Електронското плаќање, било со картички или преку други технологии, би можело да стане задолжително во сите продажни места во Германија, пишува „Welt am Sontag“. Целта, велат, е борба против даночното затајување. Според извештајот, Унијата (CDU/CSU) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) планираат да ги обврзат трговците да прифатат барем една форма на електронско плаќање покрај готовината. „Ние се залагаме за вистинска слобода на ...

Цената на бакарот забележа најголем пад од март 2020-та година, бидејќи загриженоста за влијанието на американските тарифи предизвика остра распродажба на акциите на металските производители и претставниците на рударството воопшто. Бакарот падна за 6,3% до 8.780 долари за тон на лондонската берза за метали, со што се забрза распродажбата на тој пазар. Паднаа и фјучерсите за бакар со кои се тргува во Њујорк, движејќи се кон нивниот најголем ...

Европската комисија следната недела ќе воведе контрамерки како одговор на американските царини за увоз на алуминиум и челик, додека одговорот на воведувањето царини за автомобили и реципрочни тарифи од 20 отсто за широк спектар на производи ќе следи по анализа и консултации со земјите-членки. Од 12 март, одлуката наметна тарифи од 25 отсто за увоз на алуминиум и челик во Соединетите држави од целиот свет, а стапи на сила од 3 април, тарифи од 25 ...

„YouTube“ воведе голем број нови функции кои ќе им олеснат на креаторите на содржини да создаваат кратки видеа. Оваа нова функција го намалува напорот потребен за уредување на видеата на „Shorts“ и се однесува на најчестите барања од создавачите. Платформата најави пет клучни подобрувања кои постепено ќе се спроведуваат во текот на пролетта. Најзначајна новина е подобрениот вграден видео едитор, кој според „YouTube“ е „најчестото барање од ...

Канадскиот „BlackBerry“ прогнозира пад на приходите за фискалната 2026-та година бидејќи очекува послаби трошоци за своите производи за сајбер безбедност. „BlackBerry“, некогаш доминантна сила на пазарот на паметни телефони, се сврте кон продажба на софтвер за уреди и автономни возила. Но, во моментов, компаниите ги намалуваат трошоците за технологија и ги рационализираат буџетите, што влијае на компаниите како BlackBerry“. Компанијата ...

Состојбата со најновите царини воведени од САД е премногу нова и динамична, не е ни јасно како точно ќе се применуваат царинските такси. Самата американска администрација најверојатно ќе го измени својот пристап со текот на времето, но брзата „ренесанса“ на американската автомобилска индустрија преку такви мерки е нереална. Хаосот е огромен и неговите ефекти нема да бидат позитивни во веќе многу проблематичната автомобилска индустрија. Според ...

Научниците открија дека традиционалната африканска исхрана може да биде уште поефикасна во намалувањето на ризикот од рак и други болести отколку медитеранската исхрана, која со години се смета дека е најздрава во светот. Истражувањето спроведено во Холандија покажа дека исхраната богата со житарки како просо, коренест зеленчук, јам и лиснат зеленчук значително го намалува воспалението во телото, што е клучен фактор на ризик за срцеви ...

„Renault“ постепено ја освежува својата гама на возила, давајќи му на секој модел нов „семеен“ изглед, а најновиот автомобил што е рестилизиран е компактниот „SUV“ – „Austral“. Сепак, како што наведуваат од компанијата, оваа надградба не е само козметичка – има и големи подобрувања во удобноста и префинетоста на возилото. Промените во дизајнот инспирирани од моделот „Rafale“ и неодамна применети на освежениот „Espace“, веројатно ќе привлечат ...

Microsoft е основан на 4 април 1975 година со визијата на Бил Гејтс и Пол Ален да донесат компјутер на секоја маса и во секој дом. Во време кога софтверската индустрија практично не постоеше, нивната идеја изгледаше радикална, но денес е јасно колку тие беа пред своето време. Авторот на текстот, поранешен долгогодишен вработен во Microsoft, го опишува своето искуство со доаѓањето од Индија во САД кон крајот на 1980-тите и непланираниот почеток ...

Европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ им рече на американските претставници дека новите царини од 20 отсто на претседателот Доналд Трамп за Европската унија (ЕУ) се „неоправдани“, но ја повтори посветеноста на ЕУ за „сериозни преговори“. Шефчовиќ на платформата Х напиша дека имал разговор оценет како искрен со американскиот министер за трговија Хауард Лутник и со претставникот на Белата куќа за трговија Џејмисон Грир. „Бев јасен. ...

Кога нашите потреби за витамини и минерали се задоволени, ретко размислуваме колку тие се клучни за здравјето. Меѓутоа, кога има недостаток, телото брзо го покажува. Еден од најважните минерали е калциумот, особено како што старееме. Повеќето возрасни имаат потреба од најмалку 1.000 mg калциум дневно, а потребите се зголемуваат до 1.200 mg за постари мажи и 1.300 mg за жени на возраст меѓу 51 и 70 години. „Како што старееме, ни станува потешко ...

Вчера американскиот претседател Доналд Трамп сподели видео на социјалните мрежи во кое тврди дека славниот инвеститор Ворен Бафет го поддржува тарифниот план на администрацијата на Трамп. „Трамп ја урива берзата за 20% овој месец, но тоа го прави намерно. И затоа Ворен Бафет само рече дека Трамп ги прави најдобрите економски потези што ги видел во повеќе од 50 години“, вели нараторот во видеото што Трамп го сподели на Truth Social. ...

Деновите кога доброто CV гарантираше одлична работа одамна се зад нас. Новите трендови на вработување носат револуција, па така компаниите сѐ повеќе бараат личности наместо хартија. Работодавачите не сакаат веќе само дипломи и искуства напишани на лист, туку вистински карактери кои имаат нешто повеќе да понудат. Филип Трајановски, сопственик на мала фирма во Скопје, објаснува дека денес најмалку гледа во CV кога бара нов вработен. „Долго време ...

Работодавците во Соединетите Држави вработија изненадувачки 228.000 луѓе во март, што покажува дека пазарот на труд е отпорен додека претседателот Доналд Трамп води трговски војни со царини, но стапката на невработеност се искачи на 4,2 отсто. Месечниот број на нови вработени се зголеми од 117.000 во февруари и беше речиси двојно поголем од 130.000 што очекуваа економистите. Трговските војни на Трамп се закануваат да ги зголемат цените, да ја ...

Вчера во Скопје се одржа традиционалниот настан VivaxCool Day 2025 – дел од серијата уникатни регионални настани на групацијата Vivax, во организација на Паком, официјалниот увозник и претставник на Vivax воМакедонија. На овој настан организаторите ја слават континуираната посветеност на квалитетот на производите и услугите и ги презентираат последните унапредувања на стандардите со најнова технологија која комбинира ефикасност, одржливост и ...

Воведувањето на нови трговски царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп предизвика бран на нервоза на светските пазари. Остриот пад на берзанските индекси и острите реакции од Пекинг и Брисел ги поттикнаа шпекулациите дека зад овој економски потег не стои само заштитата на американската економија, туку и многу поширока геополитичка стратегија – забавување на развојот на Кина. Американските царини, кои вклучуваат основна стапка ...

Пандемијата донесе промени кои значително го изменија начинот на работа и ги натераа компаниите и вработените на сериозни компромиси. Иако работата од дома на почетокот изгледаше како привилегија, денес многумина се подготвени да жртвуваат дури и дел од приходите за да продолжат со ваков тип на работа. Истражување спроведено од тим економски аналитичари покажа дека околу 65% од испитаниците би прифатиле намалување на платата за дури 15%, само за ...

Во Македонија бројот на корисници на водечката светска платформа за размена на криптовалути Binance е за 40 отсто повисок во споредба со 2023 година, а околу 11 проценти од македонската популација се корисници на крипто валути. Ова беше соопштено вчера во Скопје, во преполната сала на собирот за вмрежување што го организираше Binance, каде што присуствуваа повеќе од 400 луѓе заинтересирани да се сретнат со претставниците на Binance, да научат ...

Деменцијата предизвикува постепено опаѓање на когнитивните функции, како што се меморијата, размислувањето и способноста за извршување на секојдневните активности. Иако често се поврзува со луѓе постари од 65 години, важно е да се препознаат суптилните знаци кои можат да укажат на нејзиниот почеток. Еден од овие знаци се промените во режимот на спиење. Експертите забележале дека луѓето со деменција често доживуваат нарушувања на спиењето. Ова ...

Корејскиот производител „Hyundai“ продолжува да се обложува на водородниот погон и ја претстави новата, втора генерација на својот кросовер „Nexo“. Ја задржува технологијата, добивајќи внатрешност и надворешност инспирирани од оние на најновите модели на брендот, со попространа кабина и подобрена механика. Новиот „Nexo“ е кросовер со средна големина со должина од 4,75 метри, висина од 1,64 метри, ширина од 1,87 метри и меѓуоскино растојание од ...

Според извештајот на „Bloomberg“, „Meta“ развива нов пар „Ray-Ban“ паметни очила со вграден дисплеј со кодно име „Hypernova“. Актуелниот модел на „Ray-Ban“ паметни очила нема екран, но има вградени камери за фотографирање и видео, како и звучник и микрофон идеални за телефонски разговори. Во извештајот се наведува дека „Meta“ би можел да го претстави овој надграден модел уште оваа година. Ова ќе бидат првите паметни очила на „Meta“ кои доаѓаат ...

„Siemens“ ја презема компанијата „Dotmatics“ во зделка за 5,1 милијарда долари, што има за цел да му помогне на гигантот да понуди повеќе софтверски решенија за вештачка интелигенција (AI) на компаниите од природни науки. Германската компанија го објави договорот за фирмата за развој на софтвер поддржана од „Insight Partners“ во соопштение, потврдувајќи го претходниот извештај на „Bloomberg News“. Аквизицијата се очекува да биде финализирана во ...

Податоците за зелените кредити доставени од банките покажуваат раст во четвртиот квартал од 2024 година. На крајот на декември 2024 година, растот на зелените кредити во однос на истиот период лани изнесува 2,3 милијарди денари, или 8,5%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за 4 пати, според податоците на Народната банка. Зелените кредити се заеми наменети ...

Ирска го има најмоќниот пасош во светот, а Македонија е на 81-то место заедно со Тонга и Гватемала, според индексот „Nomad Passport“ за 2025-та година, што го состави компанијата „Nomad Capitalist“ и цитиран од „CNBC“. Македонскиот пасош овозможува безвизен пристап до 132 земји. За прв пат, северноевропската земја сама се наоѓа на врвот на годишното рангирање на консултантската компанија за даноци и имиграција. Во 2020-та година го подели првото ...

Американските власти им кажаа на своите европски сојузници дека сакаат тие да продолжат да купуваат американско оружје поради напорите на Европската унија да го ограничи учеството на САД во набавката на воена опрема. Ова го изјавија пет извори на „Reuters“. Пораката што ја доби Вашингтон во последните недели следи по потезите на Брисел да ја зајакне европската одбрана, а во исто време да го ограничи купувањето на одредени видови американско ...

Нов месец, нови негативни резултати испорача македонската индустрија. Официјалните податоци велат дека има намалување на индустриското производство, а се намалил и бројот на работници во индустријата. Намалените нарачки, кризата во Европа а особено во Германија се главните причини за минусот во индустријата во земјава. А токму овој дел од економијата ќе биде најмногу подложен на удар од најновите тарифи кои ги воведе САД за државава. За речиси ...

Комерцијална банка АД Скопје на вчерашното собрание ја потврди Предлог-одлуката за распределба на дивиденда донесена од Надзорниот одбор на Банката на 26.02.2025 година. Од нераспределената добивка на износ од 4.924.786.040, за исплата на дивиденда на акционерите ќе бидат одвоени 2.848.833.750 денари. За една обична акција ќе се исплаќа бруто по 1.250 денари. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2024 година е 16.4.2025 година. Прв ...

Првиот квартал од 2025 година Реплек АД го заврши со раст на приходите од продажба во сегментот Фармација од 26%, во споредба со истиот период во 2024. Со ваквиот резултат, компанијата го надмина бизнис планот за овој период од тековната година за 2,5%. Од 1 јануари до 31 март 2025 година, Реплек АД реализираше приходи од продажба во фармацевтскиот сегмент во висина од 7,8 милиони евра, од кои 1,8 милиони евра отпаѓаат на домашниот и 6 милиони ...

Охрид, македонскиот туристички бисер, и оваа година е подготвен да ги отвори портите за илјадници гости кои од сите страни на светот ќе го посетат во летните месеци. По неколку сезони во кои се чувствуваше колебливоста од светските кризи, туристичките работници сега со оптимизам ги најавуваат најмасовните посети во последните неколку години. Хотелиерите и угостителите се во последните фази на подготовки за гостите од Европа, Азија, па дури и од ...

Amazon направи понуда во последен момент да го купи TikTok во САД, бидејќи социјалната мрежа во кинеска сопственост се соочува со краен рок во април за продажба или да биде забранета, јавува Anadolu Agency. „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на анонимни извори, објави дека неколку страни вклучени во преговорите не ја сфатиле сериозно понудата на Amazon. Тоа беше наведено во писмо до американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и секретарот за трговија ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
1.03
28%
1013
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
5.14
29%
1015
weather icon

Загреб

33ᴼ / 32ᴼ
1.03
33%
1015
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
5.66
27%
1016
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
5.03
19%
1017
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
2.06
54%
1016
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
5.81
42%
1013
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
40%
1012
weather icon

Подгорица

38ᴼ / 38ᴼ
4.12
19%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
5.14
29%
1018
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
2.06
22%
1016
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
12.86
57%
1016
Currency

61.54

Currency

53.0129

Currency

71.3354

Currency

34.6232

Currency

38.5115

Currency

65.6625

Currency

7.38423

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505