа површина од 1.567 м² и предвидува реставрација на калдрмата со травертински камен, со што се зачувува историската автентичност на Чаршијата, како и целосна модернизација на ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од селото Корешница, општина Демир Капија, за кои постои основано сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – Грабнување согласно член 141 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени, на 12 април, заедно извршиле грабнување на лице со намера да го присилат да сними изјава со признание ...
На 13.04.2026 во 16:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Кленоец“ во Охрид, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(52) од с.Горно Лакочереј, охридско, удрило во пешакот А.Н.(55) од с.Свиништа, охридско и го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки од страна на полициски ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција ја поздрави победата на Петар Маѓар. “Би сакал да му честитам на Петар Маѓар за победата, ние имавме исклучително блиска и непосредна соработка со претходниот претседател Орбан, но волјата на граѓаните во Унгарија е јасна и недвосмислена. Политиките што тој ќе ги води очекувам да бидат проевропски, проинтегративни и очекувам бескомпромисна поддршка за интеграцијата на регионот и ...