Еве, и тоа шоу заврши. И како и секогаш, неславно а скандалозно. Обичниот народ е збунет, политичките партии поларизирани, етнички поделени, верски разделени, и секој ни е крив само ние самите, не! Едно од по интелигентните нешта кои директорот на Завод за статистика, Апостол Симовски, го кажа пред некоја година, беше дека има намера да не се прашуваат луѓето за етничката припадност. До негде и логично, од проста причина што правата, етнички и ...

Македонската академија на науките и уметностите на 20. Изборно собрание што се одржа денеска за редовни членови ги избра Марјан Марковиќ во Одделението за лингвистика и литературна наука, Драги Ѓоргиев во Одделението за општествени науки, Александар Димовски, Сашко Кедев и проф. д-р Димитар Ефремов во Одделението за медицински науки. За дописни членови на МАНУ се избрани проф. д-р Веселинка Лаброска и проф. д-р Лилјана Макаријоска во Одделението ...

Уште еден доказ дека скандалите, дури и кога реално ги нема, се тие кои билдаат читаност и се центарот на вниманието на критичката јавност… Викендов во Битола се отвори 35-то издание на фестивалот “Браќа Манаки”. Навистина бев непријатно изненаден кога видов текст кој се однесува на Првата фестивалска вечер и Свеченото отворање. Имено, во истиот се вели дека: “На свечено отворање на “Браќа Манаки“ се случи ...

Уште едно уметничко задоволство за сите уживатели на изложбената уметност, особено на љубителите на фотографијата. Во објектот Чифте амам на 28 март (понеделник) ќе се отвори изложбата на фотографии кои ги отсликуваат убавините на Италија, збирка во сопственост на Архивот Алинари. Поставката е составена од три секции: пејсажи, дела и лица; и секоја од нив обединува фотографии од крајот на деветнаесеттиот и раниот дваесети век. Своевиден ...

Се уште не можам да се соземам од тоа што МАКЕДОНИЈА синоќа го направи среде Италија. Длабоко во себе верував, се надевав, очигледно желбата која ја имавме сите ние како нација, заедно со играчите, направи желбата да стане јаве. МАКЕДОНИЈА е жива, само тоа ќе речам. Очигледно дека народот крена раце од политиката и политичките партии, но дека знае кој е, што е, што сака, и во што верува, еден куп настани ни потврдија. На огромно жалење на некои ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ќе го одбележи Светскиот ден на метеорологијата, 23 Март, со учество на виртуелниот вебинар организиран од Светската метеоролошка организација (СМО) и со настан на Главната метеоролошка станица во Охрид. Темата на Светскиот метеоролошки ден оваа година е „Навремено предупредување и навремена акција“. Светската метеоролошка организација, како наследник на Меѓународната метеоролошка ...

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска најави постепено повторно отворање на седум линии и воведување на две нови линии од Скопје и Охрид, до дестинации во седум држави, почнувајќи од март и мај. Авиолиниите Охрид – Фридрихсхафен и Охрид – Мемингем почнуваат од 28 март, а од тој датум ќе се лета и на рутата Скопје-Билунд. За Охрид-Лондон Лутон, Скопје-Рим Чампино и Скопје – Турку, како стартен датум е ставен 21 март, а 23 ...

Ристо Стефановски, долгогодишен директор на Драмски театар Скопје (1957-1983) почина денеска (вторник, 22 март 2022 гоина), соопшти Националната установа Драмски театар Скопје. Ристо Стефановски е роден на 5 декември 1928 година во Скопје. Се образувал на Државната театарска школа во родниот град, а потоа студирал глума на Театарската академија во Белград. Во периодот од 1951 до 1960 година работел како глумец во Народниот театар во Скопје, а ...

Навистина е смешно кога една гарнитура на власт, кога ќе направи нешто што е повеќе од очигледно дека е злоупотреба, дури и доколку законот актуелен тоа им го овозможува, изговор да им биде дека истиот е донесен во време на претходната власт. Просто, невоспитано, и кон цела јавност потценувачко однесување. Зарем мислат дека сме мутави? Дека ни дише главата? Дека ништо не гледаме? Дека тие кои сега владеат народот ги донел и тие малку да се ...

Планирани настани, изложби и проекти во Националната галерија на Македонија за 2022 година… Месецот март со својот календар донесе две вонпрограмски содржини. Прв настан беше изложбата со наслов „Процут кон женственоста“ по повод Меѓународниот ден на жената, а со вториот настан, во соработка со Францускиот институт од Скопје, се придружуваме кон одбележувањето на Денот на Франкофонијата. И во давата проекти беа/се претставени ...

Повикот за наградата „ДЕНЕС“ – за млад визуелен уметник во Република Македонија до 35 години, која подразбира двомесечен престој во Њујорк, САД, е отворен и трае до 30 април. Наградата ДЕНЕС се доделува на исклучителна и истакната тековна уметничка практика која вклучува критичко и естетско размислување и дејствување, и е единствена награда за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка во земјава од овој вид. Оваа значајна и независна ...

На денешниот прес на комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски соопшти дека се укинува задолжителното носење маски за учениците, но не и за наставниците. – Ги ослободуваме од обврската учениците во основните училишта да носат маски, обврскаат за носење маски останува за наставниците и за техничкиот персонал, кажа д-р Александар Петличковски. Сепак, д-р Петличковски и д-р Мехмедовиќ потенцираат дека за учениците останува ...

На денешен ден (13 март во 1907), во Велес е роден Петре Прличко, еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер. Бил припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци и живеел од и со македонското театарско, филмско, радиодрамско и телевизиско творештво, оставајќи зад себе многубројни главни улоги. Од 1939 година членувал во Народниот театар во Скопје, па од 1944 година во партизанскиот ...

Националната галерија на Македонија во соработка со Францускиот институт во Скопје, во рамките на одбележување на Меѓународниот ден на Франкофонијата, со особено задоволство ја најавува изложбата на македонските основоположници кои живееле и работеле во Париз меѓу двете светски војни. Насловот на изложбата е „Париски рефлексии“, истата ќе биде поставена во објектот Чифте амам а отворањето е закажано за 18 март 2022 година (петок), во ...

Жените би можеле, во блиска иднина, да забременуваат и на 50-годишна возраст, тврдат научници од Израел кои успешно го забавиле стареењето на човечки јајце-клетки. Вообичаено, додека просечната жена во раните свои 20-ти има 80 отсто можност да забремени по природен пат, тоа се преполовува до 40-тата година. Истражувачите од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим покажаа дека стареењето може да се промени со антивирусен лек којшто се користи за ...

Ново истражување покажа дека љубителите на црниот хумор имаат повисок коефициент на интелигенција. Испитувањето е објавено во научното списание „Когнитив процес“ (Cognitive Process) и во него учествувале 156 мажи и жени со различно ниво на образование и просечна возраст од 33 години. Студијата ја водела Улрике Вилингер од Медицинскиот универзитет во Виена. На испитаниците им бил зададен тест за интелигенција кој вклучува вербално и ...

Во просториите на Филхармонија во Скопје утре вечер (петок, 11 март) ќе настапи светски познатиот Баланеску квартет, а композициите кои ќе бидат изведени се дело на фронтменот на квартетот, Александар Баланеску од Романија. Поточно, ќе бидат изведени композициите од нивните изданија „Maria T“, „SoulEtide“ и „Luminitza“. Во квартетот настапуваат Јури Калнитс – виолина, Хелен Каминга – виола и ...

Брзината на светлината е брзината на ширење на електромагнетните бранови во вакуум. Според теоријата на релативност, тоа е најголемата можна брзина во реалниот простор – временски континуум.  Брзината со која патува светлината изнесува 300 милиони метри во секунда. Дали воопшто може да се види оваа брзина? Истражувачи од Технолошкиот институт во Калифорнија ја создале најбрзата камера во светот за да се обидат да одговорат на тоа прашање. ...

Почина Атанас Коларовски, игроорец и кореограф од првата генерација на „Танец“, Во својата 96-та година од животот, денеска почина Атанас Коларовски, знаменитиот игроорец и кореограф од првата генерација на „Танец“. Атанас Коларовски е роден во село Драчево, Скопско, во 1926 година. Со формирањето на Државниот ансамбл „Танец” станал негов член и речиси дваесет години бил уметнички директор, кореограф и ...

Македонскиот пијанист Симон Трпчески денеска во престижната концертна сцена во Лондон ќе одржи матине концерт насловен „Трпчески и пријателите“, во рамки на пролетната серија концерти на Вигмор Хол. Почетокот на едночасовниот настап е закажан за 13 часот по британско, односно 14 часот по средноевропско време, информираат од „КултурОп“. Овој концерт, на кој сцената со Трпчески ќе ја делат и Ѓорѓи Димчевски на виолина, ...

Најновиот филм за Бетмен на „Ворнер брос“ заработи околу 128,5 милиони долари во кината во Северна Америка викендов, со што стана првиот филм оваа година којшто надмина 100 милиони долари заработка во првиот викенд од прикажувањето. Снимањето на оваа особено мрачна верзија на „Бетмен“, во којашто глуми англискиот глумец Роберт Патинсон, чинеше околу 200 милиони долари. „Спајдермен 3“ на Сони имаше подобар ...

Според официјални податоци, околу 90.000 Американци годишно умираат од болести поврзани со бубрезите, коешто го надминува бројот поврзан со ракот на простата и на дојка. Ново истражување посочува неколку фактори за тоа – гените, како и секојдневните навики на јадење, спиење, вежбање – што се клучни и за спречувањето на оштетување на бубрезите и одржување здраво тело. Еден од „најголемите тивки убијци“ на доброто здравје е ...

Многумина се шокирани и изненадени од актуелните состојби и воени дејствија во Украина, не сфаќајќи дека тоа е секојдневие веќе со години во една Сирија, која физички е исто оддалечена како и Украина. Военото решавање на одреден конфликт е лошо и катастрофално, но тоа не е единствениот начин на кој се води војна. Светот со години е во своевидна специјална војна која се води со разни биолошки оружја, со санкции, забрани, ограничувања, блокади, а ...

Националната галерија на Македонија продолжува со својата веќе воспоставена традиција, и годинава по петти пат, во чест на меѓународниот ден на жените, 8ми март, отвори изложба во чии фокус се токму тие, жените. На самиот почеток од 20 век, интензивните социјалистички движења меѓу останатото ја поддржуваа борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Повеќе од половина век борба за родова еднаквост ја произведе ...

На 1 март, од 18 часот во Чешкиот центар во Софија ќе биде отворена изложбата „Бегство од кругот“ на ликовната уметница Петра Јовановска која живее и твори во Македонија. Настанот е плод на соработката помеѓу Чешкиот центар, Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, Амбасадата на Чешката Република во Софија и и Амбасадата на Македонија во Софија. Изложбата е специјално подготвена за просторот на Чешкиот центар ...

Општина Валандово оваа година ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“, одлучи комисијата по распишаниот Конкурс на Министерството за култура. На Конкурсот беа пријавени општините Валандово и Велес. По разгледувањето на двете пристигнати пријави, во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата содржани во Конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека Општина ...

„Моќта на класиката“ е насловен концертот кој утре, 3 март (четврток), ќе се одржи во Македонската Филхармонија, и на кој како солистка на англиски рог ќе настапи Маја Чанаќевиќ. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија. Во рамки на програмата ќе бидат изведени дела од Бетовен, Рејха и Фиала. Маја Чанаќевиќ го завршува средното музичко образование и Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде дипломира обоа во класата на ...

Во Националната галерија на Македонија (објект „Мала Станица“), денеска (1 март), со почеток во 19 часот ќе се отвори изложбата на „Наивата во Македонија“, а ќе биде промовирана и книга за феноменот на творештвото кое припаѓа на оваа област. Куратор на проектот, кој беше претставен и во Уметничката галерија во Куманово, е Гоце Божурски. На изложбата претставени се дела од Вангел Наумовски, Ѓорѓе Шијаковиќ, Добри ...

По повод смртта на акад. Луан Старова, Македонската академија на науките и уметностите, Друштвото на писателите на Македонија и Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе одржат заедничка Комеморативна седница во Свечената сала на МАНУ, на 2 март (среда) 2022 година, со почеток во 10 часот. Македонската академија на науките и уметностите со жалење ја известува јавноста дека на 24 февруари ...

На секои четири години има 29, но сепак февруари има помалку од другите месеци во календарот. Сите го сметаат јануари за најдолгиот месец бидејќи е исполнет со празници и прослави, а има 31 ден па ви снемува пари некаде на пола месец- логично е февруари да биде пократок за да се „покриете“ некако со расходите. Сепак, причината зошто февруари има најмалку денови од сите месеци датира од времето на римскиот календар со 10 месеци што ...

Хороскоп 7 мај

25 минути - 365
weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
68%
1011
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
4.12
78%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
55%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
77%
1012
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
4.15
57%
1011
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
74%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 23ᴼ
6.26
44%
1012
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
60%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
68%
1013
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 21ᴼ
6.69
57%
1010
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
92%
1015
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
46%
1012
Currency

61.535

Currency

54.1762

Currency

72.3635

Currency

35.2035

Currency

39.4153

Currency

65.6886

Currency

7.52137

Currency

0.66604

Currency

0.37967

Currency

0.52626

Currency

1.4049

Currency

0.64114

Алуминиум

2.44

Кобалт

33.70

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1068.02

Злато

109135.71

Бакар

9.60

Паладиум

31202.30

Платина

31386.49

Родиум

172810.26

Цинк

2.57

Иридиум

134266.78