Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Глобалната машина за печатење пари полудува, а 2026-та година се оформува како уште попрометна. Под „печатење пари“ мислиме на реалната економија, инфлаторните пари, т.е. парите што ги трошиме секој ден (главно банкарски депозити што ги чуваат домаќинствата и корпорациите), а не на друг индикатор за ликвидност. 2025-та година е една од најсилните години за глобално печатење пари, заостанувајќи само по 2017-та и 2020-та година. Сите знаеме што ...
Амбицијата за извоз на 100 милиони тони течен гас годишно е одложена за неколку години поради западните санкции, призна рускиот вицепремиер Александар Новак во интервју за Росија 24, пренесува ТАСС. Тој потврдува дека изградбата на постројки за втечнување на гас се одржува бидејќи Москва продолжува да го гледа течниот гас како еден од водечките сектори во енергетскиот сектор во наредните години. Некои клучни проекти во секторот се под санкции ...
Кинеската компанија го претстави телефонот „Xiaomi 17 Ultra“ со импресивен хардвер, при што фокусот повторно е ставен на фотографијата и автономијата. Најголемата новина е кај системот на камери. „Xiaomi 17 Ultra“ има главен сензор со големина од еден инч, што е реткост дури и меѓу најскапите водечки модели. Станува збор за „Light Fusion 1050L“ сензор од 50 MP и 1 инч, со поддршка за „LOFIC“ технологија. Дополнително, телефонот доаѓа со ...
„Nvidia“ се согласи на договор за лиценцирање со стартапот „Groq“, специјализиран за вештачка интелигенција (AI), објавува „Bloomberg“. Тој предвидува интеграција на технологијата на компанијата во дизајнот на идните производи на „Nvidia“. Износот не беше официјално објавен, но според публикација во „CNBC“, станува збор за околу 20 милијарди долари и ова е најголемиот договор склучен од „Nvidia“ досега. Агенцијата додава дека опсегот на ...
Повластената стапка на ДДВ од 5% за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари 2026 година. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност што беа усвоени во Собранието. Согласно измените на Законот, рокот на примена на повластената стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој тие се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата се ...
Популарноста на додатоците во исхраната незапирливо расте – според Би-Би-Си, повеќе од 74% од Американците и две третини од Британците се свртуваат кон апчиња со надеж дека ќе го подобрат своето здравје. Сепак, клучно е да знаете што и колку внесувате во вашето тело, бидејќи последиците можат да бидат сериозни, како во случајот со Американка на која оваа година ѝ се закануваше откажување на црниот дроб откако зела премногу апчиња од куркума. ...
По 13-часовна седница, Советот на Град Скопје едногласно ја усвои иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“, поднесена од Зелен хуман град. Со усвоените заклучоци, Град Скопје се задолжува Град Скопје: -Да се обрати до Министерството за животна средина со официјално барање да се испита работењето на Усје и сите големи индустриски загадувачи, како и дали истите целосно ги исполнуваат сите услови, обврски и критериуми кои ...
Во угостителството, особено во туристички центри како Охрид, секојдневната оператива често не остава доволно простор за системско преиспитување на начинот на работа. Кај Хотел СУ, кој работи во рамки на 2ЕР Хотелс ДОО, сопствениците не управуваат од страна – тие се постојано присутни во работата, од организацијата на смените и следењето на квалитетот, до директната комуникација со гостите. Токму таа блискост со процесите им овозможила јасно ...
Компанијата dm дрогерие маркт продолжува да ја развива својата стратегија за поддршка на заедницата, темелена на долгорочна посветеност, редовни донации и општествено одговорни проекти ширум земјата. Во текот на деловната 2024/25 година*, преку различни проекти и активности, dm обезбеди донации во вкупна сума од речиси 7,9 милиони денари. „Активностите што ги спроведовме во текот на оваа година, од донации во институции, преку проекти ...
Во континуитет Стопанската комората алармира дека една мала земја како Македонија, за да опстане, мора да има раст на БДП-то поголем од 5% и да го зголемува постојано извозот. Бизнисмените од денешен аспект констатираат дека раст на БДП од над 5% сме имале само во 2008 година, а денес извозот изнесува 7,64 милијарди евра. За да се постигне таков одржлив раст потребна е дебата за унапредување на градежништвото, металургијата и се разбира ...
На редовната седница на Советот на Народната банка е усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за третиот квартал од 2025 година. Во Извештајот се оценува дека и во третиот квартал од 2025 година, банкарскиот сектор работи стабилно и сигурно, со висока солвентност, подобрена ликвидност и со подобар квалитет на кредитното портфолио. Стапката на адекватност на капиталот е стабилна и изнесува 19,5%, а ликвидносната позиција зајакна со ...
Возач на ЈСП, кој побара да остане анонимен за да избегне „проблеми на работа“, раскажува тивко и со видно нервозен тон дека секој ден во Скопје се чувствува како да вози низ миниско поле од правила, камери и неизбежни грешки. „Јас сум возач на автобус на ЈСП. Дневно поминувам неколку тури, зависи на која линија сум задолжен. Ако ја земеме линијата број 2, од Автокоманда до Ѓорче Петров, на пример, има околу 30 семафори во еден правец. Тоа ...
Природниот сок од морков и ѓумбир може да помогне во зајакнувањето на белите дробови и обновувањето на респираторниот систем кај пушачите. Пушењето е навика што остава сериозни последици за белите дробови. Дури и по откажувањето од пушење, на телото му треба време да се исчисти од акумулираните токсини и слуз. Иако не постои магичен напиток што може да ги избрише сите ефекти од пушењето, одредени намирници се докажани како корисни во ...
Со рекордни деловни резултати, значајно зголемени инвестиции и јасна стратегиска насока за идниот период, EOS Матрих Македонија ја заокружува 2025 година како најуспешна во своето работење. Во услови на зголемена динамика на секундарниот пазар на нефункционални пласмани и засилени регулаторни барања, компанијата дополнително ја зацврсти својата лидерска позиција, како еден од клучните чинители во управувањето со побарувањата и поддршката на ...
Екстремните временски услови ја загрозуваат иднината на плантажите со какао низ целиот свет, што претставува сериозна закана за иднината на индустријата за чоколадо. Затоа, научниците истражуваат други култури кои се поотпорни на климатските промени, од кои би можело да се направи нов деликатес. Поголемиот дел од какаото (околу 60 проценти) доаѓа од Западна Африка, од влажни земји како Брегот на Слоновата Коска и Гана, каде што топлите ...
Влегувате во супермаркет со јасна намера да купите леб, млеко, неколку основни работи. Десет минути подоцна, количката е полна, сметката е двојно поголема од планираното, а дома ве чекаат производи што не сте ни сигурни зошто сте ги купиле. Не е случајно. Супермаркетите одамна не се само места за снабдување, туку внимателно дизајнирани простори во кои секој детал работи во корист на една цел – да потрошите повеќе отколку што сте намислиле. ...
Проектираниот реален раст од 3,8% за 2025 година е реално остварлив. Даночните приходи ќе се реализираат согласно планираното, а дигитализацијата е клучниот фактор во сериозно зголемување на ефикасното трошење на буџетските пари. Ова го истакнува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за месечникот „Економија и бизнис“. „Проектираниот реален раст за 2026 година е 3,8 % и сметам дека е реално остварлив. Но, секако ...
Научниците развиваат едноставен тест преку крвта за да предвидат кој е најмногу изложен на ризик од најчестата наследна срцева болест во светот. Милиони луѓе ширум светот имаат хипертрофична кардиомиопатија (HCM), болест на срцевиот мускул кај која срцевиот ѕид се згуснува. Таа е предизвикана од промена во еден или повеќе гени и обично се пренесува преку семејствата. Некои се чувствуваат добро поголемиот дел од времето и имаат малку или ...
Во организација на Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ вечерва се одржа протест со блокада на крстосницата на булеварите „Борис Трајковски“ и булевар „Србија“ во Скопје. Од иницијативата велат дека протестот е одговор на според нив долгогодишното жртвување на јавното здравје на граѓаните во корист на профитни интереси. Според организаторите, во изминатиот период било истражувано работењето на цементарницата, при што, како што наведоа, ...
Попуст, намаление, распродажба… со големи букви стојат на излозите на продавниците низ градот и буквално „викаат“ по минувачите. Декември секојпат си има своја динамика, свој ритам и едно исто прашање што тивко се провлекува меѓу луѓето – како да купиш, а да не претераш. Предновогодишниот шопинг, велат трговците, е период кога купувачите се најемотивни, најмалку рационални и најподготвени да трошат. И тоа не е случајно. „Луѓето доаѓаат со ...
Ви откриваме четири намирници што ги уништуваат бубрезите и чија потрошувачка треба да се сведе на минимум. На бубрезите им е потребна многу течност и соодветна храна за нормално функционирање. Сепак, некои намирници можат негативно да влијаат на функцијата на бубрезите во дневната исхрана, поради што треба да се избегнуваат. Имајте на ум дека бубрезите се нешто како воини-заштитници на човечкото тело. Тие играат клучна улога во ...
Студијата на „Datareportal“ покажува дека бројот на корисници на интернет ширум светот расте, но голем број луѓе сè уште немаат пристап до мрежата. Во 2025-та година, 74% од светската популација, или околу шест милијарди луѓе, користат интернет. Ова е зголемување во однос на претходната година кога уделот беше 71% (околу 5,8 милијарди луѓе). Сепак, повеќе од една четвртина од луѓето ширум светот сè уште немаат пристап до интернет, а разликите ...
Во духот на празниците, корисниците на програмата за поволности и подароци на Македонски Телеком, Magenta Moments, покажаа дека солидарноста и хуманоста можат да се преточат и во дигитален гест со суштинско значење. Во рамките на хуманитарната акција „Сите можеме да бидеме Дедо Мраз“, која траеше само две недели во декември, беа донирани вкупно 6,3 милиони Magenta Moments срца од над 22.000 корисници. Со просечна донација од околу 300 срца по ...
Европската комисија (ЕК) одобри поголема државна помош за енергетски интензивните индустрии за да ги одврати компаниите од преселување во странство, објави ДПА. Секторите кои веќе добиваат поддршка, како што се челичната и хемиската индустрија, исто така ќе имаат право на дополнителна државна помош, објави Комисијата. Поточно, таканаречената компензација за цените на електричната енергија ќе биде проширена, што индиректно ќе ги ослободи ...
Кога ќе настинеме, шолја топол чај е често првото нешто по кое посегнуваме. Освен што загрева и дава чувство на удобност, топлиот напиток може да ги ублажи симптомите како што се кашлица и болно грло. Останување хидриран е клучно за закрепнување, а чаевите без кофеин се идеален избор. Тие се исто така богати со полифеноли, растителни соединенија кои можат да го зајакнат имунолошкиот систем и да го намалат ризикот од заболување, пишува ...
Трката е исклучително тесна, многу повеќе од минатата година. Во 2024-та година, „Dacia Sandero“ ја победи конкуренцијата и стана најпродаваниот автомобил во Европа, по чудната 2023-та година во која електричен автомобил го презеде водството. Сега „Tesla Model Y“ претрпе најголем губиток во Топ 20, при што продажбата на американскиот производител се намали за 30%, губиток од над 54.000 единици во споредба со 2024-та година. Овој пад е уште ...
Целосно ја разбираме загриженоста на јавноста за квалитетот на воздухот во градот, но нашата компанија не е причина за тоа. Напротив, ТИТАН Усје работи согласно најдобрите достапни техники во производството на цемент. Технологијата која се применува во ТИТАН Усје соодветствува со најдобрите компании од оваа индустрија во Европската Унија. Целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања кон ТИТАН Усје, кои се невистинити и не се засноваат на факти ...
Нафтениот гигант „BP“ се согласи да продаде мнозински удел во својата дивизија за мазива „Castrol“ на американската инвестициска фирма „Stonepeak Partners“ за околу 6 милијарди долари. Британската нафтена компанија ќе се откаже од 65% удел, задржувајќи го остатокот преку заедничко вложување, соопшти компанијата во средата. Иако договорот е значаен дел од планот за раздвојување на средствата на „BP“ вреден 20 милијарди долари, првично се ...
Под трепкачките светилки и гласната новогодишна музика, плоштадот во Скопје навечер личи на сцена од празнична разгледница. Гужва, детска смеа, родители што брзаат да фатат момент. Во центарот на вниманието е Дедо Мраз и редица што бавно се движи. Фотографирањето чини 400 денари, во пакет со мало новогодишно подароче, а фотографијата се печати веднаш и се добива за десетина минути. За некого тоа е симпатичен дел од празничната атмосфера, за ...
Со извршената ревизија за 2024 година утврдено е дека ФИТР нема воспоставено механизам за систематско и сеопфатно следење на постигнатите резултати од поддржаните проекти по нивното завршување, ниту се врши длабинска деловна и финансиска анализа на истите. На крајот на известувачкиот период искажува неподмирени обврски во износ од 13.863.000 евра Фондот за иновации и технолошки развој е основан во декември 2013 година, со цел поттикнување на ...