На денешен ден (27 февруари 1967) во Пропиштип е роден Владо Јовановски – македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Завршил Факултет за драмски уметности во Скопје. Член на Драмата при Македонскиот народен театар е од 1993 година. За пошироката публика е можеби најпознат по серијалот „Истражи ја Македонија“ – кратки документарни емисии за неоткриените убавини на Македонија. Серијалот, кој привлече доста внимание и често беше емитуван на ...

Поради корона вирусот Владата ги затвори градинките, училиштата и факултетите, со цел да го спречи ширењето на заразата. Учениците нема да одат на училиште се до 24 март. Веста ја соопшти на фејсбук режисерот Унковски. Драг Венко,овде Слободан Унковски. Со семејството на Горан Стефановски, денес и дадовме дозвола на МТВ да ја репризира бесплатно БУШАВАТА АЗБУКА, едукативна серија за деца во 31 епизода…Малку да помогнеме во пополнување на времето ...

Филмот Трето полувреме е објавен за пошироката јавност од страна на режисерот на филмот, Дарко Митревски. Филмот претставува една прекрасна љубовна приказна, која се случува во Скопје во периодот на Втората светска војна. Бројните историски вистини кои се дел од филмот, предизвикаа бројни реакции кај нашиот источен сосед, сметајќи го филмот за анти бугарска пропаганда, иако се работи за игран филм, во кој пред се главна е љубовната приказнаа, а ...

На 7 ноември (сабота) со почеток во 18:00 часот на кинотечната програма е филмот „Хај-фај“ (Hi-Fi, 1987) на Владимир Блажевски, еден од петте дигитално реставрирани филмови македонски играни филмови објавени на ДВД носач. Проекцијата на филмот е во чест на неодамна починатиот актер и продуцент Данчо Чеврески (1951-2020), кој во „Хај-фај“ оствари една од неговите позначајни улоги. Секој посетител ќе добие подарок – ДВД издание со дигитално ...

Темата на шестата сесија на ФИЛМСКАТА УЧИЛНИЦА беа краткиот игран, документарен и експериментален филм. На почетокот на денешната сесија филмската и ТВ режисерка Марија Џиџева со учесниците ги анализираше филмските етиди направени изминатата недела. Учесниците продолжија со претставување на идеите и на карактерите за филмските етиди по зададени параметри, по што следуваше креативна дискусија. Филмологот Александар Трајковски ги запозна ...

Кинотеката организира ревија филмови на режисерот, сценарист и продуцент Митко Панов на 9, 10 и 11 декември во кинотечната сала. Филмофилите ќе имаат можност да ги видат неговите кратки филмови СО КРЕНАТИ РАЦЕ (креативен документарец) и ЛИВАДА (игран), долгометражниот документарец ЗЕМЈАЦИ и долгометражните играни филмови ВОЈНАТА ЗАВРШИ и СВЕДОК (во кој славниот актер Бруно Ганц ја оствари неговата последна главна улога на филм). Панов ќе биде ...

Навраќање и своевиден рекапитулар на се она што Кинотеката на Македонија го сработи во 2020 година… „Нема да биде ништо ново ако на почетокот на ретроспективата за кинотечната 2020 година ја споменеме светската здравствена криза предизвикана од пандемијата со вирусот ковид-19. Престапната 2020 година, сепак, за Кинотеката не е „година што ја изедоа скакулците“ (Борислав Пекиќ). Еве што работевме, што сработивме и како се дружевме изминатава ...

Кога францускиот мислител од светски формат Едгар Морен (Edgar Morin, 1921, Париз; роден во семејство на сефардски Евреи по потекло од Солун, како Едгар Нахум / Edgar Nahoum) во прославената книга есеи „Духот на времето“ („L’esprit du temps. Essai sur la culture de masse“, 1962, Paris, Grasset-Fasquelle) тврдеше дека некогаш „споредните“ жанрови и стилови со текот на времето стануваат главни координати во книжевноста, филмот и другите уметности, ...

Синоќа во летното кино на Кинотеката „Мирно лето“ со свечена церемонија беше претставена дигитално реставрираната копија на македонската филмска комедија МИРНО ЛЕТО на Димитрие Рули Османли. На летната кинотечна сцена, токму со филмот по кој таа го носи името, директорот на Кинотеката Владимир Ангелов го претстави и веќе добро познатиот проект под име „Сезона на класични филмови“ (Season of Classic Films), кој веќе втора година по ред се ...

Утре, среда, на 16 јуни, со почеток во 20.00 часот во летното кино на Кинотеката ќе биде прикажана новата, дигитално реставрирана копија на првиот македонски игран филм: ФРОСИНА на режисерот Војислав Нановиќ, од 1952 година. Проекцијата на ФРОСИНА истовремено ќе биде пренесувана во живо („live streaming“), и ќе може да се следи на каналот „YouTube“, преку линкови објавени на кинотечната страница „Фејсбук“ и веб-страницата на Кинотека ...

Поради неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за култура , денеска е разрешен Сашо Ристовски од функцијата директор на НУ Театар Комедија. При надзорот е утврдено дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734 486,оо денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл.70 а, став 4 од ...

Драмскиот театар одбележува јубилеј – 75 години од своето постоење (21 април 1946 – 21 април 2021 година). „НЕКА НИ Е СРЕЌЕН РОДЕНДЕНОТ! 75-иот роденден за жал не можеме да го наречеме среќен и да го прославиме на начин како што му доликува на Драмски: со сите актери на сцена, со цела техника, со полн салон, со аплауз. Но, со надеж и верба дека оваа празнотија во театарот е привремена, ние работиме и чекаме нашата енергија, талент и магија да ги ...

Театарот во креативни индустрии 2021: Скопските шепоти, крици и драматизирања! објави отворен повик за изработка, објава и промоција на шест современи драмски текстови на млади автори, млади драмски автори на возраст од 18 до 29 години. Рокот за пријавување е до 15 јуни. Повикот е наменет за млади авторки и автори кои создаваат и имаат потреба нивните дела да бидат објавени и инсценирани; невработени или самовработени автори/авторки; ...

Денес, (петок, 21.5.2021) со почеток во 20:00 премиерно ќе биде изведена претставата „Кармен“ – монодрама на актерката Биљана Драгиќевиќ – Пројковска. Мигел Делибес -„КАРМЕН“ По мотив од романот „Пет часа со Марио“ Режија и драматизација: Дејан Пројковски Превод: Ненад Велковски Сценограф: Валентин Светозарев Костимограф: Раде Василев Композитор: Горан Трајкоски Сценски движења: Олга Панго Фотографии и дизајн на плакат: Елена Бојаџиева Монодрама ...

НУ Драмски театар Скопје на 12.6.2021 (сабота) со почеток во 20:00 часот, ќе одржи омаж со наслов „#Драмски за Конески“, по повод одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на великанот и доајенот на македонската литература и писменост, Блаже Конески. Учесници во овој проект се првенците на Драмскиот театар: Катарина Коцевска Хаџи Василева, Анастас Тановски, Драган Спасов Дац, Маја Вељковиќ – Пановска, Игор Ангелов, Лилјана Вељанова, Дејан ...

Претставата „Кец на десетка” по текст на Митко Бојаџиски, во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, а во продукција на Македонскиот народен театар ќе гостува во рамките на манифестацијата — Струмица, „Град на културата” за 2021 година. Изведбата на претставата е закажана за 12 јуни со почеток во 20:00 и ќе биде одиграна на сцената во Домот на културата „Антон Панов”, Струмица. Претставата е комедија со спонтан хумор кој брзо ја освојува ...

Грандиозен гала балетски концерт „Големиот Чајковски“ приредија вчеравечер уметниците од Македонската опера и балет, на отворањето на 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“. На сцената на Античкиот театар, балетските првенци, Марија Кичевска-Шокаровска, Мими Поп Алексова-Атанасовска, Васил Чичиашвили и Бобан Ковачевски, како и солистите, ансамблот и оркестарот на Националната опера и балет приредија импресивен омаж за еден од најзначајните ...

Меѓународната награда „Гоцева мисла” годинава им се доделува на проф. д-р Васил Тоциновски (Македонија), д-р Бајрузин Хајро Плањац (Босна и Херцеговина) и Олга Лалиќ – Кровицка (Полска). Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”, а годинашните лауреати ја добиваат наградата за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и етиката, ...

Меѓународната награда „Гоцева мисла” годинава им се доделува на проф. д-р Васил Тоциновски (Северна Македонија), д-р Бајрузин Хајро Плањац (Босна и Херцеговина) и Олга Лалиќ – Кровицка (Полска). Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”, а годинашните лауреати ја добиваат наградата за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и ...

Предвидена е седумдневна програма која опфаќа секаков вид уметност, со цел, меѓу младите да се предизвика колективна рефлексија на последиците од моменталната ситуација со пандемијата, но и да се разбуди креативната уметничка свест. Освен визуелната уметност, литературата, музиката, ќе има и театар. Влезот за настаните е слободен. Програмата ќе започне со настапот на Никола Јовановиќ со својот сатиричен монолог во 20.00 часот. Во сабота (27.02) ...

Во издание на „Везилка 2011“, а без никаква поддршка на Министерството за култура, излезе од печат најновата книга на македонскиот поет Ристо Лазаров „Лилјаци“. Оваа обемна книга, на 172 страници, е структуирана како и последните десетина книги на овој автор (7 циклуси по 7 песни, плус една воведна песна) и интензивно комуницира со стварноста. Во поговорот на книгата, писателот Васе Манчев подвлекува дека сета поетска уметност на Лазаров е ...

Научно истражувачкиот труд „Хрватски театарски актери и режисери што работеле во Македонија од 1913 до 1941 година“ е нова книга на авторот Зоран Пејковски. Еден од поангажираните писатели во македонската литература е и Зоран Пејковски, добитник на повеќе домашни и странски награди и признанија. Скромниот придонес на македонскиот писател и академик Зоран Пејковски во неговите книжевно – драмски, поетски, прозни, публицистички и научни ...

На денешен ден роден е Горан Стефановски (Битола, 27 април 1952 – Кентбери, Англија, 27 ноември 2018). Горан Стефановски е роден во Битола, на 27 април 1952 година, и е еден од наплодните драмски писател од современата македонска книжевност. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа ...

Културно-Информативен Центар – Скопје, ве кани на промоција на книгата “Светлината на убавината и уметноста”, од Мимоза Рајл, на ден, 11.06.2021 (петок), почеток во 19:00, во паркот пред КИЦ-Скопје (со неопходната дистанца меѓу присутните и заштитни маски). Книгата ќе ја промовираат Јордан Плевнеш, Атанас Вангелов, Гоце Ристовски и Вангел Божиновски. Музичка оперска изведба,Ева Живковска Драмски перформанс “Каде е љубовта” во изведба на Васил ...

Книгата „Се што знам за животот“ на Тихомир Јанчовски е дневник, прозно дело, кое низ субјективна перспектива на авторот ги задржува и јазички презентира доживувањата и појавите во свеста. По својата форма, книгата е дневник бидејќи, авторот бележи настани и појави на дневно ниво, а напишаните содржини од секој посебен ден се внесени со датум и временски референци. Освен тоа што е дневник, делото носи уште еден важен атрибут, имено е и ...

На 29 јуни (вторник), на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на збирката филмски рецензии и есеи „Видеологија” од Златко Ѓелески, издание на ПНВ Публикации од Скопје. Книгата ќе биде претставена низ разговор со авторот, а разговорот ќе го води Јулијана Величковска, главен уредник и основач на ПНВ Публикации. Настанот ќе се одржи на отворено, почитувајќи ги препораките за заштита од ...

„Клавишите на Арда“ е насловен рециталот кој ќе се одржи в среда (24 март 2021) во 19 часот во Камерната сала на Македонската Филхармонија на кој ќе настапи младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу. На програмата се дела од Хајдн, Скарлати, Шуман и Брамс. Арда Мустафаоглу е студент на Факултетот за музичка уметност и театар во Хамбург. Пијанистичката кариера ја започнува на шестгодишна возраст освојувајќи бројни награди на меѓународни ...

Денес (сабота, 27 март 2021 година), во Белград (Србија) почина македонскиот пејач, поет, композитор Зафир Хаџиманов, на 77 годишна возраст, како последица од коронавирусот. По таткова линија, Зафир Хаџиманов потекнува од Кавадарци, додека по мајчина линија е скопјанец. Неговиот татко, Васил Хаџиманов, бил првиот во семејството кој започнал да се занимава со музика уште од неговите средношколски денови во Велес. Подоцна, тој се запишал на ...

Концерт насловен „Боженствениот звук на Малер“ ќе се одржи овој четврток во 19 часот во Филхармонија. Оркестарот на Филхармонија под диригентската палка на маестро Габриел Бебешелеа, овој четврток ќе ја изведе Четвртата симфонија, ремек дело на австрискиот композитор Густав Малер. Како солистка ќе настапи сопранистката Милена Арсовска. Симфонија е во аранжман на Иан Фарингтон кој ја адаптира за изведба со помал оркестарски состав. Три години по ...

Дино Имери е веќе етаблирано име на домашната сцена, која третира класична музика. Релативно млад, има само 30 години, а веќе важи за еден од водечките и врвни пијанисти, кој редовно може да го следите на репертоарот на Македонската филхармонија, но и како гостин на странски реномирани куќи. Неговиот труд и посветеност резултираат со постојан развој, па оттука и здравата амбиција за пишување сопствена музика. Всушност, преку ова издание за ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
63%
1028
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
70%
1027
weather icon

Загреб

19ᴼ / 14ᴼ
1.03
76%
1027
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1029
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.98
45%
1026
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
94%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.58
41%
1023
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
82%
1024
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
46%
1026
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
63%
1026
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
88%
1026
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
59%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941