
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Денес (24 февруари 2022 година), во Скопје почина академик Луан Старова, на 81 годишна возраст. Акад. Луан Старова е роден на 14 август 1941 г. во Поградец, Албанија, а од 1943 год. со семејството се преселува и живее најнапред во Струга, кратко време во Тетово, а потоа во Скопје од 1945 година. Основното образование завршува училиштето „Гоце Делчев“ во Скопје, во учебната 1955/1956, на македонски јазик, со што ја одбележува својата ...
Eден од најголемите рокенрол состави на сите времиња, член на големата петорка (The Beatles, The Rolling Stones, Pink Floyd, Led Zeppelin, Deep Purple), ќе одржи голем концерт на 28 мај 2022 година на стадионот на АРМ во Скопје. Што да се каже што не е познато за великаните? Актуелната долгогодишна петорка: Ian Gillan, Ian Paice, Roger Glover, Steve Morse и Don Airey, плени прво со својата потентност (четири студиски албуми во последните десет ...
Оркестарот на Македонската Филхармонија во четврток (24 февруари) , во 20 часот премиерно ќе го изведе „Реквием за мојот пријател“ на композиторот Збигњев Прајснер, посветен на режисерот Кшиптоф Кишловски. Диригент е Емил Табаков, а како солисти ќе настапат вокалистите Билјана Јосифов, Енди Шен Лиу (Кина/Англија), Бојан Булатовиќ (Србија), Ѓорѓи Цуцковски, Александар Стефаноски, Золтан Борбељ (Србија) на оргули, Каролина Бетер ...
Каква е културата, такво е и општеството. Доколку културата е на високо ниво, и самото општество има високи стандарди и критериуми во останатите сфери на општественото живеење. За жал, ние одамна ги изгубивме и уништивме стандардите, а тоа е најмногу затоа што неретко културата ја водеа „мешетари“ од втор план, ставајќи им сопка на професионалците, идеалистите и сите оние кои себеси се вложиле во своето работење. Да бидеме реални, од ...
На 84 години, вчера (22 февруари) замина македонскиот поет, есеист, патописец и публицист, академикот Радован Павловски, наречен и „принц на метафорите“. Веста ја соопштија од Македонската академија за науки и уметност, каде Павловски членувал од 2006 година. Радован Павловски е роден на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговото семејство во 1940 година се враќа во Железна Река, од каде што потекнува, во подрачјето помеѓу ...
Денес (21 февруари 2022), по долгогодишно боледување, на 71 годишн возраст почина проф. д-р Драги Михајловски, еден од најреномираните македонски писатели и преведувачи, кој ќе остане запаметен покрај другите творештва и по преводите на Шекспир, преведе 37 драми и 154 сонети од Шекспир. Драги Михајловски е роден 16 октомври 1951 г0дина во Битола, каде го поминал и своето детство. Основно и средно образование завршува во Битола. Дипломирал ...
Оптичката илузија ја создал јапонскиот професор по неврологија Јамамото Хашиме, а во зависност од движењето на илузијата ќе дознаете дали сте под стрес. Се што треба да направите е да ја погледнете илустрацијата и да видите дали таа се движи или стои во место. Ако вашата илустрација е подвижна, обрнете внимание на брзината на нејзиното движење, бидејќи го открива вашето расположение. Ако вашата илустрација не се поместува или малку се помрднува, ...
Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Во светот денес се зборуваат околу шест илјади јазици, а на половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот. Околу 200 земји се наоѓаат пред предизвикот да ги сочуваат ...
Гледам дека новите Влади и на Македонија и на Бугарија се посветени на меѓусебните преговори, поврзани со нашата интеграција, и отпочнувањето на процесот на проговори со Европската унија. Она што ми пречи мене лично, а сигурен сум и на секој Македонец, е тоа што историските, националните и образовните теми се уште се на маса, и што скандалозната негаторска реторика на официјална Софија е скоро непроменлива. Навистина е непоимливо да во 21ви век, ...
Овој четврток (17 февруари), во 20 часот ќе се одржи четвртиот концерт од серијата камерни настапи „Филхармонија за филхармонија“ на кој ќе настапат музичари од оркестарот на Македонската Филхармонија во различни формации. На програмата се дела од Калвет, Брамс, Брух, Бах, Шостакович и Пјацола. Во рамки на концертот ќе настапат Брас квинтет (Стефан Илиев – труба , Јордан Колевски – труба, Благоја Василевски – хорна, ...
Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре (четврток, 10.2.2022 г.) со почеток во 13 часот, ќе биде отворена изложба на слики од 29-тата Лесновска меѓународна ликовна колонија. На изложбата се застапени триесетина дела работени во периодот од 28.6. до 3.7.2021, од страна на петнаесетте учесници на Колонијата. Лесновската ликовна колонија е во организација на Домот на културата ...
Во Музејот на Македонија е претставен новиот проект од традиционалната култура на уметникот Бојан Петковски, со наслов „Скутина, фута, бовча, диљка“. Во фокусот на изложбата се скутините и нивната богата орнаментика како составен дел од народните носии карактеристични за одредени предели. Изложените предмети, кои се дел од приватната збирка на уметникот, претставуваат кохезија меѓу носиите од вредното народно творешто на македонскиот ...
Во Музејот на македонската борба денеска ќе биде отворена изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872 – 2022)“ што ја подготви Државниот архив. Изложбата ги прикажува дејствувањето и улогата на Гоце Делчев како организатор на македонското револуционерно националноослободително движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век, односно како идеолог, учител, визионер и најзначаен раководител на Македонската револуционерна ...
Во Македонската опера и балет, на 9 февруари (среда) во 20 часот, ќе биде изведена операта „Турандот“ од Џакомо Пучини. „Турандот“ е опера во три чина, напишана по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана врз адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. Операта изобилува со моменти на восхитувачка мелодиска убавина, која особено доаѓа до израз во незаборавната тенорска арија, ...
Во Меѓународниот град на уметностите во Париз, Франција, од 10 јануари до 30 јуни е поставена големата изложба „Emersions: archive vivante“ („Повторно надвор: жива архива“), која содржи архивски материјали од богатата историја на оваа реномирана фондација која обединува уметници од целиот свет. На изложбата се застапени и фотографии на македонски резиденти, како и една фотографија од посета на претседателот Киро Глигоров ...
Во Меѓународниот град на уметностите во Париз, Франција, од 10 јануари до 30 јуни е поставена големата изложба „Emersions: archive vivante“ („Повторно надвор: жива архива“), која содржи архивски материјали од богатата историја на оваа реномирана фондација која обединува уметници од целиот свет. На изложбата се застапени и фотографии на македонски резиденти, како и една фотографија од посета на претседателот Киро Глигоров ...
Долго време верував дека имаме дисфункционална држава затоа што во голема мерка политиката ги игнорира учените, интелектуалците, професорите, талентираните. Сметав дека не доволно пари се алоцираат кон универзитетите, пред се кон УКИМ, затоа што тој е нели, најсилниот, нај репрезентативниот. Како времето поминува, сфаќам и зошто државата не само што не им ги крева платите, туку и свесно не дозволува раст на некои факултети и институти, со ...
Традиционално, Националната галерија на Македонија ќе биде домаќин, а Чифте амам е местото каде ќе биде поставено и изложено 19. Издание на „Зимскиот Салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Отворањето на оваа традиционална манифестација е закажано за 9 февруари 2022 година (среда), со почеток во 20 часот. Сите мерки и протоколи за заштита на јавното здравје сеуште се активни. Селектор на годинешниот „Зимски ...
Постојано се трудам да сфатам каде е проблемот во ова растурено, поделенo и корумпирано општество. Да ја разберам матрицата на добар дел од политичарите и нивниот мотив да носат одлуки на штета на народот и државата, но умот на добар дел од нивните следбеници. На крајот доаѓам до заклучокот дека одговорот е комплексен, но дека е сплет на лошо воспитување, немање издржана национална, но и етничка свест, дека е прашање на лошо и површно ...
На денешен ден (4 февруари 1872) се родил Гоце Делчев еден од најголемите македонски дејци и револуционери, борец за независна и самостојна Македонија… Денес, Македонија и Македонците во татковината и во светот одбележуваат точно 150 години од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење во дваесеттиот век Гоце Делчев. Идеологот на македонската револуционерна борба е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, Егејскиот дел ...
Познатиот американски пејач Мит Лоф (Meat Loaf) почина денеска, изјавија светските медиуми. Имаше 74 години. Неговиот албум „Bat Out of Hell“ e еден од најпродаваните на сите времиња. Познат беше по својот легендарен хит и љубовна балада „I’d Do Anything For Love“. Артистот чие вистинско име е Марвин Ли Адеј, почина денеска (21 јануари 2022), а неговото семејство се огласи во медиумите по тажниот настан: ...
Денес (22 јануари 2022), на 66 годишна возраст, почина Аки Рахимовски, пејачот на Парни Валјак. Александар “Аки” Рахимовски (Ниш, Југославија, 5 јуни 1955 – Ново Место, Словенија, 22 јануари 2022) — македонско-хрватски пејач, познат како фронтмен на рок составот од Загреб “Парни валјак”. Александар Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на ...
Годинашниот Интернационален струмички карневал ќе се одржи од 2 до 9 март, но во редуцирано издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од КОВИД-19. Карневалските празнувања ќе траат осум дена. Ќе започнат на 2 март со предавање на клучот од градот на карневалџиите, а ќе завршат на 9 март, на празникот Тримери, со тримерски ручек и враќање на клучот. Главната карневалска вечер ќе се одржи на ...
Овој четврток (3 февруари 2022) во 20 часот Оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го одржи концертот „Звукот на ориентот“ на кој ќе настапи исклучителниот мајстор на уд, композитор и воклист Марсел Калифе од Либан. На програмата се авторски дела на Калифе, а концертот ќе го води маестро Лубнан Балбаки од Либан. Ќе настапи и хорот „ПроАрс“. Марсел Калифе студирал уд (арапска лаута) на Националниот конзерваториум за ...
Дела од македонскиот уметник Киро Урдин се изложени во галеријата „Црниот пантер“, една од најстарите галерии во белгискиот град Антверпен. Во рамките на изложбата, на која централно место има сликата „Табула раза“ со димензии 10 метри должина и 3 метри ширина изработена во маслена техника, претставени се околу 150 дела, од кои: 118 мали формати во маслена техника, 12 дела во акварелна техника и 20 други слики во среден ...
Изминатите неколку години се навистина години на искушение за секој Македонец. Она што ни се случува за да опстоиме и како народ, а и севкупно како држава, е навистина комплексно. Од една страна сме жртви на неодговорното работење, поткопувањето на самиот систем и држава од внатре, но и на надворешни напади и влијанија, за кои доколку бевме единствени и одлучни, полесно ќе се справевме со истите. За среќа, можам да кажам, државата се ослободи од ...
Темата за формирање т.н. Агенција или Биро за книга, институции какви што постојат во државите од соседството, веќе подолго време беше предмет на интереси и коментари во јавноста, но и покрај некои најави во минатото, досега ништо конкретно не е преземено во оваа насока. Во ова тематско истражување се обидовме да подискутираме со некои од македонските современи писатели и издавачи во насока на разоткривање на можностите кои формирањето на една ...
На денешен ден е роден Александар „Ацо“ Станковски (Кичево, 26 јануари 1959), македонски уметник, претставник на македонската алтернативна уметничка сцена. Познат е по својот постмодернистички и провокативен пристап во своето творештво. Користи колажен метод на компонирање зачинет со иронија, критички осврнувајќи се кон настаните во стварноста. Заедничка црта за целото творештво на Александар Станковски е неговата поврзаност со ...
„Чувствувам сега дека во Македонија нешто добро ќе се случи, можеби ќе дојде нова креација од младите сликари, од младите уметници“, вели сликарот Перица Георгиев – Пепси, чија што неформална камерна ретроспективна изложба со наслов „И во огнот штом ќе запролети“ е отворена во објектот „Чифте амам“, при Националната галерија на Македонија. На неа може да се видат седумдесеттина слики, меѓу нив и ...
Денес почина маестро Александар Џамбазов (03.02.1936-25.01.2022) на 85 годишна возраст. Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина, и е истакнат македонски диригент и композитор. „Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој“, напиша неговиот син Игор Џамбазов на социјалните ...