Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го осуди, како што го нарече, „стратешкото молчење“ на Обединетите нации по американско-израелскиот напад врз основно училиште за девојчиња во Иран. – Погледнете како светската заедница, вклучително и ОН, вешто успева да ја сврти главата дури и кога фактите буквално бодат во очи и ја погодуваат свеста. Но тоа може да се ‘задуши’ – изјави Захарова. – Може да се пушти ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги истакна економските последици од конфликтот на Блискиот Исток за Европејците поради големата зависност на ЕУ од увоз на фосилни горива. „Од почетокот на конфликтот, цените на бензинот се зголемија за 50 отсто, а цените на нафтата за 27 посто“, изјави фон дер Лајен денеска во говорот пред Европскиот парламент во Стразбур, Франција. „Ако го преведете ова во евра: 10 дена војна ...

Кратко откако ќе се постигнат сите цели на заедничката израелско-американска воена интервенција против Иран, американската јавност ќе види како паѓаат цените на нафтата и гасот, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. „Американскиот народ може да биде сигурен дека неодамнешното зголемување на цените на нафтата и гасот е привремено и дека оваа операција (израелско-американската воена интервенција против Иран) ќе резултира со ...

Сите членови на Сојузот на синдикатите на Македонија, работниците, членовите и на другите синдикати чии лидери не се борат за вашите плати, да ни се придружите во сабота во 12 часот и 5 минути од пред Работничкиот дом за да упатиме нова порака дека платите, минималната плата, мора да се зголемат на сите, повика денеска на прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Тој истакна дека работниците мора сами да се борат за своите ...

СДСМ нема да биде како ВМРО и предвреме да осудува. Досега сите нивни одлуки се покажаа како одлуки за поставување луѓе кои ги контролира Мицкоски како што беше примерот со неговиот советник кој го избраа за судија, или сопругата на градоначалникот на ВМРО. Народот вели, кој се изгорел на млеко, дува и на јогурт. Професионалниот профил на предложениот кандидат за нов државен Јавен обвинител, Ненад Савески говори дека станува збор за човек со ...

Животниот стандард на семејствата во државата секојдневно се влошува поради растот на цените и поради отсуството на институционална реакција. Наместо да се преземат мерки за заштита на граѓаните, Владата и Министерството за економија, предводено од претставници на „Вреди“, покажуваат целосен недостаток на интерес и капацитет за справување со оваа состојба, се вели во соопштението од ДУИ од денешната прес-конференција на Синан Вејсели од ДУИ, ...

На 11 март 1943 година Евреите од Битола и од Штип биле собрани од нивните домови и затворени во Монополот – фабриката за тутун во Скопје, по што следела депортација во логорот на смртта во Треблинка. Во низа од три транспорти, кои започнале на 22.03.1943 година, бугарските стражари натовариле 7144 Евреи во добиточни вагони и ги придружувале до Лапово, каде требало да им бидат предадени на Германците. По шест дена патување во нечовечки ...

Еурека… свикаа Филипче и Заев и по 8 години јавно-обвинителски вакуум и двајца октроирани, насадени државни јавни обвинители избрани и раководени од нив, СДС-овските „лидери“ (еден чувар на тронот, другиот вистински) наеднаш се свестија и се сетија како требало да работи Државниот јавен обвинител? Во денешната реакција на СДС по вчерашниот владин предлог за Државен јавен обвинител да биде непартискиот професионалец, без дамка на кариерата ...

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски оствари работни средби во Стејт Департментот каде се разговараше за стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД, со посебен акцент на политичките и економски врски. На средбата со Даниел Лоутон, заменик помошник државен секретар задолжен за Европа, беше потенцирано силното партнерство меѓу двете земји засновано на меѓусебна поддршка и заедничка посветеност кон демократските вредности ...

Две ипол години затвор, ова е скандалозната казна која Кривичниот суд и ја досуди на Гордана Филиповиќ која пред 4 години на пешачки премин во скопје го прегази Слободан Ангеловски. Ова се случува по цели три години голгота за семејството на Слободан Ангеловски кој на пешачки премин беше прегазен во Скопје кај МНТ на 26-ти јануари 2022-ра година, случај во кој неговите најблиски единствено што бараа е правда. Но наместо тоа, доживејаа само ...

Сеќавањето е наша морална должност, а борбата против омразата наша историска одговорност, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод одбележување на 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка. Тој истакна дека денеска стоиме во тишина и со длабока почит пред една од најболните страници во нашата историја и се сеќаваме на депортирањето на македонските Евреи, трагедија што ...

Судскиот совет денеска ќе ја одржи 538-та седница на чиј дневен ред меѓу другото се констатирање престанок на судиска функција поради исполнети услови за старосна пензија и одлучување за право на надоместок на трошоци поврзани со вршење на судиска функција. На седницата треба да бидат усвоени извештаите за констатирана состојба по извршена посета на судовите, како и Извештајот на Комисијата за навременост на пријави и исполнетост на услови по ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека разговарал со претседателот на САД, Доналд Трамп, за подготовките за Светското првенство во 2026 година и учеството на иранската репрезентација. – Остануваат уште три месеци до почетокот на турнирот. За време на нашиот разговор, се осврнавме за ситуацијата во Иран и успешното квалификување на иранската репрезентација за Светското првенство. Претседателот Трамп потврди дека иранската ...

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, ...

Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ја одбележуваат 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка. По тој повод, премиерот Христијан Мицкоски ќе положи цвеќе пред спомен обележјето во поранешниот Монопол во Скопје, а ќе се обрати и на настанот организиран по повод одбележувањето на годишнината. Исто така, и собраниска делегација во состав: Љупчо ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 1, а максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 0, а максималните ќе достигнат до 19 степени. До крајот на работната недела ќе се ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 февруари. Денеска е Св. Порфириј епископ на Газа. Порфириј се родил во Солун. Живеел во четвртиот век. Откако го засакал подвижничкиот живот, на 20-годишна возраст отишол во Египет и се замонашил. Подоцна подвигот го продолжил во Палестина. На чудесен начин бил избран за епископ на Газа, во време додека се наоѓал на служба како свештеник во црквата на гробот Господов. Во Газа ...

Денеска е 26 февруари (по стар стил) и се слави Св. Порфириј, епископ на Газа. Овој голем архипастир се роди во Солун од богати родители. Младоста до дваесет и петтата година ја проживеа во родниот град, а потоа го напушти родителскиот дом и светскиот живот и се оддалечи во египетската пустина. Под раководство на опитен духовник, младиот Порфириј таму се замонаши и мина пет години. Потоа ја посети Светата Земја заедно со својот соподвижник, ...

На 11 март 1943 година бугарскиот окупатор извршил општа блокада и рација за собирање на Евреите во Македонија. За извршување на ова масовно злосторство тајните агенти и полицијата неколку дена вршеле обемни подготовки. Недвижните имоти на Евреите бил конфискувани, а покуќнината ограбена. Откако сите Евреи, од Скопје, Битола, Велес, Штип и од други места, биле собрани во Монополот во Скопје, на 22 март биле транспортирани во германскиот ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е уверен дека Светското првенство во 2026 година ќе биде успешно. – Светското првенство ќе биде фантастично, феноменално. Никогаш порано немало толку возбуда во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада. За четири недели добивме повеќе од 500 милиони апликации за билети. Ова е нешто неверојатно. Имаме речиси седум милиони билети, но 500 милиони апликации – ова никогаш не се случило во историјата ...

Фудбалерите на Галатасарај уште еднаш потврдија дека сезонава играат одличен фудбал на европската сцена. Откако во 1/16-финалето го елиминираа италијанскиот Јувентус, тимот на Галатасарај вечерва го победи и Ливерпул. Во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, Галатасарај пред својата публика славеше со 1-0. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат уште во седмата минута, а стрелец беше Марио Лемина. Во продолжението на ...

Роберт М. (48) ги убил својата мајка Данка (71) и баба му Ана (99) во зори. Потоа го фрлил телото на неговата мајка во септичка јама, а телото на неговата баба било пронајдено во ходникот на куќата. Соседите велат дека претходно бил насилен и имал проблеми. Во дворот на семејната куќа стоел Роберт М. (48). Тој ги претепал својата мајка Данка (71) и баба му Ана (99) до смрт со метален предмет. Двете постари жени немале никаква шанса во ...

Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна во Скопје, информира вечерва Министерството за надворешни работи. Попладнево на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна втората група македонски граѓани кои безбедно полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати. -Станува збор за вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјани на Косово, 2 државјани на Босна и ...

Неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет се констатирани кај даночните субјекти при секоја четврта контрола на Управата за јавни приходи. Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова вели дека се оди со сеопфатни мерки за да се спречат ваквите појави. Во фокусот се оние дејности кај кои има најголем даночен ризик за загуба на буџетските приходи, а такви се угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности ...

„Согласно податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст и достигна 416,7 милиони евра, што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба со 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија. Тој додаде дека и покрај одредени промени во увозот, земјата има значителна ...

Цената на билетите за меѓуградскиот автобуски превоз од Солун кон Атина и обратно, од петок ќе се зголеми од 45 евра, колку што е сега на 50 евра, во еден правец, по одлуката од надлежното министерство за прилагодување на цените поради зголемувањето на трошоците за гориво и други фактори, јави дописничката на МИА од Атина. Од компанијата за меѓуградски автобуски превоз КТЕЛ од Солун информираа дека со одлуката објавена во Службен весник на 6 ...

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска излезе од болница каде што беше хоспитализиран поради тешка билатерална пневмонија. -Ви благодарам на сите. Би ги замолил сите да го чуваат своето здравје, ќе ја искористам позицијата која ја имам за сите луѓе да ги поттикнам на контрола на личното здравје, напиша Дачиќ во објавата на Инстаграм со која информираше дека излегува од болница. Пред да ја напушти болницата, го посети ...

„Законите се солидни како што кажав, меѓутоа законот е делотворен онолку колку што е делотворна неговата имплементација. Во таа насока потребна е институционална координација, синхронизирано делување на сите институции коишто се засегнати, до кои се адресираат пријавите, правилна и навремена проценка на ризик“, истакна Лидија Петковска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Директно“ на Телма телевизија. Петковска ...

Прославениот поранешен англиски фудбалер Џои Бартон е уапсен поради инцидент во близина на голф клуб во Мерсисајд. По инцидентот, еден маж е хоспитализиран со повреди на лицето и ребрата, според британските медиуми. Непријатните сцени се видени на Денот на жената, 8 март, околу 21 часот во близина на голф клубот „Хајтон и Прескот“. Брзата помош пристигнала на местото на настанот откако бил пријавен физички напад, а потоа пронашле повреден маж ...

„Бритиш ервејс“ објави дека ги откажа сите летови до и од Абу Даби до крајот на оваа година поради војната на Блискиот Исток. Компанијата соопшти дека летовите до и од Аман, Манама, Доха, Дубаи и Тел Авив се откажани до крајот на овој месец. -Постојано ја следиме ситуацијата и сме во контакт со нашите патници со цел да им понудиме различни опции, објави авиокомпанијата. Исто така, се наведува дека има ограничен број места на летовите за ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1003
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
92%
1004
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
10.8
53%
1011
weather icon

Софија

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
57%
1002
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.11
93%
1002
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
8.23
33%
1013
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
0.89
80%
1004
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
87%
1003
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1003
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
8.75
86%
1005
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
6.17
66%
1008
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
100%
1006
Currency

61.6417

Currency

53.459

Currency

71.1667

Currency

36.8264

Currency

38.5322

Currency

67.1101

Currency

7.73598

Currency

0.65464

Currency

0.33389

Currency

0.5246

Currency

1.20258

Currency

0.56318

Паладиум

43467.81

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Иридиум

256711.96

Калај

44.59

Сребро

2192.47

Злато

141680.08

Платина

58835.87

Алуминиум

3.23

Бакар

10.99

Рутениум

56199.51

Родиум

347228.06