Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го унапредува социјалниот дијалог и да создава услови за повисоки примања преку институционални решенија и колективно договарање. За првпат се постигна договор со синдикатите УПОЗ и САДО за повисоки плати на административните службеници, а кон договорот се приклучија и други синдикални организации. Со тоа за првпат по долг период се обезбедува системско подобрување на статусот на вработените во ...

Информиран сум дека повеќе од десетина лица се повикани на разговор во МВР. За жал, денеска преку социјалните медиуми голем број пораки се испраќаат, меѓу кои и вакви кои претставуваат своевиден хибриден напад, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за лажните информации во врска со водата во Скопје. -Пораки кои имаат за цел да внесат немир, несигурност и револт кај граѓаните. Во услови кога не можете да ...

Иран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД. Пораките испратени преку Катар и Пакистан не претставуваат преговори, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Арагчи во интервју за иранскиот медиум „Шахара њуз“ изјави дека во моментов се водат одделни консултации со Оман за да се утврди рута низ Ормуската Теснина што ќе се користи се додека САД не ги исполнат условите за продолжување на комерцијалниот превоз ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“ во интервју во кое го критикуваше ставот на Велика Британија кон Израел, а Лондон го оквалификува неговиот коментар како „целосно неприфатлив“. Во подкаст емитуван вчера на израелското воено радио, премиерот на Израел потсети дека внукот на Винстон Черчил отворено го поддржувал Израел за време на Шестдневната војна во 1967 година. „Дали нешто такво може да ...

Најмалку 20 луѓе загинаа, шест се повредени, а две лица се водат како исчезнати по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што утрово ја погоди источна Индонезија. Земјотресот го погоди подрачјето во близина на островот Флорес во 5:58 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри, а епицентарот беше 68 километри северозападно од градот Енда во покраината Источна Нуса Тенгара. По главниот удар, регистрирани се неколку ...

Двоспратен автобус со српски регистерски таблички кој превезувал 84 патници излетал рано утрово од автопатот „Тракија“ во Бугарија и според досегашните информации на белградски медиуми, во инцидентот нема повредени. Автобусот на туристичката агенција Go2travelling, кој превезувал српски државјани на одмор во Кушадаси, излетал од патот во Бугарија, на околу 150 километри од Софија. Несреќата се случила околу пет часот наутро. Од засега ...

Танкер во сопственост на државната нафтена компанија на Абу Даби, АДНОК, беше нападнат додека минуваше низ Ормуската Теснина, јавија денеска државните медиуми во Емиратите. Нападот се случил синоќа и нема повредени. Тоа е трет таков напад врз бродови управувани од АДНОК во критичниот воден пат во изминатата недела. ОАЕ претходно го обвинија Иран за нападите, но не го коментираа веднаш инцидентот од синоќа. Британскиот Центар за поморски ...

На сите универзитети соодветно се намалени квотите за упис на студенти во прва година бидејќи пазарот на труд е заситен со одредени струки и има невработени, за разлика од други струки каде што вработливоста е многу висока, па некаде се јавува и недостиг. Во пресрет на уписите на универзитетите, министерката Весна Јаневска во интервју за МИА вели дека оваа година на сите универзитети има намалено околу 2000 места, но уверена е, вели, дека ...

Опозициската СДСМ не е задоволна ниту кога власта одобрува да се пие водата во Гостивар, ниту пак кога забранува нејзина употреба во Демир Капија поради безбедност за здравјето на граѓаните. Еден месец на Бихаќска имаа секој ден тема за прес-конференции со Гостивар, а од денеска се селат во Демир Капија. Во продолжение интегрално денешното соопштение од Бихаќска: Истиот ден кога ВМРО-ОКГ објави дека водата во Гостивар конечно може да се пие, ...

Пиењето вода од градска чешма во Гостивар пред камери, не било успех туку срам, порача денеска здружението на Венко Филипче. Венко и оние коишто ги праќа денес пред камери, ги потсетувам што е здравствен скандал претворен во театар. Потсетувам дека Венко јавно ЛАЖЕШЕ, си играше театар и како министер ЗЛОУПОТРЕБИ бебе, притоа внука, за ЛАЖНО да се сними дека ја вакцинира!, стои во објавата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук што ја ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја прогласи Ормуската Теснина за „територија на САД“. „Откако ќе го победиме Иран… ќе ја прогласам Ормуската Теснина за територија на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп со мала насмевка на митинг во Гарден Сити, во близина на Њујорк. Американски медиуми јавија дека не е јасно колку е сериозен коментарот на Трамп и дали го одразува неговиот нов политички став. „Она што го правиме е ...

Одлуката на Врховниот суд на САД во предметот „Махмуд против Тејлор“ (Mahmoud v. Taylor), донесена на 27 јуни 2025 година, претставува една од најзначајните пресуди во последните години во областа на образованието, верските слободи и родителските права. Станува збор за случај во кој родители го тужат училишниот округ Монтгомери во сојузната држава Мериленд, поради неможност нивните деца од прво до петто одделение да бидат изземени од наставни ...

Заедно со директорот на ЈПДП, Коце Трајановски имавме работен состанок на терен за автопатот Охрид- Кичево, објави на својот Фејсбук профил заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. -Се работи со силна динамика и се решаваат сложени инженерски проблеми. Силна координација и силна динамика на терен. Автопатот се гради со предвидената динамика и сите комплексни задачи се реализираат со постојана координација ...

На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во општина ...

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор. -Претходно, ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Се очекува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со мала до умерена облачност. ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски политики и стабилно управува со јавните финансии а мерките и политиките даваат конкретни резултати кои се мерливи а граѓаните ги чувствуваат во семејните буџети. За само две години од владата на ВМРО-ДПМНЕ просечната нето-плата е зголемена од 40,496 денари на 48,779 денари, според податоците на Државниот завод за статистика. Тоа се околу 9 000 денари повеќе за работниците, велат од ...

Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил. „Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на компаниите кои имаат идеи и потенцијал за инвестиции, но за ...

На 13.08.2026 во 14:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Јабланица“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(20) од с.Калишта, струшко и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Известен е јавен ...

Пожар од поголеми размери попладнево избувна над скопското село Бојане. Според првичните информации, огнот се шири од правецот на општина Јегуновце, зафаќајќи ја околната вегетација. На терен се мобилизирани значителни противпожарни сили, објави 4news.mk Во моментов, во гаснењето на стихијата учествуваат четири екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, а како засилување на помош се пристигнати и колеги од противпожарните служби од ...

Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група, која Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, ја реализира во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во рамките на меѓународната соработка со надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога од Косово и Грција. Како резултат на повеќемесечната координирана ...

Колумбиските спасувачки екипи денеска водеа трка со времето за да спасат маж пронајден жив под урнатините на срушен хотел во градот Перејра, што претставува редок зрак надеж речиси четири дена по разорниот земјотрес од 7,4 степени кој ја погоди земјата и однесе најмалку 285 животи. Според последните податоци што властите ги соопштија утрово, во катастрофата загинале 285 лица, речиси 4.000 се повредени, а околу 400 луѓе и натаму се водат како ...

Џаред Кушнер, специјален пратеник и зет на американскиот претседател Доналд Трамп, следната недела ќе го посети Израел за да ги надмине несогласувањата со израелските власти во врска со американскиот план за Газа, потврди извор од американскиот Одбор за мир. Кушнер, придружуван од високиот претставник на Одборот за мир, Николај Младенов, освен Израел ќе го посети и Египет, кој е клучен посредник во преговорите. Дипломатската офранзива доаѓа ...

Пиењето вода од градска чешма во Гостивар пред камери, не било успех туку срам, порача денеска здружението на Венко Филипче. Венко и оние коишто ги праќа денес пред камери, ги потсетувам што е здравствен скандал претворен во театар, вели Наум Стоилковски. -Потсетувам дека Венко јавно ЛАЖЕШЕ, си играше театар и како министер ЗЛОУПОТРЕБИ бебе, притоа внука, за ЛАЖНО да се сними дека ја вакцинира! Фатен дека на иглата на вакцината има капаче, ...

Прилепчанец, кому му изгорела шталата каде чувал поголемо количество тутун, нападнал пожарникари кои дошле да го гасат огнот. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кога пожарникарите пристигнале, човекот ги оттурнувал и ги спречувал да гасат. Се претпоставува дека бил нервозен затоа што очекувал пожарникарите побрзо да пристигнат, без да размисли дека можеби биле на некоја друга задача претходно. ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Врховниот суд на САД да го одложи спроведувањето на одлуката на Апелацискиот суд и да дозволи продолжување на изградбата на балската сала во Белата куќа, вредна 400 милиони долари, за која е пресудено дека нема соодветно одобрение од Конгресот. Во писменото образложение, адвокатите на Министерството за правда го поддржаа ставот на Трамп дека проектот е „од витално значење за ...

Земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска попладне, во 18:08 часот, во Охридско-Ресенскиот регион. Според автоматските податоци од сеизмолошките апликации, епицентарот на земјотресот бил во близина на селото Куратица (североисточно од Охрид и Лескоец), на длабочина од 15 километри. Земјотреси со ваква јачина спаѓаат во категоријата на многу слаби потреси и најчесто се почувствувани само од ...

На 13.08.2026 во 18:40 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.С.(24) од Чешка. При преглед и контрола во неговиот личен багаж биле пронајдени и одземени повеќе пакување со бела материја. Лицето и пакувањата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 13.08.2026 во 18:40 часот ...

Големиот шумски пожар што избувна синоќа во областа Далмација, во близина на туристичкото место Локва Рогозница кај Омиш, е ставен под контрола, а при увидот на изгореното подрачје денеска околу 13:30 часот е пронајдено едно тело, јави Хина. Во пожарот, кој зафати и дел од северниот дел на Макарската ривиера, изгореа меѓу 900 и 1.000 хектари површина, а проценката на штетите сè уште продолжува. Вкупно 286 пожарникари со 93 противпожарни ...

Вкупно 1.576 прекршоци поврзани со пречекорување на дозволената брзина, констатира сообраќајната полиција во рамки на засилените акциски контроли спроведени од 3 до 9 август 2026 година. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), контролите биле реализирани во рамки на ROADPOL Operation Speed, паневропска координирана оперативна активност на сообраќајните полициски служби на земјите членки на ROADPOL. Во текот на ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Цинк

3.76