
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Од денес (вторник 20 април), во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена за посетители, изложбата со наслов „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“ поместена во горниот простор од музејот. „Идејата на ова проектно размислување, како дел од серијата проблемски изложби е да ги открие и зближи преодните предизвикувачки преобразби, делумно започнати во 60-те години, акцентирани преку 70-те години ...
Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) денеска во Уметничкиот центар Арт хаб во ГТЦ ја отвори изложбата „Цртеж – експериментален цртеж“, која ќе може да се посети до крајот на месецов, од понеделник до петок од 9 -17 часот. Оваа традиционална изложба е во рамки на Годишната програма на ДЛУМ и се реализира под покровителство на Министерството за култура. – Оваа изложба има идеја да го задржи принципот на проширување на медиумот цртеж ...
Во Центарот за култура во Крива Паланка во тек е изложбата на пејзажи насловена „МАРИНИ“ на Ацо Таневски од Скопје. По мартовското претставување во центарот за култура Трајко Прокопиев во Куманово која и покрај пандемијата наиде на одличен прием, делата на Таневски ја продолжуваат минатогодишната турнеја започната во велешкиот народен музеј. Освен овие галериски простори, пејзажите на Таневски се претставени и во Демир Капија и Неготино. Ацо ...
Изложбата Spaces of oblivion на уметницата Александра Петрушевска Ристовска денес ќе биде отворена во Националната Галерија, во Мултимедијалниот центар Мала станица, а истата ќе трае од 06.05.2021, па се до 01.06.2021. Изложбата насловена „ Spaces of oblivion“ е резултат на подолготраен истражувачки процес започнат во 2017 година и претставува прво самостојно претставување на Петрушевска од 2013 година. Овој циклус се состои од шеесетина слики ...
Почина Лазар Шуманов (10.03.1940, Скопје – 09.05.2021, Скопје) еден од најзначајните личности во сферата на заштита на културното наследство како архитект-конзерватор. По кратко боледување денеска почина претседателот на ИКОМОС-Македонија, д-р Лазар Шуманов, кој во 1994 година беше и еден од основачите на Националниот комитет на Меѓународниот совет на споменици и локалитети (ИКОМОС). Шуманов го посвети целиот свој живот на заштитата на ...
Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распишува конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика. Наградата има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста. Недостатокот од пишана критика и потребата од афирмација на критичко делување во контекст на современата ...
Националната галерија го најавува својот следен проект, изложбата „Merry-go-round“ на Олег Кулик, која ќе се отвори на 22 јуни, во 20:00 часот, во мултимедијалниот центар „Мала станица“. Изложбата се организира во соработка со самиот автор и Музејот на современа уметност на Војводина, Нови Сад, Србија. Олег Кулик е еден од најконтроверзните уметници од Источниот блок чии акции и перформанси сѐ уште предизвикуваат непријатност, отпор, па дури и ...
Викендов Public Room (Јавна соба) заокружува тројка, трета среќа! По тој повод во сабота на 27 октомври со почеток во 21 часот ги отвораат вратите на трите ката, со цел секој да ја пронајде приказната за себе. Јавна соба е местото кое ги собира сите генерации, млади, стари. За некои од нив ова е местото кое се ушушкуваат како дома. Релаксирано, креативно ќоше кое го препознаваат дури и оние кои за прв пат стапнуваат на тлото на Скопје. Велат, ...
Методија Андонов Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп во типично работничко Македонско семејство кое живее под жезлото на заедничката држава Кралството СХС. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Ченто е олицетворение на цела една генерација Македонци кои не престанале да живеат и работат за независна, самостојна и обединета Македонија во нејзините етнографски граници. Роден е ...
Познатата филмска и театарска актерка Мира Фурлан почина на 66-годишна возраст, објавено е на нејзиниот профил на Твитер. Таа починала во средата, 20 јануари, но информацијата беше објавена денес (петок). Веста ја потврди и нејзиниот пријател, авторот на американската научно фантастична серија „Бабилон 5“, Мајкл Страчински, во која Фурлан ја играше амбасадорката Минбари Делен. „Ноќ на голема тага, бидејќи нашата пријателка и другарка тргна по ...
Владимир Величковиќ (1935, Белград, Србија), од 1966 година живее и работи во Париз. Во француската уметничка средина се наметна со сопствен идентитет, дополнувајќи ја француската уметничка сцена со нови вредности. Париз го прифати и го верификува и со тоа што Величковиќ од 1983 до 2000 година беше професор на Ecole Nationale Superieure des Beaux Arts во Париз, во 2005 година е избран за член на Француската академија на убавите уметности ...
На 30 ноември во големата сала на Македонската филхармонија во 20 часот, Биг-Бендот на Здружението на џез-музичари на Македонија, ќе ги изведе најдобрите теми на една од најпопуларните групи на сите времиња – „Рејдиохед“. Станува збор за маестрален проект под наслов „RADIOHEADJAZZ!“ со уникатна содржина – џез-верзии на песните на британската алтернативна рок-група „Рејдиохед“ – група која од своето постоење до денес, изврши огромно влијание на ...
Веќе традиционално, четврта година по ред, Националната галерија организира изложба која носи свој препознатлив белег, посветен на Денот на жената, Осми март. Изложбата е исклучиво во нејзина чест, во чест на секоја жена (девојка, мајка) и на она што секоја од нив значи за светот, за општеството и за семејството, во чест на нејзината единствена улога што ѝ е доверена низ времето за да го направи овој свет поубав. Во претходните години ...
Во САД на 87-годишна возраст денеска почина Литл Ричард, пејач, пијанист и композитор. Неговото крстено име беше Ричард Вејн Пениман. Синот на музичарот, Дени Пениман ја потврди информацијата за смртта на неговиот татко. Се дознава дека причината за смртта е рак. Литл Ричард се смета за еден од основчите на рок енд ролот. Се здоби со светска слава по неколку синглови како „Tutti Frutti”, „Long Tall Sally”, „She’s Got It” издадени во 1950-те ...
Доколку ова го пиете го ова пред спиење, ќе почувствувате олеснување, а помага и при слабеење. Овој напиток е корисен и ќе ви помогне да направте детоксикација на организмот. Ќе го забрза метаболизмот, но ќе ја забрза и работата на цревата. Главна состојка е магдоносот, а ќе ви помогне и при слабеење. 1 лимон една рака магдонос 1 лажичка цимет 1 лажичка јаболков оцет 500 мл вода Ставете ги сите состојки во блендер и измешајте ги, се додека не ...
Денес е знаечаен јубилеј, 70 години од одбележувањето на донесување на Конвенцијата за организирање на Светската метеоролошка организација (23 март 1950 година) и 60 години од обележување на Светскиот метеоролошки ден – 23 март 1961 година) Секоја година на 23-ти март, Светската метеоролошка организација (СМО), заедно со метеоролошките и хидрометеоролошките организации го слават Светскиот метеоролошки ден и го одбележуваат стапувањето на сила на ...
Да се познава теологијата, и посебно Светото писмо, е неопходно за да може да се чита и да се разбере европската книжевност… Преводот на „Улис“ ме научи како вистински да го читам и него и кој било друг писател по него. Со преводот на „Улис“, Џојс е единствениот писател што ме натерал одново да ја пречитувам Библијата. Во крајна линија, теологијата е тесно поврзана со книжевноста – вели Марија Гиревска -преведувач, теоретичар, есеистичар. Марија ...
Легендарниот македонски бенд „Last Expedition” се екипира за реализација на нов, онлајн видео спот за нивниот голем хит „Шефе”! Карантинот инспирираше многу уметници низ целиот свет, да покажат солидарност и емпатија преку својата уметност, па членовите на „Last Expedition” одлучија тоа да го направат со ново онлајн видео за песната која обележува еден период од македонската алтернативна музичка историја. Бендот ги кани своите фанови да ...
Денес (11 јануари 2021 година) на 90 години почина академик Георги Старделов, филозоф, естетичар, есеист, книжевен критичар, антологичар, теоретичар и историчар на културата, поранешен претседател на МАНУ и еден од најактивните и еминентни академици во земјава. Веста ја соопшти Филозофскиот факултет каде бил професор (1966-1995) и негов декан (1975-1977). „Со голема жалост ја споделуваме веста дека денес, на 90 годишна возраст, почина академик ...
Синди Крафорд има полни 54-ри години, а сè уште плени со убавината токму како и на почетокот на кариерата. Таа е препознатлива по својата бенка над усната, која стана нејзин заштитен знак. Иако од најраното детство имала проблеми поради неа, Синди ќе биде запаметена по бенката, што ја направи единствена. Имено, врсниците често се шегувале на нејзина сметка, така што во еден момент планирала да ја отстрани по хирушки пат, но мајка ѝ ја спречила ...
Серијата „Како ја запознав мајка ви“ (How I Met Your Mother) наскоро ќе добие продолжение под наслов „Како го запознав татко ти“ (How I Met Your Father). Проектот е во продукција на „Хулу“, пренесува „Варајети“. Улогата на мајката Софи ќе ја глуми Хилари Даф. Таа овојпат ќе му кажува на својот син во серијата – како го запознала неговиот татко. Даф се пофали со тоа на Инстаграм. Приказната на серијата почнува во 2021 година, со разговор околу ...
Со децении е хит во светот, овој сок го закрепнува целиот организам… Се работи за мешавина од цвекло и морков, а ако ви станува мака уште на самата помисла на оваа комбинација, не сте единствени. Веќе со децении наназад овој сок им се препорачува на сите оние кои одат на хемотерапија, бидејќи совршено се бори против сите последици од ваквиот вид на лекување на карциномите. Иако сите велат дека има грозен вкус, никој сепак не престанал да го пие ...
Овој напиток се покажал како многу ефикасен за слабеење и го препорачуваат речиси секогаш кога постои проблем со празнење на цревата. Секако, потребно е повеќе да се движите и поздраво да се храните. Освен што е добар за слабеење, овој напиток многу позитивно делува и врз целокупното здравје. Состојките кои влегуваат во составот се многу здрави. Па така, чиа семето поволно влијае врз општото здравје бидејќи содржи доста омега 3 масни киселини, ...
Омега-3 и омега-6 масните киселини од риба влијаат позитивтно на способноста на децата да читаат и да се концентрираат, пишува „Дејли меил”. Диетологот д-р Ема Дербишаер и нејзиниот научен тим од Универзитетот во Јужен Велс анализирале 29 истражувања спроведени последниве пет години, на податоци за внос на различни количества масни киселини. На примерок од 3.000 деца, сознанијата посочуваат забележителна корист за учењето, концентрацијата и ...
Компанија во Јапонија решила да им даде на своите вработени кои се непушачи дополнителни 6 дена платен одмор. Компанијата смета дека на овој начин ќе се надомести за паузите што ги земале пушачите за време на работниот ден. Маркетинг фирмата Piala Inc. од Токио се решила на овој чекор откако вработените се пожалиле дека работат повеќе од своите колеги пушачи кои во текот на денот земале пауза за цигара. Еден од нашите вработени оставил порака во ...
Прекрасно видео и објаснување на Нусеир Јасин, по познат како Нас Дејли, за тоа колку малку треба за оние кои се посветени и упорни да постигнат успех. Самото видео го покажува патот на Нусеир од едно мало градче во Израел, во кое тој како израелски Арап, запознал учителка Еврејка од САД, која го учела англиски, по што по бројни сплет на случајности се запишува на Харвард, по што прави цела акриера на социјалните медиуми, се преселува во Њујорк, ...
Во петокот (29 април 2011 година) во Македонската опера и балет со почеток од 20 часот, се случи светската премиера на спектаклот наречен „Дракула“ изведен од Португалците Vortice Dance Company со поддршка на солисти при МОБ. Кореографи на овој балетски спектакл се Рафаел Карисо и Клаудиа Мартинс, во кој е искористена музијата на Војчех Килар, Филип Глас, Рахмањинов и Лу Рид. За сценографијата, видеографика и тонски ефекти беше задолжен Рафаел ...
По изборите кои викендов завршија во соседна Бугарија, политичката нестабилност продолжува и ќе трае, а уверен сум дека и дисфункционалните односи со Македонија уште долго време ќе останат нерешени, а состојбата поларизирана. Пировиот победник на овие избори, шоуменот Слави Трифунов во свое јавно обраќање изјави: „Поднесување на апликација за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција затоа што само Бугарија не членува таму. Ќе ...
Организаторите на „Кривопаланечко културно лето 2018“, општина Крива Паланка, Локална установа Градски музеј и организацискиот одбор на „Џојфест“ најавија богата музичко-сценска програма деновиве и за време на празничните денови следната недела. Директорот на ЛУ Градски музеј, Драган Величковски, вели дека годинава на задоволство и на гостите кои се очекува во голем број да ја посетат општината, но и на задоволство на Паланчани, во перидот од ...
Ако Таксират е народски познат како “bad luck”, а 2020-та како пандемска, тогаш за нас ова е природна состојба. Не смеете да шетате, да се дружите, нема проблем цел декември ќе дојдеме ние кај вас!, велат од Пасворд продукција. Така, седејќи, размислувајќи надвор од сцената, се роди идејата за ПИН ТВ – 24 hour NO party people! Дваесет и две години по ред, Таксират Фестивал e малата коцка во градењето на културниот живот во Македонија! ПИН ТВ е ...