Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Растот на еврото во напната недела за глобалните пазари покренува интересни прашања за тоа дали се држи како безбедно засолниште поради сомнежите за американскиот технолошки сектор и промените во профилите на централните банки од двете страни на Атлантикот и во Токио, пишува колумнистот на „Reuters“, Мајк Долан. Растот на еврото од 12 проценти во однос на доларот оваа година во голема мера се должи на турбулентната прва половина, но го ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 10.11.2025 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денар за литар. Од 18.11.2025 година од ...
Нови трикови во „watchOS 26“ и стари скриени функции откриваат колку „Apple Watch“ всушност може да ви помогне во текот на денот. Многу од функциите на „Apple Watch“ се користат секој ден, како што се прегледување известувања, повици, времето и временската прогноза. Сепак, повеќето корисници често забораваат колку повеќе всушност нуди овој часовник. Без разлика дали станува збор за „Apple Watch Series 11“, „Watch SE 3“, „Ultra 3“ или постар ...
Зајакнување на капацитетите на сите чинители за одржливо управување со отпад, и ефективна примена на кружната економија во насока на поголема декарбонизација, е главна цел на проектот „Циркуларна економија и декарбонизација“. Проектот го реализира ТИТАН Усје во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија. Во рамките на проектот се реализираат неколку едукативни работилници каде своите практични искуства, постигнати резултати и ...
Скоро 40% од целокупниот отпад кој се исфрла во контејнерите е амбалажен отпад, како картонски кутии, пластични и стаклени шишиња, лименки и слично. Картонските кутии заземаат 40% од просторот во контејнерите, а доколку селективно се одложат, или пак се соберат, би зафаќале помалку простор. Истовремено палстичните шишиња кои се фрлаат во контејнерите не се рециклираат, и исто така завршуваат во депониите. Одговорноста за чистата животна ...
Со одбележувањето на Светскиот ден на предвремено родени бебиња, 17 ноември, Клиника Жан Митрев повторно се придружикон глобалната иницијатива за поддршка на најмалите борци и нивните семејства. Во пресрет на меѓународниот ден, фасадата на клиниката беше осветлена во виолетова боја, симбол на чувствителност, посебност и надеж за сите предвремено родени деца ширум светот. Годинава, одбележувањето се одвива под мотото „Силни почетоци за надежна ...
Во годината на големиот јубилеј – 140 години традиција, визија и лидерство, винарската визба „Тиквеш“, во Кавадарци го одржа 16-тото издание на Фестивалот на младо вино. Традиционално, третиот викенд во ноември, 16-та година по ред, годинешниот фестивал повторно ги собра бројните пријатели, партнери и соработници на „Тиквеш“, како и претставници на дипломатскиот кор и институциите, на еден од најпрестижните регионални настани посветени на ...
Од денеска па се до 24 ноември, во организација на Мрежата на медиумска писменост, по седми пат ќе се одржат Деновите на медиумска писменост 2025. Членките на Мрежата и нивни поддржувачи, ќе организираат повеќе од дваесетина настани на различни локации низ целата држава, а некои настани ќе се одржат и онлајн. На овој начин нашата земја се приклучува кон Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО. На денешната ...
Осигурителната брокерска фирма „Еуромак Брокер“ АД, со седиште во Скопје, Република С. Македонија, со задоволство го објавува својот избор за финалист во престижната категорија: Осигурителен брокер на годината на наградите „Го Глобал“ за 2025 година. Наградите, кои ги доделува Меѓународниот трговски совет, ја признаваат меѓународната извонредност во трговијата и иновациите. „Еуромак Брокер АД го отелотворува духот на иновативноста и ...
Претходните препораки им советуваа на луѓето со атријална фибрилација – најчестото нарушување на срцевиот ритам што предизвикува неправилно и често брзо чукање на срцето – да избегнуваат кафе, но една нова студија доаѓа до сосема поинаков заклучок. Резултатите покажуваат дека дневната шолја кафе може да го намали ризикот од враќање на нарушувањето за дури 39 проценти. Ова го доведува во прашање долгогодишниот страв дека кофеинот предизвикува ...
Вештачката интелигенција (AI) ги прави своите први чекори кон вистинско разбирање на законите на физиката. Повеќето модели на AI денес можат да препознаваат шеми и да прават предвидувања, но не успеваат да генерираат општи научни концепти. Тим од кинескиот универзитет во Пекинг разви систем AI-Newton кој може независно да открива клучни принципи на физиката, вклучувајќи го и вториот Њутнов закон, кој ги поврзува силата, масата и забрзувањето. ...
Одлуката на Советот на Град Скопје со која се забранува фрлање комунален отпад во контејнерите од 22:00 до 6:00 часот веќе предизвика различни реакции кај граѓаните. Некои велат дека мерката има смисла и дека конечно ќе се воведе ред, додека други сметаат дека градот само додава уште едно правило што тешко ќе се спроведе во пракса. „Ако некој работи втора смена и се враќа после полноќ, што да прави со кесата? Да ја чува дома до сабајле?“, ...
Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри Љубов“ ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност. „Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ звук, врвен стејџ, движење, емоции. Ќе има танчери, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете ...
Стопанствениците од Сојузот на стопанските комори во мисија на бизнис дипломатија. Тие веќе остварија средби со претставници од амбасадите на Швајцарија, Грција,Н.Р Кина, Израел и Н.Р Бангладеш. Целта според комората е да се постигне проширување на економската соработка и генерирање свежи идеи за развој меѓу македонската бизнис-заедница и земјите-партнери. Според информациите од ССК ваквите средби се важни за продлабочување на ...
Денеска е објавен јавниот повик и ги повикувам сите студенти да аплицираат, мислам дека се 55.000 на број. Тоа што го ветуваме тоа и го исполнуваме, 15.300 денари добива секој студент за набавка на електронски уред“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски истакна дека чекале изборите официјално да завршат за да можат да го објават повикот за аплицирање, за кој што рече трае ...
Со години, Македонија се обидува да го следи економското темпо на регионот: платите да растат, се најавуваат инвестиции, туризмот расте… Но, додека статистиката за раст изгледа охрабрувачка, друга статистика полека ги поткопува темелите на економијата – бројот на жители што ја напуштаат земјата. Илјадници луѓе ја напуштија Македонија во последниве две децении. На јазикот на економијата, ова значи едно: го губиме најважниот ресурс – работната ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека републиканците работат на нацрт-закон со кој ќе се воведат санкции врз секоја земја што работи со Русија и изјави дека Иран може да биде додаден на таа листа. „Како што знаете, јас го предложив тоа, така што секоја земја што работи со Русија ќе биде многу строго санкционирана“, изјави Трамп за новинарите, според Ројтерс. Според него, Иран може да биде додаден и на таа ...
Полагањето за возачка дозвола од Б категорија поскапе за речиси 10.000 денари, што ги остави многумина изненадени и револтирани. Ако досега кандидатите плаќаа околу 24.000 денари за целата обука во авто-школите, од овој месец цената скокна на 34.000 денари, а плус на тоа се додава и трошокот за изнајмување полигон, кој чини 250 денари по час. Со други зборови, секој дополнителен час зад воланот сега значи и дополнителен удар по џебот. Од ...
Локалната пекарница на секој агол од градот секое утро отвора пред изгрејсонце. Мирисот на топли пецива се шири и надвор и ги мами купувачите, кои брзаат да купат појадок и да стигнат навреме на работа. А, сопственикот на пекарницата, кој истовремено е и пекар, сметководител и маркетинг менаџер, секој ден брза да ги задоволи купувачите и паралелно размислува како да набави нова печка, да овозможи плаќање со картичка, а можеби да отвори и ...
Главниот директор за технологија во кинеската компанија „Лонви Биосајенс“ во Шенжен, Лиу Кингхуа, изјави дека благодарение на резултатите од најновите истражувања, никој нема да страда од рак во наредните години, а живеењето до 150 години ќе стане реалност. „Живеењето до 150 години е дефинитивно остварлива цел. За неколку години тоа ќе биде реалност. За пет до десет години никој нема да добие рак“, рече Кингхуа, пренесе „Њујорк тајмс“. ...
Електричните и магнетните полиња, познати и како електросмог или е-смог, се присутни секаде каде што поминува електрична струја. Колку се опасни кај електричните автомобили? Во последниве години, се почесто се поставува прашањето дали е-смогот од електричните возила претставува ризик по здравјето – особено за луѓето кои користат медицински импланти. Германскиот автомобилски клуб ADAC, во соработка со Истражувачкиот центар за електромагнетна ...
Сè повеќе производители ги менуваат своите планови за електромобилност, реинвестирајќи во развој на мотори со внатрешно согорување. Пример за ова е „Subaru“, кој најави ревизија на своите планови поради намалената побарувачка за електрични возила и комплицираната тарифна ситуација на меѓународните пазари. Автомобилскиот сектор како целина долго време доживува пад на интересот за електрични возила, што доведе до забележителни проблеми со ...
Јапонскиот научник Томојасу Хорикава разви техника која користи скенирање на мозокот и вештачка интелигенција (AI) за да ги претвори менталните слики на една личност во описни реченици. Методот, познат како „титлување на умот“, ја комбинира анализата на мозочната активност со генеративни модели на AI за да ги толкува визуелните детали како предмети, места, дејства и врските меѓу нив, објавува CNN. Хорикава го тестираше методот на шест ...
Германија ги преполови своите планови за електрани на гас, што е компромисен договор меѓу застапниците на фосилни горива и чиста енергија во коалициската влада на Фридрих Мерц, објави „Bloomberg“. Претходните цели на Берлин предвидуваа изградба на нови електрани на гас со вкупен капацитет од 20 гигавати во наредните години. До 2026-та година, Германија ќе гради електрани на гас со производствен капацитет од 8 гигавати, а исто така ќе ги ...
Грчката економија бележи просечен раст од околу два проценти од 2023 година, што е над просекот во Еврозоната. Американската агенција Фич го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за една оценка, од БББ- на БББ, со позитивна перспектива, а по оваа одлука, само Мудис меѓу главните агенции за кредитен рејтинг сè уште ја држи Грција на најниското ниво на инвестициски рејтинг. Според објаснувањето на Фич, подобрувањето е резултат на стабилно ...
Труењето со кофеин настанува кога организмот ќе апсорбира опасно високи количества кофеин, состојба што може да предизвика сериозни здравствени последици, а во исклучително ретки случаи и смрт. Иако кафето е дел од секојдневието на милиони луѓе, лекарите предупредуваат дека постојат граници кои не треба да се надминуваат. Според Националната асоцијација за кафе на Америка, просечниот Американец дневно пие нешто повеќе од три шолји кафе, ...
Извршниот директор на „Мeta“, Марк Цукерберг, тврди дека за неколку години, мобилните телефони ќе бидат заменети со нов производ – паметни очила. Тој изјави дека таканаречените паметни очила ќе бидат ново технолошко чудо. „Ќе дојде време кога вашиот паметен телефон ќе ви остане во џебот поголемиот дел од времето. Мислам дека тоа ќе се случи во 2030-тите“, рече Цукерберг. „Мeta“ развива паметни очила кои ќе можат да фотографираат, да снимаат ...
Доналд Трамп во петокот изјави дека „повеќе или помалку се одлучил“ за своите намери кон Венецуела, чија влада верува дека распоредувањето на американската војска во Карибите има за цел да ја собори. „Повеќе или помалку се одлучив“, рече американскиот претседател во „Ер Форс Уан“, на пат кон неговата резиденција во Флорида. „Не можам да ви кажам што е тоа, но постигнавме голем напредок со Венецуела во спречувањето на внесување дрога во ...
Од денеска до 15 март возилата што учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Во согласност со одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата за безбедно учество во сообраќајот на патиштата како зимска опрема на моторните возила се подразбира: За моторни возила што не надминуваат 3.500 кг: – зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на ...
Европската комисија бара од својот регулатор на пазарот да го преземе надзорот врз крипто-бизнисите во блокот, објавува „Bloomberg“. Нацрт-плановите што ги дистрибуираат европските претставници сугерираат дека Европскиот орган за хартии од вредност и пазари (ESMA) директно ќе ги надгледува сите даватели на крипто-услуги. Агенцијата исто така ќе биде одговорна за одобрување на нови бизниси. Во моментов, крипто-фирмите мора да добијат лиценца ...