Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
„Народната банка дејствуваше одлучно за да ja зачува макроекономската и финансиската стабилност во економијата. Како и повеќето централни банки во регионот и пошироко, беа преземени сеопфатни пакет-мерки насочени кон стабилизирање на инфлацијата, зачувување на стабилноста на девизниот курс и зајакнување на финансиската стабилност.“ Ова го истакна гувернерот д-р Трајко Славески на конференцијата којашто се одржа во Тирана, Албанија, во ...
Сè повеќе млади луѓе од Македонија се вработуваат во американски компании без да ја напуштат својата земја. Работат од дома, преку компјутер, најчесто како диспечери во транспортни фирми кои управуваат со камиони низ САД. На прв поглед е едноставна работа, но со сериозна одговорност. Заработката? Некои успеваат да стигнат и до 2.000 евра месечно, што е сума каква ретко кој ја гледа во домашни услови. „Се работи со возачи кои се на терен во ...
„Mitsubishi“ неодамна го претстави концептот „Elevance“, визија за футуристички „SUV“ кој комбинира елеганција и моќ. Целта беше да се создаде концепт автомобил кој изгледа елегантно во урбани средини, но е исто така доволно робустен за да истражува непознати патишта, објави брендот. Кабината на капсулата е обвиткана во цврста структура во облик на прстен инспирирана од „анатомијата на ребрата“, што му дава цврстина на возилото. Од ...
Просечната возраст на купувачите на прв дом во Соединетите Американски Држави се искачи на рекордни 40 години, бидејќи зголемувањето на цените и каматните стапки за хипотеки во текот на изминатите неколку години го одложи купувањето дом за милиони Американци, објавува „Bloomberg“. Возраста на која луѓето купуваат прв дом брзо расте од 2021-ва година, кога просечната возраст беше 33 години, според анкетата на Националното здружение на агенти ...
МВР денеска соопшти дека од 15 ноември до 15 март возилата што учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Во согласност со одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата за безбедно учество во сообраќајот на патиштата како зимска опрема на моторните возила се подразбира: За моторни возила што не надминуваат 3.500 кг: – зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална ...
Калинката не е само симбол на есента и вкусен деликатес — таа е вистинска ризница на витамини, минерали и антиоксиданси кои го штитат организмот и го зајакнуваат имунитетот. Ова нискокалорично овошје содржи малку масти, но изобилува со растителни влакна, витамин Ц, витамин К и калиум. Богата со антиоксиданси кои го штитат телото Научните истражувања покажуваат дека калинката е една од најбогатите природни намирници со антиоксиданси. Овие ...
За многумина, Алпите се дестинација од соништата, познати по скијањето во зима и планинарењето во лето, објавува „Euronews“. Раширената популарност на познатите врвови во Европа помага да се одржи силен пазар на недвижности кој продолжува да ги надминува трендовите на поширокиот пазар на луксузни недвижности. Алпскиот индекс на недвижности, составен од консултантската компанија „Knight Frank“ во нов извештај, се зголеми за 3,3% на годишно ...
Во Скопје за само пет години се затворени голем број мали продавници. Трговците масовно ги спуштаат ролетните и се префрлаат на онлајн-продажба, односно на модел кој не бара кирија, нема сметки, нема вработени, а во многу случаи и нема даноци. Од улиците каде што некогаш се редеа луѓе пред дуќаните, денес остануваат само празни излози со натписи „се издава“. „Онлајн-продажбата буквално ги изеде малите трговци“, вели еден долгогодишен продавач ...
Да се биде Македонец и да се најдеш како главен кувар во срцето на Далмација, во Сплит, меѓу морски мириси, гласна чаршија и безмилосна конкуренција, не е приказна што се пишува лесно. „Мораш да имаш и срце и памет“, вели еден млад кувар од Скопје кој веќе петта сезона ја предводи кујната во еден од најпознатите ресторани во стариот дел на градот. „Тука нема пауза, нема одмор, нема ‘ќе биде’. Или знаеш да работиш – или одиш дома“. Работниот ...
Сè почесто на социјалните мрежи, особено на Фејсбук, можат да се забележат фотографии од свежо испечени кифлички, наредени на хартиени чинии, со опис: „Домашни, вкусни, полнети по желба – нарачки во инбокс“. Зад тие фотографии најчесто стојат жени кои, во тишината на своите кујни, го претвораат брашното, јајцата и маслото во извор на заработка. Не секоја има пекарница, но речиси секоја има рерна. И идеја. „Почнав сосема случајно, кога ...
Намалување на бројот на повреди и заболувања на работните места преку зајакнување на законската и регулаторната рамка, модернизација на системот за инспекција на трудот, воспоставување национален информациски систем за безбедност и здравје при работа и унапредување на националните капацитети за управување и обезбедување услуги во оваа област, е клучната цел на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“. Проектот, ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2025 година, од вкупниот број туристи, 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во септември 2025 година изнесува 262 686, од кои 31.8 % се од домашните туристи, а 68.2 % од странските туристи. Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.8 %, односно кај ...
Унапредувањето на образованието во казнено-поправните установи доведува до позитивни промени и надвор од нивните ѕидови. Затоа инвестирањето во овој вид образование е одржливо и има големи придобивки за поединецот, но и за целото општество, истакнаа денеска организаторите на меѓународната тренинг-конференција посветена на едукацијата на лицата во затворите „Трансформирање на животите преку образование во затворите – Ајде да зборуваме“ која од ...
Скандалот во Платежната агенција како што се очекуваше доби и меѓународна актуелност. Опозицијата обвинува дека Европската унија ги стопираше парите кои се на располагање од ИПАРД 3 програмата наменет за земјоделскиот сектор. Власта засега се брани дека такво нешто не постои, туку владата решила да ја стопира целата процедура на исплати се со цел да се открие детално целиот скандал. Во меѓувреме директорот на Платежната агенција е во притвор ...
Геолошкиот институт на САД (USGS) официјално ги додаде бакарот и среброто на листата на критични минерали, проширувајќи ја групата на суровини кои се од витално значење за американската економија и националната безбедност. Ова е прва ревизија на листата од 2022 година, со што беа додадени уште десет минерали. Од Институтот информираа дека ажурирањето е направено врз основа на нов економски модел кој ги проценува ризиците од прекин во ...
Wolt ја активира претплатничката услуга Wolt+ во Македонија, наменета за корисници кои нарачуваат храна, намирници и производи од локалните продавници присутни на платформата. Со Wolt+, сите нарачки од партнерите обележани со W+ во апликацијата се испорачуваат со нула денари надомест за достава. Месечната претплата изнесува 199 денари, со можност за годишен пакет по намалена цена, а новите корисници можат да го пробаат сервисот бесплатно во ...
„Електронче“ е нова иновативна платформа и бренд што ја буди љубопитноста и креативноста кај децата и младите преку учење со практика. Создадени со љубов и стручност, едукативните сетови за електроника се внимателно прилагодени за различни возрасни групи – од најмладите истражувачи на 2 години, до средношколците на 18 години. Целта на платформата е да поттикне практично учење, развој на технички вештини и критичко размислување преку ...
Есенските одмори, иако пократки и потивки од летните, годинава станаа вистински хит меѓу Македонците. По напорни месеци, со сè поголеми цени и постојан стрес, многумина одлучија да ги искористат последните топли денови за бегство, барем на неколку дена. Од агенциите велат дека патувањата во овој период се зголемиле за повеќе од 30 проценти во споредба со минатата есен, што е показател дека дури и краткиот одмор значи многу кога човек сака да ...
87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата е извршена во продажното место „Димпо“ во Битола. Иако добитникот не се согласи за јавно објавување на неговите податоци, тој сподели со нас дека за него оваа добивка претставува уште една потврда дека секогаш треба да се верува во среќата. Продажното место „Димпо“ во Битола е познато по среќните добивки ...
Денес, 11 ноември 2025 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година. Истражувањето “Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку” покажа дека: ⦁ Трошоците за јавни набавки во здравството во последните 10 години се зголемија два и пол пати, односно од 126 милиони евра во 2015 на повеќе од 315 милиони евра во 2024 година. Инфлаторните ...
Ворен Бафет, претседател на одборот на директори на американскиот мултинационален конгломерат Беркшир Хатавеј, им порача на акционерите во својата традиционална годишна порака дека ќе „молчи“ откако ќе се пензионира на крајот од оваа година. Сепак, според CNN, 95-годишниот Бафет сè уште не го напушта целосно Беркшир Хатавеј, иако повеќе нема да ги координира процедурите за креирање на редовните годишни извештаи на компанијата. Бафет ќе ...
Додека едни велат дека пелетите се „новото дрво“, други и натаму остануваат верни на традиционалниот оган во шпоретот. Во пракса, одговорот на прашањето кое греење е поисплатливо, на пелети или на дрва, не е толку едноставен. Сè зависи од типот на објектот, квалитетот на изолацијата, начинот на користење и, секако, од пазарните цени кои се менуваат буквално од сезона во сезона. Во моментов, според трговците, кубик дрва во Македонија чини од ...
Руската нафтена компанија Лукоил денес објави дека ги прекинува работите на својот најголем проект во Ирак, нафтеното поле Вест Курна-2, откако американските и британските санкции ги блокираа неговите операции и финансиски текови. Ирачките власти потврдија дека сите плаќања кон Лукоил, во готово и сурова нафта, се прекинати откако беа воведени санкциите. Поради неможноста за примање плаќања, компанијата го информираше ирачкото Министерство за ...
Адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп, Алехандро Брита, објави дека Трамп бара британскиот јавен радиодифузер BBC „да ги повлече своите лажни, клеветнички, омаловажувачки и провокативни изјави“, да му се извини и „соодветно да ја надомести штетата предизвикана на претседателот Трамп“ или ќе се соочи со судска постапка за штета од една милијарда долари. BBC соопшти дека ќе го разгледа писмото за ова прашање „и ќе одговори ...
„Harley-Davidson“ објави послаба продажба во третиот квартал, истакнувајќи ги предизвиците со кои се соочува новото раководство на производителот на мотоцикли додека се бори со слабата побарувачка на потрошувачите. Глобалната малопродажба на „Harley-Davidson“ се намали за 6% во третиот квартал, вклучувајќи пад од 5% на нејзиниот клучен северноамерикански пазар. Приходите на компанијата изнесуваа 1,34 милијарди долари, под очекувањата на ...
Официјално е претставен електричниот „Renault Twingo“, мал електричен градски автомобил кој ќе чини помалку од 20.000 евра. Како градски електричен автомобил, „Twingo“ не импресионира особено со спецификациите на погонскиот склоп – има батерија од 27,5 kWh и мотор од 80 ks, кој овозможува опсег од 263 километри и поддршка за полнење со моќност од 50 kW. Скромен, но сосема доволен за возило наменето за секојдневно градско возење. Внатрешноста ...
Цените на детската облека во последните неколку години почнаа да растат со темпо кое ги изненадува дури и најтрезвените потрошувачи. Она што некогаш беше вообичаен месечен трошок за едно семејство, денес сè почесто изгледа како луксуз, особено кога станува збор за родители со повеќе деца. На пазарите, во трговските центри, па и на интернет продавниците, ознаките на цените се менуваат речиси на секои неколку месеци, а парче детска гардероба ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 03.11.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 денар за литар. Од 11.11.2025 година ...
Во насока на поддршка и унапредување на услугите за граѓаните, ТИТАН Усје обезбеди генератор за Јавната здравствена установа Општа Болница Кочани. Генераторот ќе обезбеди непречено да се извршува здравствената дејност во оваа институција, што е од огромно значење. Истовремено ќе придонесе за подобрување на ефикасноста во работењето, во интерес на граѓаните од овој регион. Донацијата беше обезбедена по претходна консултација со менаџментот на ...
Во октомври, испораките на течен гас за Азија беа ограничени поради послабата побарувачка за гас во Кина. Сепак, овие количини беа апсорбирани од Европа, која продолжи да создава резерви за зимските месеци минатиот месец, пишува колумнистот на „Reuters“, Клајд Расел. Податоците покажуваат дека испораките на течен гас за Азија достигнаа 22,84 милиони тони во споредба со 24,39 милиони тони минатиот октомври. Во исто време, испораките за Европа ...