
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Во Клиничката болница Жан Митрев, неврохируршкиот тим предводен од проф. д-р Владимир Рендевски успешно изврши сложена операција, прва од ваков вид изведена во Македонија. Интервенцијата беше извршена на 29-годишна пациентка од странство со тумор во спиналниот канал во предел на сакралната коска. Пациентката со месеци чувствувала континуирани болки во крстот и долж десната нога, кои не реагирале на претходно дадената терапија. Деталните ...
Магнезиумот е еден од клучните минерали за правилно функционирање на организмот, познат по тоа што ја намалува напнатоста во мускулите, го подобрува сонот и ја зајакнува коскената структура. Научните истражувања го поврзуваат со превенција на состојби како висок крвен притисок, дијабетес тип 2, остеопороза, мигрена и несоница. Но, иако е од голема корист, магнезиумот не е секогаш безбеден – особено ако се зема заедно со одредени медикаменти. ...
„G-Class“ на „Mercedes“ отсекогаш била „трн во окото“ на конкурентите на брендот, но ниту еден од нив досега не изразил амбиции да лансира директен конкурент на теренецот. „BMW“ конечно одлучи да направи таков чекор и веќе развива теренски модел, чие производство ќе започне подоцна оваа деценија, објавува „Automotive News“. Изданието се повикува на свои анонимни извори од баварскиот производител, според кои работата на „BMW“ со голем простор за ...
„Google“ издаде ново предупредување. Сајбер-напад со вештачка интелигенција може тивко да ги краде вашите податоци без никакви кликови, преземања или други знаци дека нешто не е во ред. Во детален блог пост, „Google“ откри нов вид закана за својата глобална корисничка база: индиректни потсетници. За разлика од конвенционалните тактики на хакирање кои ве лажат да ги откриете вашите информации преку лажни веб-страници или сомнителни врски, овој ги ...
Земјите од Европската Унија (ЕУ) поседуваат само 16,6% од светското приватно богатство. Кога ќе ги вклучите Велика Британија, Швајцарија, Норвешка и Турција, тој удел се зголемува на 22,3%. САД поседуваат повеќе од една третина, а Кина околу една петтина. Заедно, двете земји контролираат 54% од светското богатство, според Извештајот за глобалното богатство на „UBS“ за 2025-та година, цитиран од „EuroNews“. Извештајот на „UBS“ опфаќа 56 земји и ...
Секојдневна слика пред некои супермаркети – редици од напуштени колички за пазарење, расфрлани низ паркингот, блокирајќи места за паркирање или оставени до оградата. Примерните купувачи ги враќаат на своето место, но сè почесто има и такви кои не само што ги оставаат таму, туку и ги товараат во автомобил и си ги носат дома. „Имаме случаи кога количките ги наоѓаме по неколку дена во соседни населби. Дел од нив се оштетени, дел исчезнуваат ...
На својата последна седница, Советот на Народната банка усвои четири значајни одлуки насочени кон зајакнување на системот за заштита на потрошувачите, коишто треба да обезбедат поголема транспарентност, фер практики и ефикасно постапување по поплаките на граѓаните од страна на банките и штедилниците, како и соодветни контролни механизми од страна на Народната банка во оваа област. Со Одлуката за обезбедување јасни, релевантни и навремени ...
Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, која ...
Кога статистиката покажува дека 79,9% од туристите во земјава доаѓаат од странство, на прв поглед тоа изгледа како успех на државната стратегија за привлекување гости однадвор. Повеќе странци значи повеќе девизи, полни хотели и зголемен промет во угостителството, транспортот, па и занаетчиството. Но, зад оваа импресивна бројка се крие и потенцијален ризик за кој стручњаците предупредуваат – преголема зависност од еден пазар. Лекцијата од ковид ...
Управата за јавни приходи го вклучи градежниот сектор во категоријата на најризични области за перење пари, особено поради комбинацијата на експлозивно зголемена побарувачка за станови, енормниот раст на цените и зачестеното плаќање со готовина. Од таму велат дека во последните години во Македонија се појавила јасна шема: непроверени инвеститори градат, продаваат и исчезнуваат. „Овие се лица или фирми што немаат врска со класично градежништво – ...
Дали Алјаска ја менува судбината на светот денес? Точно во 11:30 часот по локално време, а во 21:30 часот по наше време, ќе започне историската средба меѓу двајцата најмоќни светски лидери – Доналд Трамп и Владимир Путин. Значи, Трамп и Путин лице в лице, без Украина, без Европа, и на средба што може да ги прецрта границите и да ја скрши судбината на војната во Украина? Имено, оваа средба се одржува во време кога руските сили ја продолжуваат ...
Долгоочекуваната средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин се одржува утре во Алјаска. Но, прашањето е дали светот ќе биде поблиску до долгоочекуваниот мир во Украина по таа средба? Вашингтон со денови се обидува да ги ублажи очекувањата за средбата. Во понеделник, Трамп ја нарече средбата во Алјаска тест на терен. Од друга страна, Путин не сака да разговара со Трамп само за Украина, туку за пошироката нормализација на односите со САД, и ...
Малта, со своите златни плажи, камени улички и тераси со поглед на тиркизно море, за туристите е разгледница. За сезонските работници – сосема друга приказна. „Кога првпат дојдов, мислев дека ќе работам покрај море, ќе уживам, ќе спијам на отворен прозорец и ќе пијам кафе пред работа“, раскажува Александар од Битола, кој веќе трета сезона работи како келнер во туристички ресторан во Слиема. „Ама реалноста е дека си 12 часа на нозе, на 35 ...
Причините за нивната отпорност сè уште не се јасни – можно е дека станува збор за комбинација од генетика, начин на живот и фактори на животната средина. Нова шведска студија открива дека стогодишниците развиваат помалку болести, ги акумулираат побавно и честопати ги избегнуваат најсмртоносните состојби поврзани со стареењето – и покрај тоа што живеат значително подолго од многумина. Анализирајќи децении здравствени досиеја, научниците ги ...
Со AI-телефонот, Телеком им ги отвора вратите на своите корисници кон светот на вештачката интелигенција (AI), и тоа по единствена цена, со што AI станува достапна за сите – не само за технолошките фанатици или ентузијасти. AI-телефонот и AI-таблетот пристигнуваат на пазарот како нови модели во серијата T Phone: T Phone 3 и T Tablet 2 и се достапни во телеком продавниците, од денес 14 август, 2025 година. Практичен помошник во секојдневниот ...
Ако некогаш месарниците во Скопје беа резервирани за крупни мажи со престилки и силни раце, денес сликата е поинаква. Сѐ почесто зад пултот ќе ве пречека насмеана жена – со сатар во рака, која со сигурен потег ќе ви исече шницла или ќе ви спакува свежо месо. „На почеток сите ме гледаа чудно – како тоа жена, па уште и со сатар? Ама после некое време, кога ќе видат дека знаеш да исечеш парче исто како машките, престануваат коментарите“, вели Елена ...
Кога температурите се зголемуваат, хидратацијата станува клучна за одржување на енергијата и доброто расположение. Иако обичната вода е секогаш најдобриот избор, многумина бараат начини да ја направат попривлечна и повкусна. Експертите за исхрана истакнуваат дека лимонот е еден од најдобрите додатоци во водата, не само поради неговиот свеж вкус, туку и поради неговите бројни здравствени придобивки. Зошто лимон? Лимонот е богат со витамин Ц, ...
„Kia“ започнува голема реорганизација на својата моделска гама, што подразбира целосен прекин на производството на популарните „Ceed“ и „Ceed SW“, промени во моторната понуда за „Picanto“, како и нова, помоќна верзија за „Xceed“. „Picanto“, кој е втор најпродаван модел на корејскиот производител по „Sportage“, отсега ќе биде достапен исклучиво со 1,0-литарски трицилиндричен бензински мотор со 67 коњски сили, пренесува „Autocar“. Со оваа промена, ...
Гласините за прифатлив „MacBook“ кружат со години, но најновите извештаи сугерираат дека „Apple“ конечно може да произведува еден, што би можело да се покаже како огромен успех. Иако има гласини за поевтин лаптоп на „Apple“ уште од самиот почеток, од 1991-ва година до денес, „Mac“ компјутерите биле прифатливи, но никогаш навистина евтини, пишува „AppleInsider“. Дури и моделот од 2015-та година, со почетна цена од 1.299 долари на американскиот ...
Акциите на „Under Armour“ паднаа откако компанијата за спортска опрема прогнозираше полоша од очекуваната продажба и профит за тековниот квартал, забавувајќи го планот за пресврт кој почна да се исплатува, објави „Bloomberg“. Брендот со седиште во Балтимор, Мериленд, изјави дека очекува приходите во вториот квартал да паднат помеѓу 6% и 7%. Аналитичарите очекуваа пад од речиси 3% во просек. Акциите на компанијата за спортска облека паднаа за 19% ...
Цените на нафтата останаа стабилни по падот во слабото тргување во вторникот, а инвеститорите очекуваат разговорите меѓу американскиот и рускиот лидер во петок да дадат нов поттик на пазарот, објави „Bloomberg“. Фјучерсите за суровата нафта Брент пораснаа за 11 центи, или 0,17%, на 66,23 долари за барел, откако паднаа за 0,8% во претходната сесија. Фјучерсите за суровата нафта WTI пораснаа за 7 центи, или 0,11%, на 63,24 долари за барел. ...
Притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп да го редизајнира глобалниот економски поредок во корист на неговата земја го потресува еден од темелите на неговата доминација по Втората светска војна: неоспорната улога на доларот како светска резервна валута. Тој статус значи дека доларот се користи во приближно девет од 10 трансакции со девизи и околу половина од целата глобална трговија со стоки и сочинува речиси 60% од резервите што ги ...
Apple се подготвува за својот најамбициозен технолошки пресврт во последната деценија, влегувајќи во сферата на напредната домашна роботика и вештачката интелигенција, со целосно освежен пристап кон паметните уреди. Според интерните планови, компанијата развива три клучни производи, домашен роботски придружник со подвижна роботска рака (планиран за 2027 година), паметен звучник со екран (2025 година) и нова линија на домашни безбедносни камери, ...
До пред неколку години, се чинеше дека суперинтелигенцијата, или вештачката интелигенција што ќе биде понапредна од човечката интелигенција, може да се појави во некоја недефинирана иднина. Денес, работите се радикално различни и на сите им е јасно дека веќе не сме толку далеку од таква технологија и се поставува прашањето што ќе се случи откако ќе се појави. Никој нема одговор на тоа прашање, а повеќето директори за технологија и експерти во ...
По пресметките на властите дека високата инфлација во земјава од близу 5% е поради зголемените цени во рестораните и поради цените во транспортот веќе се поставува прашањето дали дојде време кога свесно треба да се откажеме од посетата на угостителските објекти и да го смениме начинот на превоз. Ниту првото, а уште помалку второто е лесно да се стори познавајќи го добро менатлитетот на македонскиот народ. Кој ќе биде јунакот кој ќе рече дека ...
Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, упати најјасен повик досега до Федералните резерви да започнат циклус на намалување на стапките, сугерирајќи дека референтната стапка на централната банка треба да биде најмалку 1,5 процентни поени пониска отколку што е сега. „Мислам дека можеме да преминеме на серија намалувања на стапките, почнувајќи со намалување од 50 базични поени во септември. Ако погледнете кој било модел, тој сугерира дека ...
Во текот на летните месеци, кога бројот на патувања е поголем, цената на горивото е една од најважните ставки во буџетот на патникот. Доколку патувањето е добро испланирано, полнењето гориво во странство може да донесе значителни заштеди. Цените на горивата во Европската Унија варираат од земја до земја. Според податоците на Европската комисија за просечните цени во 19 европски земји, разликите достигнуваат до 60 центи за литар за бензин и 53 ...
Членовите на Собранието и на Управниот одбор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, на средба со гувернерот д-р Трајко Славески, ги поздравија мерките на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги, кои веќе ги даваат првите резултати, и иницијативата на Народната банка за обезбедување поповолни услови за користење на платежните услуги за фирмите. Гувернерот Славески нагласи дека со овие мерки ...
Пчеларите од земјава предупредуваат на сериозна закана која, велат, повторно ја погодува пчеларската заедница во регионот. Продолжената суша, комбинирана со недостигот на медоносни растенија, го оставила пчелниот свет без доволно полен – витална состојка за развојот на зимското легло. „Без полен, нема млади пчели. А без млади пчели – нема кој да ја издржи зимата“, вели за нашиот медиум еден долгогодишен пчелар од Пелагонија, кој сакаше да остане ...
Лекарите често препорачуваат бобинки, јаткасти плодови и риба богата со омега-3 масни киселини за зачувување на здравјето на мозокот. Во исто време, тие советуваат намалување на внесот на шеќер и заситени масти бидејќи го зголемуваат ризикот од мозочен удар и деменција. Но, постојат и помалку познати намирници кои можат сериозно да го загрозат нервниот систем, предупредуваат невролозите. Неврологот д-р Мери Ан Пиконе објаснува дека некои болести ...