
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Нешто што е во „жижа“ на јавноста изминатите недели е токму огромниот тендер, кој се однесува на изградба на автопатските делници низ Македонија, кој Владата деновиве го распиша. Се однесува на автопатски делници со 6 ленти на патниот правец Тетово Гостивар, Прилеп Битола, Гостивар Кичево, и крак од автопатот Кичево Охрид, кон Струга и кон граничниот премин Ќафасан. На ист начин како што со стратешки договор се направи позајмување од кинеската ...
Скопскиот џез фестивал организира промоција на второто албумско издание на тандемот Добрила Грашеска / Дориан Јовановиќ под наслов „Dobrila & Dorian Duo 2: Пиле шарено“. Промоцијата ќе биде збогатена со мини-концерт, а влезот е слободен. Сабота, 18 март, 13:00 во Макка Бар (бул. Св. Климент Охридски 60) Добрила Грашеска – вокал, лупови Дориан Јовановиќ – ут, лупови, електроника „Dobrila & Dorian Duo 2: Пиле шарено“ е ново автентично ...
Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации – „ХЕМИ“ (Hub for the Exchange of Music Innovation – HEMI) ги соопшти деветте финалисти на годинешните „ХЕМИ“ Музички Награди, а меѓу нив, како претставник од Македонија е Дина Јашари! Финалистите во овој избор пристигнуваат од 9 држави од Централна и Југоисточна Европа: Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија. Во оваа фаза на наградите ...
Археолошкиот музеј на Македонија ќе ја отвори изложбата “Праисторијата во Струмичко-радовишкиот регион”, на 09.03.2023 (четврток), со почеток во 13:00 часот. Изложбата е организирана од Завод и Музеј Струмица, Завод и Музеј Штип и Археолошкиот музеј на Македонија. Публиката ќе има ретка прилика да види на едно место дел од археолошките предмети од локалитетите Орниче, с.Костурино; Канли Чаир, с.Дамјан; Страната и Чаушов камен, с.Ангелци; ...
На вистина станува одвратен секој нов ден во држава во која Владата се бори секој ден за гола власт, а знае дека деновите и се одбројани. Од авион се гледа каде оди работата. Едноставно, се потврдува дека се една неспособна клептоманска структура, која се што рече порече. Се даде власта на продавач на лубеници, за да сега го имаме „ликот од Харвард“ со смешен прекар, кој никогаш не излегол на избори. А во позадина, еден куп продавачи на магла, ...
На сцената на Драмскиот театар Скопје во периодот од 27.2.2023 до 5.3.2023 година, ќе можете да ги погледнете следните претстави: ден и час: 2.3.2023 (четврток) | 20:00 претстава: ДИШИ (мала сцена) Играат: Јасмина Василева, Димитрија Доксевски автор: Данкан Мекмилан режија: Димче Николовски ден и час: 4.3.2023 (сабота) | 20:00 претстава: MY NAME IS GORAN STEFANOVSKI Играат: Биљана Драгиќевиќ Паројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња ...
Навистина сум воодушевен од она како општата јавност знае да загризе на одредени теми и да се преокупира со нив, во време кога се отвораат еден куп афери и настани кои се однесуваат на сите нас, на целата држава. Се повторуваат истите шеми кои 30 години се прават. Во време кога се случуваат важи работи, кога се отвораат големи афери, народот да се занимава со баналности. Не така одамна ни се случуваа одредени договори, менување на Устав, промена ...
Уметници, културни работници и здруженија на граѓани кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата, од денес можат да апицираат на објавениот конкурс за финансиска поддршка од страна на Општина Кисела Вода. Буџетот кој е издвоен за оваа намена е во висина од 1.6 милиони денари и има за цел да го поттикне создавањето на ново творештво, да стимулира иновативност и креативност, да помогне во развојот на младите уметници, да промовира ...
Актерката Маја Вељковиќ Пановска е нов в.д. директор на НУ Драмски театар Скопје. Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Катарина Коцевска Хаџи Василева, која се повлекува од лични причини. Маја Вељковиќ Пановска дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1993 година. По дипломирањето реализира повеќе улоги на сцените на повеќе театри низ Македонија. Од 1999 година е вработена во Драмски театар Скопје. Со ...
Авионот за кој станува збор се вика Overture и е дело на Boom Supersonic, американска компанија за авиони. Boom Overture ветува дека ќе биде најбрзиот патнички авион во светот, кој достигнува брзина од над 2.000 километри на час, двојно поголема од брзината на сегашните авиони. Скоро 20 години по последниот лет на суперсоничниот авион од производителот Concorde, овој тип на авиони се враќаат на сцената. Американскиот гигант American Airlines ...
На сцената на Драмскиот театар Скопје од 13.2.2023 до 19.2.2023 година, ќе можете да ги погледнете следните претстави: ден и час: 15.2.2023 (среда) | 20:00 часот претстава: ВЕРНИСАЖ (мала сцена) Играат: Гордана Ендровска, Роберт Вељановски, Предраг Павловски автор: Ватслав Хавел режија: Теа Беговска ____________________________________ ден и час: 16.2.2023 (четврток) | 20:00 часот претстава: ТАКА ЗБОРУВАШЕ ГЕРТРУДА Играат: Соња Стамболџиоска, ...
Балетот, барем кај нас, е уметност во која низ годините имало многу мал број машки изведувачи. Низ историјата, љубителите на балетот ги паметат балетаните, како еден Екрем Хусеин, а од помладата генерација Кире Павлов и други. Секој помлад македонски балетан, кој посветено работи на својот напредок и раст, тука сме и ние како медиуми да го поттикнеме и промовираме. Виктор Христовски е роден на 17 септември 2009 година во Скопје, Република ...
На моменти имам впечаток дека концептот за Обединета Европа, е закочен токму од самата Европа. Не знам инаку како да ги протолкувам добар дел од нивните постапки, посебно оние кои се однесуваат на проширувањето на ЕУ, интеграцијата на Македонија , но и севкупниот Западен Балкан. Првото нешто во кое Европа, но делумно и САД, потфрлија е самиот начин на решавањето на спорот со Грција. Ова, кое предавничката квинслишка влада на Заев го потпиша, е ...
Овој четврток (9ти февруари), оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Гајрет“ на кој како солисти ќе настапат македонската перкусионистка Мојца Седеу и гостите од Турција – Бурџу Карадаг (неи) и Ајкут Коселерли (перкусии). Диригент е Лубнан Баалбаки, а на програмата се Концерт во два става за солист на удиралки и оркестар од Љубомир Бранѓолица, Концертот за неи и оркестар „Хезафрен“ оп 39 од Фазил Сај и Симфонија ...
Зоран Пејковски за поетската книга „Убавите жени” ја доби наградата „Ацо Шопов” за 2022-ра година, која Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ја доделува за најдобра книга поезија во претходна година. Одлуката ја донесе комисија во состав: Зоран Анчевски (претседател) и Мерсиха Исмајлоска и Славе Ѓорѓо Димоски (членови). Во потесен избор за оваа награда биле и стихозбирките „Кадуцеј и лира” од Сузана В. Спасовска и „Позлатено распетие” од ...
Ова што се случува изминатите две три години, ја доживува сопствената кулминација. Дури и во самата Бугарија, пратеникот и поранешен министер Даниел Лорер на едно телевизиско интервју говореше за апсурдноста на ова кое се случува. „Господинот кој што беше нападнат во Македонија не е бугарски граѓанин. Бугарија треба да ги заштити своите граѓани. Тој е македонски граѓанин кој што се опишува како човек со бугарска самосвест. Меѓутоа, еден од тие ...
Драмски театар со претставата „ Чудна случка со кучето во ноќта“ гостува во среда на 1 февруари во Словенија. Во Љубљана од 31 јануари до 04 февруари во организација на Местно гледалишче Љубљана се одржува словенечкото издание на регионалниот театарски фестивал РУТА Група Триглав. Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска, ...
Лиса Мари Присли, ќерката на кралот на рокенролот Елвис Присли, почина на 54-година возраст (1 февруари 1968 – 12 јануари 2023). Била пронајдена без свест во својот дом во Калифорнија, и веднаш пренесена во болница, каде што не успеле да ја спасат. Според првичните информации, Лиса Мари починала од срцев удар. Таа тргна по стапктие на својот татко, и имаше музичка кариера. Првиот албум го издаде во 2003 година. Имаше многу бракови, се мажеше ...
Промоција на книгата „Светот без граници“ од д–р Срѓан Керим… Панел: Васко Наумовски, Звонимир Јанкуловски, Абдулменаф Беџети, Ивица Боцевски Пред читателот се наоѓа една мошне интересна книга создадена од еден од нашите најпознати интелектуалци – Срѓан Керим. Имено, се работи за разговори што Керим ги има водено во 2021 година со хрватскиот публицист Дарко Плевник. Книгата има мошне укажувачки наслов: Светот без граници– визија на човекот што ...
Македонија е навистина интересен феномен. Сo самото тоа што за многу политички и општествени промени сме лабораториски заморче и сме подложни на туѓи експерименти, покажува дека сме плодна почва за истражување на она што некој од поголемите сака да го примени. Тука се менуваат тактиките. Се вежбаше концептот за мулти културализам кој по неколку години Меркел го прогласи за мртов кај нив, за територијални прекројувања, билингвални експерименти по ...
Почина Петре Камчевски, историчар и хроничар на Кавадарци и Тиквешијата. Од Музеј галеријата Кавадарци, каде што своевремено беше кустос – советник историчар и директор, попладнево информираа дека Камчевски починал после кратко боледување. – Кавадарци и Македонија изгубија голем човек, извонреден интелектуалец, елоквентен историчар, историски хроничар, човек кој беше своевидна историска енциклопедија, потсетија од Музејот. Роден бил во 1952 ...
Историјата на современиот македонски литературен јазик и правопис не почнува од 1945 година, туку неговите теоретски и практични основи се поставени во Македонското научно-литературно другарство во С.Петербург во илинденската 1903 (1905) година. Врз основа на Националната програма од 12 ноември 1902 година на новооснованото Другарство, испратена до руската влада и до Советот на С.Петербуршкото словенско благотворно друштво, објавена и во ...
Историјата на «василопитата» е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш св. Василиј, кој добро го ...
Иако најавуван со голем пи-ар како ставање ред на платите во јавниот сектор, предложениот нацрт-закон е своевиден преседан својствен за диктатури, квазидемократии и хибридни држави, а не на држави од теркот на ЕУ! Неуставниот предлог-закон предлага убиство на синдикатите, колективното договарање и социјалниот дијалог, не само загарантирани со нашиот Устав, туку и темелните вредности на ЕУ, кон кои оваа држава постојано декларира дека се стреми. ...
Дали некогаш некој политичар ќе сноси одговорност за неговите постапки? Постојано кога некоја политичка структура ќе се смени, имаме ситуации кога бројни проекти кое се почнати остануваат на забот на времето, на ниво на карабини или недовршени. Колку објекти од културата, образованието, здравството се почнати од еве шест години останаа нечепнати? Зградите на ФИНКИ и на Факултетот за спорт на Бит пазар, како и спортската сала зад комплексот ...
(Рецензија за театарската претстава „My name is Medeja“ во режија на Себастијан Хорват од Словенија, а работена според текст на Милан Рамшак Марковиќ, драматург од Србија, 28.09.2022 г). Знаејќи дека театарот има антрополошка функција (во практична смисла на зборот) и од нас бара да ја покажеме каде е вгнездена вината на човекот (кога го претставуваме како сурово животно) не беше тешко да се напише оваа рецензија, затоа што многумина околу нас ...
Уште една одвратна нова година за Македонија и македонскиот народ. После годините на прогон и предавства, дојдоа две ужасни Корона години кои ќе растурија, отуѓија, десеткуваа, разболеа. И таман народот помисли дека ќе излезе од стегите, почна руско-украинската воена криза, која реперкуираше со енергетска криза, а истата ја осакати македонската дисфункционална економија и исплива на површина сите проблеми кои со години се ставаа под чергиче. Во ...
СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА, КАЈМАК и ОД РАЈОТ се трите наслови со кои Кинотека на Македонија ја започнува филмската програма во 2023 година. КАЈМАК на Милчо Манчевски и СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА на Кристијан Ристески имаа одличен одѕив кај публиката, па практично на барање на филмофилите овие два наслови одново се на филмската програма на Кинотека. Кон нив се придружува и новиот наслов на секогаш интригантниот автор Срѓан Драгојевиќ, црната комедија ...
Не можам, а пред новогодишно да ги пецнам сите оние кои мислеа дека со доаѓање на оваа владејачка структура работите ќе одат на подобро. Се жалеа од репресија, диктатура, дека не сме оделе напред, дека не сме се интегрирале, дека била државата заробена, дека сме изолирани, дека градот се уништил и унаказил, дека се креирала лажна историја и идеологија, но најбитно дека требало да не се плаќа радиодифузна такса, затоа што ради неа многумина имале ...
Во четврток (15 декември) во просториите на Кинотеката на Македонија, ќе се одржи промоција и проекција на филмот „Пред и после“ (Before and After) на македонскиот уметник Киро Урдин, со почеток во 20 часот. Филмот „Пред и после“ на Киро Урдин е со дејствие во околината на реката Мара на територија на Кенија и Танзанија. Едно малу гну и едно мало бафало се родени во непосредна близина. На крајот од животот тие умираат еден покрај друг. ...