
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Продолжува стратегијата на ширење на западноевропските пазари на една од најголемите ИТ компании во регионот Водечката регионална дигитална компанија Infinum ја презеде холандската агенција Your Majesty. Аквизицијата беше претставена од страна на менаџментот на двете компании на заеднички настан во Амстердам. Your Majesty е етаблирана агенција специјализирана за дизајн и брендинг. Има десетина вработени и може да се пофали со светски познати ...
Народната банка постојано работи на усвојување на најдобрите европски практики и стандарди со што сѐ повеќе се приближува до Европскиот систем на централни банки. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Република Италија во земјава, Паоло Палминтери. Во оваа смисла беше нагласено значењето на поднесеното барање за членство на земјава во Единствената област за плаќања во евра ...
Голем број граѓани на Скопје се соочуваат со проблемот на неповрзување на новоизградените згради на системот за централно греење, иако топловодната инфраструктура минува буквално пред нивните влезови. Според достапните податоци, најмалку 20 нови станбени комплекси во главниот град не се приклучени на парно, што ги принудува станарите да бараат алтернативни решенија – најчесто скапи и неефикасни. Законските пропусти и проблемите на терен Овој ...
Новиот американски претседател Доналд Трамп ги потресе пазарите со своите царини за стоки од Канада, Мексико и Кина, велејќи дека лесно се добиваат трговски војни, пишува „Politico“. Само неколку часа подоцна, Трамп ги паузираше царините за неговите најблиски партнери, Канада и Мексико, а тие исто така најавија дека ќе преземат одмазднички мерки. Трговската војна со нив засега се одложува, но изјавите на Трамп ги поттикнуваат уредниците на ...
Лотос чајот, познат по својата блага арома и бројни здравствени придобивки, векови наназад бил омилен пијалак во виетнамската кралска палата, а се верува дека го обожавале и кинеските принцези. Овој традиционален билен чај не само што нуди уживање во вкусот, туку и позитивно влијае врз организмот, помагајќи во варењето, елиминирањето на токсините и одржувањето на здрав дигестивен систем. Природен сојузник за здравје и убавина Лотос чајот е ...
„Jaguar I-Pace“ требаше да биде пресвртница, премиум електричен кросовер кој пристигна на пазарот години пред неговите европски конкуренти и беше прогласен за европски и светски автомобил на годината за 2019-та година. Со својот елегантен дизајн и предноста да биде пионер во сегментот, ги имаше сите можности за успех. Сепак, и покрај признанијата, продажбата никогаш не ги достигна очекуваните нивоа, а „I-Pace“ брзо стекна поинаква репутација – ...
Кинеската компанија „Oppo“ објави дека нејзиниот претстоен телефон на преклопување „Find N5“ ќе биде претставен на глобално ниво во исто време кога ќе дебитира во Кина за две недели. Знаеме дека „Oppo Find N5“ на социјалните мрежи се опишува како најтенкиот телефон на светот со флексибилен екран. Овој преклоплив модел е едвај потенок од USB-C порта. За споредба, USB-C приклучокот има минимална дебелина од 2,6 милиметри. Дополнително, потврдено е ...
Земјоделските субвенции во Македонија постојат речиси 17 години, а во овој период од државниот буџет за нив се издвоени околу 1,5 милијарда евра. Првичната цел на овие финансиски поддршки беше да се поттикне развојот на земјоделството, но официјалните податоци покажуваат спротивен ефект – земјата од година во година станува сè поголем нето-увозник на храна. Покрај тоа, сточниот фонд значително се намали, обработливите земјоделски површини се ...
Денеска граѓаните повторно ќе ги бојкотираат маркетите. Додека граѓаните се организираа под мотото „Црн петок за маркетите“, министерот за економија Дурмиши најави дека во следните денови ќе каже што ќе преземе Владата. „Одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни приходи на грбот на граѓаните. Ова нема да го прифатиме и нема да го толерираме. Како ќе постапиме понатаму, ќе ве известам на брифинг. Подготвени сме и ...
Покрај тоа што е додаток во исхраната, витаминот У го има во многу намирници, особено во зеленчукот. Храна која е особено богата со витамин У се зелка, брокула, репка, кељ, спанаќ, домати и моркови. Овој витамин најчесто се поврзува со дигестивни проблеми, го зајакнува имунитетот, штити од алергии и го забрзува зараснувањето на раните. Витаминот У(S-метилметионин) има неколку корисни својства, особено за заштита на дигестивниот систем. Сепак, ...
Сем Алтман, извршен директор на OpenAI, призна дека неговата компанија е „на погрешната страна од историјата“ кога станува збор за транспарентноста на нивната технологија. Оваа изјава доаѓа во време кога кинеската компанија DeepSeek привлекува големо внимание поради отворениот пристап кон развојот на вештачката интелигенција. Алтман јасно стави до знаење за време на сесијата за прашања и одговори на Reddit дека ја поддржува идејата за објавување ...
Британската централна банка денеска очекувано ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на 4,5 отсто. Така, каматната стапка е на најниско ниво од јуни 2023 година. Банката ја преполови и прогнозата за овогодинешниот економски раст во Велика Британија на 0,75 отсто, пренесува француската новинска агенција АФП. Министерката за финансии Рејчел Ривс го поздрави третото намалување на каматните стапки за шест месеци како добредојдена ...
Во рамки на своите активности за поддршка на локалната заедница и подобрување на квалитетот на живот, Сетек објавува дека реализираше донација на прочистувачи за воздух од брендот Rowenta на здружението за ментално здравје ЦЕДУЗ – Скопје. Оваа донација има за цел да придонесе за создавање здрава и чиста средина во просториите на здружението, што е од клучно значење за благосостојбата на корисниците и персоналот. Прочистувачите за воздух ќе ...
Следејќи ја својата визија за дигитална трансформација во банкарското работење, НЛБ Банка како лидер во иновации во банкарскиот сектор, воведува ново решение за дигитално потпишување на документите за кредитните продукти за физички лица во експозитурите. Имлементацијата на новиот начин на потпишување на банкарската документација значително го скратува времето на целиот кредитен процес и го унапредува клиентското искуство. Истовремено, ја ...
Земјоделството, некогаш главниот столб на економијата во многу земји, денес се соочува со сериозна криза – недостигот на работна сила станува сѐ поизразен. Младите сè помалку се заинтересирани за работа на нива, а традиционалните методи на производство стануваат неисплатливи без доволно работници. Единственото можно решение за овој проблем е – технологијата. Механизацијата како нужност, а не луксуз Ако не инвестираме во технологија, ќе останеме ...
Сојузот на стопански комори на Македонија направи анализа на пазарот на супермаркети наспроти добавувачи, која што ги детектира точките каде растат цените и каде треба да се интервенира. На одржаниот состанок со претставниците на малопродажните ланци и локалните клучни партнери а врз основа на анализата, се донесоа заклучоци дека потребна е поголема транспарентност во формирањето на цените, Владата и институциите да ги прошират контролите на ...
Вештачката интелигенција незапирливо напредува, а компаниите како кинескиот гигант DeepSeek, кој е специјализиран за чет-ботови и AI модели, се соочуваат со сериозни предизвици. Поради загриженоста за безбедноста на податоците, компанијата стана глобална цел на регулаторите. Основната точка на расправа не е само технологијата, туку и начинот на кој DeepSeek управува со податоците на корисниците. Имено, сите кориснички податоци се чуваат во Кина, ...
Германскиот производител на автомобили Volkswagen најави нов модел на мал електричен автомобил погоден за во град кој ќе се продава по пристапна цена од 20.000 евра. На видеото кое го објави компанијата се гледаат регистарски таблички со ознака ID.One, па се претпоставува дека така ќе се вика новиот модел, иако тоа се уште не е официјално потврдено, пренесува порталот Top Gear. Дополнителни информации за ова возило ќе бидат презентирани на ...
Советот на Народната банка на својата последна седница, одржана на четврти февруари годинава, го усвои Кварталниот извештај, во кој се заклучува дека макроекономските движења беа главно во согласност со октомвриските проекции на Народната банка. Инфлацијата и натаму се намалува, економијата и натаму постепено закрепнува, а девизните резерви остварија солиден раст. Но, ризиците сѐ уште постојат. Во Извештајот се наведува дека глобалната економија ...
Во Македонија секојдневно расте јазот меѓу откупните и продажните цени на земјоделските производи, што ги става земјоделците во безизлезна состојба, а граѓаните пред повисоки трошоци за основните прехранбени производи. Додека килограм ориз се откупува по 30 денари, во маркетите се продава за 100 денари. Доматите, пак, кои на откупните пунктови чинат 40 денари, на рафтовите достигнуваат цена од над 100 денари. Земјоделските експерти ...
Со непроменети цени цели 17 години, осигурителните компании продолжија да продаваат полиси за осигурување на возила и покрај енормните поскапувања во сите сектори кои го засегаат овој бизнис. Иако цените на полисите останаа исти, цените на резервните делови на возилата, вредноста на возилата, работната рака, реосигурувањето, драстично се зголемија, а со самото тоа што минатата година, беше донесена одлука да нема покачување на цената на ...
Националната Здравствена Служба (NHS) предупреди на три потенцијални симптоми на најсмртоносниот рак, кој може да се помеша со настинка или друга сезонска болест. Според Светската здравствена организација (СЗО), ракот на белите дробови е водечка причина за смрт меѓу сите видови рак, одговорен за приближно 18 проценти од сите смртни случаи поврзани со рак во светот. Дел од она што го прави ракот на белите дробови толку опасен е фактот што е тешко ...
Производителите во Кина се натпреваруваат да понудат подобар автомобил по пониска цена. „Geely Galaxy L6 EM-i“ пристигнува на кинескиот пазар на 15-ти февруари. Претпродажбата започна на 17-ти јануари, со ценовен опсег од 12.400 до 16.100 долари. Сепак, по повод официјалното лансирање, цената ќе биде намалена за речиси 1.000 долари, па почетната цена ќе биде само 11.400 долари. Димензиите на автомобилот се 4782/1875/1489 mm, додека меѓуоскиното ...
„Xiaomi“ ќе продолжи да ги турка новите верзии на „HyperOS“ на телефоните почнувајќи од средината на февруари. Во моментов, „Xiaomi“ престана да објавува ажурирања за „HyperOS“ поради прославата на „кинеската“ Нова година, односно за вработените да можат да направат заслужена пауза за време на одморот. Покрај воведувањето на „HyperOS 2.0“, компанијата исто така ја одложи дистрибуцијата на најновата безбедносна лепенка до јануари 2025-та година ...
Златото се искачи на рекордно високо ниво бидејќи првите напади од трговската војна меѓу САД и Кина ја интензивираа побарувачката на инвеститорите за безбедни средства, пишува „Bloomberg“. Во средата, цената на златото достигна ново историски највисоко ниво, откако во 9 часот наутро го премина прагот од 2.883 долари за тројска унца. Претходно американскиот претседател ги одложи трговските царини за соседните земји Канада и Мексико за еден месец. ...
Ерик Трамп ја охрабри крипто платформата поврзана со семејството Трамп да ја направи својата прва инвестиција во биткоин. Цените на BTC се зголемија над 98.000 долари. Биткоинот (BTC) се искачи над 98.000 долари за време на азиското тргување во четвртокот, откако Ерик Трамп, син на американскиот претседател Доналд Трамп, ја охрабри семејната крипто платформа да инвестира во биткоин (BTC). „Се чини како одлично време да се влезе во BTC, објави ...
Водечкиот индикатор на Европската централна банка (ЕЦБ) за идниот раст на платите во еврозоната продолжува да укажува на нагло забавување во 2025-та година, поддржувајќи ги надежите за натамошно повлекување на инфлацијата. Ова треба да и овозможи на финансиската институција дополнително да ги намали каматните стапки, пишува „Bloomberg“. Индикаторот за следење на платите на ЕЦБ објавен во средата покажува дека во четвртиот квартал од 2025-та ...
„Raiffeisen Bank International AG“ ја објави својата прва квартална нето загуба во последните девет години, откако беше принудена да издвои 840 милиони евра за справување со неповолна судска одлука во Русија. Банката забележа нето загуба од 926 милиони евра во четвртиот квартал од 2024-та година. Банката направила и трошоци од 156 милиони евра поврзани со судски спор за полски заеми во странска валута. „Банката постигна задоволителен резултат во ...
Железничкиот сообраќај во Македонија се соочува со обиди за оживување, а враќањето на некои од линиите, како што се оние кон Тетово, Гостивар, Штип и кон Кочани, најавени од министерот за транспорт и врски Александар Николоски, отвора прашање дали возовите повторно ќе станат популарно превозно средство во земјата. Според Владата, довербата во железницата се враќа, а очекуваниот годишен приход е околу 13 милиони евра. Сепак, и покрај овие најави, ...
Откако Светската здравствена организација (СЗО) го класифицираше аспартамот, еден од најкористените вештачки засладувачи, како „можеби канцерогени за луѓето“, меѓународната организација Foodwatch, Француската лига против ракот и компанијата Јука покренаа петиција за негова забрана. Петицијата, која беше објавена во вторникот, беше упатена до Европската комисија и земјите-членки на ЕУ, со барање да се отстрани аспартамот од прехранбените ...