Второто издание на фестивалот МКЦ Шизи, кој оваа година ќе се одржи вечерва (22ри октомври, вторник) во Младинскиот Културен Центар, ќе се заокружи со настапот на мултиталентираниот Xzibit, кој ќе биде headliner оваа година. Xzibit е еден од највлијателните рапери од западната школа. Неговата приказна е многу интересна, и опфаќа успешни проекти на повеќе полиња како музика, филм и шоу бизнис. Љубовта кон пишување текстови му се родила на 14 ...
Винилно издание на STEEL TEMPLE од албумот NOBODY’S SLAVES издаден лани на ЦД од Miner Records. Албумот го докажа своето постоење и со балканска турнеја на бендот, а и со освоената награда на Македонските Алтернативни Награди во 2017, како најдобар алтернативен албум на годината. Промоцијата ќе се одржи утре (сабота, 13-ти Октомври) од 12 часот на пладне во МКЦ на Скопската Винил Конвенција. Историска промоција на првиот македонски метал албум ...
Со особено задоволство Ви ја претставуваме новата верзија на култната песна „Шефе“. Пред два месеци, со помош на нивните фанови и пријатели, направија една он лајн верзја, која е одлично вклопена, а за која го изработија овој спот. Како што велат од бендот, ова е: „Нова ГРАДСКА, НАРОДСКА, СВЕТСКА и не знам уште што али мислиме дека успеавме у све а патем речено,да не ја оштетиме. Песната е Македонско-Американско- Канадска кооперација ...
Започнуваме серијал на интервјуа со д-р Пеце Ристевски, експерт за климатологија и применета метеорологија, во кои ќе разговараме за бројни теми. Во серијалот разговори зборуваме за метерологијата како наука, историјат на метеорологијата во Македонија и воопшто на овие простори, климатологијата, светските трендови и научни достигнувања, развојот на метеролошката наука, животната средина и многу други нешта. Се надеваме дека со овој серијал ќе ...
Филмската училница ја одржа четвртата сесија. На почетокот, филмската и ТВ режисерка Марија Џиџева дебатираше со посетителите за нивните синопсиси со методот на опсервација, изработени минатата недела. Посетителите потоа беа запознати со неколку правци и авторски кругови во светската кинематографија од 30-те, 40-те и 50-те години од минатиот век: францускиот реализам и надреализам, германскиот експресионизам и пропаганден филм, италијанскиот ...
Во просториите на Музеј на град Скопје на 16-ти октомври (вторник) во 12 часот, ќе биде промовирана монографијата „ТАОР рановизантиско утврдување и населба од праисторијата до средниот век“ од авторот м-р Киро Ристов. Монографскиот труд што е претставен во книгата претставува резултат на повеќегодишни археолошки истражувања вршени од страна на Музеј на град Скопје. Почнувајќи од 2000 година кога локалитетот Градиште, с.Таор, општина Зелениково, ...
Денес (9 јуни) архивите и архивистите низ светот го прославуваат 9 јуни Меѓународниот ден на архивите, чие одбележување има цел да ја популаризира архивската дејност и улогата на архивот во општеството. Овој ден има симболично значење, кое е добиено со формирањето на Меѓународниот архивски совет (International Council on Archives – ICA), меѓународна невладина организација чија основна задача е да го унапреди и промовира работењето во архивите и ...
Му текнало еднаш на турцкио цар и издал заповест во својата држава на некоја страна да зборуат сите рисјани турцки. Кој не ќе зборуат турцки, јазикот ќе му го пресечел. Бидејќи царцка заповес, секој се мачел да зборуа турцки. Мало-големо – сите се учеле да зборуаат турцки и во неколку години сите беа се научиле да зборуаат. Дома, в чаршија и дури во црквите ватиле да си пеат по турцкио јазик. Откоа се научил царот оти сите рисјани се турцки ...
Тековен репертоар во Градското кино Милениум во Градскиот трговски центар, за периодот помеѓу 15 и 21 октомври 2020. ЧЕТВРТОК (15.10) 16:00 – КАДЕ ПРИПАЃАМЕ? (WHERE WE BELONG?) -68’ втора категорија 18:00 – СТЕЛА 91’ втора категорија 20:00 – КЛЕТНИЦИ (LES MISERABLES)-104’, 12+ 22:00 – TM 60’ четврта категорија 16+ ПЕТОК (16.10) 16:00 – КАДЕ ПРИПАЃАМЕ? (WHERE WE BELONG?) -68’ втора категорија 18:00 – СТЕЛА 91’ втора категорија 20:00 – КЛЕТНИЦИ ...
Стихозбирката „Спомени“ од македонскиот поет Ристо Маџунков е објавена во издание на „Современост“. Збирката содржи околу 70 песни, од кои најголемиот дел претставуваат поетски минијатури – искри на мудроста со три до четири стихови. Ристо Маџунков е роден 1948 година во Струмица. Од 2006 година живее и работи во Торонто, Канада. Покрај „Спомени“, автор е и на поетските книги: „Семки“ (Современост, 2019), „Вечен збор“, второ преработено издание ...